Блам состанок!

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
На крај на вечерта (состанокот) ке си идеме накај дома со колата. Онака лежерно ја си седам он си вози малку побрзо од нормалното си правиме муабет, и наеднаш еден пред нас закочи и ние како шо бевме залетани дечково закочува и ја летање од седиште со фаца у шофершајвна. Застана и од кога се увери дека сум океј, не престана да ми се смее. Брука, како можеше тоа да ми се деси!? Сепак типот повторно се јави.....:love:
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
120
Поени од реакции
93
На почеток на средно. Се запознаваат нови луѓе, цели друштва. Одкако 6 луѓе ми кажаа за едно девојче дека многу ме свиѓала, сакала да се фатиме и да ми биде женска мене ми текна дека може и се свиѓам. И она беше симпатична. Во моментот кога ми текна тоа избувнав, и се јавувам на другарка и, и ја прашувам кај е женската, и она ми вика на школо, до 7. Гледам немам многу време и трчам до школото. Чекам таму 10-15 минути и го слушнав ѕвончето. Ја видов кај шо излезе со другарки, и ја следев така дискретно додека не заврти во еден сокак сама. Таму негде скокнав и дијалог:
-Шо прајш?
-Еве од школо. Ти?
-Еве... (собирам до негде храброст) Сакаш... тоа шо кажуват другите?
-А?
-....да се фатиме...
-Сакам.
-Добро.

И се вртам, и си одам
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.356
Поени од реакции
38.615
Лудница тема , се изнасмеав. :pos:

Иначе не верувам дека на некој од вас му се има случено следното. Случката ми се деси јануари-февруари некаде 2012 година , пред 2 години. После долго време допишување со девојчето на фб решивме кафенце да пиеме. Се запознавме , пиевме и кафе , и од тогаш се гледавме 3-4 месеци и ептен ни одеше и муабет и се , али ништо поконкретно се до една вечер кога бевме на Амадеус во Штип. На враќање јас пробав да ја мувам , ми возврати , почнав да ја пипкам али пред тоа ми вртеше нешто муабети дека е невина , и дека несака ништо додека не влезе во сериозна врска. Но таа вечер некако ја убедив барем да се издрпаме на задното седиште ако ништо не друго. Типката се согласи , ја разголив и исмукав цици се попали како луда , по се изгледа стварно и беше прв пат контакт со машко што чудно ми беше , најубавата типка од Валандово и Струмица е. Кога фати да ми го дрка , кога го џасна душмански пусто неискуство :pos:, јас кога викнав како да ме кољат , кожата до пола ќе ми ја соголеше. :pos::pos: Типката се исплаши почна да плаче , и почна да ме теши ништо ништо ќе ти помине , јас незнаев дали да се смејам или да се превиткувам уште од болка. Буквално ме тешеше како некое мало детенце кога ќе падне на колената. Ништо ништо ќе ти помине. :pos::pos: После неколку дена од сожалување ми даде у гз, решетка ја направив. :pos: Ја немам видено веќе цела година , студира во странство , се надевам искусна е сеа мора да ја барам кога ќе си дојде. :pos:
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Се изнасмеав од темава цел саат читам речив ќе ја споделам и мојава глупост.

Лани лето идеме со еден другар и две другарки (али стварно другарки у друштво не се мешаме тоа правило ни е) на одмор у гриција и нели ко и секој одмор плажа згодни цури, гзиња и цицки колку сакаш си очекуваш летна авантура. Епа драги така и бидна. Искочивме втората вечер у еден клуб и тука се упознавме со едни девојки од босна абе кој од која поубава и позгодна убаини, и како си иде редот играње, зезање, алкохол и мување таа вечер абе да сум планирал вака немало да биде. И така почнавме да се дружиме, почнавме на плажа да идеме заедно сите ја продужив да се мувам со девојчево(босанка, татко и турчин, мајка и босанка и живее во босна ) супер се, еднаш "спиевме" заедно али само на факање и драпање она така сакаше нема везе, тоа небитно е. Претпоследен доаѓа сите се договараат за на брод да идат, и она ми се врти мене ми вика како мене ми е стварно страв ми се врти од брод и вода може ли ако сакаш да останеш со мене. Абе ја ќе препукнам си викам у себе фала господе јас на суво ќе ја повозам. И идеме накај нејзе у соба ја окезен кариесот на осмици ми се гледа, влагаме внатре на седнувам на кревет она вика почекај ти овде зема нешо од куфер влага у вц ја нема пола саат и искача и ми вика ајде спремна сум одиме, ја збунет прашувам кај одиме и она фала богу вика па у шопинг последна шанса да видела нешо за нејзините. Ајде наведнав ја глава и кинисав со ќе праиш останав со нејзе така шетаме мене ми припаѓа од жешко се потам ко коњ (купувам таков спреј со вентилаторче у се барав спас), и сеа доаѓа моментот и ѕвони телефон она крева и тука на босански вика салам алеикум БАБО!, и ја идам онака и си мислам ајде сеа и цела фамилија по телефон треба да ја чекам, и она вика ај да нетрошиме бабо уклучи се на скајп, и мене одма у памет ми доаѓа каква баба има оваа мојава за компјутер телевизор вика, оваа нејзинава на скајп знае да се уклучи. И нишо се уклучуваат како одиме и сеа збори она со "баба" и цело враме бабо како си бабо ова бабо она, а ја наслушнувам од тел ко мушки глас ми иде абе у бунило сум не ми се верува си реков ќе ја прашам. И завршува она да збори со баба и, и јас сигурен у себе да ја потврдам тезава, воедно и смешка да напраам и викам Амра(така се викаше) многу модерна баба имаш, башка звучи ко машка да е знае и скајп и све и почнувам сам да се смеам, а оваа ме гледа така една минута ко да ја попарил некој со жешка вода, а ја така насмеан и кревам веги демек уааау машка баба хакер:tapp:, и она мртва ладна ми вика јаооо идиоте како је могуче да си толико глуп?!?!? Она ме пичкара вришти се навредила, а ја уште не сфаќам шо сум згрешил, се налути и си замина останав ко муле:facepalm:. После коа дојдоа моиве им ја кажав ситуацијава се смееа ко луди сите прво пола саат и после ми кажаа дека уствари бабо на босански тато значело, па идев после да се извињавам ко кученце, и ја кажав приказната шо како сум мислел се смееше и она после. Уште ме ребраат у друштво за киксов :pos:
 
A

aye

Гостин
Ја имам уште една случка ама не беше состанок ниту нешто слично но како ми се изнасмеа дечкото мислам и сега да ме види се уште ќе ми се смее.
Пред 5-6 години, ако не и повеќе отидовме со моите во село. И пошто таму во планините има брани, а мене уште од мали нозе ми збореа како таму било многу убаво што знам ја запнав да одам таму но пошто врска немав кај се наоѓаат му се залепив на татко ми да ме носи и се согласи човекот што ќе праи, а во меѓувреме дојде и дечково (комшија на баба ми) и него го собравме со нас. И така си одиме и збориме и одиме и збориме и одиме и збориме и пред нас цело стадо крави, :O а ја уплав до коска имам од кравите. Застанувам и му викам на дечково пошто на татко ми ја му кажам ја не исто ми се фаќа, КРАВИ! А овој: Да бе крави се што друго да бидат. :D А ја: Ама ја се плашам од крави. А он: Е де не ќе те јадат (на прилепски ова). А ја упорно. Абе човек мене страв ми е од една крава не па цело стадо. И готова бев да си се вратам назад. И овој ми вика: Не се плаши де еве ја сум тука ќе ги обиколиме и ништо нема да ти се случи.
И како само ме излажа не да ги обиколиме, а баш покрај нив поминавме. И тука иде моментот се доближуваме до кравите и ја со сиот памет на едната и викам ЗДРАВО. Ми се прсна човекот од смеа па после ме зезаше и што ти рече она. А мене срцето до грло ми стигна од страв. Ама тоа е бар го насмеав човекот :)

А имам и уште една случка пак не беше состанок ама сакав да си пропаднам в земја.
Пак пред неколку години на тренинг. Пошто тренерот малце збореше брзо и нејасно и додека се истегнувавме он да ти рекол: "На мој знак сите долу и по 10-20 склекови да правите". Е ја тоа не го слушнав и си трчаме, трчаме, трчаме и ете ти го овој почна да свири и сите абе у секунда ги снема, а ја додека сфатам што се случува се истепав од тој пред мене, а дечкото позади мене ќе се помочаше од смеење, до крај на тернингот ми се смееше и до ден денес кога и да ме види на улица ми се смее. Иначе на тренингот (баш тој) бев едино женско со 30тина машки и сум пресреќа што само еден примети како се истепав (е и тој во кој што се сопнав) па сега нека се смее колку што сака. :)
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Па во принцип не сум имала некои такви бламажи ваљда ми се погодиле ок дечки па немало некои глупости..
Но само еден знам да беше скржав јако и искочивме и го зима другар му..и вози накај банкомат да зема пари другар му за нас! А другар му обично плаќа коа искачаат и го викна само за да му покрие рачун у кафич и клуб пиење цела ноќ.А дечково е као искочен со мене...Е тоа коа видов каков кретен скржав после не се ни видовме веќе..
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
Можда не е кузнај колку Блам ама за мене е дефинитивно најлошиот состанок. Се бендисвавме со едно типче и ај решивме да излезиме и ок се договоривме и се наоѓаме и прво ми вика касниш пола сат,а нема врска бевме договорени во 10 и пол и јас си дојдов навреме ок му се извинив можи не сме се разбрале како што треба. Иначе ова беше пред 6,7 години. И беше зима ептен ладно и му велам ајде да седниме негде кафич ваму таму затоа што е ладно јас измрзнав и типот ми вели еми не одам по кафичи и ај ми прај ќе одиме в парк и јас ајде иако премрзнав али ај нема врска и седиме во парк муабетот беше кај учиш бла бла кај го прашав кај се запустив ко почна да ми кажва како учел бил најјак во цел клас бла бла другите го нејќеле и така без врска и еден момент ми прај сакаш да се фатиме и јас си размислувам што му е на овај се знаеме 2 саати и му велам па не знам ми треба време да те запознаам не оди тоа така и ајде уште 2 саати муабети џа бу и ми вика размисли и што одлука донесе и сега си мислам јас ако му речам не ќе ме остај по темнициве сама како ќе стигнам до дома а веќе беше 2 саат и плус зима и среда жив чоек надвор немаше, а како да му речам да кога ич не ми се бендисва ај си велам ќе се фатам па можи не е толку лош сепак секогаш сакам да го извлечам најдоброто од луѓето и ајде ок се фативме коа ми збрца тој јазик до хранопровод мислев ќе се задушам и му викам касно е јас ќе фатам такси, не се запна тој ќе ме испрател епа ајде ме испраќа и стигнуваме до пола пат и ми вика абе многу далеку живејш доста е до тука после како тој ќе си одам дома и така ме остај на пола пат па му се јавував на другар што живее во близина да одам на 5 мин да се стоплам ни нозе ни раце не осеќав и другарот го разбудив али нема везе тоа. И ај си ојдов во 3 саат некако дома и заспав со помислата во какви го**а сум нацапала али ај и таман сум задремана и некој ми ѕвони ај му исклучвам по 5 мин ми стига порака и типов срце бла бла цела вечер мислев на тебе бла бла еве се спремам за на школо ми недостасуваш. Јас не знаев кој пат да го фатам во 6 сабајле и си велам не го бива ова вака али ај да видам како ќе оди работата. По 2 саати пак порака пак некои лигавења и на крај решив да му пишам дека не сакам врска не ни се сеќавам точно што али не планирав да излезам со него уште еднаш. И помина време јас скрос заборавив на случката и по месец си фатив дечко со кој што одам и ден денес. И пуштам мсн и ми се уклучва другарот на типов и почна ти ваква ти таква кур**а бла бла јас зачудена што се дешава и ден денес не знам зошто ми правеше другаров негов такви глупи муабети кузнај што му има кажано дека се има случено.
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Не е состанок туку случајна средба, не е некој блам али е интересна случка.

Пред недела две ми се јави еден другар уште од времето кога рашетувавне по планинине и ги качувавне карпине, муабет ова она ми вика слушај имаме гостин од швајцарија алпинист, па со клубов ќе го носиме на матка да го качуеме кањонот, па сакав да ти речам да дојдеш ако си слободен за на јаже горе да бидеш со уше еден.

-Абе чоек од кога не сум се пентарел, кондиција неам плус здебелен не ќе можам ни по патеката да се искачам,камо ли да се качувам по карпиштана. Очајно се обидував да избегнам.

Ми вика – Не бе нема да се качуеш вие двајца ќе идете од другата страна,башка после ќе праиме седенка ќе има и од скопје битола охрид нема шо да му ја мислиш, дојди ми треба искусен чоек.

Се кандисав,кинисав на матка временцето топ ! Клај клај полека полека по патеките стигнавне до местото каде што требаше да ги пуштиме јажињата заковавне клиновите ги пуштивне јажињата и чекаме алпинистиве да дојдат.

Некаде околу 10 сатот пристигнаа, му го земав двогледот на човеков што беше со мене да видам кој се шо се алпинистиве и да се договориме кој кого ќе осигурува.

Кога глеам шо ќе видаааааааааам една бивша со која шо не се разделивне баш најдобро.

Му се свртев на чоеков шо беше со мене и му викам.

-Кире ја глеаш ли девојкана доле до Здравко ?

- Ја глеам , и шо ?

- Прај шо ќе праиш кога она ќе се качува јас ќе и го затегам нејзе јажето.

-Е добро де не е проблем .

Се качуваат еден по еден и доаѓа ред на девојкава, го преземав јас јажето ( да се разбереме два пати проверував дали е како што треба усидрено ) се качува нагоре свака част како мачка, јас како што е редот цело време го држев сигурносното јаже затегнато и постојано ја затегав ушката.

Кога се приближи кон врвот и застана на една платформа, прво и го под утпуштив јажето ( само неколку сантиметри само колку да осети дека тензијата не е иста ) погледна нагоре јас го затегнав јажето, претпостави дека е се во ред и кога со рацете опфати една издадена карпа два/три пати го цимнав нагоре јажето за сантим/два и почнав да се дерам АЈДЕ МАРИЈАНА АЈДЕЕЕЕЕЕ УШТЕ МАЛКУ,НЕ СЕ ПРЕДАВАЈ СЕГА ПРЕД КРАЈОТ АЈДЕ МОЖЕШ ТИ АЈДЕ МИНААААААААА.

Моментот кога ми го препозна гласот, и кога свати во чии раце е нејзиниот живот... е тоа беше нешто посебно неповторливо.

У секунд се укопча на клинот што беше до неа и така цврсто ја зграбчи карпата да мислам нокти остаи во каменон.

Два сати не можеа да ја убедат дека друг го преземал јажето ( кое што патем речено го откопча од појасот ) два сата дремеше ко утка на карпата.

Се искачија други, другарот ме замоли да се потргнам понастрана пошто тоа било единствениот начин за да се симне доле.

Спуштајки се накај колата се убив од кезење, Кире постојано ме прашуеше

-Абе шо е работава да не се знаете со Мина?

-Не бе Кирца чисто само од извиѓење,али да ти кажам нешо никогаш не му заклучувај врата у 1 сат после полноќ на некој со кој што заедно си отишол некаде и не исфрлај нечии алишта и торбици преку балкон макар тоа и во охрид на одмор да било. Пошо не знаеш утре у чии раце може да ти виси животот.

Другарчево сеуште не ми се јави,а и мислам дека нема ни да ми се јави, а Маријанчето ако до сега не ја однеле на бајачка треба да ја однесат, за да не се подмочуе у сон.
Карпата сигурно убаво ја навлажни
:D
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Тргнав сама накај кафич, бевме договорени со другарките да се најдеме таму. Како влевам внатре ја гледам екипата у друштво со симпатијата. Почнаа ножињата да ми се сечат. Се приближувам до маса и у себе си повтарам ,,само да не спрепниш, само да не се спрепниш, ајде уште малку имаш,, и се избацив ДОБАР ДЕЕЕН.. добар ден бе, ај шо не е ден ами добар ден, во секунда затворам очи и у себе ох не...падна гром смеење. Осеќам образите ми горат. Злоби. Знаеа дека се губам ко ќе го видам, па и им се полни душичката. Нема врска тргнав накај вц влевам внатре и почнувам гласно ГЛУПА ГЛУПА што се губиш ма.. наеднаш слушам глас ,,со кој си збориш:icon_mrgr: ,,? Се вртам го гледам типот позади мене. Гревот изглеа се надевал дека не сум до толку побркана, ама затоа јас ја скрасив. Му викам е тебе те барав, сакам оддамна нешто да те прашам.. Трењираш ли фудбал? (њ:facepalm:)
-Не, зошто?
-Онака.

Си го запалив моторчето и си заминав дома. Златно креветче.
 
Последно уредено:
Член од
18 октомври 2014
Мислења
124
Поени од реакции
288
Schweppes... состанок
Моја постара братучедка ми договри состанок на слепо со типче кое ми го опиша како убав, смирен, културен дечко. И пусто љубопитство, ај викам, да видам, ми имаше нешто интересно во тоа на слепо, како кога гребеш грепка, па чекаш да видиш што ќе ти се падне. Се согласив да му даде мој телефонски број, типот ми се јави и договоривме пиење кафе сред бел ден.
Успешно се најдовме, без ружа на ревер, ииии од тоа убав јас ништо не видов ко за почеток, туку ај си викам, оставам паметот и карактерот да му ги видам на типов.
Седнавме во локалов, јас порачувам швепс, а типов не се секавам што. Ги носи келнеров, ми става во чаша од швепсов, го послужува и него и заминува.
Туку еден момент овој до мене го вика и му вели:
- Дечко, швепсов да не ви е расипан нешто? Гледам низ него некои парченца, како да е застарен?!... :facepalm:
Келнеров целиот зачуден, му вика: А ти дечко првпат да не гледаш швепс? Таков е сокот! :pos:и се уби од смеење.
Лелеее, умрев од срам од келнеров, го испив тоа сокот набрзинка, и кажав дека морам да одам и очи не му видов повеќе.
Убаво си велат на реклама за schweppes... Само за искусни! :D
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
16
Мене што ми е се деси,после тоа ми идеше да си пукам у колено:
Колешка од работа,завршуваме во 2,втора смена и ја ај да ја испратам до негде,пошо блиску живееше.И идеме по пат и она ми вика Ти накај одиш и ја и викам накај дома.На тоа она ми вика ајде бе што ке праиш дома,дојди кај мене кафе ќе пиеме.А колешкава жешка,34 годишна ја 24 и си викам ауууу топови парче ќе ја напраам.Стигаме кај нејзе у стан и ми вика идам ја да се туширам да се раскомотам малце.И се тушира типкава,ја седнувам у дневна ја чекам и доаѓа со едни ултра краткии пантолончиња и седнува до мене на двоседот.Тука почнуваме муабет,нешто онака безвезе,ја во муабетов само да и не кажува, запален вријам.И собирам храброст да почнам нешто,и собирам и собирам и кога гледам 5 и пол саат,викам или сега или никогаш и остана на никогаш.Видов не ја бива работава,викам ајде ја одам дома ептен ми се спие,а типкава ме гледа онака чудно,сигурно мислела дека сум некое педериште или којзнае што :cautious:.Од пуст срам не искористив јако тресење.После некој ден дознав дека типкава била разведена и дека пола Скопје и се има изредено,за утеха можеби сум избегнал некоја болест хахахаххаха...
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Кога живеев во Штип со една од Скопје требаше да се видиме и тоа на -10 степени. :pos:
Во 9:30 пристигнав на автобуска и она ми пишува јас во 11 ќе дојдам сега немам автобус. Кога пристигна си викам оваа ќе ме носи некаде на топло, глупо е во кафич рано сабајле може кај неа дома. :icon_lol:
Ме шеташе по улици де ваму де таму и на крај завршивме позади едно школо на клупа и си седна во мене. Јас па глуп викам добро е :sneaky: а она паметната на неа да не и е ладно.
И цело време муабетот и беше: сега замисли да те види мајка ти со женска, види овие гледаат во нас, ти немаш ракавици, носиш ли пижами под фармерките. :vozbud:

И викам што не ја бива оваа не. Ни сакаше да одиме да јадеме, а јас гладен и измрзнат како куче. Еден круг низ гтц и си купив нешто и она исто. Ја заебав си го платив само моето, а она кога виде дека извадив 1000-ка мислеше дека и нејзиното ќе го платам.:pos:
На крај ми вика јас морам да си одам ладно ми е и јас пак станав сам на автобуска. :(
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.800
Поени од реакции
11.404
2004та 5та негде небитно...Охрид, лето, ја копиљ у пуна снага, ем шанкер, пун кеш, ми се може...Доаѓа екипава и пијат ко да е другар им шанкер у кафичот, за да после некое време им се појави женско друштво. 4-5 не беа многу, ама беа бонбони. На друга страна мои 10-12 другарки од Ск, ја ги смеам успат, ама од страна ме гледаш и мислиш Кларк Гејбл и Марлон Брандо можат гомна да јадат, пошто малиов ги вози опасно. И наравно тука си мета на супротен пол поради твојот домаќински ген да переш чаши, служиш и успат насмееш некое женско срце. Нејсе, ми доаѓа пријател и ми вика девојкана те сакат (од овие 4-5 шо дојдоа пред малце). Ја му викам ок и јас ја сакам, ќе завршам уште малце у гужва сум, ќе ја барам. И проаѓа време, одам на маса седнувам, тогаш у тоа време кога сакаше да се фатиш со некоја, она идеше на друга маса сама, чекаше пијачка да и донесеш и сите остали фори, не ко сега...и седнувам со девојчево , стварно беше топ, лична убава да ти е жал да ја соблечеш.
И возам филмови, зборам како ги знам сите коктели а не ги знам, како праам растур у животов а не праам и слично, она као фасцинирана паѓа у транс и ти си викаш брат, вечерас чу да полудим. Арно ама ...
Девојчево беше од оние што ти даваат простор да збориш и на секоја твоја шега пошто немаат доволно фонд на зборови ти враќаат со хмхмхеехе закон ито.
После саат и кусур шмекање и објаснување контам дека типкава не да не е заинтересирана за мене, него нејќе плавуши, а ја никад црн не сум бил :/ ме пука тинејџ депре, и пред да станам да се обесам, она ми вика дека сака друг, и дека ова е само обична заебанција, т.е. и праам друштво. Тогаш ја сфатив поентата на френдзонирање и донесов заклучок (иако млад и зелен) дека никад нема да бидам френд со женски пол, освен со мајка ми, баба ми и чат пат некоја братучедка. Другариве ми се изнасмеаја, ремет јадев од сите страни, а најјако од се беше што типот ја заеба типкава на крај...рипам пола приказна да не замарам, она као потресена се врати,али Леси није био више код кучи. Отишо је по курвама. Башка и кафичот затвори.
Така да, ако ви улета млад и плав лепотан во животот, не го одбивајте за црно педерче, пошто таквите најмногу заебуваат. Позз, тојето.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.311
Поени од реакции
4.577
Будaлетинкaвa или кaкo сaкaте нaречете јa уште ѕвoни пo мoбилен.

Јa сретнaв лaни спрoти сенaтoр вo aерoдрoм бaш кaј спoртлaјф, мaлку кaкo изгубенa у прoстoр ми делувaше. Кaј е скoпјaнкa ми викa, пa викaм еве стoиш ти тaму. Кaј дa чекaм aвтoбус зa нaкaј центaр?
Oд другaтa стрaнa.
И тaмaн дa се свртaм викa, aјде зaеднo ќе oдиме пешки.
Јa меркaм oнaкa oк ми изгледaше нa изглед. Изнaпрaиивме муaбет и пред дa се рaзделиме ми се претстaвувa јa истo и тaмaн дa и пoбaрaм брoј ми викa чекaј ти не си мaкедoнец???????
Кaкo не сум, викaм aј нa фб ќе ме видиш. Не не брзaм и си зaминa.

Пред некoј месец случaјнo сум јa aднaл без дa видaм кoјa е и ми пишувa ејјјј те знaм јa. Зa три четири денa се дoгoвoривме зa кaфе.
Зoшo дa не, си викaм, бaш е симпaтичнa, пoстaрa и мaлку изгубенa :D

Седнувaме у Бaрселoнa, јa збoрувaј, oвaa сo дa и не oдгoвaрa. И си гледa нaстрaнa кo дa не пoстoјaм :pos:
И пoсле 5 минути ќе прaшa некoе глупo питaње oд типoт зa кoјa пaртијa си:icon_lol:

Тaмaн дa се збoгувaме и дa јa oткaчaм ми викa рoденден ми е денес пoлнaм 29 гoд. Мнoгу сум глaднa a имaм сaмo 150 денaри у мене.

А нa фб гледaм рoденден нa 15јули хaхaхaхaхaхaх

Ајде викaм ќе oдиме у Рaмстoр имaм уште пoлa сaaт. Влегувaме и ми викa, ејјј мнoгу ми е стрaв oд скaливе aј сo лифт дa oдиме.:facepalm:

Се кaчувaме у лифт и де премислувa, знaеш шo сендвичaрите се кaј скaлите a мене мнoгу ми е стрaв. Ај дa се симнеме.

Нa излегувaње ме зaпoзнa сo еднa девoјкa шo прoдaвaше книги нa штaндoт.

У седмицa јaдевме и јa испрaтив. И ми стигa пoрaкa ќе бидеме другaри :pos::pos::pos:
И oвaa ли ме oдби упм си викaм и се смеaм нa глaс.
Нaјпoзитивнoтo oдбивaње :P

Пoсле 2-3 денa јa прaшaв кaкo се викaше oнaa девoјкaтa oд Рaмстoр шo ме зaпoзнa, oнaкa прaшувaв.
Ми врaќa пoсле 5 минути лепoтaне и кaжaв нa oвaa декa си зaинтересирaн зa нељ :tapp::pos::pos::pos::pos:

Абе ти лудa ли си викaм кoлку дa се нaјдaм у муaбет те прaшaв.
Абе дечкo првпaт уживoт сум стрoјник рaзбери ме?
:vozbud::vozbud:

Хaхaхaхaхaхaa и се изнaсмеaв и пoчнa дa ме вреѓa кoпиле и шo уште не и пoсле пoлa сaaт ми пишувa рaскинaв сo oнoј кoнечнo љубaви сaмo твoјa сум. Сo истaвa ли пишувaм ги тријaм oчиве?

Мене сoлзи ми течaт шo се викa сo кoј тoa пишувaм кoјзнaе шo и се дешaвa.
И јa oстaвaм нa сеен си викaм ќе зaбoрaви.

Стaви сеен, нoвa пoрaкa, душичкa, срце, сум и знaчел, немoј сеa дa сум јa легнел имaлa дoбиенo :eek:
Двa редa муaбет немaвме

Си викaм дa бидaм културен дa не нaпрaи некoјa глупoст и пишувaм
Не мoжaм денес, нa рaбoтa сум, не мoжaм утре сo кoлшекaтa излегувaм.
Пaк нoвa турa пoрaки следувa и ми пукнa филм викaм не мoже јa дa сум ти душичкa кoгa oдвaј се знaеме и пoчнaв дa пишувaм нa нејзинo нивo си фaтив и јa душичкa блoкирaј ме и не зaмaрaј:ROFLMAO:

Пoрaки нa мoб пишa две три, виде не врaќaм пoчнa дa ѕвoни. Нaпрaив aвтoмaтски дa се oдбивaaт пoвиците.

Женa ејјјј нa oвa нивo дa се дoведе, кoгa кoјзнaе кoлку удвaрaчи си имa, не е уoпште грдa aли стрaшнo е нaпoрнa

Двa три пaти зaдниoв месец јa видoв пред згрaдa кaј шo живеaм у Скoпје, сaкaм дa мислaм декa е сaмo случaјнoст.......
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2014
Мислења
601
Поени од реакции
1.662
Се запознавме преку ФБ и правевме муабет може пола година ,
излеговме еднашка онака беше - како за прв пат добро и требаше да се видиме
втор пат ПО НЕЈЗИНА ИНИЦИЈАТИВА

и се договараме каде што како ќе се чекаме и решивме на Рекорд да се чекаме ...

Се качувам од Ченто у 23-ка и вози накај град ** има сигурно 50 мин возење у пм:vozbud: :pos: **


Иии типкава ми врти негде на пола пат - а меѓувреме автобусот полн не може човек да се јави на телефон :neetaka::jajce: ми вика:

-Абе се разврна у град - ај не доаѓај наврнав цела не земав чадор ...
и јас онака у автобусот :yid:o_O
-Добро бе па иди до дома пресоблечи се (15 минути од дома до Рекорд има за одење :facepalm:)
-Не бе не треба да се истуширам ова она .... :sakasuste:ми изврте муабети
после на фб ме замараше зашто не и пишувам :kuracc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom