Јас последно искуство вака имав кога пријавував странска адреса. Немаше никаков формулар онлајн, одам во полиција Охрид ( кој не бил топло препорачувам, зградата е доживљај, само побрзајте пред да се урне ). Влегувам таму во соба број 6, тројца вработени нешо мезат, онака тотално незаинтересирани. Ми вика една тетка слези долу во сервисот, среди таму па качи се горе. Се почудив малце ама ај викам. Слегов долу, му кажав на чичето во сервисот шо ми треба, ми побара лична карта, истаде еден документ, го пополна со информации од личната карта и ми побара 50 денари. Викам чиче за шо 50? Ааа епа 50 за услуга. Си викам во себе не е можно, ама ајде истрпи. Одам горе во канцеларијата, и го давам документот ми вика ама немаш уплатница. Добро викам кај да најдам уплатница? Па долу во сервис.И во вакви моменти стварно ти доаѓа да се свртиш лево десно да побараш скриена камера. Слегов долу, уште 20 денари ми зеде за уплатницата, отидов уплатив, сума сумарум 2 саати потрошив за ова. Да има некој паметен да организира тури за странциве “feel likе a local” кај шо одат да завршт вакви административни работи шо во земјата од кај шо доаѓаат се завршуваат електронски.