Битола

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Среќна Нова 2011 и се најдобро :eek:jea:
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
И јас да не заборавам, БИТОЛЧАНИ , Среќна Нова Година, се најдобро !!! :back:
 

milky

битолчанка
Член од
20 август 2009
Мислења
39
Поени од реакции
2
hajubajo makedonski grad bez konkurencija
 
A

Antigona

Гостин
Јас не сум битолчанка, но признавам дека Битола ги има најубавите жени во Македонија. Лично мое мислење за битолчанки е тоа што покрај убавината се многу гостопримливи, супер домаќинки, често насмеани и секако многу модерни.

Што се однесува до мажите во Бт, за жал за нив немам убаво мислење , се нешто не им се погодува, често наоѓаат маана а и не се баш шармантни ко нивните жени битолчанки.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
Ликвидација за Радио Битола!?
27 ЈАНУАРИ 2011


Судбината на Радио Битола се чини е сосема извесна по одлуката на Министерството за економија што е донесена деновиве, со која се отфрлени понудите за купување на идеалниот дел на Радио Битола од страна на кандидатите Данка Јанковска и Менде Младеновски се чини дека на оваа најстара радиокуќа во државата ликвидацијата не и бега.



Дури по речиси три години од објавувањето на јавниот повик за продажба на идеален дел на Радио Битола од 55 отсто и завршувањето на жалбената постапка, Министерството за економија деновиве одлучи повторно да не изврши избор на најповолна понуда за купување на радиото, со што дефинитивно се чини пропаднаа и најминималните шанси Радио Битола конечно да се приватизира.


Инаку, Комисијата за спроведување на јавниот повик за продажба на идеалниот дел на Радио Битола, кој беше објавен уште на 11.5.2007 година одлучи да ги отфрли двете понуди за купување на Радио Битола.

По ваквата одлука двајцата заинтересирани кандидати за купување на Радио Битола благовремено поднесоа жалби до Комисијата за приватизација.

По разгледувањето на жалбите Комисијата за приватизација неодамна повторно разгледувајќи ја целокупната документација и врз основа на утврдената фактичка состојба утврди дека не се исполнети условите за рангирање на понудите и одлучи повторно да ги отфрли двете понуди.

Со ваквата одлука на Комисијата за приватизација се чини дефинитивно е запечатена судбината на Радио Битола, која поради забрана од страна на Агенцијата за комуникации веќе неколку месеци е исклучена од етерот.

Поради исклучително тешката состојба во која се наоѓа Радио Битола најголемиот број од вработените незадоволни од тоа што со години не добиле плата ја тужеа Радио Битола, барајќи исплата на заостанатите плати. Кон тужбата за неисплатени плати се придружи и директорката Данка Јанковска која одлучи судски да си ги наплати платите што таа требаше да ги обезбеди, не само за себе, туку и за вработените.

izvor

Го поебаа и нај старото радио во Македонија !!!
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
me intersira dali znae nekoj od vas dali ima turisti na pelister preku vikend i dali e patot dobar od bitola do pelister odnosno dali go cistat snegot
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
me intersira dali znae nekoj od vas dali ima turisti na pelister preku vikend i dali e patot dobar od bitola do pelister odnosno dali go cistat snegot
Да да ,преку викенд е затка од луѓе и копанки и молика.Патот е во релатинво добра состојба колку што можат го одржуваат.

ВО контекст на ова

http://kurir.mk/republika/opstini/16877-Pocnuva-skijackata-sezona-na-Pelister

Скијачката патека на Пелистер викендов ќе биде реактивирана и пуштена во употреба реконструираната жичарница на ски-центарот „Копанки“.


Спортско-планинарското друштво „Пелистер“ – Битола, соопшти дека подготовките за старт на скијачката сезона се изведувале во изминатите пет месеци, а поддршка за овој проект овозможиле Електрани на Македонија.

- Благодарение на финансиската поддршка во износ од 1,8 милини денари што ја добивме од Електрани на Македонија, потоа помошта од РЕК Битола и ФОД-Новаци, реновирани се и реактивирани жичарницата со двоседите, како и скијачката патека која беше долго време запуштена. Добивме и сертификат од Машинскиот факултет со што се гарантира целосна исправност на жичарницата и таа може да се користи, изјави Димче Попов, претседател на СПД „Пелистер“ - Битола, кое стопанисува со овој објект.

Стручните лица и љубителите на планината проценуваат дека ски-центарот „Копанки“ може да се прошири и зголеми за што се најавува изработка на инвестициска програма.

Жичарницата на Пелистер која е изградена во 1977 година, викендов ќе работи во терминот од 9 до 15 часот и ќе биде бесплатна за сите посетители.
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Битолчани каде во Бт има квалитетни курсеви за програмиње?
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Битолчани каде во Бт има квалитетни курсеви за програмиње?
Незнам многу, не сум упатен ама знам едно има Пулсар, се наоѓа во Пелагонка 2 зградата
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
ЗАВРШИ СЕЗОНАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

Мотоциклистот Илиоски ја скрши десната нога

На саботниот тренинг на ридската патека во грчката месност Каритас близу Солун, нашиот најуспешен мотокросист во категоријата МХ-2, двократен балкански првак и шампион на Источна Европа за 2009 година Христијан Илиоски се здоби со тешка повреда на десната нога, откако по висинското спуштање со моторот на земја ја скрши бутната коска. Илиоски веднаш беше префрлен во една солунска болница, каде што домашните лекари ги презеле сите активности за санирање на повредата. Укажувајќи на итноста на случајот и потребата од брза хируршка интервенција, за која грчките лекари се ставиле на располагање, родителите на Христијан се решиле, сепак, таа да биде извршена во болницата за костозглобни болести "Свети Еразмо" во Охрид, кадешто моментално се наоѓа младиот битолчанец.
- Повредата доаѓа во најнезгоден момент, бидејќи Христијан, по неколкудневни тренинзи во Грција, кон средината на месецот требаше да замине на подготовки во Италија и да се вклучи во кампот на познатите фирми Мартини, Хонда и Синод, пред неговото учество на претстојното Европско првенство во мотоциклизам, а потоа и на Светското - вели мајката на Христијан, Весна Илиоска, која не го крие задоволството од третманот на лекарите од "Свети Еразмо", но и од ангажираноста, пред се, на Агенцијата за млади и спорт, која на разни начини искажува досега најголема грижа за успешното продолжување на и онака блескавата кариера на Христијан Илиоски
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
Спречен е пожар во џамијата во Битола
Коментари (0)


14.02.2011 15:14



Верници спречија пожар во битолска џамија. Утрово отишле на молитва и забележале дека дрвената рамка на прозорецот од овој верски објект гори.

Веднаш го изгаснале огнот и го известиле битолското муфтивство. Според очевидци кои сакаат да останат анонимни, очигледно е дека пожарот бил подметнат со најлони и картони што ги имало во дворот на џамијата.

За среќа, јагленосана е само рамката од прозорецот, а раното доаѓање на верниците спречило пожар од поголеми размери. Сега се трага по пироманот, иако во полицијата барем засега немаат коментар за овој случај.

Битолскиот муфтија денеска не беше достапен за коментар. Членот на одборот на Хамза Беј џамијата, Небир Мухарем рече дека се изненадени од оваа непријатна случка, зашто во Битола соживотот и верската толеранција од секогаш биле на високо ниво.

Оваа џамија е изградена во 15. век, а реставрирана е пред 13 години. Во Битола во 2001. година беа запалени четириесет објекти на битолчани со исламска вероисповед.

izvor
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
903
Битолчани каде во Бт има квалитетни курсеви за програмиње?
Од искуство ти кажувам...никаде :) Под никаде потенцирам: Апсолутно никаде! За жал. Се е импровизација и на крај ќе ти ги дрпнат парите. Ги познавам речиси сите „предавачи“ во градот и нема споредба со она што ќе го научиш на добрите академии (пример оние во Скопје), каде ОК се скапи ама си добиваш оригинален сертификат што ти важи за цел свет. Пример SEMOS имаат Java сертификати од Sun ;) така што тој сертификат ќе ти важи при секое вработување било каде во светот.

Е сега, да се спуштиме на земја, кажи ми за што ти треба? Ако си на ТИ на ТФБ, имаш „предавачи“ неколку низ градот, меѓу кои е Вики (сите одат кај неа во Шехерезада).

За курс за програмирање имаш повеќе...Деан од Интегра (сум бил на Java кај него, јас бев ОК горе долу задоволен, но други се жалат), па Pulsar (ги знам дечките, немам слушнато ни добар ни лош збор од други луѓе за квалитет на настава. Јас ги знам од поинаква гледна точка па не очекувам многу квалитет), следни се Мегасофт (од муабети знам дека се скапчии). Други сеуште не се имаат доволно пробиено да ти кажам.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
Битола втор престолен град на Македонците!?

Градот Битола кој лежи во подножјето на Пелистер и кого реката Драгор го дели на два еднакви дела, северен и јужен, од своето формирање па до денес, низ вековите на историјата, преставувал значаен духовен, политички, стопански и културен центар во рамкоте на своето најшироко подрачје.

Во непосредна близина, градот е опкружен со испресечен синџир на ридови, потоа многубројни рекички и потоци и растурено сместени села во бујна зелена вегетација со разнобојни, но претежно црвено-бели куќички до самото подножје на Пелистер. На јужната страна пред самиот град во излезот кон Егејско Море, се гледа пространата питома и рамна Пелагонија, при што се наметнуваат или предизвикуваат архаични реминисценции од некогашното одамна пресушено делувијско езеро.

Со своите медитеранско алпски климатски услови кои резултираат од близината по воздушна линија на Јадранско и Егејско море и бујно зелената вегетација со интересна флора и фауна по масивите на Кајмакчалан и Пелистер, здравата клима и претежно синото поднебје, Битола и неговота поширока околина отсекогаш претставувала атрактивно место за живеење. Отука градот Битола со околината е многу богат со споменици кои потекнуваат од разни периоди, почнувајќи од праисторискиот период па се до поновата историја.

Иако не постојат комплетни и континуирани историски податоци за времето на основањето на градот и за неговиот историски развиток низ вековите, сепак од постојните фрагментарни натписи и патеписи или од римските, старогрчките и старословенските натписи, епиграми и епитафи на камени и мермерни плочи, се открива богатиот историски развој на градот и неговото население во текот на вековите.

Историски е евидентно, дека градот Битола наизменично растел и опаѓал покрај, Светата планина Баба со врвот Пелистер и борот моли(ка), како и покрај стариот римски пат Виа Егнација, до старата Хераклеја Линкестидска. Некогаш на овие простори живееле племето на Македонско-пајонското племе на рисови, т.н. Линкести, племе кое имало формирано своје кнежество уште пред 6 век п.н.е. Македонската кралска куќа Аргеади на овие простори го создава четвртото македонско кнежество Линкестида, а од тука потекнува и мајката на Филип II, Евридика(410 г.п.н.е), која во 395 г.пн.е се омажила за Аминта.

Но во секој случај останува аутентично дека на местото на Хераклеја се до неговото уништување од земјотресот во 6 век од нашата ера се сменувале низ неговото илјадагодишно постоење неколку култури и цивилизации од македонската, римската и рановизантиската епоха. Од извадените и на местото изложени оригинални експонати на историскиот споменик Хераклеја (прекрасни скулптури и мозаици, амфитеатар, како и други артефакти), современикот во секое време визуелно се среќава со една опиплива богата и прекрасна илјадагодишна култура. Сето тоа укажува дека градот во континуиетет бил центар на вечна моќ, висок степен на цивилизација и култура. Според некои извори Хераклеја од вториот век п.не и од четвртиот век на нашата ера бил и главен град на Македонија, а во третиот век од нашата ера го примиле христијанството, што пак покажува дека за тогашните прилики преминле кон повисоки духовни и културни вредности. Во овој век во Хераклеја било и седишето на македонскиот епископат.

Населението како и кај многу градови кои ги зафатило катастрофи од катаклизмични размери, по земјотресот во 518 година, иако постојат индиции дека и во самата Хераклеја Линкестис дел од жителите продолжиле да живеат, формираат нова населба покрај реката Драгор, од која ќе израсне градот Битола. Старата илјадагодишна култура на Хераклеја ќе влијае на архитектонско, урбанистичко и културно обликување на новиот град Битола, но истовремено ќе ја продолжи низ вековите да ја има улогата на политички и духовен центар, однос на втора столица на македонскиот народ се до 1913 година кога Македонија е поделена и се поставени вештачките граници на само 16 километри од градот. За тоа каква била улогата зборува и фактот што за време на Отоманската империја во Битола во одреден период имало дваесет конзули.

Во текот на историјата, во зависност од владателите, градот имал многу имиња, како што се Буталион, Ботела, Монастир, Манастир, Толи Манастир и Битољ. Според Битолската плоча од 1015 година, се претпоставува дека денешното име градот го добива за време на Гаврил Радомир, кога градот се споменува како Толи. Во време на Самоиловото царство прераснува во голема градска населба, а по смртта на Самуил неговиот син Гаврил Радомир Битола ја прогласува за негова престолнина.

Постојат повеќе приказни за потеклото на името на градот. Според првата верзија името доаѓа од бројните цркви и манастири кои биле изградени во и околу градот. Преданијата велат дека на десниот брег на реката Драгор имало 41 цркви, додека на левиот брег имало 29 цркви. Постоела и една огромна црква над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост, која можела да го собере целокупното население од битолското поле за време на верските празници. Поради многуте манастири во градот се и историските претпоставки дека името БИТОЛА произлегува од старословенскиот збор ОБИТЕЛ (заедница на монаси) што значи населба со голем број манастири. И денес поради манастирите во некои страни географски карти се среќава Битола како МОНАСТИР. Останува како историска вистина дека името на градот произлегува од многуте манастири во него поради што тој бил и важно средиште на словенската писменост.

Второто предание, според записите на Марко Цепенков, вели дека градот своето име го добил по големо поседникот Тољо, кој имал тврдина во близина на денешното битолско село Буково. По доаѓањето на Турците, за да го повикаат на борба му велел „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува името на градот Битола.

Иако нема податоци како новиот град се вика помеѓу 6 и 11 век, тргнувајќи од значењето на градот за македонскиот народ, улогата која ја имал градот во текот на неговата историја, се доведува во прашање слоовенското потекло на името на Битола, која прврзаниците на тезата на доаѓањрто на словените во 6 и 7 век се обидуваат да ја наметнат, а артефакти нема. Внимателно ако се анализираат сите настани во периодот кога градот го добил името, односно времето на Гаврило Радомир, некако не наведуваат дека името е поврзано се префрлање на престолнината од Охрид во Битола во 1015 година. Односно значи дека се работи за вториот престол на Самолиловата држава од каде Гаврил Радомир управувал и за врема додека бил жив Самоил. Како втора престолнина, духовна и политичка, доколку се послужиме се латинскиот јазик, впрочем Самоил ја добива круната од Рим, а неговиот татко ја носи титулата комитопул што повеќе е својствено за римска а не за визнтиска титула, тогаш ги имаме двата збора bis или два и stoli или одежда (но може престол), кои во комбинација го даваат единствениот збор Бисстол. Со текот на времето се губи буквата с за да на крај остане Битола. Буквалниот превод на столи како одежда посочува за присуството на голем број на монаси во манастирите во Битола, што аналогно на тоа го добива и иимето Манастир.

За некого ова можеби изгледа романтично ненаучно гледање и толкување на настаните, но со подлабоки споредбено компаративни анализи, можеме да дојдеме до правата вистина, а таа е дека Битола од секогаш била втора престолнина на македонскиот народ, за која укажува и самиот назив. Сепак тоа е работа на историчарите кои во написите од тој период можат да ја пронајдат правата вистина.

извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom