Шест објекти од касарната во сопственост на општина Битола
Денеска во Битолската касарна беше промовиран урбанистичкиот план, со презентација на урбанистичките визии за овој простор на простор од 103 хектари.
Денес во Битола престојуваа министрите за одбрана Зоран Коњановски и за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а нивни домаѓн беше градоначалникот на Битола, Владимир Талески. На состанокот кој се одржа во кабинетот на Талески,присутвуваа и пратениците на ВМРО-ДПНМНЕ, Анета Стефановска и Никола Котевски, координаторот на владеачката партија во Битола, Јовко Крстевски и претседателката на Советот, Лилјана Кузмановска.
По средбата во кабинетот Коњановски на Талески му предаде на владение на општина Битола уште шест објекти во битолската касарна на површина од околу 60.000 метри квадратни на трајно користење. Министерот за одбрана очекува дека примопредавањето на сите објекти во касарната ќе заврши до крајот на оваа година.
-Од овој проект очекуваме директни инвестиции во општина Битола само со продажбата на земјиштето повеќе од 15 милиони евра, а нормално дополнителни средства од комуналии и градба на останати објекти и тие ќе бидат директни средства кои ќе ги почувствуваат сите граѓани, изјави Зоран Коњановски.
Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за одбрана и општина Битола распиша конкурс за 22 локации наменети за згради, трговски центар, образование, катна гаража, хотели.
-Сето она земјиште кое не е во функција не само во Битола туку низ Македонија да се продава со цел да се придонесе во развој на градежништвото и за економски развој на целата држава, изјави Јанакиевски.
Со цел поквалитетен живот за граѓаните Министерот Јанакиевски препорача во деталните урбанистички планови повеќе да бидат застапени индивидуални куќи.
- Тоа е еден од најубавите делови на градот и убедени сме дека овие 167 локации дека ќе бидат интересни за нашите сограѓани. Веќе имаме заинтересирани инвеститори од страна. Убеден сум дека следните десеттина дена кога катастарот ќе заврши со својата обврска ќе се објават и парцелите за индивидуални куќи што е новина за Битола, изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески.
Целокупниот процес на примопредавање ќе заврши до крајот на оваа година, а од продажбата на атрактивните локации, Општината ќе добие силна финансиска инјекција.
Изгледа Двојче и компанија убо ке профитират од ова :raz: