Битола

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Битола од секогаш била втора престолнина на македонскиот народ
Навистина била некогаш ама денес не е ништо повеќе од провинција и слепо црево.
 
Z

ziko bt

Гостин
Шест објекти од касарната во сопственост на општина Битола

Денеска во Битолската касарна беше промовиран урбанистичкиот план, со презентација на урбанистичките визии за овој простор на простор од 103 хектари.

Денес во Битола престојуваа министрите за одбрана Зоран Коњановски и за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а нивни домаѓн беше градоначалникот на Битола, Владимир Талески. На состанокот кој се одржа во кабинетот на Талески,присутвуваа и пратениците на ВМРО-ДПНМНЕ, Анета Стефановска и Никола Котевски, координаторот на владеачката партија во Битола, Јовко Крстевски и претседателката на Советот, Лилјана Кузмановска.

По средбата во кабинетот Коњановски на Талески му предаде на владение на општина Битола уште шест објекти во битолската касарна на површина од околу 60.000 метри квадратни на трајно користење. Министерот за одбрана очекува дека примопредавањето на сите објекти во касарната ќе заврши до крајот на оваа година.

-Од овој проект очекуваме директни инвестиции во општина Битола само со продажбата на земјиштето повеќе од 15 милиони евра, а нормално дополнителни средства од комуналии и градба на останати објекти и тие ќе бидат директни средства кои ќе ги почувствуваат сите граѓани, изјави Зоран Коњановски.

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за одбрана и општина Битола распиша конкурс за 22 локации наменети за згради, трговски центар, образование, катна гаража, хотели.

-Сето она земјиште кое не е во функција не само во Битола туку низ Македонија да се продава со цел да се придонесе во развој на градежништвото и за економски развој на целата држава, изјави Јанакиевски.

Со цел поквалитетен живот за граѓаните Министерот Јанакиевски препорача во деталните урбанистички планови повеќе да бидат застапени индивидуални куќи.

- Тоа е еден од најубавите делови на градот и убедени сме дека овие 167 локации дека ќе бидат интересни за нашите сограѓани. Веќе имаме заинтересирани инвеститори од страна. Убеден сум дека следните десеттина дена кога катастарот ќе заврши со својата обврска ќе се објават и парцелите за индивидуални куќи што е новина за Битола, изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Целокупниот процес на примопредавање ќе заврши до крајот на оваа година, а од продажбата на атрактивните локации, Општината ќе добие силна финансиска инјекција.

Изгледа Двојче и компанија убо ке профитират од ова :raz:
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
28
Поени од реакции
1
Мене Битола како град многу ми е убав не е лош,а и чупињата се вистина бомба.Некако досадно е да се живее на исто место,на туристичко место како што живеам јас.Не не што баш нај нај
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Една информација ми треба од некој Битолчанец: Мотел БОЕМ, добар ли е?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Колку е бе лебот кај вас Селска погача од Млин Стојчев?
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Се спремам да го посетам македонскиот „несуден главен град“ на два-три дена, па битолчани кажвајте шо има, како има, што не смее да се пропушти во Битола?
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Се спремам да го посетам македонскиот „несуден главен град“ на два-три дена, па битолчани кажвајте шо има, како има, што не смее да се пропушти во Битола?
Све е поскапено :) Денес и кафето поскапи за 10 денари сите кафичи преку ден,(картелско здружување)
Иначе во Битола се знае дневна шема низ корзо на кафе, место во кафичите ретко да има па посебно ако е убо времето не се надевај, прошетка во паркот и тумбе кафе, ако имаш кеф по антики тркнии до хераклеа , ако си кефлија по планини појди до молика да ги напумпаш белите дробови и да се рекреираш, за после полноќ ноќен живот Позитив ,Расчекор, Лектира...
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Све е поскапено :) Денес и кафето поскапи за 10 денари сите кафичи преку ден,(картелско здружување)
Иначе во Битола се знае дневна шема низ корзо на кафе, место во кафичите ретко да има па посебно ако е убо времето не се надевај, прошетка во паркот и тумбе кафе, ако имаш кеф по антики тркнии до хераклеа , ако си кефлија по планини појди до молика да ги напумпаш белите дробови и да се рекреираш, за после полноќ ноќен живот Позитив ,Расчекор, Лектира...
Aбе па и ти за 10 денари, не сум скопјанец јас, да се жалам за 10 денари, секако идам да потрошам некој денар. Значи како шо си мислев стандард шема е Широк Сокак и дискотекиве. Кажи ми, имаше некоја дискотека Инфинити, уште работи таа?
 
Работи ама не е то шо беше :)
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Све е поскапено :) Денес и кафето поскапи за 10 денари сите кафичи преку ден,(картелско здружување)
Иначе во Битола се знае дневна шема низ корзо на кафе, место во кафичите ретко да има па посебно ако е убо времето не се надевај, прошетка во паркот и тумбе кафе, ако имаш кеф по антики тркнии до хераклеа , ако си кефлија по планини појди до молика да ги напумпаш белите дробови и да се рекреираш, за после полноќ ноќен живот Позитив ,Расчекор, Лектира...
Брат оди во ИН не е поскапено, оди во ГТ 40 со 50 денари е ... оди кај било надвор од Широк Сокак ... Па ќе видиш како ќе се подзамислат за поскапувањето шо е неосновано, зошто давачки имат по 0.5 денари плус по кафе а поскапват за 10.

Воедно да го поздравам Бобо и цел кафич ИН ... тие се за народот ... се надеваме ќе издржат на притисоко и нема да поскапат
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Брат оди во ИН не е поскапено, оди во ГТ 40 со 50 денари е ... оди кај било надвор од Широк Сокак ... Па ќе видиш како ќе се подзамислат за поскапувањето шо е неосновано, зошто давачки имат по 0.5 денари плус по кафе а поскапват за 10.

Воедно да го поздравам Бобо и цел кафич ИН ... тие се за народот ... се надеваме ќе издржат на притисоко и нема да поскапат
Ова стварно без мајтап во Ин и Гт не поскапило??? Мене келнеро гламур ми рече сегде поскапило и шо прашав по луѓе ми рекоја дека кафичите на корзо сите поскапиле,вклучувајки го и Ин...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Да ти ебам и кафичи и се....:tapp:
Шо му поскапи бе во кафето водата?:kesa:
Од едно пакување кафе по 100,200 кафиња вадат....
Со 800-1000 денари....трошок за кафето...вадат над 10 000....
И малку е ?:shok:
Абе се да му ебам на тие газдите на кафичите....
Мочковци едни..си мислат дека во Виена се.....:violent1:
Поалчни луѓе неам видено..
Лани кукаа за тој законот за пушење....
Кога требаше сите угостители да направат едно дневен штрајк и да ги затворат еден ден своите локали....
Овие ПИЧКИТЕ сите работеа таа вечер,со некои исклучоци.....:pred:
Цццццц кои ситни души..:violent1:
Да не им се испразнеше џепот за една вечер...
Кои клошари значи.....мизерија....
Како тргнала работата и по 100 ка ќе го направат кафето....барем на рамното да биди...
Да не ти враќаат кусур келнерите...:kesa:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ова стварно без мајтап во Ин и Гт не поскапило??? Мене келнеро гламур ми рече сегде поскапило и шо прашав по луѓе ми рекоја дека кафичите на корзо сите поскапиле,вклучувајки го и Ин...
ГТ поскапи и 50 со 60 е кафето, а ИН уште не е поскапено.
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
ГТ поскапи и 50 со 60 е кафето, а ИН уште не е поскапено.
Браво за Бобо, супер се најде еден шо ке ги дупчи, да се најди уште некој попаметен да ги остај старите цени ке ги заебат фкрај капиталистиве :)
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
ГТ поскапи и 50 со 60 е кафето, а ИН уште не е поскапено.
абе кој е газда на Ин ? игор или друг некој ? гледам овај бобо некој си го спомнувате што е тој менаџер таму ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom