Ми текна на еден бисер(т.е. sweetheart ме потсети да го напишам) за мој соученик:
Час по македонски:
професорка: ајде апостол ќе ни изменуваш еден глагол од е-група!
апостол: паа вака, јас блеам, ти блееш, тој/таа/тоа блее....
Цел клас паднат на земја од смеа....професорката не може да се соземе цел час од смеање, а и јас сега не можам да се соземам додека го пишувам постот од смеање
2. Професорка по француски на мене и уште на 2ца ни пиша единици на тест заради препишување, а беше 1 или 2 јуни не се сеќам. И јас така изнервиран одам накај неа и ја пцујам сите онака збунети, таа се праи не ме чуе. Застанувам пред неа и:
Ти си..........не си нормална!
3.
Виктор на истата професорка кога учевме за националности:
Вико: Професорке како е Брегот на слоновата коска???
Професорката се мисли, мисли и вика Cote d`Ivoire! Мислите мене ќе ме зафркнете, ама не можете!
Вико: Професорке, а како е жител на Брегот на Слоновата коска????:pos2:
има уште мал милион мометни на кои моментално се смеам бидејќи ми се враќаат сеќавањата ама за жал не можам да ги доловам тука на форумов, на темава, во постов.:helou: