Бисексуалност/Лезбејство

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
yin yang напиша:
.....
Па никој тебе не може да ти забрани... зошто ТИ некому би го забранувал истото кое ТИ го правиш?
.....
незнам каде примети дека повикувам на забрани??
Повикав на малку добра волја.
Ако се хомосексуалците кооперативни, ќе може да се најде заеднички јазик и да се договoриме.
Ако остане ригидниот став кај нив, ќе се изначекаат да добијат било што во Македонија.
Која е подобрата варијанта?
Чисто практично ги објаснувам работите, не знам зошто ти е толку тешко да следиш.

Со самото повајување во јавност тие го прифаќаат мислењето на другите за нив и се соочуваат со истите. Не се експонираат, само сакаат да им покажат на другите дека можеш да си среќен и со некој од истиот пол. Ако сакаш можеш да ги сфатиш, ако не сакаш никој нема да може да те убеди дека не е се така црно како што некои мислат дека е.
тоа навлегува во експонирање и многумина би го виделе како закана за нивните деца например.
Нема доволно примери дека свесноста за постоењето на хомосексуалноста на поголем план во општеството, не влијае врз развојот на младата популација, на начин кој не е прифатлив.

Имаме лезбејка на форумов таа ќе каже како се работите, иако мислам дека јас сум во право.
Тешко да ја смениш сексуалната ориентација на лезбејка или хомосексуалец.
Цврсто стојам зад тоа!
Ако не прочита од претходно, јас сум за да се почека да се открие причината за хомосексуалноста, да се види дали постои геј-ген, што значи дека од раѓање се такви, или хомосексуалноста ја развиле во процесот на израснување. Ако се докаже дека некој ген навистина постои, тогаш нема да има никакви проблеми со прифаќањето на хомосексуалците. Во вториот случај, ќе значи дека и хетеро луѓе под некакви влијанија, можат да развијат хомосексуални афинитети и ќе биде потежок за бранење ставот дека е прифатлива за мнозинството. Исто вториот случај ќе значи дека е можно евентуално лечење, се разбира кај оние кои сакаат да го сторат тоа.
Пред да се јасни работите, не треба да се избрзува со нерационални решенија. ;)
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
86
Поени од реакции
4
Никола, џабе се праиш и ти паметен коа факт е дека нишо не знаеш.
Хомосексуалците-лезбејките се раѓаат такви. Како што ти кажа Д бич не моеш да ја изменеш нивната сексуална определба. Не толку ги критикувајте и они се луѓе!!
Me мрзи да пишуем ама запомнете дека:
ХОМОСЕКСУАЛЕЦ НЕ СЕ СТАНУЕ! ХОМОСЕКСУАЛЕЦ СЕ РАЃА!
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
meow напиша:
ХОМОСЕКСУАЛЕЦ НЕ СЕ СТАНУЕ! ХОМОСЕКСУАЛЕЦ СЕ РАЃА!
хмм.. а имаш некој извор кој ќе го поткрепи тоа?
некој линк до некој труд , некое списание по интернет.. или да ти веруваме на жими мајка? :)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Никса, и јас тоа го имам кажано дури коа се водеше дебата за хомосексуалците.
Башка што маце е жив пример.. нема да се цитирам од тогаш, а и темава не е за тоа.
Една личност се раѓа како хетеросексуална, хомосексуална или бисексуална и тој нивен „идентитет“ е наследен и непроменлив.
Биолошките, социјалните и културните фактори се различни за секоја личност, затоа и сечија сексуалност е индивидуална.
Пак ќе кажам какви и да се луѓе се во прашање, и треба да ја почитуваме нивната определба.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
хмм.. а имаш некој извор кој ќе го поткрепи тоа?
Никаде нема да најдеш конкретно напишан доказ или јавно излагање на некој научник, што ќе биде поткрепено со одреден број на студии. Ова не е поради фактот дека не се работи на случајот, туку поради стравот од "осудување" кое би следело од разните религиозни и политички организации, а што самото значи и укинување на фондовите за научни истражувања. Исто и правно-религиозниот систем во општеството ќе дојде пред колапс, оти тогаш сите ќе бидат "еднакви" ;)

Но сепак има научници кои работат на случајот, под капа на DNA, а тоа е каде лежи зајакот. Сите што мислат дека хомосексуалноста не е "нормална", дека се работи за личен избор, треба да се запрашаат себеси: А што е тоа што мене ме прави "нормален" т.е. да имам сексуален интерес спрема спротивниот пол?.

Темата е обемна, дури и за лаичко објаснување. Ако некој го интересира повеќе, треба да гуглува со термините: mutation, Y-chromosome, mitochondria, homosexuality.... или да ја прочита книгата "Adam's Curse: The Science That Reveals Our Genetic Destiny".
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
ох..колку многу сте изнапишале..
Прво..хомосексуелец е хомо уште од утроба..не се наметнува тоа, никој не го прави со сила или ради радозналост...
Второ..лезбејка НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ не легнува со машко, исто како и хетеро сто не би легнал со машко..Бисексуалните личности можат да бидат и со машки и со женски..негативноста е тоа што не знаат со кого би сакале да останат, кого повеке сакаат, со кого попрво да легнат, секогаш едниот ке биде преварен и повреден додека тие нудат ,љубов.
и Трето...зар вие додека имате односи со вашиот партнер сакате некој непознат маж или жена да ве посматра..Дали тоа ви причинува задоволство..На крај краева тоа е интима...Јас НЕ Фала!!
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
le_leaa напиша:
Бисексуалните личности можат да бидат и со машки и со женски..негативноста е тоа што не знаат со кого би сакале да останат, кого повеке сакаат, со кого попрво да легнат, секогаш едниот ке биде преварен и повреден додека тие нудат ,љубов.

Нема врска.

Како може да „не знаеш“ со кого сакаш да останеш? Исто колку што „не знаат„ со кого да останат бисексуалците, толку „не знаат„ и хетеросексуалците и хомосексуалците.


Тоа веќе припаѓа во неверство. Ако си склон кон изневерување ќе изневеруваш и да си хетеро и да си хомо и да си би.
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Да, али познато е дека Би луѓето имаат потреба и од машко и женско, ако имаш дечко не значи дека си комплетно задоволена, зашто имаш потреба и од женски допир...не значи и дека долго можат да издржат без женски, тогаш не би биле Би..Затоа е точно дека не знаат на крај со кого да останат, а нормално треба да се решат за еден. 99% од Би личностите го мамат својот партнер заради потребата од сопсвениот пол...не зборувам за тебе можеби си ти во тој 1% :)
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
le_leaa напиша:
Да, али познато е дека Би луѓето имаат потреба и од машко и женско, ако имаш дечко не значи дека си комплетно задоволена, зашто имаш потреба и од женски допир...не значи и дека долго можат да издржат без женски, тогаш не би биле Би..Затоа е точно дека не знаат на крај со кого да останат, а нормално треба да се решат за еден. 99% од Би личностите го мамат својот партнер заради потребата од сопсвениот пол...не зборувам за тебе можеби си ти во тој 1% :)

Да бе.... ја сум во 1% мај ес.

Ако некој не знае зошто е со некој друг во врска т.е. ако не е поради љубов ами поради “допири“ тогаш не е до сексуалната ориентација...
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
yin yang моментално имаш дечко, девојка или двете ??
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
52
Поени од реакции
5
Не можам да замислам некое машко да ме привлекува но сум прочитал дека кај девојките ситуацијата е обратна. Не дека сите девојки се лезбејки, но оние кои се би сексуалки сексот со девојка им бил многу подобар и имале подобар оргазам.
Но тоа изгледа е само кај девојките, знаеш нивните ерогени зони се расфрлани низ цело тело (Позади уво, уво, врат, грб, цицки, стомаче, нозе итн.) и девојките си ги знаат најдобро. А ние машките во оној момент не размислуваме со НИШТО па да би искористиле нешто од ова -ЗА ЖАЛ.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
хомосексуелец е хомо уште од утроба..не се наметнува тоа, никој не го прави со сила или ради радозналост...
Една личност се раѓа како хетеросексуална, хомосексуална или бисексуална и тој нивен „идентитет“ е наследен и непроменлив.
уште еднаш, тоа се ваши произволни мислења, никаде нема доказ дека некој е педер од утроба.

Пак ќе кажам какви и да се луѓе се во прашање, и треба да ја почитуваме нивната определба.
никаде не напишав дека не ја почитувам нивната определба, туку дека се интересирам дали актуелизирањето на нивното прашање, може да биде закана врз човештвото.

Gorco напиша:
-----
Но сепак има научници кои работат на случајот, под капа на DNA, а тоа е каде лежи зајакот. Сите што мислат дека хомосексуалноста не е "нормална", дека се работи за личен избор, треба да се запрашаат себеси: А што е тоа што мене ме прави "нормален" т.е. да имам сексуален интерес спрема спротивниот пол?.
-----
".
Нормалноста е всадена во колективната свест на луѓето.
Наречи го инстинкт, збогатен со религиозни и општествени норми, кој постои со цел човештвото да се одржи, заштитувајќи се себе си од нежелни влијанија.
Секоја релативизација и играње со термините, а после и со фактите за она што нормално значи, не носи кон матни води.
Кои се двата основни аргументи кои се користат против хомосексуалноста?
првиот е религиозниот, вториот е природниот или дарвиновиот аргумент.
нема да навлегувам во описи за двата, ми споменаа дека темата не била за тоа.
Само уште еднаш ќе го повторам она што го споменав претходно-
дали е разумно врз основа на оние информации кои ги имаме за хомосексуалноста, да претпоставиме дека решавањето на ова прашање од типот на тој кој е присутен во голем број од западните земји, нема да се одрази штетно врз функционирањето на нашето општеството.
исто и - Многу е краток периодот од кога им се дадени права на хомосексуалците, за да можат да се изнесуваат заклучоци од типот- и хомосексуалците можат да бидат добри родители, и нивната љубов е иста како и на хетеро и слично.
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Ептен ја тупиш Никола, незнам каква закана за човештвото гледаш во мене!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Претеруваш !!!
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Смири се le leaa, нема потреба од толку извичници. Без импулсивни реакции, без нервози
 

Kajgana Shop

На врв Bottom