Бизнис за 2000-3000 евра, Чист неуспех-Предизвик-Успех

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.369
Поени од реакции
7.139
А ти мислиш дека инспекторите се криви ? Дека тие не добиваат наредби одозгора ?
Не викам дека нема инспектори кои се ѓубриња, кои ја користат својата позиција и слично, но има и луѓе кои едноставно ја работат својата работа...

која работа,каква работа,со оваа работа одиме напред ?? не можи толку строго да биде растовари 2-3 автобуси инспектори во некој град и затвори СЕ живо и диво,ами каде се опомените,администрацијата е СЕРВИС на граѓанинот,од него ја земаат платата,тој треба да кажи и подучи што чини,а што не чини во моментот во твојата фирма,а не да ти стави катанец при прва контрола.

како што се спроведуваат законите кон приватниците наликува само на терор и рекет,ништо друго.

а колку треба да се смени менталитетот ЗА НАШЕ ДОБРО,само за жал дури сме барем ние живи тоа не го гледаме.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.299

Не викам дека е правилно тоа што го прават, само дека луѓето/инспекторите работат по наредба, едноставно им викаат ќе одите таму и готово. Не се тие криви, криви се оние кои ги издаваат наредбите. Е СЕГА секогаш има некои такви инспектори кои сакаат да удираат рекет, ама не се сите такви, некои едноставно го прават тоа затоа што мораат.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не викам дека е правилно тоа што го прават, само дека луѓето/инспекторите работат по наредба, едноставно им викаат ќе одите таму и готово. Не се тие криви, криви се оние кои ги издаваат наредбите. Е СЕГА секогаш има некои такви инспектори кои сакаат да удираат рекет, ама не се сите такви, некои едноставно го прават тоа затоа што мораат.

Завчера го допреле шоферот на автобуси со кои се возам секој ден по два пати. Му дале да потпише бланко документ. Значи на тој документ подоцна може да се напише било што. Имало некоја појма неам каква правничка меѓу патниците, го советувала да не потпишува, ама овој потпишал.
Значи разбирам, ги тераат да одат по фирми и да казнуваат. Ама казни за нешто што навистина треба казнување, а не ради реда.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Немаат памет луѓево јас знам дека бев крив и казна таму шо следува на крај вика џандарот потпиши се, а не му викам јас си имам право ништо да не потпишам а ти пиши си таму шо ти носи службата :icon_lol:.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Има ли повеќе да се збори за ова?

Зошто К15 веќе не опстојува?

http://think.mk/2013/09/21/bubo-karov-reshi-da-otkrie-zoshto-k-15-poveke-ne-se-prikazhuva-na-tv/

Убаво рече човекот, поминал низ све што се десило овде, Југославија, транзиција, и денешно време... Денеска нема клима за водење бизнис овдека да не зборам па водење на медиум или скечеви какви што правеа тие... Е ова е вистинската слика за жал колку и да се лажеме на форумов дека не бива, за ништо не не бива како нација... Своето си го испозаебавме..
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
117
Поени од реакции
79
Па,па,па...им рекле на Цацко и другарите : Ke правите емисија , ама максимум 30 % од времето може да биде критика за Преродбава...wow :facepalm:

A kako ke утврдите колку се тоа 30 % критика...или ќе оди прво во Жолта куќа, која е срушена, на ревизија , кај Протуѓер и друштво , па потоа ќе ви кажеме како ќе биде :tapp:

И сега како бизнисов , или ништо од бизнисот :cuc:

Остваруваме !
--- надополнето: 22 септември 2013 во 00:48 ---
Доказ за Бизнис :tapp:

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
откуп на говедски коски му е мајката - и тоа од неевропски земји
( кој знае зошто- јасно ќе му е за што зборувам)
--- надополнето: 23 септември 2013 во 20:58 ---
уствари грешка- во темата
требаше во онаа другата- Предлог за бизнис
ама ај - бидна
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Доаѓа пострашно, сеуште мислам дека не го допреле пикот.
Сега слушав со новите закони , за прекршок кој што е направен од корист поради здобивање со материјална корист се предвидува казна од 7000 евра, значи џандарот кога ќе се сопре.
-Кај идеш бе , не ли гледаш дека ограничување е 40 км ти леташ со 55 на сат !?
-Абе се брзам за на работа ќе ми скинат од плата ако закаснам!
-ОП ајде сега една а брза вожња плус уште една казна за прекршок мотивиран за стекнување на материјална корист + 7000 евра.

Башка и сега за било каква фирма се предвидува казна во висина од 28,000,000,00 евра ( со зборови дваесетиосум милиони евра ) плус забрана за вршење дејност, не кажаа за каков прекршок би била изречена таквата казна.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
117
Поени од реакции
79
Доаѓа пострашно, сеуште мислам дека не го допреле пикот.
Aма чекај , а што правиме со кампањава ОСМЕЛИ СЕ,НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР :facepalm:

Eве и уште едно надопoлнување...малку по старо додуша...ама актерите & условите , се не променети :)

СЕ АРЧИМЕ ЗА МACEDONIA :cuc:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еве има доволно деловен простор кој сака да работи.

Член од
15 мај 2012
Мислења
117
Поени од реакции
79
Ах, па ние ништо,ама баш ништо не сме разбирале..:facepalm:

Ама благодарејќи на Владата на РМ сега ке ни светнела сијалицата...и оп ќе станеме дел од огромниот дел на наши сограѓани кој се во филмот ОСМЕЛИ СЕ ;)

Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

Ако било така лесно зошто тие што ги прават спотовите самите не се осмелија да влезат во бизнис туку влегоа во политика, нормано знаат што е профитабилно(y) .Една казна од пазарна инспекција е од 2000 до 5000 е колку што е оснивачкиот капитал, прво треба тоа да го скинат па после да промовираат, мене тие казни 100 пати ме премислиа.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Ама мора некогаш да го стигнеме германскиот систем, нели? Макар и третина.

Дупки во законите секогаш постојат, ама за да се најдат треба прво да се прочитаат. Сепак, џабе ќе се читаат ако законите се несинхронизирани. Не е сјајно. И мене ми пречи тоа што фактурите ми се исплаќаат по 100-160 дена, ама па од друга страна ако си во некој бизнис, треба секогаш да бидеш подготвен да можеш да издржиш минимум година дена од сопствени средства за да почне да се случува обртот како што треба. Така е кај нас во сите дејности и нема бегање од тоа. Сите знаеме дека не треба така, ама верувам дека претпоставуваш чии фирми практикуваат да исплаќаат фактури после шест месеци.

Конкретно мојот бизнис функционира и се регулира со над 20 закони и уште толку правилници. Во поголемиот дел од нив и самиот сум бил дел од работната група што ги изработувала, во времето пред да напуштам државно за да работам свој бизнис (веројатно според наши стандарди сум глуп). Кај нашите SME се игра „Тешкото“ од единствена причина што дејностите функционираат според заедничките закони со ЕУ, кои се само преведени, препишани и со сменети вредности и валути.

И сега, како може да имаме европски закони, а сепак да ни трокира бизнис заедницата? Епа, така што тие закони се конструирани според „чергата“ на тамошните стопанства, не според нашите.

Еден конкретен пример за тоа е Законот за земјоделство. Се испењавија да го препишеме од Хрватска (иако сугестијата беше да биде од Словенија како земја со идентичен земјоделски систем на Македонскиот пред да почнат да воведуваат реформи) и владата го прифати. И сега имаме еден куп земјоделци со стагнација во развој, со неприменување на нови технологии, со поскапи репроматеријали и непроменети пазари цени. Само, сега им се исплаќаат субвенции за да им се оправда мрзеливоста.

Заклучок: Колективната неорганизираност ќе не изеде сите индивидуално, еден по еден. Малите претпријатија сакааат да им се среди ситуацијата, а не сакаат од годишниот буџет да одвојат ни еден процент за организација/лоби група/правно тело кој ќе ги анализира маките, нелогичностите и нефункционалните членови во законите и правилниците и ќе поднесува предлог измени на законите до владата/собранието.

Затоа, убаво реков претходно. Сами се криви. Не ги читаат законите. Не знаат како да ги променат во своја корист, а не сакаат да се организираат и да платат некој што знае и може.
Во изработката на кои 20-тина закони си учествувал?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom