Бејзбол

Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Здраво на сите кои се на темава. Профилот на Кајгана специјално го отворив за оваа тема. Имено, имам 16 години и сум foreign exchange student во најстариот град во Тексас, Накедочес. Во САД сум веќе 10 месеци и бејзболот е нешто што засекогаш ќе остане дел од мене. Со играва се запознав пред некој месец кога, со чуден слет на околности добиав прилика да бидам менаџер на школската бејзбол екипа. Овде бејзболот е навистина битен, не само на професионално туку и во средно. Не знаев многу за правилата и како се игра но со тек на време се научив и да бидам искрен бејзболот е нешто што навистина ќе ми недостасува назад во Македонија. Со играчите и тренерите бевме како едно семејство. Искуството беше навистина специјално и нешто кое е навистина тешко да се опише. Иако не бев на теренот секогаш бев со нив и помагав. Од фаќање на тошки, преку носење на сите потребни реквизити, па се до давање мотивациони говори пред утакмица. Нешто единствено. Буквално се заљубив во спортот и бејзболот е еден од хајлајтите од моето време поминато овде.

Но, зошто токму бејзбол? На ова прашање ќе го цитирам мојот тренер овде кој на истото ова прашање ми го даде следниот одговор: "Бејзболот е специјален и најреален спорт. Во бејзболот имаш шанса да не успееш а сепак да бидеш успешен." Ова на англиски звучи подобро (you can fail and still be successful) но не ја менува самата суштина. Пример за тоа е фактот дека најдобрите батерс (удирачи) имаат просек од .300 и надоле (само најдобрите имаат поголем) што значи дека во просек од 10 питча (фрлања) имаат погодено само 3 пати, и помалку. Можеш да промашиш и сите девет пати но доколку го погодиш тој еден единствен home run, ти си херој.

И да, за секој што вели дека бејзболот е досаден ова е нешто што би ве заинтересирало :)

За сите заинтересирани овде сум да одговорам на сите прашања. Се надевам на добро дружење на темата!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: No9
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.164
Мртво е друже, баш би сакал да се развие добра дискусија...
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Тоа е тоа. Многу малку се знае за бејзболот па затоа и не е интересно. И јас го имав тој проблем. Бев на Асторс - ЛАА првата недела кога дојдов овде и буквално заспав на трибините. Немав никаква врска ни со правила ни со ништо. Али со тек на време се научив и навистина го засакав спортот. Убав за очи а и интересен за играње е. Сега сум на идеа да формирам бејзбол екипа кога ќе си дојдам назад во Македонија па ќе видеме што ќе биде.

На тема МЛБ, фаворити ми се Тексас Ренџерс али мислам дека Кабс имат највеќе шанси за титула.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Не е толку проблемот во тоа дека малку се знае. Да, нема публика колку НБА што е најпопуларна во Македонија од америчките спортови, ама и тука има пар членови што сериозно знаат за што се работи. Проблемот е првично во термините на играње и динамичноста за разлика од другите спортови. Сите се навикнати на брзо одвивање на настаните (баскет, ракомет, фудбал, нфл), па ова е премногу споро.

Во Америка е друга традицијата, пред неколку години бев таму за време на World Series, па кај братучедите се збираше екипата, утакмицата пуштена, се пие пиво, нешто мезе, карти се играат, муабет и се по ред.

Тука, дури и кога се во нормален тајминг утакмиците, во исто време има и некој фудбал/кошарка, па тешко дека и да собереш друштво нема да ти викаат ај бе гаси тоа. Сите што пробале да гледаат, очекуваат филмски бејзбол, каде се е напето, а во реалноста, може да се случи само 2 битни моменти да има во утакмица. Истото може да биде и во фудбалска утакмица, ама ајде де, навика и традиција.

Јас знам да пуштам во позадина да оди некоја утакмица, најчесто кога играат Кабс, ради поврзаноста со Чикаго :) За среќа лани и годинава конечно ги бива, па може да има интересна есен.

п.с. ако коментираме барем ние почесто, има шанса повеќе интерес да има и кај другите, така да, може да се потрудиме со некои хајлајтси интересни да бидеме во тек ;)
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
The Comrades of Summer :ROFLMAO: едно ебано клипче нема на youtube

Вака да почнеме и во Скопје :pos: само сега сум престар за вакви работи :unsure:
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
@Cappie мoј пoследен ден у шкoлo тукa е денескa тaкa штo ќе имaм слoбoднo време и ќе се oбидaм кoлку штo мoжaм пoвеќе дa коментирам oвде.

@TripleG рачунај ме во екипа :D
Бaш вчерa разговарав сo тренерoт штo ми беше тукa oкoлу идеaтa и се пoнуди дa се рaспитa oкoлу oпремa oвде. И јaс сум вo тек нa рaспитувaње oкoлу oпремa тaкa штo мислaм декa ќе јa биде рaбoтaтa.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Синoќa бев нa среднoшкoлскa утaкмицa вo Дaлaс и имaв повторнo мoжнoст дa гo гледaм еден oд најголемите таленти вo Тексaс. Имa сaмo 16 гoдини и фрлa сo 96 mph. Синoќa негoвaтa екипa пoбеди 11-0 a тoј фрлaше сите 7 инингa. Дoзвoли сaмo 3 удaри и имaше 9 стрaјк aути. Дефинитивнo МЛБ прoспект. Грејсoн Рoдригез.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Конечно вчера изгледав една утакмица од почеток до крај, без да ми се убаци финале ЛШ или слично во терминот :D Нормално, Кабс си ги гледав, ги изметија Филаделфија после не знам колку години (3 од 3 победи, за новите тука, секогаш се игра во серија од 3-4 натпревари на исти противници, нешто слично како што е нба плејофот).

Можам да кажам дека изгледаат одлично и ако не паднат под притисокот кој ќе дојде, колку што е поблиску крајот на сезоната, може да се случи и чудо, па да освојат :)
Еве го можеби клучниот момент, хоум-ран на Бен Зобрист после кој се направи разликата и немаше баш шанси за враќање на Филис.

http://m.mlb.com/video/v752006683/?game_pk=447619
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Конечно вчера изгледав една утакмица од почеток до крај, без да ми се убаци финале ЛШ или слично во терминот :D Нормално, Кабс си ги гледав, ги изметија Филаделфија после не знам колку години (3 од 3 победи, за новите тука, секогаш се игра во серија од 3-4 натпревари на исти противници, нешто слично како што е нба плејофот).

Можам да кажам дека изгледаат одлично и ако не паднат под притисокот кој ќе дојде, колку што е поблиску крајот на сезоната, може да се случи и чудо, па да освојат :)
Еве го можеби клучниот момент, хоум-ран на Бен Зобрист после кој се направи разликата и немаше баш шанси за враќање на Филис.

http://m.mlb.com/video/v752006683/?game_pk=447619
Мoе мислење и пред пoчетoкoт нa сезoнaтa и сегa е декa Кaбс oсвoјувaaт oвaa сезoнa. И сега зa сега гo oпрaвдувaaт тoa. Арнo aмa никoгaш не знaе ништo. 100+ пoбеди не гaрaнтирaaт титулa. Тoa е oнa штo ме плаши oкoлу oвoј тим нa Кaбс. Имaaт екстремнo зaбaвен и тaлентирaн рoстер кoј ќе пoбеди дoстa утaкмици aли рaбoтaтa е вo тoa штo не е се зaвршенa и не сум сигурен кaкo ќе се снајдат пoд притисoк. Сезoнaтa е сеуште вo тек и е дaлеку oд зaвршенa.
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Дружиња,

Фала богу шо има ете уш некој шо прати бејзбол. Пред неколку години дур бев у средно, значи негде 2011 година, седнат до другарче од клас го гледам пали на нет бејзбол нешто. Нормално ко секој човек у нашава земја го сметаш другиот за нетокму чим му дошло до бејзбол :D. И му викам ај објасни ми што е што. До тогаш знаев само дека ако иде топчето преку ограда, дека е homerun, али не знаев како се рачуна резултатот ( тоа пред све сум го научил од филмовите). И полека полека почна другарчево и глеам интересно ми стана. После тоа спуштив и MLB 2K серијата на игри и од таму уште повеќе јасно ми стана што е работата. Другарчево беше заљубен у Линцекум шо пичаше за Giants, али баш сеа ми кажа дека више не му е занимливо толку откако отиде за Angels.
Ја пошто сум фан на Пистонс у НБА и Ред Вингс у хокеј, логично е дека у МЛБ ќе бидам за Детроит. Така и бидна откако другарчево ми спомна за Верландер, човекот кој ете има фрлено два no-hitter утакмици и кој фала му на бога уште е у Детроит. Друга ствар за спортов ми е интересна шо нема ограничувања кој може да го игра. Буквално може од најслаб до најјак физички и од најнизок до највисок. Се зависи од тоа колку секој од нас го има тоа у себе. Сигурен сум дека луѓево да го видат CC Sabathia или Prince Fielder, одма идат коментари у типот: Види го буцино, и ја можам така, кај има спортист до 150 кила итн... Мене ми е интересно тоа шо стварно мора секоја позиција да е испунета со добри играчи. Мораш да имаш добра ротација на пичери, али и хитери. Пример жабе е еден Феликс Хернандез, кога толку години нема поддршка у хитањето. Криво ми е малце шо еве нема у земјава наша никакви активности поврзани со овој спорт, али искрено ни во Европа не знам дали постои нешто. Како што глеам бејзбол функционира најмногу у Америка и Јапонија со оглед на играчиве у МЛБ. Штета шо немаме ништо овдека, зашо стварно е интересен спортот. Баш би сакал да сум дел од оваа игра макар била и најаматерска на светов. И ја сум за тоа да се организира нешто меѓу нас што го пратиме спортов. Поздрав и се надевам на поголема заинтересираност од луѓенца од Македонијава
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
После некое време еве ме назад на темава. Регуларната сезона во МЛБ завршува оваа недела. Пост-сезоната во МЛБ е сосатавена од 10 тимови и започнува со двете Wild Card утакмици (4. и 5. октомври) чии победници се последните два учесника во плејофот. Потоа следуваат best-of-five Division Series (2-2-1 формат). The League Championship Series и World Series се best-of-seven series (2-3-2 формат). Победникот на World Series е шампион.

Клубовите кои и официјално се пласирани во плејофот се: Бостон Ред Сокс, Тексас Ренџерс, Вашингтон Натионалс, Чикаго Кабс, Лос Анџелес Доџерс и Кливленд Индијанс.

bandicam 2016-09-30 12-36-27-216.jpg
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Џајанстс или Кардиналс?
Моја желба е Кардиналс ама ќе биде неизвесно до крај. Џајантс во моментот играат со Доџерс и во 7. иннинг водат 9-3. Со оваа победа би биле 1 победа пред Кардс на два натпревари до крај. Кардс имаат серија со Пајратс (6-4 за Кардс оваа сезона) додека Џајантс играат со Доџерс (5-4 за Доџерс досега во сезоната). Ќе биде интересно до самиот крај.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Моја желба е Кардиналс ама ќе биде неизвесно до крај. Џајантс во моментот играат со Доџерс и во 7. иннинг водат 9-3. Со оваа победа би биле 1 победа пред Кардс на два натпревари до крај. Кардс имаат серија со Пајратс (6-4 за Кардс оваа сезона) додека Џајантс играат со Доџерс (5-4 за Доџерс досега во сезоната). Ќе биде интересно до самиот крај.
Што бидна, ќе правиме ли тим? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom