Бејзбол

П

Паган-др

Гостин
MLB лигата почнува повторно во Април. ESPN во живо ќе ги пренесува сите натпревари.
 
П

Паган-др

Гостин
Сабајле во 2 саат, по наше време, Јенкис против Бостон, Јенкис изгубија со 7-9.

Уште се каам што ми се спиеше и не ја догледав. :(
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Јас сум единствен што неам услови да гледам безбол (иам кабловска а не пренесуваат а на интернет неам лимит баш сега за сега) а што редовно секој божји ден ги пратам резултатите и ставам по некое ливче бидејќи има големи коефициенти а нема нерешено:)
Ако има уште некој што ќе ги објаснува правилата нека повели:)
И ја слабо ги знам.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Јас сум голем фан на играва и покрај тоа што не ги знам 100% правилата горе долу ја знам поентата.Од мал омилен тим ми се Јенкис, бидејќи само нив ги знаев кога стануваше збор за бејзбол.
Дали има некој информација дали постојат активни клубови во Македонија, кои се тие и дали негде се натпреваруваат?
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
luge,a ima li negde u nasava zemja kaj sto igraat bejzbol???nekoj tim niz skopje?znae nekoj nesto ???
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
почнав да гледам на ESPN America по цел ден даваат.
интересен ми стана, но уште го проучувам како се игра :D
 
А

Анноун

Гостин
го играм година дена во кладилница, а ПОИМ неам како се бројат поени . само знам дека 9 ининга има и толку.

двајца другари знам што разбираат , ама и двајцата кога им реков да ми објаснат , ми рекоа "ај другпат" :pos:
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
101
Поени од реакции
31
За правилата е најдобро да прочитате на википедиjа. Нека не ве мрзи... мора малце подобро англиски да знаете за да ги разбирате коментаторите и термините. После едно 20-30 изгледани натпревари ќе почнете да ги сваќате правилата. Имате неколку сајта за инфо: http://espn.go.com/mlb/ и mlb.com
Ако сакате да се кладите на бејзбол, мора малце подлабоко да навлезете во термините и статистиките. На пр. "ERA" - estimated runs allowed е статистика за фрлачите и покажува просек колку поени дозволува во период од 9 ининзи. Кога ERA е помал број на пр. 3 тоа значи дека во просек тој фрлач допуштил 3 поени на противниците за 9 ининзи.
 
А

Анноун

Гостин
За правилата е најдобро да прочитате на википедиjа. Нека не ве мрзи... мора малце подобро англиски да знаете за да ги разбирате коментаторите и термините. После едно 20-30 изгледани натпревари ќе почнете да ги сваќате правилата. Имате неколку сајта за инфо: http://espn.go.com/mlb/ и mlb.com
Ако сакате да се кладите на бејзбол, мора малце подлабоко да навлезете во термините и статистиките. На пр. "ERA" - estimated runs allowed е статистика за фрлачите и покажува просек колку поени дозволува во период од 9 ининзи. Кога ERA е помал број на пр. 3 тоа значи дека во просек тој фрлач допуштил 3 поени на противниците за 9 ининзи.
ај ако не те мрзи барем основните правила кажи ги .
-по колку пати во еден ининг фрлаат тимовите ?
- како се добиваат поените ? кога е 1 поен , кога 2 , 3 ,4 ?
мислам дека хоумран (кога ја вади вон теренот играчот топчето со удар на палката ) е 1 поен.
- како се исфрлаат играчи од полето ?
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
ај ако не те мрзи барем основните правила кажи ги .
-по колку пати во еден ининг фрлаат тимовите ?
- како се добиваат поените ? кога е 1 поен , кога 2 , 3 ,4 ?
мислам дека хоумран (кога ја вади вон теренот играчот топчето со удар на палката ) е 1 поен.
- како се исфрлаат играчи од полето ?
не сум сигурен ама кога батерот ќе направи цел круг околу
базите и ќе дојде на почетната позиција се добива 1 поен.
2,3,4 поени се добиваат мислам зависно колку бази имаат
освоено и тогаш да направат хоумран. пример 2 бази и ако направат хоумран 2 поена, 3 бази 3 поена.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
101
Поени од реакции
31
Зошто би објаснувал овде кога има се напишано подобро него што би напишал јас. Еден играч - кога ќе ги освои сите бази по ред 1,2,3 и домашна тогаш е еден поен. Не мора да биде хоум ран за да се добие поен. Најдобро ѕирнете утакмица и ќе сватите, не е тешко. Крај краева американци ја играат играва :)
Играч се исфрла на неколку начини: 1. три страјка (три промашени, а прецизни фрлања); 2. флај аут (кога удирачот го погодува топчето, но одбраната го фаќа пред да падне на земја); 3. граунд аут (ударачот го погодува топчето, одбраната го фаќа откако тоа ја удира земјата и го фрла топчето на соодветната база и стига пред удирачот да стапне на базата). Три исфрлени играчи и нападот завршува, а другиот тим презема напад. После овој циклус од претходната реченица еден ининг е завршен и започнува друг.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Ај и јас како отварач на темава, после дооолгата пауза од кајгана да се вклучам во муабетов.

Она што е основно и што го кажувам на секој што седнал да гледа со мене, а сакал да знае за што се работи е следното:
Батерот има за цел да ја удри топката - доколку не му ја фатат жива - трча да ја освои првата база (а доколку е во можност и следната). Ако ја освои, чека таму и опција да краде втора база (само ретки мајстори го можат тоа). Кога следниот батер ќе ја удри топката, трчаат сите кон наредната база. Кога еден играч ќе направи цел круг, ќе се врати на базата од кај што тргнува - тоа е поен.
Доколку топката стигне до одбранбен играч (што ја чува секоја база) пред напаѓачот - тоа е еден аут. Доколку се фати жива топка по удар - исто е аут. Доколку батерот 3 пати промаши топка - исто е аут. Со 3 аути се менуваат екипите од напад во одбрана и се доаѓа до средина на ининг, а при следната промена завршува инингот. Се играат 9 ининзи.
Доколку пак, на батерот му се фрлени 4 лоши топки (Ball) - автоматски батерот ја освојува првата база. Постои и тн фаул - тоа е кога топката што ќе ја удри батерот ќе заврши позади линијата која оди од домашната база према првата и према третата база (односно од двете страни на дијамантот) или, најчесто во публиката позади фаќачот. Фаул се рачуна како промашување - доколку батерот веќе има 2 страјка (промашувања), фаулот не се рачуна (може да прави фаул цела вечер :))
При хоум-ран сите играчи кои стојат на база освојуваат поен и најмногу може да се освојат 4 поени што се нарекува гренд-слем!

Доколку го имате ова на ум и изгледате неколку утакмици, ќе ви стане се јасно и нема да се мислите зашто е ова вака, а зашто тоа е така...Има уште многу изрази и слично - ама тие и не се толку битни, плус при слушање на секој следен таков израз од коментар може да се прогугла и да се види.

И на крај, за вие што сте се уклучиле на темава и сте се објаснувале во оваа сезона, гледате ли? Фаворити? :)
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
гледам по некој натпревар само онака кога ги играм на тикет, инаку немам баш некој фаворит
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
A PERFECT GAME

Ова, се користи за такви натпревари во кои фрлачот (pitcher) го игра целиот натпревар (иако може да се искористи и ако се игра со замена, ама тогаш достигнувањето е тимско, а не и лично) без да дозволи на противничките играчи да стигнат до прва база. Значи не смее да има hit (удирање на топчето и успешно трчање на удирачот до прва база пред топката да стигне таму), walk (4 лошо фрлени топки од пичерот) или hit baseman (погодување на телото на батерот, по што судијата му ја доделува автоматски првата база). Практично, тоа значи дека во игра од 9 ининга, треба да се појават 27 батери и сите да бидат исфрлени (1 ининг - 3 аути).

Зашто го кажувам ова? Вчера, во натпреварот помеѓу Tampa Bay Rays @ Seattle Mariners, Felix Hernandez ја изигра неговата перфектна игра. Истовремено тоа е 23-ти perfect game во историјата на МЛБ, прва од создавањето на тимот на Сиетл и трета оваа сезона во МЛБ, што претставува рекорд. Хернандез, или како што веќе го викаат King Felix, при овој подвиг направи и 12 strikeouts или К's. Рекордот на страјкаути во перфектен натпревар го држи легендата Sandy Koufax со 14, а истиот бил изедначен годинава на 13 јуни од Matt Cain од San Francisco Giants во неговиот перфектен натпревар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom