Бејзбол

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
40.001
Поени од реакции
78.489
Очекувам Кливленд да го освојат ова....иако е 1-1 после 2 меча мислам Кливленд го добива ова, некако Кабс не ми делуваат ко да можат константно да одиграат на ниво под притисок. Не дека играчиве на Кливленд не се под притисок али у Чикаго хајпот е далеку појак. Дури мислам ова би било 3-2 за Чикаго па би изгубиле 2 меча по ред..
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
браво @dragonsky одлична прогноза.. јас сум од тие глупите што мислеа дека кабс ќе стиснат заби и ќе ја извадат А играта од регуларниот дел.. направија многу грешки кои обично не ги прават и за тоа платија со титула.. индианс не се вориорс, ќе привршат без проблем..
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Бејзбол сезоната е пред самиот крај и тој крај може да се случи уште вечерва, со победа на Кливленд со што ќе ја освојат првата титула после 1948. Но, без разлика дали Кабс вечерва ќе ја пролжат серијата (и сезоната), секоја утакмица одиграна во Ноември оваа година ќе се приклучи да друштво од само седум утакмици кои се одиграле овој месец во историјата на овој спорт.

Бејзбол во Ноември стартува во 2001 и интересно е дека првата утамица воопшто не стартува во Ноември. Имено, во game 4 од 2001 World Series, во точно 4 минути после полноќ, Дерик Џитер погоди walk-off home run за победа на Њујорк Јенкис против Аризона (4-3) и изедначување на серијата на 2-2 (Аризона освојува со 4-3 во серијата).

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
40.001
Поени од реакции
78.489
Ayy lmao може да го папаат..јака ќе биде утакмицава нек си ибе матер[DOUBLEPOST=1478137467][/DOUBLEPOST]Од 3-1 и 2 меча дома до 3-4 пораз изгледа :ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1478142911][/DOUBLEPOST]Ааааа да ви ебам улавите вредеше ненаспан да се седи...

Реков ја ова ќе биде дуел да виидме кој повеќе ќе сака да изгуби. Браос. Ајде 9ти ининг, бринг ит он!
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Кабс конечно шампиони! Ама каква утакмица wow!!! Дефинитивно вредеше да се остане буден до 6 сабајле. И да, THE CURSE IS OVER!
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
После паузата бејзбол е повторно назад. Со спринг тренинзите започнаа пред неколку недели а стартот на сезоната е на 2 април.

Инаку, во моментот се одржува 2017 World Baseball Classic што е професионално бејзбол натреварување во интернационални рамки (нешто слично како светско првенство). Се одржува на секои четири години и во него учествуваат 16 држави (поделени во четири групи) со свои тимови од вкупно пет континенти. Ова натпреварување се одржува во четири држави и тоа Јапонија, Мексико, Јужна Кореа и САД (секоја група игра во една од државите). Натпреварувањето е поделено во неколку фази. Најдобрите два тима од секоја група поминуваат понатаму во втората фаза каде повторно се поделени по групи. Повторно, најдобрите два тима од двете групи одат понатаму во полуфинале па финале.

Натпреварите во група А и Б се завршени а тимовите кои обезбедија пласман се Изреал, Холандија, Јапонија и Куба. Во групата Ц се наоѓаат Домениканската Република (освојувач на последниот класик), САД, Колубмија и Канада и таму после само едно одиграно коло Домениканската Република и САД имаат победи. Во групата Д се Порто Рико, Италија, Мексико и Венецуела. Порто Рико и Италија имаат по победа после првото коло.

Натпреварувањето трае до 22 март.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Натпреварите во првата рунди се завршени, освен мечот за второ место во групата Ц каде што поради ист број на победи и порази Италија и Венецуела играат tiebreaker. Домениканската Република, САД и Порто Рико се пласираа во втората рунда. Мечот Италија и Венецуела се игра во 2 часот по полноќ.


Хајлатси од мечот САД - Домениканска Република каде што резултатот после 9 ининга беше во корист на домениканците. Според мене, овие две репрезентации сега за сега се главни фаворите за освојување. САД имаше контрола на резултатот се до последниот ининг каде Круз со walk-off 2-run homer донесе победа за Домениканската Република.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
6.630
Поени од реакции
11.361
@TripleG
Друже, чисто од љубов следиш МЛБ или се кладиш понекогаш или редовно?

Јас почнав пролетва така-така да следам повторно и почнав и да уплаќам за со повеќе жар да следам, листам форуми и на oddsshark, најмногу на плус/минус играм, некако ми се посигурни бетови. Нешто типс/трикс да предложиш, тимови шо како? Последно време Мајами гледам се дно, дома по 10+ дозволуваат. Јенкис ќе изгубат ли утре конечно? :D Позз
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
@TripleG
Друже, чисто од љубов следиш МЛБ или се кладиш понекогаш или редовно?

Јас почнав пролетва така-така да следам повторно и почнав и да уплаќам за со повеќе жар да следам, листам форуми и на oddsshark, најмногу на плус/минус играм, некако ми се посигурни бетови. Нешто типс/трикс да предложиш, тимови шо како? Последно време Мајами гледам се дно, дома по 10+ дозволуваат. Јенкис ќе изгубат ли утре конечно? :D Позз
Sorry, дури сега добивам малце време да одговорам. Бејзболот јас го следам чисто онака, од љубов и ретко некогаш ќе уплатам некое ливче и тоа недобитно. Јбг, увек одам навивачки и затоа не се кладам често.

Почетокот на сезоната го следев ептен интензивно, сега малце одмарам додека трае плејофот во НБА за после цело лето да удрам турбо бејзбол mode. Типови, едино немој да се кладиш на моите Тексас, жива катастрофа се сезонава. Белтре уште се нема вратено, дури вчера имаше прв батинг практис и уште не се знае кога ќе се врати. Јенкис ми се хит сезонава и дефинитвно најпозитивно изненадување. Очекував дека ќе бидат добри ама олку добри, не. Вашингтон и Хјустон се исто така ептен добри и очекувам далеку да стигнат сезонава. Од останатите Балтимор, Кардиналс, Колорадо, Доџерс солидни. Повеќе очекував од Ред Сокс ама уште е старт на сезоната. Кабс сега за сега average шо е и очекувано. Ова сега онака набрзина. Овие денови ќе напишам еден осврт на сезоната досега малце поопширно ако најдам време.

Инаку, еден тип од мене додека гледаш е да си водиш статистика. Јас секоја утакмица која ја гледам си бирам еден од тимовите и си водам статистика за нивниот напад и за секој еден играч имам што направил at bat и плус водам статистика за пичерите. Ем никогаш не ми е досадно ем секогаш нешто ново научувам со секоја нова утакмица. Еве еден пример од почетокот на сезоната. Ако те интересира можам да објаснам како се прави и што значат сите ознаки.

 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.509
Мене ме интересира. Објасни ако не те мрзи.
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Малце е тешко за објаснување поготово на македонски но ајде да пробам. Прво и основно се внесуваат играчите по редослед онака како што ќе излеваат at bat т.е. да удираат. До нивното име има колона за позиција. Јас на овој scoreboard сум ги напишал со букви позциите но најчесто се означуваат со бројки, и идат вака:

1 - фрлач (P); 2 - фаќач (С); 3 - прва база (1B); 4 - втора база (2В); 5 - трета база (3В); 6 - шортстоп (ЅЅ); 7 - лево поле (LF); 8 - централно поле (CF); 9 - десно поле (RF). Исто така има и назначен удирач (designated-hitter) кој се бележи со DH.

Потоа следува запознавање со кратенките за она што се случува во самата утакмица. Јас ќе ги напишам само оние основните. Кога удирачот ќе удри single се бележи 1B, за double - 2В а за triple 3В. Доколку удри home run тогаш HR а за walk се пишува BB. За strikeout се користи К (кога ќе страјкне замавајќи) и обратно К (кога ќе страјкне со гледајќи), за stolen base e SB a за caught stealing е CS.

Овие кратенки, во случај удирачот да остане во игра се пишуваат во долниот десен ќош (1B, 2B, 3B, HR, и BB) а доколку е исфрлен во средината на дијамантот и во левиот кош се пишува кој по ред е исфрлен во тој ининг. Кога три играчи од едниот тим се исфрлени завршуваат со удирање и почнува другиот ининг.

На крајот од секоја утакмица, се собира севкупно за сите поедници и за цела екипа. AB значи at bats, R е runs, H e hits, RBI - runs batted in т.е. колку тркачи на базите има внесено удирачот со негов успешен удар и Е се грешките.

Можеби е малце збунувачки ова мое објаснување па затоа ќе оставам линк од страна која , според мене, наједноставно го има објаснето сево ова: http://www.baseballscorecard.com/kscore.htm
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Интересна програма вечерва. За мене најинтересно, после Ренџерс - Атлетикс, ќе биде дабл хедерот помеѓу Астрос и Јенкис. После двете победи на Хјустон очекувам враќање на Јенкис во серијата и барем една победа, а зошто да не и две. Исто така, Кабс и Кардиналс би требало да биде добра утакмица како и Твинс - Индијанс, Филис - Натс (и овој е дабл хедер) и Доџерс - Рокис.

[DOUBLEPOST=1494791851][/DOUBLEPOST]3-1 водат Астрос. Четврти ининг. Јенкис at bat. Почнува дожд да истура. Два хомери по ред на Кастро и Џаџ. Дождот престанува и сонцето се појавува а после него и виножито. Како после да не го сакаш бејзболот?

Резултатот моментално е 4-3 во корист на Јенкис. Почеток на шестиот ининг. Одлична утакмица сега за сега. Јенкис го отворија резултатот со double на Гарднер уште со првиот at bat за во третиот ининг со дури пет hits Астрос да поентираат 3 пати. Јенкис го враќаат водството во четвртиот ининг за во петиот и двајцата пичери Грин (Јенкис) и Фајерс (Астрос) да имаат перфеткен ининг.[DOUBLEPOST=1494797504][/DOUBLEPOST]Ball game. Каква утакмица. На крај, 11-6 за Јенкис. Ама каков само седми ининг. Го зачнаа Астрос со 3 runs но вратија Јенкис со вкупно 6 runs од 6 hits и со уште еден HR следниот ининг завршија работа. Следува сега церемонијата на пензионирање на дресот на Дерик Џитер а после тоа и втората утакмица од овој double-header.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
1.543
Поени од реакции
818
Интересна тема, не сум сретнал некој фан на Бејзбол во МК. Јас првпат се запознав со Бејзболот преку аниме серијата Major и во Ace of Diamond, поприлично долги серии па така сакал нејќел го научив и бејзболот, исто така сега имаше и една серија на Фокс за бејзбол која ја откажаа за жал. Правилата вака да читаш на Википедија тешко може да се научат, но со пратење се научуваат прилично лесно. Гледам членот погоре се обидел да објасни со запишувањата и статистички бележења, ама тоа е погрешен пристап според мене. Позициите се добро објаснети, има девет ининга, секој ининг се дели на горна и долна полловина, во едната едниот тим брани, другиот напаѓа. Одбраната е напишана со позициите горе, но нападот е играчите кои се редат да удираат + ДХ (дезигнатед хитер) место пичерот. Целта е да се удри топчето во зоната пред кечерот, или да се направи бунт за да се донесе некој играч на базата дома. Многу ретко некој пичер игра цели утакмици, обично има некој клоузер на крајот. И се менуваат на секоја утакмица. Пробајте ја играте MLB2k12, за подобро разбирање, извонредно фасцинантна игра. Значи не е само да гледате како травата расте со играчи на неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom