Ми одговорија од Дирекцијата за заштита на личните податоци. Ми го одбија барањето за повреда на личните податоци со образложение дека со тоа што сум се вклучил на апликацијата на Facebook, сум дал одобрние за користење на моите податоци.
А фактот што немам Facebook изгледа го изигнорираа. Убаво напишав во барањето дека немам и никогаш сум немал сметка на Facebook ама изгледа толку ги читаат барањата. Или не им е јасно дека ако немам Facebook немам пристап до тие апликации.
Ако сакам да ја оспорам одлуката, треба да поднесам тужба пред уставен суд
.
Не знам дали да му пишам на инспекторот, ама бидејки одлуката е веќе донесена, ми изгледа џабе ќе биде.