Беса во отворен протест за федерализација на Македонија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441
Што ќе му пречи на Путин хроничната нестабилност во некоја држава која е само транзит, викаш кај има протести тие не влегувааат, или е потреебно едно кумановско сценарио и тие да се предадат од голема шанса за проширување на влијанието? Викаш дека сега русите не сакаат да го градаат гасоводот затоа што има протести?
Зборам за хронична безбедносна нестабилност, војна. Во секој случај и во случај на војна они ќе се вмешаат тука, но нив не им одговара војна во предворјето.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.221
Поени од реакции
25.990
Гледаш сега таква порака му праќаат. КОЈ ТЕ ВИКНА?:) Па изгледаше дека се постигна некаков договор во неделата ама....смешни му се образложенијата со кои сака да се заштити пред се себеси лично од затвор а после тоа и партијата од избори.
Вака само побрзо ќе заврши во затвор. Има во СДСМ луѓе кои се спремни да го испочитуваат тоа што го потпишале, магарево кое денес отвори војна со ЕУ, од Љубчо тип, е само препрека. Лесно може да се тргне. :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441
Јас го сметам за разумен секој оној кој поставува валидни премиси и од нив извлекува валиден заклучок.

Циркус.
Следно побарај некој совет од Мартин Протуѓер како се води кампања, може ќе научиш нешто.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Вака само побрзо ќе заврши во затвор. Има во СДСМ луѓе кои се спремни да го испочитуваат тоа што го потпишале, магарево кое денес отвори војна со ЕУ, од Љубчо тип, е само препрека. Лесно може да се тргне. :)
Па да последниве две три недели веќе има еден куп луѓе од нивниот табор ои отворено застанаа против неговите одлуки а после ова ќе се зголеми бројот. Во секој случај глуп потег ама немаше кај да бега веќе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Не бе баче, глупи с(т)е тие што од носот не гледаат подалеку. Од што сте се запенавиле по тесно партиски интереси - ништо друго не ви е важно. Се што ве интересира е кој е покрив за ова за она, за федерализацијата... За албанизацијата на Македонија.
Наместо малку да почнете се интересирате за национално единство и за националните интереси.
.
тресеш без врска. Национално единство со тој Груевски и неговата весела менажерија на власт се косат во старт. Предавници и патриоти е нивна измислица. Башка што "ќе ги сотреме комуњарите" од сечените лепени и монтирани записи се исто нивни идеи. Збориш за нацинално единство, а власта во Македонија, онаа македонската, со сите сили вклучувајќи ги бајните патриоти Миленко, Латас и Јанко, се труди да нема.
Ама што се замараш ти со Албанизација и со Вахабисти, пиј си западна кул-аид зашеќерена водичка и гледај си вахабистичка Ал Џезеира - која така здушно ја браниш. Слушај си вахабистички молитви од вахабистичките џамии.
Веќе тоа е напишано, вахабистичките џамии се одобрени и изградени од вмровците кои 25 години ја водеа оваа општина. Глупост е да сметаш дека една тв ќе те загрози, а да дозволиш да шетаат ликови по куси панталони и бурки цели 25 години и да ги имаат сите права, реално и повеќе од македонците во истите општини. За тв не се бламирај, оди на гости кај некој што има близу во Чаир да видиш колку телевизии се потерсене од тоа твое примарно зло, алџезаира.
За тебе е важно е кој е повиновен за албанизацијата, наместо како да се справиме со тоа.
на страна твојата логика за колективна одговорност, државниот врв и институциите се оние кои треба да се справат со тоа. Оние кои се платени за тоа, кои на страна од плата извлекле уште 4-5 милијарди надвор од државава, а на кои граѓаните им ја дадоа довербата. Или едни ќе си вработуваат, ќе си перат пари, ќе се удираат в гради за патриотизам, а други треба да ги спасуваат.

И од што да спасуваат ако големите сили се во судир за гасоводот како ти што заговараш по темиве, како ти тоа ќе ги спасиш работите?
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.856
Поени од реакции
31.791
За да се поврзат нашата со грчката цевка, треба меѓудржавен договор помеѓу Македонија и Грција. Тој го нема. Настрана што Србија не ни планира да почнува изградба. Тоа го спомена прво Николиќ срамежливо, па го потврди Вучиќ јасно. Тој проект е мртов, тоа го знаат и Русите. И веќе нема начин да се најде алтернативна траса.

Не, во ред. Таа цевка е 100% наша, бидејќи е компензација за стар долг и секако дека може да ни се најде во иднина. Ама сега за сега, во контекст на руски гас кој би транзитирал кон Австрија е неупотреблива.
Toa што јас го знам е следново:

- Гасоводот низ Македонија се гради, и ќе се изгради.
- Тој гасовод се гради од руска компанија и со руски пари (нашиот дел од стариот клириншки долг на СССР). Минус мала разлика, која самите ја доплаќаме.
- Македонија ќе има голем бенефит и од самата значајно поевтина цена на гасот, дури и парите од транзитот да се одложат до даљнег.
- Додека да се изгради гасоводот на наша и грчка страна, може и да се смени власта во Македнија.
- Додека да се изгради гасоводот на наша и грчка страна, може многу работи да се сменат (како на пример потпишување на соодветен договор со Грција).
- Најпосле (а не најмалку важно) Македонија се нема официјално обврзано дека (утре, задутре, за 10 години) низ нејзнина територија нема да минува руски гас. Груевски може да оди поѓаволите, ако ти текнува на времето и САД на СССР им дадоа усмено ветување дека ахем... нема да го прошират НАТО ниту еден метар источно - а ете ги сега на самата руска граница. Како што велат Америте, „it ain't over till the fat lady sings“. ;)


Ова погоре се фактите. Ако било што од ова погоре сакаш да го оспориш, многу би бил заинтересиран да ги слушнам твоите аргументи.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.206
Поени од реакции
8.561
Значи кризата се продлабочува...Далеку сме од решение.
па не баш, ке има малку глума, ова она, и за кратко време Happy Face ке си даде оставка, не случајно е даден рок од 1 година за нови избори, доволно време СДСМ да скрои тим за на избори.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
па не баш, ке има малку глума, ова она, и за кратко време Happy Face ке си даде оставка, не случајно е даден рок од 1 година за нови избори, доволно време СДСМ да скрои тим за на избори.
Сигурен си за оставката? Така му се зголемуваат шансите за затвор за 10000%.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.221
Поени од реакции
25.990
Toa што јас го знам е следново:

- Гасоводот низ Македонија се гради, и ќе се изгради.
- Тој гасовод се гради од руска компанија и со руски пари (нашиот дел од стариот клириншки долг на СССР).
- Македонија ќе има голем бенефит и од самата значајно поевтина цена на гасот, дури и парите од транзитот да се одложат до даљнег.
- Додека да се изгради гасоводот на наша и грчка страна, може и да се смени власта во Македнија.
- Додека да се изгради гасоводот на наша и грчка страна, може многу работи да се сменат (како на пример потпишување на соодветен договор со Грција).
- Најпосле (а не најмалку важно) Македонија се нема официјално обврзано дека (утре, задутре, за 10 години) низ нејзнина територија нема да минува руски гас. Груевски може да оди поѓаволите, ако ти текнува и САД на СССР им дадоа усмено ветување дека ахем... нема да го прошират НАТО ниту еден метар источно. Како што велат Америте, „it ain't over till the fat lady sings“. ;)


Ова погоре се фактите. Ако било што од ова погоре сакаш да го оспориш, многу би бил заинтересиран да ги слушнам твоите аргументи.
Не спорам јас дека во иднина, хипотетички може да се изгради гасовод. Ама Груевски догодина се спрема за избори, кои очигледно цела меѓународна заедница му ги аминува. Цената за тоа е да нема таков договор за време на негов мандат. А Груевски е познат како човек што се држи до договори со меѓународната заедница. Или во превод, тоа значи дека до Април 2020та, најмалку, руски гас нема да проаѓа низ Македонија. Таков сличен договор имаат и Борисов и Вучиќ. И слична политичка тежина дома.

Ако Русите можат да чекаат да ги рушат сите, па со некои нови проруски власти, кои ќе се соочуваат и со безбедносни и со економски проблеми, прават нови договори, ок. Гасоводот може да се случи.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441
Не мора да значи. Реално за сериозна криза треба сериозна поделеност, овде немаш таква поделеност, притисокот доаѓаше пред се од надвор. Сега кога и странците му се криви на заев а он во нив се крстеше цело време тешко дека ќе направи поголем притисок од претходно.
Тука веќе се гледа кој е носител на кампањата на Заев.
Повторно ќе го постирам на темава:
http://plusinfo.mk/vest/29261/celik-da-popushti-zaev-ne-smee

Геро и соросоидна компанија ќе пробаат да ги радикализираат протестите.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.462
Поени од реакции
4.970
Од две реченици твои се констатира дека имаш големи непознавања.

Имаш непознавање на Уставот, зборот малцинство не постои во нашиот Устав.

Ако сакаше да кажеш дека албанците се помалку од македонците, тоа е точно, но во светот има држави каде втората по големина етничка заедница има поголеми права од тие на албанците во Македонија.

Албанците се 25% од населението на Македонија, а во помладото население уделот им е 33%. (кај родените и кај учениците).

Србите кои се 6% од населението на Косово, имаат поголеми права.

Италијанците кои се 8% од населението во Швајцарија имаат поголеми права него албанците.

За Белгија да не збориме.

За Каталонија, има ли потреба ?

Србите во БиХ, кои во 1991 беа 31%, а добија 50% од територијата?

Хрватите голем зулум видоа од србите, денес кога србите се 4% од населението на Хрватска, српскиот јазик е официјален во 20 општини, а во други општини официјални јазици се и: италијанскиот, унгарскиот, словачкиот и чешкиот.
Србите во Хрватска само во полето на културата добиваат по 1,5 милиони евра од буџетот на Хрватска.

Албанците во Србија не се останати ни 1%, но затоа средните училишта и во Прешево и во Бујановац носат албански имиња (Скендербег односно Сезаи Сурои), исто така и основните училишта.

Македонците во општина Пустец, нема училиште, плоштад, улица, дом на културата кое не носи име од личности од македонската култура и историја.


Што е со албанците во Македонија?

Во средното училиште Цветан Димов во Скопје каде абсолутно мнозинство се учениците албанци, остај името на школото, тоа не е страшно, страшното е што албанците се принудени да наполнат паралелки на македонски јазик, а со закон наводно албанците имаат право на следат настава на мајчин јазик.

Ако во Бујановац албанците имаат средно училиште наречено Сезаи Сурои (во општина каде 50-50 се албанците и србите) , верувале или не, во Тетово албанците немаат ниедно средно училиште кое носи албанско име. (од 6 средни училишта)
Во Тетово со 300 македонци во 1 година средно училиште и 1696 албански, нема ниедно средно школо со име Скендербег, Наим Фрашери или Арбен Џафери.

Денес во Тетово имаш имиња на српски партизани кои ни во нивното родно место немаат имиња. Така на пример ќе наидеш на име на улица Радован Цониќ во кое живеат албанци, ама јас не успеав да најдам која е ова личност според кое е именувано улица во центарот на Тетово.
За улицата Боро Вулиќ дознав дека бил партизан некој од БиХ, нити командир нити ништо, партизан обичен кој загинал во борба против Балистите , за кого ни во гугл не се наоѓаат повеќе информации.
Ама затоа во Бујановац советот на општината одлучил 22 улици да добијат албански имиња, верувале или не, и српските советници гласале за промена, цитирам што рекол советникот Миодраг Милковиќ: Цениме дека не е праведно некои улици каде живеат само албанци да носат имиња на Војвода Радомир Путник и Бранко Радичевиќ.

Етничка заедница од 0,8% добива повеќе права и разбирање.

Ти отиде многу далеку, бараше примери во светски земји, а да ти биле во соседство примерите.

Дали ќе излезе еден советник македонец и да каже дека не е праведно во село Блаце училиштето да носи име на човек кој масакрирал 127 мажи албанци во 1944-та во село Блаце? Учениците треба да го слават убиецот на нивните дедовци ?

Некој од вас не ја разбрал целта на Охридскиот договор, тој договор не беше со цел да донесе нов начин на надмудрување, туку да се исправат грешките од минатото.
Па и ние овде да бевме до 10 % сите права ќе ни ги даваа без да ги бараме, но заради големиот процент паничат дека цела држава евентуално ќе ја земеме, затоа се случи 2001, за поделба.
Затоа уште ссе игра врз таа карта особено оваа партија, што побрзо да се поделиме. Не случајно имаме хронични лоши односи, дознавме кој режира филмови.
Економската реоресија ја спомна каде ниту еден инвеститор не епратен во општина каде "не треба " , го спомна и шегувањето со албанскиот јазик по јавни институции, стотици споменици се поставени, а нема пари за тројца албански кои патем се писатели и православни.
Театарот со години е почнат да се проектира , разни кратувања во буџетот и се прават, уште не се гради....
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Уживам да ги читам опозицискиве медиуми. За три саати три различни изјави. Прво пренесоа дека хан навивал за Груевски (прво плусинфо) после два саати новатв и либертас "открија" дека МТВ лажела и хан не рекол така за после еден саат да мора да пренесат изјава од заев дека е хан е пристрасен и не оди во брисел:)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441
Па и ние овде да бевме до 10 % сите права ќе ни ги даваа без да ги бараме, но заради големиот процент паничат дека цела држава евентуално ќе ја земеме, затоа се случи 2001, за поделба.
Затоа уште ссе игра врз таа карта особено оваа партија, што побрзо да се поделиме. Не случајно имаме хронични лоши односи, дознавме кој режира филмови.
Аха, значи ние ја инициравме 2001 година.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Тука веќе се гледа кој е носител на кампањата на Заев.
Повторно ќе го постирам на темава:
http://plusinfo.mk/vest/29261/celik-da-popushti-zaev-ne-smee

Геро и соросоидна компанија ќе пробаат да ги радикализираат протестите.
А бе они може да пробаат...ама како ќе завршат би требало да знаат, искусни се.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.441
А бе они може да пробаат...ама како ќе завршат би требало да знаат, искусни се.
Протести на 0.1% од народот успеаја да донесат нова власт во Украина, да не ги подценуваме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom