Од две реченици твои се констатира дека имаш големи непознавања.
Имаш непознавање на Уставот, зборот малцинство не постои во нашиот Устав.
Ако сакаше да кажеш дека албанците се помалку од македонците, тоа е точно, но во светот има држави каде втората по големина етничка заедница има поголеми права од тие на албанците во Македонија.
Албанците се 25% од населението на Македонија, а во помладото население уделот им е 33%. (кај родените и кај учениците).
Србите кои се 6% од населението на Косово, имаат поголеми права.
Италијанците кои се 8% од населението во Швајцарија имаат поголеми права него албанците.
За Белгија да не збориме.
За Каталонија, има ли потреба ?
Србите во БиХ, кои во 1991 беа 31%, а добија 50% од територијата?
Хрватите голем зулум видоа од србите, денес кога србите се 4% од населението на Хрватска, српскиот јазик е официјален во 20 општини, а во други општини официјални јазици се и: италијанскиот, унгарскиот, словачкиот и чешкиот.
Србите во Хрватска само во полето на културата добиваат по 1,5 милиони евра од буџетот на Хрватска.
Албанците во Србија не се останати ни 1%, но затоа средните училишта и во Прешево и во Бујановац носат албански имиња (Скендербег односно Сезаи Сурои), исто така и основните училишта.
Македонците во општина Пустец, нема училиште, плоштад, улица, дом на културата кое не носи име од личности од македонската култура и историја.
Што е со албанците во Македонија?
Во средното училиште Цветан Димов каде апсолутно мнозинство се учениците албанци, остај името на школото, тоа не е страшно, страшното е што албанците се принудени да наполнат паралелки на македонски јазик, а со закон наводно албанците имаат право на следат настава на мајчин јазик.
Ако во Бујановац албанците имаат средно училиште наречено Сезаи Сурои (во општина каде 50-50 се албанците и србите) , верувале или не, во Тетово албанците немаат ниедно средно училиште кое носи албанско име.
Во Тетово со 300 македонци во 1 година средно училиште и 1696 албански, нема ниедно средно школо со име Скендербег, Наим Фрашери или Арбен Џафери.
Денес во Тетово имаш имиња на српски партизани кои ни во нивното родно место немаат имиња. Така на пример ќе наидеш на име на улица Радован Цониќ во кое живеат албанци, ама јас не успеав да најдам која е ова личност според кое е именувано улица во центарот на Тетово.
За улицата Боро Вулиќ дознав дека бил партизан некој од БиХ, нити командир нити ништо, партизан обичен кој загинал во борба против Балистите , за кого ни во гугл не се наоѓаат повеќе информации.
Ама затоа во Бујановац советот на општината одлучил 22 улици да добијат албански имиња, верувале или не, и српските советници гласале за промена, цитирам што рекол советникот Миодраг Милковиќ: Цениме дека не е праведно некои улици каде живеат само албанци да носат имиња на Војвода Радомир Путник и Бранко Радичевиќ.
Етничка заедница од 0,8% добива повеќе права и разбирање.
Ти отиде многу далеку, бараше примери во светски земји, а да ти биле во соседство примерите.
Дали ќе излезе еден советник македонец и да каже дека не е праведно во село Блаце училиштето да носи име на човек кој масакрирал 127 мажи албанци во 1944-та во село Блаце?
Некој од вас не ја разбрал целта на Охридскиот договор, тој договор не беше со цел да донесе нов начин на надмудрување, туку да се исправат грешките од минатото.