Беса во отворен протест за федерализација на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.854
Поени од реакции
31.788
Пред еден месец тврдеше дека Груевски ги брани руските интереси во Македонија и дека и се спротиставува на меѓународната заедница. По туркањето на гаќите кое го направи Груевски спрема Брисел, никаде те нема да ја браниш таа теза. Сега не плашиш со Беса. Срамота е, сериозно ти велам. Земи прибери се, не се бламирај како мало дете.

Истата работа и за @Vanlok . На големи врати најавуваше Турски тек низ Македонија наспроти вољата на Брисел. Знаеме како заврши таа приказна. Што е следниот аргумент за поддршка на Грујо? Сега ќе не брани од федерализација? Ни се плака мајката. Како беше онај вицот, аман не ме брани повеќе?
Нешто тебе изгледа дека не ти е јасно. М’хмм?

Stroytransgaz дали престана да го гради гасоводот во Македонија?
Нешто суштински се смени во целата работа, освен тоа што Грујо вриска кога некој му ги стиска јајцата?

Дали Македонија им воведе санкции на РФ?
Престанавме да извезуваме во Русија?? Им упативме на РФ остар демарш за нивната политика во Украина (или што и да е, како што правеа некои од соседиве)...???

Дури и дилентант како Груевски, знае да дава дипломатски необврзувачки изјави. Не е тоа некоја врвна дипломатска вештина, да кажеш нешто што некој сака да го слушне а воедно да не се обврзеш со конкретни обврски - потпишани на договор... Како на пример тој официјално потпишаниот договор за изградба на гасоводот низ Македонија од страна на рускиот Stroytransgaz.

Ниту па тоа то мене ми се важни националните интереси НЕ значи дека јас го бранам Грујо. Во моментов политиката на делумно приближување кон Русија, и уште поважно - изградбата на гасоводот, тоа се националните интереси на Македонците. И интересите на Македонија воопшто, иако некои нејзини жители несомнено нема да се сложат со тоа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.221
Поени од реакции
25.990
Хмм, имаше некоја најава за заедничка изјава на Македонија и Грција за соработка. Знаеме колку се Грците отворени за соработка со нас. Може да испадне на крајот цехот да не може Груевски политички да го плати.
Тоа ќе се случи за месец дена, кога грчкиот министер за надворешни иде во посета на Македонија. Ама тешко тие односи да вродат со плод, веќе е очигледно дека Атина и Скопје имаат различни газди. Москва пробуваше преку Сириза да ни се приближи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.846
Поени од реакции
26.439
Само не се мешај веќе да толкуваш изјави на нечиј адвокат, правник у врска со судските процеси, вака ќе те исмева секој малце од малце што разбира. Како пријателот ти кога проба да објаснува за преодна влада и нејзините функции и задни намери, смена на име и слични лименки, виде дека не разбира, па си се повлече поштено.
Изјавата на адвокатот ја цитирав од аспект на еднаквост. Не може да важат други правила за Зајо а други за Грујо.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.221
Поени од реакции
25.990
Нешто тебе изгледа дека не ти е јасно. М’хмм?

Stroytransgaz дали престана да го гради гасоводот во Македонија?
Нешто суштински се смени во целата работа, освен тоа што Грујо вриска кога некој му ги стиска јајцата?
Гасоводот нема да се гради додека Брисел и Москва не се договорат за тоа. После самитот во Тирана, тоа е заеднички став на Македонија, Србија, Албанија, Косово и Босна. А предходно на истиот став беа и Бугарија и Романија. САД успеа тотално да го блокира гасоводот, тој е завршена приказна. Вучиќ споменуваше алтернативен гас од Азеберџан и слични приказни за мали деца.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197

Аман објасни му на детево, мене не ми верува.
 
Јас никаде не прочитав дека постојната изградбата ќе престане. Иницијално тој гасовод го декларираа нешто како, ахем... „гасовод со можност за приклучување кон бугарската мрежа на гасоводи, или на евентуален гасовод од Грција“.

Имаш некој официјален податок дека на Stroytransgaz му е наложено да прекине со изградбата на гасоводот? Дека договорот е раскинат?
Зошто јас не видов ништо друго, освен таа генералната изјава на Груевски дека бла-бла ЕУ - РФ да се договорат... (со фаца како некој да му ги стиска јајцата).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.846
Поени од реакции
26.439
Пред еден месец тврдеше дека Груевски ги брани руските интереси во Македонија и дека и се спротиставува на меѓународната заедница. По туркањето на гаќите кое го направи Груевски спрема Брисел, никаде те нема да ја браниш таа теза. Сега не плашиш со Беса. Срамота е, сериозно ти велам. Земи прибери се, не се бламирај како мало дете.
Или не ме читаш до крај или сакаш сега да изгледаш фраер, пошто демек си ме демантирал. Јас секогаш сум викал дека на западот не му е целта да ја смени власта, пошто на Балканот власта е поткуплива, а Путин има пари. Целта на западот му е да создаде хронична нестабилност со којашто би оневозможил Руско влијание на Балканот во стабилни држави. А од таа нестабилност треба да излезе поделба на Македонија. Прво се постигна политичка дестабилизација преку бомбите на Заев, а се почна и безбедносната дестабилизација со иницијалната Кумановска акција.

Све друго што пробуваш да ми наметнеш како моја изјава е глупост. На секоја моја изјава што ја цитираш ти коментираш ад хоминем, пробуваш да ме девалвираш како личност, а со тоа и ме спушташ на твоето ниво. Тоа за тие што имаат малце интелект може да препознаат дека не само што не ти се свиѓа моето мислење, туку и ти боде очи и го гледаш како опасност за глупостите што ги бладаш.

А можеби и премногу ги гледаш работите од дневнополитички аспект и све би ти имало логика, доколку патиме од комплекс на златна рипка и забораваме све за 5 минути.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.221
Поени од реакции
25.990
Јас никаде не прочитав дека постојната изградбата ќе престане. Иницијално тој гасовод го декларираа нешто како, ахем... „гасовод со можност за приклучување кон бугарската мрежа на гасоводи, или на евентуален гасовод од Грција“.

Имаш некој официјален податок дека на Stroytransgaz му е наложено да прекине со изградбата на гасоводот? Дека договорот е раскинат?
Зошто јас не видов ништо друго, освен општата изјава на Груевски (со фаца како некој да му ги стиска јајцата).
Секако дека договорите нема да се раскинат и цевките ќе се изградат. Ама поентата на гасоводот е да стигне до краен корисник. А тоа не сме ние со нашите 2 милиони и мизерна економска моќ. Тоа се Австрија, Унгарија, Италија и останатите централноевропски држави. Дотаму, нема да стигне, бидејќи за такво нешто ќе треба договор Москва-Брисел. Така да, цевките ќе ги добиеме и ќе може да си претураме вода преку нив.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.846
Поени од реакции
26.439
Аман објасни му на детево, мене не ми верува.
Интересно, ама се стави на иста линија со некој кој го подржува „диктаторчето“, и дојде до дереџе да му бараш тој да му објаснува на Ванлок дека не е во право. Бреее што све нема да види чоек.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Интересно, ама се стави на иста линија со некој кој го подржува „диктаторчето“, и дојде до дереџе да му бараш тој да му објаснува на Ванлок дека не е во право. Бреее што све нема да види чоек.
Се ставив на линија со некој кој е разумен и рационален да му објасни нешто на некој кој живее во имагинарен свет.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.854
Поени од реакции
31.788
Секако дека договорите нема да се раскинат и цевките ќе се изградат.
@Ставрогин in your face mf :P

@Inglourious Basterd - a што е гасоводот физички, освен една голема цевка? ;)

Тоа е нашето, сега останува да видиме Грците што ќе направат... а како што и сам добро знаеш Сирица по се изгледа не ќе да се амерички играчи. Реално гледано, ако и во Грција Русите го изградат гасоводот и гасот стигне до Македонија - што мислиш дека понатаму ќе се случи?
Дали таа изјавата на Грујо (со фаца како некој да му ги стиска јајцата) е било како обврзувачка за државата? Потпишавме нешто??

Што се мене тиче, додека да се изгради грчкиот (и нашиот) дел од гасоводот - јас искрено се надевам дека Грујо нема да биде на чело на државава (а скраја да е, Зајко да биде).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.846
Поени од реакции
26.439
Секако дека договорите нема да се раскинат и цевките ќе се изградат. Ама поентата на гасоводот е да стигне до краен корисник. А тоа не сме ние со нашите 2 милиони и мизерна економска моќ. Тоа се Австрија, Унгарија, Италија и останатите централноевропски држави. Дотаму, нема да стигне, бидејќи за такво нешто ќе треба договор Москва-Брисел. Така да, цевките ќе ги добиеме и ќе може да си претураме вода преку нив.
Тоа не значи дека инфраструктурата нема да има своја тежина. Тоа е проект кој не е од дневнополитички аспект. Во услови на константна енергетска криза, во догледно време ќе се направи таков договор и бенефитите ние секако ќе ги видиме, доколку опстоиме како независна држава.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.854
Поени од реакции
31.788
Се ставив на линија со некој кој е разумен и рационален да му објасни нешто на некој кој живее во имагинарен свет.
Каква врска имаат со тебе наведените атрибути? :coffee:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.846
Поени од реакции
26.439
Се ставив на линија со некој кој е разумен и рационален да му објасни нешто на некој кој живее во имагинарен свет.
Хехе како ТИ сметаш за разумен некој кој го подржува диктаторот и покрај бомбите кои го оцрнуваат. Тоа ти е исто ко Заев да отиде во кампот пред собрание и да бара совет.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.397
Поени од реакции
5.651
Федерализација? Ревизија на рамковниот договор?? Самиот рамковен договор???
Мал милион други небулози кои во ниедна друга држава во светов, ниедно малцинство не ги поседува??!? :cautious:
Од две реченици твои се констатира дека имаш големи непознавања.

Имаш непознавање на Уставот, зборот малцинство не постои во нашиот Устав.

Ако сакаше да кажеш дека албанците се помалку од македонците, тоа е точно, но во светот има држави каде втората по големина етничка заедница има поголеми права од тие на албанците во Македонија.

Албанците се 25% од населението на Македонија, а во помладото население уделот им е 33%. (кај родените и кај учениците).

Србите кои се 6% од населението на Косово, имаат поголеми права.

Италијанците кои се 8% од населението во Швајцарија имаат поголеми права него албанците.

За Белгија да не збориме.

За Каталонија, има ли потреба ?

Србите во БиХ, кои во 1991 беа 31%, а добија 50% од територијата?

Хрватите голем зулум видоа од србите, денес кога србите се 4% од населението на Хрватска, српскиот јазик е официјален во 20 општини, а во други општини официјални јазици се и: италијанскиот, унгарскиот, словачкиот и чешкиот.
Србите во Хрватска само во полето на културата добиваат по 1,5 милиони евра од буџетот на Хрватска.

Албанците во Србија не се останати ни 1%, но затоа средните училишта и во Прешево и во Бујановац носат албански имиња (Скендербег односно Сезаи Сурои), исто така и основните училишта.

Македонците во општина Пустец, нема училиште, плоштад, улица, дом на културата кое не носи име од личности од македонската култура и историја.

Што е со албанците во Македонија?

Во средното училиште Цветан Димов во Скопје каде абсолутно мнозинство се учениците албанци, остај името на школото, тоа не е страшно, страшното е што албанците се принудени да наполнат паралелки на македонски јазик, а со закон наводно албанците имаат право на следат настава на мајчин јазик.

Ако во Бујановац албанците имаат средно училиште наречено Сезаи Сурои (во општина каде 50-50 се албанците и србите) , верувале или не, во Тетово албанците немаат ниедно средно училиште кое носи албанско име. (од 6 средни училишта)
Во Тетово со 300 македонци во 1 година средно училиште и 1696 албански, нема ниедно средно школо со име Скендербег, Наим Фрашери или Арбен Џафери.

Денес во Тетово имаш имиња на српски партизани кои ни во нивното родно место немаат имиња. Така на пример ќе наидеш на име на улица Радован Цониќ во кое живеат албанци, ама јас не успеав да најдам која е ова личност според кое е именувано улица во центарот на Тетово.
За улицата Боро Вулиќ дознав дека бил партизан некој од БиХ, нити командир нити ништо, партизан обичен кој загинал во борба против Балистите , за кого ни во гугл не се наоѓаат повеќе информации.
Ама затоа во Бујановац советот на општината одлучил 22 улици да добијат албански имиња, верувале или не, и српските советници гласале за промена, цитирам што рекол советникот Миодраг Милковиќ: Цениме дека не е праведно некои улици каде живеат само албанци да носат имиња на Војвода Радомир Путник и Бранко Радичевиќ.

Етничка заедница од 0,8% добива повеќе права и разбирање.

Ти отиде многу далеку, бараше примери во светски земји, а да ти биле во соседство примерите.

Дали ќе излезе еден советник македонец и да каже дека не е праведно во село Блаце училиштето да носи име на човек кој масакрирал 127 мажи албанци во 1944-та во село Блаце? Учениците треба да го слават убиецот на нивните дедовци ?

Некој од вас не ја разбрал целта на Охридскиот договор, тој договор не беше со цел да донесе нов начин на надмудрување, туку да се исправат грешките од минатото.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom