Vartolu
makoto 誠 chu 忠義
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.370
- Поени од реакции
- 6.057
Декстерче, ја прочитав статијата, и јас никаде не викам дека западот е секогаш во право. Таа е констелацијата во која живееме. Да беа Русија, Кина, Индија моќни колку западниве земји, ние кога ќе речеа странство, како репер ќе ги земавме источните земји и ќе имавме слика на Москва, Пекинг итн. а не на Берлин, Њујорк и Лос Анџелес.Добредојден си да ја прочиташ целата статија на Интернет страницата кон која води горниот линк, вообичаено не се занимавам со македонски медиуми и Интернет портали, но има ретки исклучоци како оваа статија која најдобронамерно ти препорачувам да ја прочиташ.
И никаде јас не реков дека западот нема двојни аршини. Но, цврсто стојам на моето мислење дека доколку источните земји би ја имале моќта на западните земји, тогаш тие би биле и далеку побрутални од западот. И источните земји се мешаат во работите на други држави, дали воено, дали со инсталирана власт, но сепак се мешаат. Моето мислење е дека секоја земја си ги гледа интересите, и секоја земја ќе биде брутална кон секој за да си ги постигне интересите. За жал, и јас би сакал да е поинаку, но таков е светот во кој живееме.