Верувај, дека и јас истото го сакам.. Јас само многу мразам мога одреден форумџија (и во секојдневниот живот), ќе ми речи абе западот се меша во внатрешните работи на рандом земја, а кога ќе се смеша Истокот, тогаш тоа било за волјата на доброто. Тоа се тоа двојни аршини..
Не мислиш обратно - западот е тој кој се меша во внатрешните работи на некоја држава за волјата на доброто, додека истокот е тој кој непоканет си го пика носот таму каде што не треба ?
Изминативе 30 и повеќе години тоа е реалноста на светот во кој живееме - барем низ очите на западната јавност.
Еве во Саудиска Арабија заговараат убивање и касапење на новинари, човековите слободи и права - особено на жените - се сведени на 0 (НУЛА), ама тоа не му смета на западот, кој ја третира Саудиска Арабија за свој рамноправен деловен и геостратешки партнер, додека Иран, кој е едвај за нијанса малку подобар од Саудиска Арабија - барем глумат квази-демократија, па дури и дозволено е практикување на други религии, под услов да ја признаваат врховната власт на исламската република - е држава која од поодамна ја меркаат за нови масакри и злосторства против човештвото, пардон - воени авантури во името на слободата и демократијата.
Ќе навлезев во детали, но еве сосема случајно вчера наидов на оваа статија, па некој веќе горе-долу навлегол во истите детали кои ќе ги потенцирав.
https://plusinfo.mk/kafeavite-sahibi-me-u-nas-i-vo-nas/
Кафеавите сахиби меѓу нас и во нас
Од Игор Радев
Објавено
11/12/2020 11:08:27
„Кафеавите сахиби“ нè уверуваат дека треба да се помириме со газењето на сопствениот образ и достоинство, зашто наводно тоа бил единствениот начин да се стекне билет за европскиот бал. А мене сè ми се чини дека тие имаат и еден скриен мотив, имено, насетувам како еротски ги возбудува крцкањето на образот под нивните стапала додека маршираат кон Европа.
...
Сега за сега, не судете им, обидете се да ги разберете! „Кафеавото сахибство“ кај нас, а и другаде, не може да се сведе на општествена, па дури и психолошка појава. „Кафеавото сахибство“ во основа е (квази-)религиозен феномен. За да сфатите како овој феномен функционира, треба најпрвин да се научите да гледате со очите на „кафеавите сахиби“, да го усвоите, макар и привремено, погледот на „кафеавите сахиби“. Така, пред нивниот (а сега и вашиот) поглед се отвора визијата за
семоќниот, сесовршен и семорален Запад, кој поседува монопол да дефинира што е вистинито, добро и убаво, поскоро самиот по својата суштина е вистинитото, доброто и убавото. Следствено, не-Западот може да учествува во вистинитото, доброто и убавото само доколку слепо и беспоговорно го следи Западот во секоја смисла. Но сепак, таквото следење, без разлика колку и да бил вложен труд, никогаш не достигнува совршенството, па со самото тоа и еднаквоста со Западот останува непостижна, бидејќи не-Западот, макар и на миг препуштен сам на себе, неминовно порано или подоцна ја пројавува својата исконска природа како нешто лажно, зло и грдо. Во кратки црти, ова се основните „догми“ на (квази-)религијата на „кафеавите сахиби“ каде било во светот. Тие, нормално, експлицитно не се искажани, но во јавната сфера имплицитно се подразбираат како нешто само по себе очигледно. Извинете, тука и без да сакам принуден сум да се сетам на Г. К. Честертон (1874-1936), кој вели:
„Кога човек ќе престане да верува во Бога, тоа не значи дека тој нема да верува во ништо, туку, напротив, ќе почне да верува во сешто.“ „Западот“, така, станува замена за Бога, а неговите „секуларни“, „прогресивни“ поклоници пројавуваат таква непоколеблива и ревносна вера, на којашто секој верник од „обичните“ религии може само искрено да завидува. Верата на „кафеавите сахиби“ не го знае сомнежот на Тома, не била принудена од внатрешната борба помеѓу извесното и неизвесното да крикне – „верувам, помогни му на моето неверие“, не зачекорила во „темната ноќ на душата“ на Хуан де ла Крус (1542-1591). Ним сè им е јасно, сè им е светло, сè им е очигледно. Блазе си им!
...
Кога ќе кажеме „странец“ во горенаведениот контекст, прво што ни паѓа на ум не е некој Кениец, Малезиец или Грузиец. Јасно, мислиме на друг вид „странци“, таквите што во идеален случај се со вити стави, русокоси, со долгнавести черепи и најсини очиња, тие кои „јадат правилно, мислат правилно и живеат правилно“, то ест, оние кои се сè она што ние не сме, дотаму што ни доаѓа од срам да се скриеме во некоја глувчешка дупка при појавата на тие светлоносни суштества.
Овие „странци“ ја претставуваат „меѓународната заедница“, која, пак, се состои… а од кого, впрочем се состои таа „меѓународна заедница“? Од Кина? – не! Од Индија – јок! Од Перу? – никако! Од Русија? – не дај Боже! Значи, само од Западот? А Западот (во класичната дефиниција како Западна Европа плус англосаксонските прекуокеански клонови) претставува…10% од човештвото! Не спорете со мене, пресметав. Значи, секогаш кога ќе кажеме – „мора да ги следиме светските трендови“, „треба да фатиме чекор со човештвото“ итн., под „свет“ и „човештво“ ги подразбираме само тие 10%! А што сме, тогаш, ние останатите 90%? – „подлуѓе“, „недолуѓе“ „лошо склопени играчки“? Ах, колку прониклив се покажа Н. С. Трубецкој (1890-1938), кој во својот есеј од 1920 год. „Европа и човештвото“ укажува дека „човечките примероци“ од тој Запад „отсекогаш биле наивно уверени дека единствено тие се луѓе, та самите себеси се ословуваат со ,човештво‘, својата култура ја нарекуваат ,општочовечка цивилизација‘, а најсетне и сопствениот шовинизам го сметаат за ,космополитизам‘.“ Еве, ова се тие „странци“, пред чии нозе ние (ментално) го положивме нашиот суверенитет.
...
Добредојден си да ја прочиташ целата статија на Интернет страницата кон која води горниот линк, вообичаено не се занимавам со македонски медиуми и Интернет портали, но има ретки исклучоци како оваа статија која најдобронамерно ти препорачувам да ја прочиташ.