Белорусија

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Кога сме конкретно кај Русија, досега не сум забележал Русија да си го има пикано носот во мојот двор ниту во 1993, ниту во 1995, ниту во 2001, ниту во 2018/2019 година, ниту гледам денес да си го пика носот во мојот двор на ама баш никаков начин. Но истовремено за истите тие години имам видено значителни примери на надворешни држави кои си го пикале носот во внатрешното општествено уредување на Македонија и секогаш тоа било на штета на македонскиот народ.
Не си забележал, зошто очигледно заспиваш со слика од Сталин под перница.

Ако МПЦ ја третираш како некаков фактор, чувај си го таквиот став за себеси, јас од поодамна имам расчистено со црквата и никогаш не сум ја сметал за било каков фактор.
Учени сте вие стаљинистите, да си го чуваме ставот за себеси, зошто Биче како што ја кажем :) Нече мочи тако бре...

Црквата во земја како нашата, која е мала и посиромашна, е еден од столбовите на нашето постоење, и ако ти не го сметаш како фактор тогаш, не знам што да ти речам. Ако имаш расчистено ти со Црквата, јас можи имам расчистено со тоа што иако со истокот не поврзува некое си заедничко потекло, со нивниот однос кон нас, и со моменталната геополитичка моќ која ја имаат, сметам дека е попогубно за нас како држава да се фокусираме на исток наместо на запад.
Ниту знам, ниту ме интересира кој ја признава или кој ја поддржува МПЦ, како православен христијанин верувам дека црквата треба да им го покаже православниот христијански пат на своите верници и да постави пример за таквиот пат, но не верувам дека спортски автомобили и наплаќање за влез во цркви со статус на заштитено културно и/или историско наследство на човештвото е пример за таквиот пат.
Правиот Христијанин, не суди и не осудува. А ти веќе им пресуди. Како Христијанин, ќе веруваш дека има Еден што ќе ни суди на сите нас, вклучително и на тие со спортски автомобили и на тие со магариња.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Не си забележал, зошто очигледно заспиваш со слика од Сталин под перница.
Дај веќе еднаш пример за било какво руско мешање во општественото уредување на Македонија од 1991 година па наваму.

Ти слободно спиј си со слика од Сталин под перница, но ни тоа нема да ја оправда твојата русофобија.

Повели потенцирај пример.

Учени сте вие стаљинистите, да си го чуваме ставот за себеси, зошто Биче како што ја кажем :) Нече мочи тако бре...

Црквата во земја како нашата, која е мала и посиромашна, е еден од столбовите на нашето постоење, и ако ти не го сметаш како фактор тогаш, не знам што да ти речам. Ако имаш расчистено ти со Црквата, јас можи имам расчистено со тоа што иако со истокот не поврзува некое си заедничко потекло, со нивниот однос кон нас, и со моменталната геополитичка моќ која ја имаат, сметам дека е попогубно за нас како држава да се фокусираме на исток наместо на запад.
Секој кој не се согласува со тебе го сметаш за сталинист или тоа е единствениот израз кој ти доаѓа на памет во последно време секој пат кога ќе останеш без аргументи ?

Јас не помнам било кога во оваа тема или било каде на форумов да сум спомнал дека имаме било што заедничко со било која источна држава, повели цитирај ме ако грешам.

Колку што ти си вљубен во истокот, толку и јас сум вљубен во западот, но за разлика од тебе кој нешто не милуваш да ги осудуваш злосторствата на западните држави, јас не се срамам да ги осудувам злосторствата и на источните држави и на западните држави, а истовремено не се срамам да посочам дека немаме никаква корист од било каков воено-профитерски сојуз со било која од тие држави.

Правиот Христијанин, не суди и не осудува. А ти веќе им пресуди. Како Христијанин, ќе веруваш дека има Еден што ќе ни суди на сите нас, вклучително и на тие со спортски автомобили и на тие со магариња.
Пишано е: домот Мој е дом за молитва; а вие го претворивте во разбојничка пештера.

Јас не се занимавам со судење и осудување, туку кратко и јасно со отпишување на одредени индивидуи и ентитети кои повеќе делуваат на профитери во мантии отколку на претставници на Божјиот збор и следбеници на Неговото учење.

За волја на вистината, морам да потенцирам, бидејќи лично сум посведочил, дека сепак постојат свештени лица кои вршат хуманитарни дела, помагаат на сиромашни, болни и бездомници, но повторно од лично искуство, морам да потенцирам дека се исклучок на непишаното правило за жал.

Мене нема да ме видиш да им го растурам пазарот во храмот на бизнисмените во мантии, јас од поодамна им простив, но не им заборавам и не им верувам.
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Црквата во земја како нашата, која е мала и посиромашна, е еден од столбовите на нашето постоење, и ако ти не го сметаш како фактор тогаш, не знам што да ти речам. Ако имаш расчистено ти со Црквата, јас можи имам расчистено со тоа што иако со истокот не поврзува некое си заедничко потекло, со нивниот однос кон нас, и со моменталната геополитичка моќ која ја имаат, сметам дека е попогубно за нас како држава да се фокусираме на исток наместо на запад.
Другар ти ги имаш доста работи помешано... во оваа земја не постои црква, прво не е автокефалнаа од милион причини кои не ми се разглабаат овде а една од причитните е формирање од самите комунисти од кои ти имаш алергија, а друго е што место да промовираат и застаапуваат духовни христијански вредност со цел духовно воздигнување на овој народ сектата на Свети Наум во Охрид има кафана отворено којаа во сред пост летаат плескавици со певаљка, во Јоаким Осоговски такоѓе кафана со хотел во кој можеш комотно шваљерка да си однесеш, а по ново слушам и во градежниот бизнис ке влегувале... така да МПЦ ти е далеку од столб на постоење, истите за пари би и сатанистички ритуали практикувале.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.616
Поени од реакции
5.128


@kikomcjuve викаш више ги сакале полјаците немците а. Поише се грижеле за нив под окупација дур биле. Овие толку битни луѓе па сами си признаваат што срамотилаци и варварства праеле над словените, овака отворено јавно. Ама ти уште си убеден дека обратно било :D
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Колку што ти си вљубен во истокот, толку и јас сум вљубен во западот, но за разлика од тебе кој нешто не милуваш да ги осудуваш злосторствата на западните држави, јас не се срамам да ги осудувам злосторствата и на источните држави и на западните држави, а истовремено не се срамам да посочам дека немаме никаква корист од било каков воено-профитерски сојуз со било која од тие држави.
И јас еве ги осудувам сите злосторства направени и од истокот и од западот. И јас го викам тоа. Корист дали имаме од некој си воен сојуз, ќе видиме, но факт е дека нам никој не не прашува дали сакаме да бидиме во одреден сојуз или не. Јас тоа го разглабам, дека и Русија да ја имаше моќта на западните земји и таа немаше да не прашува дали сакаме или не да бидеме во сојуз со нив. Тоа ми е поентата.

Пишано е: домот Мој е дом за молитва; а вие го претворивте во разбојничка пештера.

Јас не се занимавам со судење и осудување, туку кратко и јасно со отпишување на одредени индивидуи и ентитети кои повеќе делуваат на профитери во мантии отколку на претставници на Божјиот збор и следбеници на Неговото учење.

За волја на вистината, морам да потенцирам, бидејќи лично сум посведочил, дека сепак постојат свештени лица кои вршат хуманитарни дела, помагаат на сиромашни, болни и бездомници, но повторно од лично искуство, морам да потенцирам дека се исклучок на непишаното правило за жал.

Мене нема да ме видиш да им го растурам пазарот во храмот на бизнисмените во мантии, јас од поодамна им простив, но не им заборавам и не им верувам.

Другар ти ги имаш доста работи помешано... во оваа земја не постои црква, прво не е автокефалнаа од милион причини кои не ми се разглабаат овде а една од причитните е формирање од самите комунисти од кои ти имаш алергија, а друго е што место да промовираат и застаапуваат духовни христијански вредност со цел духовно воздигнување на овој народ сектата на Свети Наум во Охрид има кафана отворено којаа во сред пост летаат плескавици со певаљка, во Јоаким Осоговски такоѓе кафана со хотел во кој можеш комотно шваљерка да си однесеш, а по ново слушам и во градежниот бизнис ке влегувале... така да МПЦ ти е далеку од столб на постоење, истите за пари би и сатанистички ритуали практикувале.
Видете вака сега,вие како христијани, треба да оставите Господ да суди и пресуди за сето тоа. Дом на Господ во Земјата е Црквата. А тоа што мислите дека одредени личности кои ја водат централно или локално,според вас застраниле, христијански е да се помолите за нивната душа и Господ да им ги прости гревовите и да не ги осудувате. Зошто Еден е Тој што суди и пресудува. Зошто, исто така Исус рекол, извади ја гредата од своето око, потоа гледај како да ја извадиш и раската од окото на твојот брат.

@kikomcjuve викаш више ги сакале полјаците немците а. Поише се грижеле за нив под окупација дур биле. Овие толку битни луѓе па сами си признаваат што срамотилаци и варварства праеле над словените, овака отворено јавно. Ама ти уште си убеден дека обратно било :D
Каде јас Мите, сум рекол дека нацистите немаат извршено варварства?! Јас подеднакво мразам и фашизам и комунизам..Иако второто не го сметате вие како зло, јас го сметам за подеднакво со фашизмот...Дури можеби во некои наврати, и поголемо...

Кога веќе споредуваш, ајде да почнеме.

Прво, Вили Брант, канцелар на Германија, КЛЕКНА НА КОЛЕНА пред споменикот на жртвите на нацизмот во Варшавското гето, да бара прошка поради тоа што нацистите го извршија. Германија и ден денес плаќа репарации за тоа што го изврши Хитлер. Сега по своја волја им плаќаат на некој си таму Африкански домородни племиња, 2 милијарди оштета поради злосторства што направиле во Првата Светска Војна..

Од друга страна, не видов никој да му се извини на Украина и на украинскиот народ за геноцидот за време на Хлодоморот, геноцид за кој имаме живи сведоци.

Сталин шуруваше со Хитлер кога ја делеа Полска, за после да стани најголем антифашист...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
И јас еве ги осудувам сите злосторства направени и од истокот и од западот. И јас го викам тоа. Корист дали имаме од некој си воен сојуз, ќе видиме, но факт е дека нам никој не не прашува дали сакаме да бидиме во одреден сојуз или не. Јас тоа го разглабам, дека и Русија да ја имаше моќта на западните земји и таа немаше да не прашува дали сакаме или не да бидеме во сојуз со нив. Тоа ми е поентата.
Да ти ја надополнам поентата со фактот дека Русија нема инсталирано анти-државни елементи во Македонија, ете уште една разлика помеѓу Русија и нашите "пријатели" и "НАТО сојузници".

Видете вака сега,вие како христијани, треба да оставите Господ да суди и пресуди за сето тоа. Дом на Господ во Земјата е Црквата. А тоа што мислите дека одредени личности кои ја водат централно или локално,според вас застраниле, христијански е да се помолите за нивната душа и Господ да им ги прости гревовите и да не ги осудувате. Зошто Еден е Тој што суди и пресудува. Зошто, исто така Исус рекол, извади ја гредата од своето око, потоа гледај како да ја извадиш и раската од окото на твојот брат.
Настрана фактот дека веќе месец дена темава ја влечкаш оф-топик, сепак ќе те замолам за религија да дискутираш во соодветна тема.

Прошка не е исто што и заборавање.

Каде јас Мите, сум рекол дека нацистите немаат извршено варварства?! Јас подеднакво мразам и фашизам и комунизам..Иако второто не го сметате вие како зло, јас го сметам за подеднакво со фашизмот...Дури можеби во некои наврати, и поголемо...

Кога веќе споредуваш, ајде да почнеме.

Прво, Вили Брант, канцелар на Германија, КЛЕКНА НА КОЛЕНА пред споменикот на жртвите на нацизмот во Варшавското гето, да бара прошка поради тоа што нацистите го извршија. Германија и ден денес плаќа репарации за тоа што го изврши Хитлер. Сега по своја волја им плаќаат на некој си таму Африкански домородни племиња, 2 милијарди оштета поради злосторства што направиле во Првата Светска Војна..

Од друга страна, не видов никој да му се извини на Украина и на украинскиот народ за геноцидот за време на Хлодоморот, геноцид за кој имаме живи сведоци.

Сталин шуруваше со Хитлер кога ја делеа Полска, за после да стани најголем антифашист...
Пониски цени за рускиот гас не се пример за еден вид на компензација, или треба црно на бело да им се напише тоа на Украинците ?

Во 2014 година на Украинците им беше понудена економска помош од Русија со цел да ја стабилизираат нивната и онака презадолжена економија, а Украинците на ваквиот предлог возвратија со државен удар и одбивање на руската економска помош.

Пред Јосиф Висарионович Сталин да си игра поделба на полска територијална торта со Адолф Хитлер, Полска и Унгарија ја играа истата игранка со територијата на Чехословачка заедно со Нацистичка Германија, со амин од Велика Британија и Франција, а во Полска од 2018 година па наваму на сила е закон кој забранува јавно да се говори за вмешаноста на Полјаците во Холокаустот.

Општо е познат фактот дека за време на Втората Светска Војна и Холокаустот имало Полјаци кои за парични награди ги предавале Евреите кои се криеле од нацистите, па еден од ретките начини за Евреин да се заштити од предавнички Полјак бил да патува во придружба на католички свештеник, бидејќи Полјакот не жали да предаде човечко суштество, но ако предаде човечко суштество под заштита на свештено лице, односно под заштита на претставник на Бога, тоа би било исто како да го предал Бога, па ако Евреинот патувал во придружба на католички свештеник, шансите Полјакот да го предаде на нацистите биле мали.

Полјаците не се единствените кои ги предавале своите еврејски сонародници, секако дека имало колаборатори и велепредавници во секоја држава окупирана од Нацистичка Германија, но денешна Полска е првата и засега единствената европска држава во која со закон е забрането да се говори ваквата вистина, на почетокот полските пвеводбеници планираа вистината да ја казнуваат со затворска казна како кривично дело, но поради притисокот од европската и светската јавност, го променија законот, па денес ја казнуваат вистината со парична казна како прекршочно дело.

Кога сме кај германските извинувања и обештетувања кон Полска, Германија истите ги должи и кон други држави, како на пример Русија, Белорусија и Украина, поради присилното изгладнување на речиси 3 (ТРИ) милиони советски воени заробеници во 1941 и во 1942 година, истребувањето на речиси половина милион советски воени заробеници во Аушвиц и други нацистички логори на смртта, како и за истребувањето на 1 (ЕДЕН) милион советски Евреи - не сите од пост-воените територии на Советскиот Сојуз, туку претежно од денешна Русија, Белорусија и Украина.

Како Македонци, јас лично верувам дека Германија ни должи извинување и обештетување за истребувањето на барем 7.148 македонски Евреи, како и да побара одговорност, извинување и обештетување за Македонија и од Бугарија за нивната депортација во нацистичкиот логор на смртта Треблинка.

И покрај прошката која Германците (би требало да) ја бараат, слоганот на меморијалните центри на Холокаустот низ светот гласи ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Настрана фактот дека веќе месец дена темава ја влечкаш оф-топик, сепак ќе те замолам за религија да дискутираш во соодветна тема.

Прошка не е исто што и заборавање.
Ти модератор си?! Ми викаш офтопик, а тука хвалоспеви пишуваш за СССР, а темава е за Белорусија.
Пониски цени за рускиот гас не се пример за еден вид на компензација, или треба црно на бело да им се напише тоа на Украинците ?
Оу се извинувам господине не сум знаел дека рускиот гас бил замена за изгубените..кхм...човечки животи на Украинците за време на геноцидот. Како може толку тие Украинците да ти бидат неблагодарници, и да не му текнува дека овие од грижа на совест му даваат пониски цени на гасот, поради тоа што нивните претходници ги изумреле од глад, а општо толку негативен набој да има во Украина чим им спомниш СССР.

Ова жолчно бранење на комунистите на Сталин, и на неговите злодела, и пробувањето да го разводниш и да ја минимизираш нивната дволична улога во времето на ВСВ е во најмала рака смешно,. Никој не поби факти дека СССР не даде жртви за време на антифашистичката војна, ама ако Хитлер не го нападнеше Советскиот Сојуз, во моментов немаше да пишуваме на форум ни јас ни ти, и ќе зборвавме или германски или руски.... На Советите им беше гајле и за евреи и за цела Европа дури не рокна германски тенк на руска граница, и после под изговор на тој нивни антифашизам, ја запоседнаа цела Источна Европа и ја уназадија со челичната завеса, уште повеќе од тоа што Хитлер ги уназади со војната.

Зошто, кога еве толку ревносно браниш тоа што го правеше СССР за време на ВСВ а особено после тоа, зошто никој од Западна Германија не пребегуваше во Источна, и зошто луѓе дури и по цена на својот живот бараа спас во Западна? Нели истокот е прогрес, истокот е традиција итн....

Ете и Полјаците биле злобни, пуштени директно да ловат Евреи, ама овие што дојдоа од СССР и што им ја поделија земјата, тие тоа го направија бидејќи беа избрани за тоа и дека Сталин имаше право да си прави што сака. И во Македонија имало Македонци кои биле шпиони за нацистичкиот окупатор па дали значи тоа дека и ние сме нација што извршила геноцид? Имало и доста совети, што соработувале со нацистите, и дали тоа значи дека и советите се нацисти?? Ти се молам, смешно е ова што го пишуваш...
Во 2014 година на Украинците им беше понудена економска помош од Русија со цел да ја стабилизираат нивната и онака презадолжена економија, а Украинците на ваквиот предлог возвратија со државен удар и одбивање на руската економска помош.
A за возврат, што побараа од Украина?? Зошто денеска орбит мастика без пари не ти даваат ако немаат ќар.

За возврат да не побараа случајно да им станат вазалска сателит држава, строго контролирана?!

Тоа не е помош. Тоа е еве ви ја јамката, стајте си ја на вратот, сакаме да ве бесиме.....
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Ти модератор си?! Ми викаш офтопик, а тука хвалоспеви пишуваш за СССР, а темава е за Белорусија.
Па да бев модератор од поодамна ќе ти ги избришев сите оф-топик коментари и ќе те испратев на едно недела дена одмор од темава, бидејќи од поодамна имаш изгубено секаков контакт со конкретната тема на дискусија.

Но бидејќи администраторите и модераторите си молчат, критиките упатени кон тебе се упатени и кон нив.

Оу се извинувам господине не сум знаел дека рускиот гас бил замена за изгубените..кхм...човечки животи на Украинците за време на геноцидот. Како може толку тие Украинците да ти бидат неблагодарници, и да не му текнува дека овие од грижа на совест му даваат пониски цени на гасот, поради тоа што нивните претходници ги изумреле од глад, а општо толку негативен набој да има во Украина чим им спомниш СССР.

Ова жолчно бранење на комунистите на Сталин, и на неговите злодела, и пробувањето да го разводниш и да ја минимизираш нивната дволична улога во времето на ВСВ е во најмала рака смешно,. Никој не поби факти дека СССР не даде жртви за време на антифашистичката војна, ама ако Хитлер не го нападнеше Советскиот Сојуз, во моментов немаше да пишуваме на форум ни јас ни ти, и ќе зборвавме или германски или руски.... На Советите им беше гајле и за евреи и за цела Европа дури не рокна германски тенк на руска граница, и после под изговор на тој нивни антифашизам, ја запоседнаа цела Источна Европа и ја уназадија со челичната завеса, уште повеќе од тоа што Хитлер ги уназади со војната.

Зошто, кога еве толку ревносно браниш тоа што го правеше СССР за време на ВСВ а особено после тоа, зошто никој од Западна Германија не пребегуваше во Источна, и зошто луѓе дури и по цена на својот живот бараа спас во Западна? Нели истокот е прогрес, истокот е традиција итн....

Ете и Полјаците биле злобни, пуштени директно да ловат Евреи, ама овие што дојдоа од СССР и што им ја поделија земјата, тие тоа го направија бидејќи беа избрани за тоа и дека Сталин имаше право да си прави што сака. И во Македонија имало Македонци кои биле шпиони за нацистичкиот окупатор па дали значи тоа дека и ние сме нација што извршила геноцид? Имало и доста совети, што соработувале со нацистите, и дали тоа значи дека и советите се нацисти?? Ти се молам, смешно е ова што го пишуваш...
Моите коментари не се ништо посмешни од твоите.

Ти прв ја спомна Германија како пример за држава која се кае и искупува за своите злосторства против човештвото со исплаќање на обештетувања, па ако веруваш дека извинувањата на швабите и нивните пари можат да надоместат за злосторства против човештвото и за истребени човечки животи, повели направи паралела со пониската цена на рускиот гас за Украина.

Јас не помнам некаде да сум спомнал дека истокот е прогрес, традиција итн; повели цитирај ме ако грешам. Инаку, човечката миграција е природен процес кој се случува од кога постои човештвото, а каде мигрираат луѓето секогаш е прашање на личен избор, а не на идеолошки, политички или не знам каков друг избор.

Денес ги имаш муслиманите од северна Африка и блискиот исток кои мигрираат кон Европа и северна Америка, а истовремено имаш врбувани невести за борците на ИСИЛ/ИСИС/ИД од Велика Британија и други држави, родени, израснати и образовани во секуларни и демократски општества, кои со сиот памет си ги собираат парталите и заминуваат за Ирак и Сирија во потрага по сопственик - пардон, сопруг - на кој ќе му служат, одличен пример дека ниту едно општество и ниту едно општествено уредување не ги има сите решенија за сите проблеми.

Сепак интересно е кога се фаќаш за гранка секој пат кога остануваш без аргументи, без разлика колку ја влечкаш оф-топик дискусијата. Јас никогаш и никаде не ги етикетирав Полјаците како злобни, дури и потенцирав дека секоја држава окупирана од Нацистичка Германија имала свои домашни колаборатори и велепредавници, но сепак денешна Полска е првата и засега единствената европска држава која со закон казнува јавно да се говори за активното учество на Полјаците во Холокаустот.

Французите, Британците, американците, Русите и бројни други победници во Втората Светска Војна вообичаено ги бесеа или ги стрелаа своите домашни колаборатори и предавници, и денес ги посочуваат како пример, на Полјаците од друга страна од 2018 година не им се допаѓа да се спомнуваат нивните домашни колаборатори и предавници кои ги предавале своите еврејски сонародници на нацистите во замена за парични награди. Како сакаш именувај ги, јас лично не помнам да ги именував како злобни.

A за возврат, што побараа од Украина?? Зошто денеска орбит мастика без пари не ти даваат ако немаат ќар.

За возврат да не побараа случајно да им станат вазалска сателит држава, строго контролирана?!

Тоа не е помош. Тоа е еве ви ја јамката, стајте си ја на вратот, сакаме да ве бесиме.....
Повели цитирај извори за твоите ставови, 2014 година не беше толку далеку, дај пример за јамката која ја спомнуваш.

Досадни сте.
Одлично знаеш каде треба да се обратиш (@Acid ), е сега дали ќе ги земат во предвид твоите поплаки, дали ќе ги прифатат истите и дали ќе превземат конкретни мерки останува на нив.

Проблемот со темава е во тоа што од поодамна истата има дежурен русофобски трол, што вообичаено не е толкав проблем, има посоодветни теми за русофобија на форумов, но сепак кога веќе не му доаѓа памет во глава и повеќе од месец дена си тера оф-топик дискусија, а администраторите и модераторите си молчат, тогаш единствено останува да се разобличува неговата тролска природа за останатите членови и посетители на форумот да не се збунат, бидејќи вообичаено не читаат цели страници поназад, туку само последната страница од темата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.956
Овие толку битни луѓе па сами си признаваат што срамотилаци и варварства праеле над словените, овака отворено јавно. Ама ти уште си убеден дека обратно било :D
Тие се токму поради тоа што признаваат - големи луѓе.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Па да бев модератор од поодамна ќе ти ги избришев сите оф-топик коментари и ќе те испратев на едно недела дена одмор од темава, бидејќи од поодамна имаш изгубено секаков контакт со конкретната тема на дискусија.

Но бидејќи администраторите и модераторите си молчат, критиките упатени кон тебе се упатени и кон нив.
Е ти си ко оние бубаличињата на часојте, наставничке наставничке овај вака напрај онај онака направи. Па што да очекувам од љубител на сталинистите, постојано цинкарошење и кодошење за опстојување. Од обичен форум, па понатаму. Не можите да издржите дека некој размислува различно од вас, стаљинољупци. Не сте учени така...
Ти прв ја спомна Германија како пример за држава која се кае и искупува за своите злосторства против човештвото со исплаќање на обештетувања, па ако веруваш дека извинувањата на швабите и нивните пари можат да надоместат за злосторства против човештвото и за истребени човечки животи, повели направи паралела со пониската цена на рускиот гас за Украина.
Како велиш ти за твоите љубимци, Русија нема врска со СССР и со системот, а Германија уште повеќе нема врска со системот за време на Хитлер, гледано од денешен аспект и нивното уредување. Единственото што можи да го направи Германија за да покажи искрена жал за злоделата од нацистите, е да се извини и да им се оддолжи финансиски на државите. Не дека ќе ги врати загубените животи и слично, туку учи на грешките, си го признава своето мрачно минато (за разлика од Стаљинистите) и пробува да надомести за штетата.

Пониската цена на рускиот гас за Украина е моќна алатка за контрола над Украина, ништо повеќе. Тоа што го рече дека наместо извинување му давале гас на украинците, тоа го сметам како хумор и сатира, прво треба да му се извинат, и да му дадат репарација. После нека му дадат гас...И тоа пази, по пониска цена, офффф :pos: :pos: :pos:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Е ти си ко оние бубаличињата на часојте, наставничке наставничке овај вака напрај онај онака направи. Па што да очекувам од љубител на сталинистите, постојано цинкарошење и кодошење за опстојување. Од обичен форум, па понатаму. Не можите да издржите дека некој размислува различно од вас, стаљинољупци. Не сте учени така...
Очигледно ти си израснал во таква училишна околина, па сега си начека виртуелна околина во која ја нема наставничката, па си плукаш кога, каде, како и на кого/што ќе ти текне.

И токму бидејќи ти не можеш да поднесеш луѓе кои размислуваат поинаку од тебе, постојано во недостаток на аргументи, единствено ти преостанува лепењето етикети, можеш уште милион пати да ги етикетираш твоите неистомисленици со било какви етикети, но тоа не го менува фактот дека вообичаено над 99% од коментарите ти се неиздржани и непоткрепени со конкретни аргументи.

Како велиш ти за твоите љубимци, Русија нема врска со СССР и со системот, а Германија уште повеќе нема врска со системот за време на Хитлер, гледано од денешен аспект и нивното уредување. Единственото што можи да го направи Германија за да покажи искрена жал за злоделата од нацистите, е да се извини и да им се оддолжи финансиски на државите. Не дека ќе ги врати загубените животи и слично, туку учи на грешките, си го признава своето мрачно минато (за разлика од Стаљинистите) и пробува да надомести за штетата.

Пониската цена на рускиот гас за Украина е моќна алатка за контрола над Украина, ништо повеќе. Тоа што го рече дека наместо извинување му давале гас на украинците, тоа го сметам како хумор и сатира, прво треба да му се извинат, и да му дадат репарација. После нека му дадат гас...И тоа пази, по пониска цена, офффф :pos: :pos: :pos:
Убаво ако швабите навистина си го признаваат своето мрачно минато и се обидуваат да надоместат за штетата. Но сепак мораш да го прифатиш фактот дека не се обидуваат да им надоместат на сите на кои им наштетиле, како на пример Русите, Белорусите, а да, и на Украинците кои подеднакво имаат настрадано како од сталинистите, така и од нацистите.

Само чекај малку, ако денешните шваби не се одговорни за злосторствата на нацистите, како тоа денешните Руси се одговорни за злосторствата на сталинистите ?

Кога би читал малку подетално историја во тоа училиштето твое во кое си и` плачел на наставничката, би знаел дека сталинизмот резултирал со подеднакво катастрофални последици врз сите советски републики во 1930-те и во 1940-те години. Не биле изгладнувани само Украинци во Гладоморот, туку и Руси, Казахстанци, Грузијци и припадници на бројни други националности низ Советскиот Сојуз, а истото важи и за жртвите на чистките.

Единствени љубимци кои ги имам јас се луѓето со јасен и чист вид, и со јасен и чист слух, кои не гледаат и не слушаат само убави работи на една страна, а само гнасотии на друга страна.

Ти си мекартист заглавен во 1950-те години, Бог знае какви глупости ти напикала во главата таа наставничката твоја, или па кој знае, можеби и нејзе ја сметаш за сталинистка бидејќи не била по твој личен мерак, па мекартизмот твој има одговор на прашањето зошто и таа не чинела.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Очигледно ти си израснал во таква училишна околина, па сега си начека виртуелна околина во која ја нема наставничката, па си плукаш кога, каде, како и на кого/што ќе ти текне.
Јас за разлика од тебе, не израаснав во средина каде кодошењето и лижењето беше начин на напредок. Јас не тагнувам ни модератор, ниту велам да ти ги бришат твоите класични пропагандистичко комунистички хвалоспеви на ликот и делото на Јосиф Сталин и Лаврентиј Берија, и нивниот начин на владеење. Ти си тој што плачи и повикува модератори, зошто не мислиме сите во твоја насока. А дека ќе ќутам, и тука гадно си се заебал. Помина времето ваше комунистичко, па сите можеме да си го кажиме мислењето, дали ти се допаѓало тоа или не.
Само чекај малку, ако денешните шваби не се одговорни за злосторствата на нацистите, како тоа денешните Руси се одговорни за злосторствата на сталинистите ?
А каде јас тоа реков дека денешните Руси се одговорни за злосторствата на сталинистите? Вршиш класично комунистичко сталинистичко извртување на зборовите, за да ми вметниш зборови кои не сум ги рекол :) Со тие куршуми братучед, не.

Па и Германците страдале од нацистите, како и другите народи, како што рече ти дека и Руси страдале од комунистите на твојот идол Јосиф.

Единствени љубимци кои ги имам јас се луѓето со јасен и чист вид, и со јасен и чист слух, кои не гледаат и не слушаат само убави работи на една страна, а само гнасотии на друга страна.
Со јасен и чист вид, под сенката на српот и чеканот. Премногу си субјективен, и си веруваш дека твојата вистина е идеална, и дека само ти си во право. Ама не те обвинувам, и јас на ѕид да ми бил залепен бркоњата Јосиф и неговите пајташи, нормално е да гледаш само во една насока и не сакаш да примиш различно мислење ;)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.293
Поени од реакции
45.811
Го пуштиле тој гејот во куќен притвор. Прв минус за братот Лукашенко во мојот тефтер. Не верувам дека е доволно рехабилитиран младичот, си требаше уште пола година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom