Vartolu
makoto 誠 chu 忠義
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.362
- Поени од реакции
- 6.044
Влијание има, е сега не се толку моќни за да се чувствува, за жал на тебе и на соистомислениците сталинисти. А инаку историски гледано Русија никогаш се нема откажано од Балканот, и никогаш нема да се откаже.Повели дај пример за демонстрацијата на руско влијание на Балканот.
Моите миленици? Абе господине, јас ти реков дека немам предрасуди да признаам нешто, немам предрасуди кон никој, ниту вересии кон некој. Ти реков, Западот имал интерес во Македонија да се потпише договорот 2001, имал интерес да се осамостои Косово, како што имал интерес Македонија без војна да се отцепи од Југославија и да бидат поставени плави шлемови на граница, кои сакал да признајш ти или не, допринесоа за мирно осамостојување и да бидиме единствената држава без крвопролевање. Иако, многумина му го припишуваат тоа на Киро Глигоров, не дека тој немаше удел, но главниот удел да нема војна во Македонија деведесеттите е токму тоа, распореденоста на плавите шлемови.
1000 пати напишав дека геополитиката не се прави од тоа кој колку го сака и како, туку кој има ИНТЕРЕС..САД не не признаа 91ва за самостојна држава од што им сме мили многу, туку си имаа свој интерес, како што е факт дека САД ако не не признаеше сега и нашиот Вардарски дел ќе си останеше составен дел на Србија, како и Егеј и Пирин.2001ва, одпрво, терористите ги викаа по нивно име, терористи, за после да испаднат борци, зошто? Зошто имаа интерес од нив.. Истото го прави Русија во поранешните Советски републики итн...Преку малцинство, најмногу се контролира државата. Ние како прво сами не знаеме што прајме, е сега кој ќе те гледа ако сам не се гледаш?? Никој...Ниту на западот ниту на Русија не им е гајле како живееме ние овде во резерватов...Сите си гледаат интереси...
И? Комунистичката партија на Кина во статутот ги има наведено САД како закана за Кина, уште од ww2, па што? Зошто тоа не го наведуваш??
Русија никогаш не била милосрдна, како што не е и никоја светска сила...Ама баш никогаш...Секогаш си го тера интересот, што е легитимно и е потполно нејзино право..И Русија не застана толку во Сирија зад Башар Ал Асад, зошто многу го сакаат Асад. Туку дека ако падни Асад, воената база во Латакија која му е една од најважните стратешки позиции општо на цела Русија, ќе отиде во принудно затварање. Зошто пред да застанат Русите толку цврсто зад Сирија, Асад им ја потпиша територијата на Латакија како поклон за Русија? Значи не правиме муабет под закуп итн.. Туку им ја препушти територијата на Русија. Така прават `пријатели`, те тапкаат по рамо и профитираат тогаш кога ќе ти е тешко? Ете и Русија како се однесува со сојузниците...Ја разораа Сирија цела, освен декларации и изјави, ништо друго не видовме од Русија, а кога НАТО ја бомбардираше Србија, скокаа пред време, и после ги плеснаа по фаца со кредит од Светска Банка, и после си за учуткаа, и ги оставија на цедило своите браќа...За Русија да биде милосрдна, треба прво западот да направи пример за милосрдија, а не да им продава памет на држави како Србија и Македонија со примери за внатрешно самоуништување.
Последно уредено: