Ти модератор си?! Ми викаш офтопик, а тука хвалоспеви пишуваш за СССР, а темава е за Белорусија.
Па да бев модератор од поодамна ќе ти ги избришев сите оф-топик коментари и ќе те испратев на едно недела дена одмор од темава, бидејќи од поодамна имаш изгубено секаков контакт со конкретната тема на дискусија.
Но бидејќи администраторите и модераторите си молчат, критиките упатени кон тебе се упатени и кон нив.
Оу се извинувам господине не сум знаел дека рускиот гас бил замена за изгубените..кхм...човечки животи на Украинците за време на геноцидот. Како може толку тие Украинците да ти бидат неблагодарници, и да не му текнува дека овие од грижа на совест му даваат пониски цени на гасот, поради тоа што нивните претходници ги изумреле од глад, а општо толку негативен набој да има во Украина чим им спомниш СССР.
Ова жолчно бранење на комунистите на Сталин, и на неговите злодела, и пробувањето да го разводниш и да ја минимизираш нивната дволична улога во времето на ВСВ е во најмала рака смешно,. Никој не поби факти дека СССР не даде жртви за време на антифашистичката војна, ама ако Хитлер не го нападнеше Советскиот Сојуз, во моментов немаше да пишуваме на форум ни јас ни ти, и ќе зборвавме или германски или руски.... На Советите им беше гајле и за евреи и за цела Европа дури не рокна германски тенк на руска граница, и после под изговор на тој нивни антифашизам, ја запоседнаа цела Источна Европа и ја уназадија со челичната завеса, уште повеќе од тоа што Хитлер ги уназади со војната.
Зошто, кога еве толку ревносно браниш тоа што го правеше СССР за време на ВСВ а особено после тоа, зошто никој од Западна Германија не пребегуваше во Источна, и зошто луѓе дури и по цена на својот живот бараа спас во Западна? Нели истокот е прогрес, истокот е традиција итн....
Ете и Полјаците биле злобни, пуштени директно да ловат Евреи, ама овие што дојдоа од СССР и што им ја поделија земјата, тие тоа го направија бидејќи беа избрани за тоа и дека Сталин имаше право да си прави што сака. И во Македонија имало Македонци кои биле шпиони за нацистичкиот окупатор па дали значи тоа дека и ние сме нација што извршила геноцид? Имало и доста совети, што соработувале со нацистите, и дали тоа значи дека и советите се нацисти?? Ти се молам, смешно е ова што го пишуваш...
Моите коментари не се ништо посмешни од твоите.
Ти прв ја спомна Германија како пример за држава која се кае и искупува за своите злосторства против човештвото со исплаќање на обештетувања, па ако веруваш дека извинувањата на швабите и нивните пари можат да надоместат за злосторства против човештвото и за истребени човечки животи, повели направи паралела со пониската цена на рускиот гас за Украина.
Јас не помнам некаде да сум спомнал дека истокот е прогрес, традиција итн; повели цитирај ме ако грешам. Инаку, човечката миграција е природен процес кој се случува од кога постои човештвото, а каде мигрираат луѓето секогаш е прашање на личен избор, а не на идеолошки, политички или не знам каков друг избор.
Денес ги имаш муслиманите од северна Африка и блискиот исток кои мигрираат кон Европа и северна Америка, а истовремено имаш врбувани невести за борците на ИСИЛ/ИСИС/ИД од Велика Британија и други држави, родени, израснати и образовани во секуларни и демократски општества, кои со сиот памет си ги собираат парталите и заминуваат за Ирак и Сирија во потрага по сопственик - пардон, сопруг - на кој ќе му служат, одличен пример дека ниту едно општество и ниту едно општествено уредување не ги има сите решенија за сите проблеми.
Сепак интересно е кога се фаќаш за гранка секој пат кога остануваш без аргументи, без разлика колку ја влечкаш оф-топик дискусијата. Јас никогаш и никаде не ги етикетирав Полјаците како злобни, дури и потенцирав дека секоја држава окупирана од Нацистичка Германија имала свои домашни колаборатори и велепредавници, но сепак денешна Полска е првата и засега единствената европска држава која со закон казнува јавно да се говори за активното учество на Полјаците во Холокаустот.
Французите, Британците, американците, Русите и бројни други победници во Втората Светска Војна вообичаено ги бесеа или ги стрелаа своите домашни колаборатори и предавници, и денес ги посочуваат како пример, на Полјаците од друга страна од 2018 година не им се допаѓа да се спомнуваат нивните домашни колаборатори и предавници кои ги предавале своите еврејски сонародници на нацистите во замена за парични награди. Како сакаш именувај ги, јас лично не помнам да ги именував како злобни.
A за возврат, што побараа од Украина?? Зошто денеска орбит мастика без пари не ти даваат ако немаат ќар.
За возврат да не побараа случајно да им станат вазалска сателит држава, строго контролирана?!
Тоа не е помош. Тоа е еве ви ја јамката, стајте си ја на вратот, сакаме да ве бесиме.....
Повели цитирај извори за твоите ставови, 2014 година не беше толку далеку, дај пример за јамката која ја спомнуваш.
Одлично знаеш каде треба да се обратиш (
@Acid ), е сега дали ќе ги земат во предвид твоите поплаки, дали ќе ги прифатат истите и дали ќе превземат конкретни мерки останува на нив.
Проблемот со темава е во тоа што од поодамна истата има дежурен русофобски трол, што вообичаено не е толкав проблем, има посоодветни теми за русофобија на форумов, но сепак кога веќе не му доаѓа памет во глава и повеќе од месец дена си тера оф-топик дискусија, а администраторите и модераторите си молчат, тогаш единствено останува да се разобличува неговата тролска природа за останатите членови и посетители на форумот да не се збунат, бидејќи вообичаено не читаат цели страници поназад, туку само последната страница од темата.