Белорусија

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Повели дај пример за демонстрацијата на руско влијание на Балканот.
Влијание има, е сега не се толку моќни за да се чувствува, за жал на тебе и на соистомислениците сталинисти. А инаку историски гледано Русија никогаш се нема откажано од Балканот, и никогаш нема да се откаже.

Моите миленици? Абе господине, јас ти реков дека немам предрасуди да признаам нешто, немам предрасуди кон никој, ниту вересии кон некој. Ти реков, Западот имал интерес во Македонија да се потпише договорот 2001, имал интерес да се осамостои Косово, како што имал интерес Македонија без војна да се отцепи од Југославија и да бидат поставени плави шлемови на граница, кои сакал да признајш ти или не, допринесоа за мирно осамостојување и да бидиме единствената држава без крвопролевање. Иако, многумина му го припишуваат тоа на Киро Глигоров, не дека тој немаше удел, но главниот удел да нема војна во Македонија деведесеттите е токму тоа, распореденоста на плавите шлемови.

1000 пати напишав дека геополитиката не се прави од тоа кој колку го сака и како, туку кој има ИНТЕРЕС..САД не не признаа 91ва за самостојна држава од што им сме мили многу, туку си имаа свој интерес, како што е факт дека САД ако не не признаеше сега и нашиот Вардарски дел ќе си останеше составен дел на Србија, како и Егеј и Пирин.2001ва, одпрво, терористите ги викаа по нивно име, терористи, за после да испаднат борци, зошто? Зошто имаа интерес од нив.. Истото го прави Русија во поранешните Советски републики итн...Преку малцинство, најмногу се контролира државата. Ние како прво сами не знаеме што прајме, е сега кој ќе те гледа ако сам не се гледаш?? Никој...Ниту на западот ниту на Русија не им е гајле како живееме ние овде во резерватов...Сите си гледаат интереси...

И? Комунистичката партија на Кина во статутот ги има наведено САД како закана за Кина, уште од ww2, па што? Зошто тоа не го наведуваш??

За Русија да биде милосрдна, треба прво западот да направи пример за милосрдија, а не да им продава памет на држави како Србија и Македонија со примери за внатрешно самоуништување.
Русија никогаш не била милосрдна, како што не е и никоја светска сила...Ама баш никогаш...Секогаш си го тера интересот, што е легитимно и е потполно нејзино право..И Русија не застана толку во Сирија зад Башар Ал Асад, зошто многу го сакаат Асад. Туку дека ако падни Асад, воената база во Латакија која му е една од најважните стратешки позиции општо на цела Русија, ќе отиде во принудно затварање. Зошто пред да застанат Русите толку цврсто зад Сирија, Асад им ја потпиша територијата на Латакија како поклон за Русија? Значи не правиме муабет под закуп итн.. Туку им ја препушти територијата на Русија. Така прават `пријатели`, те тапкаат по рамо и профитираат тогаш кога ќе ти е тешко? Ете и Русија како се однесува со сојузниците...Ја разораа Сирија цела, освен декларации и изјави, ништо друго не видовме од Русија, а кога НАТО ја бомбардираше Србија, скокаа пред време, и после ги плеснаа по фаца со кредит од Светска Банка, и после си за учуткаа, и ги оставија на цедило своите браќа...
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
@kikomcjuve, даали на аватар го имаш Иван Богданов или ја сам грешка?
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
@kikomcjuve, даали на аватар го имаш Иван Богданов или ја сам грешка?
Навивач на ЦЗ е, а како се вика поим немам.. Сликава е на мечот Србија со Италија мислам.
Автоматски споено мислење:

Сега проверив, така се вика...
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Од Батка за шарените куртони:
:kuracc::kuracc::kuracc:
Можат да му се фатат.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Навивач на ЦЗ е, а како се вика поим немам.. Сликава е на мечот Србија со Италија мислам.
Автоматски споено мислење:

Сега проверив, така се вика...
Аватар од навијач на Црвена Звезда кои застапуваат анти еу и анти нато политика, до ставови и мислења про еу и про нато политика... нешто не е уреду тука :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Аватар од навијач на Црвена Звезда кои застапуваат анти еу и анти нато политика, до ставови и мислења про еу и про нато политика... нешто не е уреду тука :)
Pixa, јас фудбал не мешам со политика :) Јас навивам за фудбалски клуб, а какви му биле ставовите на овај на аватарот политички, тоа не сум го видел до сега :) Тоа што велам дека Русија ти е еднаква на западот, не ме прави прозападен, ама ете, така нека ти биди. :)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Аватар од навијач на Црвена Звезда кои застапуваат анти еу и анти нато политика, до ставови и мислења про еу и про нато политика... нешто не е уреду тука :)
Вика уа цигани, да не се сетат власите ;) Мути вода кукумјавче, али тоа си е негов проблем!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Се молат членовите да употребуваат некој добар хумор кога веќе се дрзнале да употребуваат. Да не мораме вака да читаме коментари од кои фаќа дијареа.Имајте осет малку...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Pixa, јас фудбал не мешам со политика :) Јас навивам за фудбалски клуб, а какви му биле ставовите на овај на аватарот политички, тоа не сум го видел до сега :) Тоа што велам дека Русија ти е еднаква на западот, не ме прави прозападен, ама ете, така нека ти биди. :)
Ако не мешаш со политика фудбал (иако се е политика) слободно навијај за манчестер јунајтед или реал мадрид... ти можеш да не мешаш политика и спорт, ама ако си навијач на Црвена Звезда неможеш да си антиЛукашенко... паметном доста.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Влијание има, е сега не се толку моќни за да се чувствува, за жал на тебе и на соистомислениците сталинисти. А инаку историски гледано Русија никогаш се нема откажано од Балканот, и никогаш нема да се откаже.

Моите миленици? Абе господине, јас ти реков дека немам предрасуди да признаам нешто, немам предрасуди кон никој, ниту вересии кон некој. Ти реков, Западот имал интерес во Македонија да се потпише договорот 2001, имал интерес да се осамостои Косово, како што имал интерес Македонија без војна да се отцепи од Југославија и да бидат поставени плави шлемови на граница, кои сакал да признајш ти или не, допринесоа за мирно осамостојување и да бидиме единствената држава без крвопролевање. Иако, многумина му го припишуваат тоа на Киро Глигоров, не дека тој немаше удел, но главниот удел да нема војна во Македонија деведесеттите е токму тоа, распореденоста на плавите шлемови.

1000 пати напишав дека геополитиката не се прави од тоа кој колку го сака и како, туку кој има ИНТЕРЕС..САД не не признаа 91ва за самостојна држава од што им сме мили многу, туку си имаа свој интерес, како што е факт дека САД ако не не признаеше сега и нашиот Вардарски дел ќе си останеше составен дел на Србија, како и Егеј и Пирин.2001ва, одпрво, терористите ги викаа по нивно име, терористи, за после да испаднат борци, зошто? Зошто имаа интерес од нив.. Истото го прави Русија во поранешните Советски републики итн...Преку малцинство, најмногу се контролира државата. Ние како прво сами не знаеме што прајме, е сега кој ќе те гледа ако сам не се гледаш?? Никој...Ниту на западот ниту на Русија не им е гајле како живееме ние овде во резерватов...Сите си гледаат интереси...
Е добро де, дај пример за таквото руско влијание.

Или истото постои само во твојата русофобска глава ?

И кои се тие интереси во инсталирањето на канцерогенски елементи во општественото уредување на една мала, сиромашна, неразвиена, тотално небитна држава без излез на море и без никакви геостратешки ресурси ?

Полесно е да кажеш дека сакаат да не постои никаква независна држава на овие простори отколку да се правдаш со твојот непостоечки вилает.

И? Комунистичката партија на Кина во статутот ги има наведено САД како закана за Кина, уште од ww2, па што? Зошто тоа не го наведуваш??
Најверојатно од истата причина поради која што на американските политичари тоа не им е од било каква важност од втората половина на 1970-те години па наваму.

Зошто американските политичари тоа не го наведуваат секој пат кога нов Ајфон ќе биде пуштен во продажба ?

Русија никогаш не била милосрдна, како што не е и никоја светска сила...Ама баш никогаш...Секогаш си го тера интересот, што е легитимно и е потполно нејзино право..И Русија не застана толку во Сирија зад Башар Ал Асад, зошто многу го сакаат Асад. Туку дека ако падни Асад, воената база во Латакија која му е една од најважните стратешки позиции општо на цела Русија, ќе отиде во принудно затварање. Зошто пред да застанат Русите толку цврсто зад Сирија, Асад им ја потпиша територијата на Латакија како поклон за Русија? Значи не правиме муабет под закуп итн.. Туку им ја препушти територијата на Русија. Така прават `пријатели`, те тапкаат по рамо и профитираат тогаш кога ќе ти е тешко? Ете и Русија како се однесува со сојузниците...Ја разораа Сирија цела, освен декларации и изјави, ништо друго не видовме од Русија, а кога НАТО ја бомбардираше Србија, скокаа пред време, и после ги плеснаа по фаца со кредит од Светска Банка, и после си за учуткаа, и ги оставија на цедило своите браќа...
Па ако ниту една светска сила не е милосрдна, каква корист може да има мала, сиромашна, неразвиена и тотално небитна држава од сојузништво со светска сила која свесно и намерно инсталира анти-државни елементи во истата таа мала, сиромашна, неразвиена и тотално небитна држава, кои единствено постојат со цел бавно, но сигурно да ја уништат државата одвнатре ?

Те молам немој да кажеш поради интерес, македонскиот народ нема никаков интерес во уништувањето на македонската држава - барем она што сеуште е останато од истата.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Ако не мешаш со политика фудбал (иако се е политика) слободно навијај за манчестер јунајтед или реал мадрид... ти можеш да не мешаш политика и спорт, ама ако си навијач на Црвена Звезда неможеш да си антиЛукашенко... паметном доста.
Кој го рекол тоа?! Е уште Црвена Ѕвезда со Лукашенко ја немавте поврзано...Што напрај тој, уште малце и нема да смејме и Адам и Ева да ги прајме први луѓе на планетава, зошто ако навиваш за Црвена Звезда не можиш истовремено Адам и Ева да ги признаваш како првите луѓе..Печатите од Звезда да не се кај тебе па си земаш за право за кој да навиваме?
Полесно е да кажеш дека сакаат да не постои никаква независна држава на овие простори отколку да се правдаш со твојот непостоечки вилает.
Убаво е човек да се цени, но кога ќе се прецени, е тогаш паѓа во заблуда..Како жабата кога гледала кај што го потковаат коњот, па и таа ја кренала ногата...Сакаат да не постои Македонија? Верувај, ако сакаа за 3 дена немаше да постои..Буквално за три дена...Ако бевме сложни за 5, ама вака раскарани за 3...Премногу го слушаш Миленкота...Намали малку....
Зошто американските политичари тоа не го наведуваат секој пат кога нов Ајфон ќе биде пуштен во продажба ?
Е сега кој е попаметен? Оној што прај кеш, или оној што работи за минималец кај оној што прај кеш??? Зошто, кај тој што прај кеш, во татковината не му работат за 3 пати поголема плата од таа што ја дава на тие во посиромашните земји, и зошто? Затоа што, имаат стандарди, а во тие земји има евтина работна рака, и го користат тоа..
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Кој го рекол тоа?! Е уште Црвена Ѕвезда со Лукашенко ја немавте поврзано...Што напрај тој, уште малце и нема да смејме и Адам и Ева да ги прајме први луѓе на планетава, зошто ако навиваш за Црвена Звезда не можиш истовремено Адам и Ева да ги признаваш како првите луѓе..Печатите од Звезда да не се кај тебе па си земаш за право за кој да навиваме?
Не, само ти кажувам каков став има таа група на луѓе.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Убаво е човек да се цени, но кога ќе се прецени, е тогаш паѓа во заблуда..Како жабата кога гледала кај што го потковаат коњот, па и таа ја кренала ногата...Сакаат да не постои Македонија? Верувај, ако сакаа за 3 дена немаше да постои..Буквално за три дена...Ако бевме сложни за 5, ама вака раскарани за 3...Премногу го слушаш Миленкота...Намали малку....
Јас ја гледам реалната ситуација во Македонија изминативе 20 години, на тебе би ти препорачал да намалиш со Џозеф Мекарти и комунистичките заговори кои насекаде ги гледаше во 1950-те години.

Не гледам никакво подобрување во општественото уредување во Македонија од 2001 година па наваму, но гледам дека од САД и НАТО пристигнуваат само пофалби за напредокот кон бездната кој го остваруваме со секоја помината година.

Повели дај пример како Русија ни помага во таквиот напредок.

Е сега кој е попаметен? Оној што прај кеш, или оној што работи за минималец кај оној што прај кеш??? Зошто, кај тој што прај кеш, во татковината не му работат за 3 пати поголема плата од таа што ја дава на тие во посиромашните земји, и зошто? Затоа што, имаат стандарди, а во тие земји има евтина работна рака, и го користат тоа..
Повели направи ја математиката.

Кинезите се водат според нивната стара народна изрека која гласи дека не е важно дали мачката е црна или бела се` додека фаќа глувци.

Водејќи се според ваквата изрека, од држава за која светот не знаеше дека постои на почетокот од 1970-те години, Кина стана втора најголема индустриска и економска сила во светот за помалку од 50 години. Од држава која увезуваше технологија и знаење во 1970-те години, денес Кина е извозник на технологија, знаење и најверојатно најважниот фактор - пари, кои ги инвестира насекаде.

Од друга страна, САД и нивните демократско-социјалистички НАТО сојузници се водат според замислата дека евтината работна сила - без разлика од која држава - секогаш ќе им биде на располагање за да ги направи побогати, притоа без да им текне да и` фрлат по некоја коска на сопствената раја по дома, која со секоја наредна генерација станува само поглупава и повеќе поделена.

Историска иронија е тоа што на богатите и развиените западни држави денес им се случува истата Културна револуција која Мао Це Тунг им ја приреди на Кинезите во последните 10 години од неговиот живот, а која вроди само со поделена и неписмена нација.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.639
Поени од реакции
5.317
Јас ја гледам реалната ситуација во Македонија изминативе 20 години, на тебе би ти препорачал да намалиш со Џозеф Мекарти и комунистичките заговори кои насекаде ги гледаше во 1950-те години.

Не гледам никакво подобрување во општественото уредување во Македонија од 2001 година па наваму, но гледам дека од САД и НАТО пристигнуваат само пофалби за напредокот кон бездната кој го остваруваме со секоја помината година.

Повели дај пример како Русија ни помага во таквиот напредок.
Како ни помага? Па во моментов ко из пушке ми текна на нејзината улога како држава во признавањето на МПЦ. Црквата кај Православните земји е еден од столбовите на функционирањето на истите. Иако сме секуларна држава, сепак едно добри 80% од луѓето кои живеат тука се Православни, и тоа е многу битно прашање. Дури и ГПЦ повеќе ја поддржува МПЦ од РПЦ.

Втора работа, ако човек не си го исчисти сам својот двор, никој нема да дојди и да ти чисти наместо тебе. Ти ако очекуваш дека треба НАТО, Русија, Кина, Монголија, или Куба да дојдат тука да ни ја средат државата, е тука можам да ти кажам дека твоите очекувања се нереални. Сопствениот двор треба сами да си го исчистиме, па после да делиме правда што и како.. Сами треба да ја направиме државава да функционира, институциите да функционираат, судството, полицијата, армијата, и после ќе биди друга песна...
Повели направи ја математиката.

Кинезите се водат според нивната стара народна изрека која гласи дека не е важно дали мачката е црна или бела се` додека фаќа глувци.

Водејќи се според ваквата изрека, од држава за која светот не знаеше дека постои на почетокот од 1970-те години, Кина стана втора најголема индустриска и економска сила во светот за помалку од 50 години. Од држава која увезуваше технологија и знаење во 1970-те години, денес Кина е извозник на технологија, знаење и најверојатно најважниот фактор - пари, кои ги инвестира насекаде.

Од друга страна, САД и нивните демократско-социјалистички НАТО сојузници се водат според замислата дека евтината работна сила - без разлика од која држава - секогаш ќе им биде на располагање за да ги направи побогати, притоа без да им текне да и` фрлат по некоја коска на сопствената раја по дома, која со секоја наредна генерација станува само поглупава и повеќе поделена.

Историска иронија е тоа што на богатите и развиените западни држави денес им се случува истата Културна револуција која Мао Це Тунг им ја приреди на Кинезите во последните 10 години од неговиот живот, а која вроди само со поделена и неписмена нација.
Ти ова сериозно дека никој не знаеше дека постои?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Како ни помага? Па во моментов ко из пушке ми текна на нејзината улога како држава во признавањето на МПЦ. Црквата кај Православните земји е еден од столбовите на функционирањето на истите. Иако сме секуларна држава, сепак едно добри 80% од луѓето кои живеат тука се Православни, и тоа е многу битно прашање. Дури и ГПЦ повеќе ја поддржува МПЦ од РПЦ.

Втора работа, ако човек не си го исчисти сам својот двор, никој нема да дојди и да ти чисти наместо тебе. Ти ако очекуваш дека треба НАТО, Русија, Кина, Монголија, или Куба да дојдат тука да ни ја средат државата, е тука можам да ти кажам дека твоите очекувања се нереални. Сопствениот двор треба сами да си го исчистиме, па после да делиме правда што и како.. Сами треба да ја направиме државава да функционира, институциите да функционираат, судството, полицијата, армијата, и после ќе биди друга песна...
Јас не сакам никој да си го пика носот во мојот двор, каков сум го оставил таков ќе си го чувам и ќе си го средувам како јас сакам.

Кога сме конкретно кај Русија, досега не сум забележал Русија да си го има пикано носот во мојот двор ниту во 1993, ниту во 1995, ниту во 2001, ниту во 2018/2019 година, ниту гледам денес да си го пика носот во мојот двор на ама баш никаков начин. Но истовремено за истите тие години имам видено значителни примери на надворешни држави кои си го пикале носот во внатрешното општествено уредување на Македонија и секогаш тоа било на штета на македонскиот народ.

Ако МПЦ ја третираш како некаков фактор, чувај си го таквиот став за себеси, јас од поодамна имам расчистено со црквата и никогаш не сум ја сметал за било каков фактор.

Но ако се повикуваш на религиозниот фактор, Турција и Саудиска Арабија се многу поголема закана по македонскиот секуларизам и безбедноста во Македонија, барем јас не помнам Русија да има регрутирано македонски борци за да се борат во Сирија или други актуелни боишта низ светот.

Ниту знам, ниту ме интересира кој ја признава или кој ја поддржува МПЦ, како православен христијанин верувам дека црквата треба да им го покаже православниот христијански пат на своите верници и да постави пример за таквиот пат, но не верувам дека спортски автомобили и наплаќање за влез во цркви со статус на заштитено културно и/или историско наследство на човештвото е пример за таквиот пат.

Ти ова сериозно дека никој не знаеше дека постои?
Па мислам дека никој во банкарскиот свет и во светот на напредната технологија знаел дека Кина постои се` до втората половина на 1970-те години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom