Белорусија

Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Јас за разлика од тебе, не израаснав во средина каде кодошењето и лижењето беше начин на напредок. Јас не тагнувам ни модератор, ниту велам да ти ги бришат твоите класични пропагандистичко комунистички хвалоспеви на ликот и делото на Јосиф Сталин и Лаврентиј Берија, и нивниот начин на владеење. Ти си тој што плачи и повикува модератори, зошто не мислиме сите во твоја насока. А дека ќе ќутам, и тука гадно си се заебал. Помина времето ваше комунистичко, па сите можеме да си го кажиме мислењето, дали ти се допаѓало тоа или не.
Со твојата оф-топик дискусија, ти си тој кој претежно ќути на конкретната тема, што значи дека не си го кажуваш твоето лично мислење, или со други зборови кажано, ти си тој кој се заебал - барем на тема Белорусија.

Што се однесува до Јосиф Висарионович Сталин и неговите следбеници, слободно отвори си соодветна тема за нив и слободно плукај и удирај по нив со дрва и камења колку ти душа сака, и тоа е твое право кое никој не ти го негира.

Јас знам дека администраторите и модераторите не превземаат ништо и нема да превземат ништо за да стават крај на твојата оф-топик дискусија, но сепак треба одвреме навреме да ги повикаме барем да се обидат да ја вратат темата во фокусот на дискусијата, не дека тие ќе го направат тоа, туку за да не кажат после дека не биле повикани.

А каде јас тоа реков дека денешните Руси се одговорни за злосторствата на сталинистите? Вршиш класично комунистичко сталинистичко извртување на зборовите, за да ми вметниш зборови кои не сум ги рекол :) Со тие куршуми братучед, не.

Па и Германците страдале од нацистите, како и другите народи, како што рече ти дека и Руси страдале од комунистите на твојот идол Јосиф.
Единствениот кој тука практикува класично сталинистичко извртување на зборовите си ти, повеќе од месец дена ја вртиш темава оф-топик и лепење на етикети на тие кои ти реплицираат, а кои не се твои истомисленици, во недостаток од аргументи со кои би ги објаснил твоите коментари се разбира.

Со јасен и чист вид, под сенката на српот и чеканот. Премногу си субјективен, и си веруваш дека твојата вистина е идеална, и дека само ти си во право. Ама не те обвинувам, и јас на ѕид да ми бил залепен бркоњата Јосиф и неговите пајташи, нормално е да гледаш само во една насока и не сакаш да примиш различно мислење ;)
Хехе, и велиш под сенката на српот и чеканот Југославија и Ирак беа бомбардирани со осиромашен ураниум ?

Мекартизмот твој е одличен пример за субјективност, ама проблемот е во тебе бидејќи одбиваш да се преселиш во 2020-те години наспроти 1950-те години во кои си заглавен.

Со таков временски заглавен памет, не е никакво изненадување твојата алергија на мислења кои се различни од твоите.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Со твојата оф-топик дискусија, ти си тој кој претежно ќути на конкретната тема, што значи дека не си го кажуваш твоето лично мислење, или со други зборови кажано, ти си тој кој се заебал - барем на тема Белорусија.
Јас моето мислење на тема Белорусија си го имам кажано, а таа е многу едноставно. Се дури им е на власт онај бркатиот лудак, се дотогаш ќе пати и ќе страда Белорускиот народ. Властодржец кој тепа сопствени граѓани поради тоа што не се негови истомисленици, веднаш треба да биде отстранет од власт, и фрлен во зандана да свири клавир.
Хехе, и велиш под сенката на српот и чеканот Југославија и Ирак беа бомбардирани со осиромашен ураниум ?
Не велам, велам ти се мислиш дека си објективен и ја пишуваш реалноста, а спиеш под српот и чеканот прикачени кај тебе на ѕид, а од другата страна сигурно ти се урамени Сталин, Берија и Андреј Жуков. Види таму прочепкај, дали имаш и слика од Надежда мислам се викаше, жена му на Сталин, која сакаше да го напушти, и вечерта после кажувањето на веста на нејзиниот мил бркат сопруг, се самоуби со куршум во градите..

Од друга страна гледам го споменуваш Ирак.. Тоа ако е вистина што кажуваш за осиромашен ураниум, тоа не е правилно, но тоа што го турнаа Садам и тоа како е правилно... Гледај го документарецов из прве руке раскажано за тоа каков бил синму на Садам и што се правел..
Мекартизмот твој е одличен пример за субјективност, ама проблемот е во тебе бидејќи одбиваш да се преселиш во 2020-те години наспроти 1950-те години во кои си заглавен.
Комрад, тоа што ми лепиш етикети, не те пери од фактот што си сталинољубец и бранител на репресивни режими, кои вршат тортури врз сопствениот народ, за да си ги лечат комплексите и фрустрациите врз недолжно население. Еве да земиме пример, харикирам, и во случај во Белорусија да има најубав живот што можи да постои на земјинава топка, ако властодржецот се однесува како што се однесува Лукашенко, тогаш тој треба да падни под итна постапка..Не смее да се дозволи мали хитлерчиња, сталинчиња и слични да му се дава сила, вкорен треба тоа одма да се сечи....Светот пропати еднаш поради што дозволи автократи да земат сила и затоа имаше толку страдање, во двете светски војни, особено во втората...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Јас моето мислење на тема Белорусија си го имам кажано, а таа е многу едноставно. Се дури им е на власт онај бркатиот лудак, се дотогаш ќе пати и ќе страда Белорускиот народ. Властодржец кој тепа сопствени граѓани поради тоа што не се негови истомисленици, веднаш треба да биде отстранет од власт, и фрлен во зандана да свири клавир.
Е па ако си завршил со твојата дискусија на оваа тема, тогаш продолжи си со останатите дискусии кои ги започна во соодветни теми.

Не велам, велам ти се мислиш дека си објективен и ја пишуваш реалноста, а спиеш под српот и чеканот прикачени кај тебе на ѕид, а од другата страна сигурно ти се урамени Сталин, Берија и Андреј Жуков. Види таму прочепкај, дали имаш и слика од Надежда мислам се викаше, жена му на Сталин, која сакаше да го напушти, и вечерта после кажувањето на веста на нејзиниот мил бркат сопруг, се самоуби со куршум во градите..

Од друга страна гледам го споменуваш Ирак.. Тоа ако е вистина што кажуваш за осиромашен ураниум, тоа не е правилно, но тоа што го турнаа Садам и тоа како е правилно... Гледај го документарецов из прве руке раскажано за тоа каков бил синму на Садам и што се правел..
Затоа ти велам да се преселиш во 2020-те години, историјата помина цел циклус од 1950-те години па наваму.

Јас живеам во 2020-те години и немам потреба од слики од луѓе кои се изумрени пред 70 години или повеќе. Можеби тоа е разочуварувачки за твојот мекартизам, но не е моја вина што времето не запира и како што поминува постојано носи секакви промени со себеси.

Кога би се преселил во 2020-те години, не само што ќе знаеш кој го донесе Садам Хусеин на власт во Ирак и го остави на власт и покрај воениот пораз кој му го нанесе во Првата Заливска војна во 1991 година, туку ќе знаеш и кој ги бомбардираше Југославија и Ирак со осиромашен ураниум, без тие држави да претставуваат било каква закана за таа страна која ги бомбардираше.

Комрад, тоа што ми лепиш етикети, не те пери од фактот што си сталинољубец и бранител на репресивни режими, кои вршат тортури врз сопствениот народ, за да си ги лечат комплексите и фрустрациите врз недолжно население. Еве да земиме пример, харикирам, и во случај во Белорусија да има најубав живот што можи да постои на земјинава топка, ако властодржецот се однесува како што се однесува Лукашенко, тогаш тој треба да падни под итна постапка..Не смее да се дозволи мали хитлерчиња, сталинчиња и слични да му се дава сила, вкорен треба тоа одма да се сечи....Светот пропати еднаш поради што дозволи автократи да земат сила и затоа имаше толку страдање, во двете светски војни, особено во втората...
Повели цитирај ме кога јас сум бранел било кои карактеристики на сталинизмот, барем да добие некаква поткрепа твојата етикета која се обидуваш да ми ја залепиш.

Кога сме кај малите хитлерчиња и сталинчиња, ќе ти повторам - пресели се во 2020-те години, има многу да научиш за тоа кој донесе такви луѓе на власт во бројни држави низ светот водејќи се според принципот "не ни е гајле каков кучкин син е на власт, се` додека е наш кучкин син".

Еве ти малку помош - таа страна која ги донесе сите тие мали хитлерчиња и сталинчиња на власт во бројни држави низ светот немаше никакви допирни точки со српот и чеканот, баш обратно, ја помина целата втора половина на 20-от век борејќи се против српот и чеканот.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Го пуштиле тој гејот во куќен притвор. Прв минус за братот Лукашенко во мојот тефтер. Не верувам дека е доволно рехабилитиран младичот, си требаше уште пола век.
There, fixed.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Повели цитирај ме кога јас сум бранел било кои карактеристики на сталинизмот, барем да добие некаква поткрепа твојата етикета која се обидуваш да ми ја залепиш.
Да те цитирам? Не знајш што пишуваш па сега да те цитирам треба? Тоа што за секоја лоша работа во светот, било каде, веднаш ја обвинуваш Америка, навиваш за модерни автократии итн. а од друга страна глумиш како некоја си напредност, ми зборуваш нешто 2020, 1950 меркартизам и слични глупи небулози..Тоа модерноста што сам си ја припишуваш со тоа да си љубител на автократии мислам дека едно со друго не се совпаѓа.

Јас за разлика од тебе, Декстере, сум реален и не сум лицемерен. Јас многу јасно и недвосмислено го имам речено мојот став:

Западот и демократијата со сите свои мани и недостатоци ==>> режимите, хибридните режими и автократиите од типот како во Белорусија.

Слободата и она што се вели да можеш да бидеш заштитен на било каков начин во својата држава, да не може некој ако дојди на власт да си прави што сака во земјата и никој да не смее да писни, бидејќи ќе го изеде мракот, бидејќи ТЕ ШТИТИ Устав, и поредок, а не тајни полиции,гестапа итн.

btw Дали Америка има нешто што тоа што му се има десено на Абориџините во Австралија??
 
Повели цитирај ме мене кога и каде јас сум ги бранел сталинизмот и неговите следбеници.

Под хибридни режими во кои може некој да дојде на власт и да си прави што сака во државата и никој да не смее да писни, дали го препознаваш и актуелниот владејачки режим во анти-македонска Македонија ?

И ако го препознаваш, те молам потсети не мене и останатите членови и посетители на форумов, чии дипломати редовно имаат само пофални зборови за актуелниот анти-македонски владејачки режим ?

Не може човек да им служи на двајца господари, бидејќи едниот ќе го засака, а другиот ќе го презре. Не може човек да им служи и на Бога и на мамона.

Не можеш да бидеш поддржувач на демократско општествено уредување, а истовремено да ги спомнуваш западните држави како примери за такви општества.

Исланд е исклучок, единствената држава која извлече поука од светската економска криза од 2008 година и наместо да им наметне повисоки даноци на сопствените граѓани и да го кастри сопствениот буџет, ги испоапси банкарите кои им ја доведоа економијата до банкрот, па затоа од тогаш па наваму демократско-социјалистичкиот запад не милува многу да се потсетува на исландскиот пример за демократско општествено уредување.

Настрана фактот дека јавното линчување - иако е` забрането со закон - од неодамна има земено замав во западните држави, туку и нивните надворешни политики кон одредени држави, особено кон Македонија, резултираат со негативни последици врз државјаните на тие одредени држави, а особено кон македонскиот народ.

Немој погрешно да ме разбереш, јас воопшто не го осудувам дегенизмот во кој од поодамна се навлезени западните демократски општества, на крајот на краиштата тоа е само уште една алатка со која се одржува тамошната раја или задоволна или поделена, но битно и во едниот и во другиот случај мудро си молчи, тоа е стар рецепт од памтивек кој функционира речиси беспрекорно. Добро де, со исклучок на денот кога демократско-социјалистичките држави ќе останат без туѓи пари, како што спомна едно време покојната Маргарет Тачер, ама тој ден е далеку.

Ако не си запознаен со американската политика кон домородните американски народи, добредојден си да истражиш, кога ќе откриеш колку американски Садами ги имало 100 години пред ирачкиот Садам Хусеин можеби ќе станеш малку порационален демократ.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Под хибридни режими во кои може некој да дојде на власт и да си прави што сака во државата и никој да не смее да писни, дали го препознаваш и актуелниот владејачки режим во анти-македонска Македонија ?
Еве јас и ти пишуваме против владата тука на форум, на фејсбук, твитер итн. Сум пишувал и за време на ВМРО.. Ниту сега ми е забрането, ниту ВМРО кога беше ми било забрането..Малце си се преценуваш, овде немаме хибриден режим..Во Македонија 30 години на власт идат бизнис елити..И се дури не им се мешаш во бизнисот, ти можиш што сакаш да пишуваш

Тоа што ни прават што сакаат 30 години, тука сме си ние криви како народ. Не можи некој име да ти менува, ти 200 души на плоштад..Не можи некој да те граба 30 години, ти пак да го гласаш..Не може некој да ти поставува дезертер за Министер за одбрана ти да го правиш патриот, за да истиот после да биди Претседател на Собрание. Епа изгледа си заслужуваме се што ни се случува.

Западот си има тука интерес, и се дури овие играат како ќе му свират, ќе продолжат да владеат...Јас не знам што ти е чудно тука..Ги заболе милисав УСА, Русија, Кина и Германија за нас..Тие си тераат своја агенда.... Источните земји се побрутални во тоа мешање во работите на државата, ама за среќа не се моќни толку, е тогаш ќе видиш што е полициска држава...
Не можеш да бидеш поддржувач на демократско општествено уредување, а истовремено да ги спомнуваш западните држави како примери за такви општества.
Добро еве, западните држави не се демократски. Пример за демократија, и слобода се Северна Кореја и Кина. Демократија нема во САД, Германија, Шведска, Данска, Франција. Демократија има во Кина, Северна Кореја, Белорусија итн. Абе добро, кого го правиш будала ти, мене, нас или сам?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Еве јас и ти пишуваме против владата тука на форум, на фејсбук, твитер итн. Сум пишувал и за време на ВМРО.. Ниту сега ми е забрането, ниту ВМРО кога беше ми било забрането..Малце си се преценуваш, овде немаме хибриден режим..Во Македонија 30 години на власт идат бизнис елити..И се дури не им се мешаш во бизнисот, ти можиш што сакаш да пишуваш

Тоа што ни прават што сакаат 30 години, тука сме си ние криви како народ. Не можи некој име да ти менува, ти 200 души на плоштад..Не можи некој да те граба 30 години, ти пак да го гласаш..Не може некој да ти поставува дезертер за Министер за одбрана ти да го правиш патриот, за да истиот после да биди Претседател на Собрание. Епа изгледа си заслужуваме се што ни се случува.

Западот си има тука интерес, и се дури овие играат како ќе му свират, ќе продолжат да владеат...Јас не знам што ти е чудно тука..Ги заболе милисав УСА, Русија, Кина и Германија за нас..Тие си тераат своја агенда.... Источните земји се побрутални во тоа мешање во работите на државата, ама за среќа не се моќни толку, е тогаш ќе видиш што е полициска држава...
Сакаш да кажеш дека тука на форумов не разменуваш ставови и идеи со останатите членови, туку само се испразнуваш бидејќи ништо не им можеш на паразитите наречени политичари, или со други зборови кажано, форумов за тебе е само селска чешма за дрдорење ?

За жалење си ако така размислуваш, се декларираш како демократ и слободоборец, а од друга страна велиш 30 години една иста приказна со ликови кои се менуваат одвреме навреме, ама ете такви им се интересите на некои држави, па затоа така нека си остане.

Ако за тебе плутократска држава е подобро решение од полициска држава, очигледно немаш доволно историски познавања. Толку се исфрли за сталинизмот, а не го земаш во предвид фактот - или па можеби не знаеш - дека во сталинизмот, а и подоцна за време на брежњевизмот во Советскиот Сојуз, правилото за напредување не беше што знаеш, туку кого го знаеш.

Денес не е нешто многу поинаква ситуацијата во Македонија, а ако за тебе слобода е право да плукаш, а истовремено да си ќутиш бидејќи 200 луѓе на плоштад не менуваат ништо, тогаш не си ништо поинаков од пензионерине кои продаваат муда за бубрези секое утро по телевизиине, фала му на Бога баталив македонски телевизии уште во 2009 година кога започнаа да емитуваат турски идиотизми.

Добро еве, западните држави не се демократски. Пример за демократија, и слобода се Северна Кореја и Кина. Демократија нема во САД, Германија, Шведска, Данска, Франција. Демократија има во Кина, Северна Кореја, Белорусија итн. Абе добро, кого го правиш будала ти, мене, нас или сам?
Прашањето е дали ти себеси се правиш будала или мислиш дека други ги правиш будали ?

Ако твојата дефиниција за слобода е да имаш право да плукаш и да те остават да плукаш додека караванот си врви, тогаш имаш претежно мали очекувања од демократското општествено уредување, буквално тоа во превод би значело виртуелна - непостоечка, измислена - слобода, додека во вистинскиот свет мудро си молчиш.

Една работа која мораш да ја им признаеш на држави како Кина и Северна Кореја е фактот дека тие барем не се ни обидуваат да глумат слобода и демократија, туку отворено и јавно се декларираат себеси како диктатури, што секако не е за пофалба, но барем од самиот почеток одлично знаеш што можеш да очекуваш од такви држави.

Од друга страна, западните држави кои ти ги идеализираш се демократски на хартија, додека во пракса се социјалистички, протекционистичките мерки кои ги воведоа за да ги смират последиците од светската економска криза од 2008 година се одличен пример за нивниот социјалистички карактер.

Кога Југославија печатеше пари за да ги амортизира последиците од сопствената економска криза во 1980-те години, никој не ги сакаше тие пари, што резултираше со инфлација и економски колапс, а подоцна и со распаѓање на државата.

Кога САД создаваат долгови со печатење на пари, а со истите тие печатени пари купуваат - во социјализмот тоа го нарекуваат национализација - приватни компании од типот на Џенерал Моторс, велат дека тоа го прават бидејќи таквите компании биле преголеми за да пропаднат, додека во Македонија и останатите поранешни југословенски републики услов за финансиска помош од САД и ММФ беше таквите локални и регионални индустриски гиганти да бидат оставени да пропаднат.

Јас не ги негирам диктаторските карактеристики на социјалистичките држави, но те молам проучи ги истите и направи споредба со сличните, ако не и кристално истите карактеристики кои во последно време ги прифаќаат и западните држави кои ти ги идеализираш.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Сакаш да кажеш дека тука на форумов не разменуваш ставови и идеи со останатите членови, туку само се испразнуваш бидејќи ништо не им можеш на паразитите наречени политичари, или со други зборови кажано, форумов за тебе е само селска чешма за дрдорење ?

За жалење си ако така размислуваш, се декларираш како демократ и слободоборец, а од друга страна велиш 30 години една иста приказна со ликови кои се менуваат одвреме навреме, ама ете такви им се интересите на некои држави, па затоа така нека си остане.

Ако за тебе плутократска држава е подобро решение од полициска држава, очигледно немаш доволно историски познавања. Толку се исфрли за сталинизмот, а не го земаш во предвид фактот - или па можеби не знаеш - дека во сталинизмот, а и подоцна за време на брежњевизмот во Советскиот Сојуз, правилото за напредување не беше што знаеш, туку кого го знаеш.

Денес не е нешто многу поинаква ситуацијата во Македонија, а ако за тебе слобода е право да плукаш, а истовремено да си ќутиш бидејќи 200 луѓе на плоштад не менуваат ништо, тогаш не си ништо поинаков од пензионерине кои продаваат муда за бубрези секое утро по телевизиине, фала му на Бога баталив македонски телевизии уште во 2009 година кога започнаа да емитуваат турски идиотизми.
Јас бев во тие 200 души, и пак ќе бидам. Не лаам ниту се фалам за тоа, напротив, се гордеам. Ако излезеа 20% од ватрениве патриоти на тастатура што се против промена на името, името немаше да го променат...Патриот се докажува на дело, а не на фб знаме да ставаш. Кога ќе видеа 200.000 народ, и нема играње тука... Таму се појавија ликови како платеникот Банко Јачев со знамиња на туѓа држава, и едноставно сакаа да придобијат политички поени, и го уништија протестот сакајќи да предизвикаат инциденти..На избори излегувам и гласам секогаш против султан партиите, и на сите антивладини протести кога можам сум излегувал. Бојкотирав референдум за промена на име, и секаде каде што сум можел сум ја извршувал мојата патриотска должност кон татковината. Завет си имам дадено, дека државна работа нема да барам од никоја партија, за било која плата, тоа е главниот канцер на нашето општество.

Велиш, интересите на државите. Па мора да сме малку и реални мислам. Кои сме ние на геополитичката мапа? Обична точка-запирка. И треба да се научиме малце да пливаме во тие води за да извлечеме корист. Досега, слабо некако сме по пливањето. Не знаеме да им се допаднеме на големите земји за да застанат зад нас и да си ги истераме интересите. Емоции, и дека на некој ќе им падне жал за нашите страдања како нација, не палат, цела историја глумиме дека сите не мразат, а не гледаме некако да извлечеме корист од можностите кои и те како ни се пружиле. Затоа треба да престанеме да глумиме жртви, и малце поагресивно да настапиме за да го зачуваме и ова малку што ни остана.

Ако твојата дефиниција за слобода е да имаш право да плукаш и да те остават да плукаш додека караванот си врви, тогаш имаш претежно мали очекувања од демократското општествено уредување, буквално тоа во превод би значело виртуелна - непостоечка, измислена - слобода, додека во вистинскиот свет мудро си молчиш.
Ако молчев мудро, ми беше нудено,и сега ќе бев вдомен на државна цицка, ама не молчам. Никому, и за никоја цена.

Јас не реков никаде дека Западот е идеален, и дека нема грешки. Само реков, кога ќе ги ставиш на кантарче тоа што ни се нуди

запад<->исток, мислам дека секој нормален човек се знае кој начин на живот би го одбрал. Самите имиграциони текови во Македонија ти го укажуваат тоа, што мисли народот каде се живее подобро.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Јас бев во тие 200 души, и пак ќе бидам. Не лаам ниту се фалам за тоа, напротив, се гордеам. Ако излезеа 20% од ватрениве патриоти на тастатура што се против промена на името, името немаше да го променат...Патриот се докажува на дело, а не на фб знаме да ставаш. Кога ќе видеа 200.000 народ, и нема играње тука... Таму се појавија ликови како платеникот Банко Јачев со знамиња на туѓа држава, и едноставно сакаа да придобијат политички поени, и го уништија протестот сакајќи да предизвикаат инциденти..На избори излегувам и гласам секогаш против султан партиите, и на сите антивладини протести кога можам сум излегувал. Бојкотирав референдум за промена на име, и секаде каде што сум можел сум ја извршувал мојата патриотска должност кон татковината. Завет си имам дадено, дека државна работа нема да барам од никоја партија, за било која плата, тоа е главниот канцер на нашето општество.

Велиш, интересите на државите. Па мора да сме малку и реални мислам. Кои сме ние на геополитичката мапа? Обична точка-запирка. И треба да се научиме малце да пливаме во тие води за да извлечеме корист. Досега, слабо некако сме по пливањето. Не знаеме да им се допаднеме на големите земји за да застанат зад нас и да си ги истераме интересите. Емоции, и дека на некој ќе им падне жал за нашите страдања како нација, не палат, цела историја глумиме дека сите не мразат, а не гледаме некако да извлечеме корист од можностите кои и те како ни се пружиле. Затоа треба да престанеме да глумиме жртви, и малце поагресивно да настапиме за да го зачуваме и ова малку што ни остана.
Да си жив и здрав ако е вистина ова што си го напишал.

Ако молчев мудро, ми беше нудено,и сега ќе бев вдомен на државна цицка, ама не молчам. Никому, и за никоја цена.

Јас не реков никаде дека Западот е идеален, и дека нема грешки. Само реков, кога ќе ги ставиш на кантарче тоа што ни се нуди

запад<->исток, мислам дека секој нормален човек се знае кој начин на живот би го одбрал. Самите имиграциони текови во Македонија ти го укажуваат тоа, што мисли народот каде се живее подобро.
Кога ќе ги ставиш на кантарче, западните држави се тие кои се зависни од увоз на мигранти, а не имигрантите кои плачат по преселба во тие држави, додека источните држави не се нешто многу луди по имигранти.

Кој е подготвен да мрзне во Сибир, го чека убава плата таму, па нека повели, ова го знам од пријателите кои живеат и работат таму, со разликата што тие живеат и работат во западна Русија, а не во Сибир.

Колку луѓе познаваш кои мигрирале во Јужна Кореја или Јапонија - па и тие се светски економии ?

За волја на вистината, поранешни колеги мои од факултет денес живеат и работат во Јапонија, но со нив не одржувам никаков контакт за да можам да коментирам за тамошниот животен стандард. Но барем конкретно за Јапонија знам дека Јапонците не се нешто многу полудени по имигранти од блискиот исток и северна Африка, милуваат да тераат бизнис со државите извознички на нафта, но тука завршува нивната соработка со нив и ги затвораат границите за имигранти од тие држави.

За разлика од источните држави кои не се многу заинтересирани за увезување на имигранти, западните држави кои од поодамна се збогуваа со сопствените индустриски капацитети од тотално идиотски причини - евтина работна сила во Кина, Индија, Малезија, Индонезија, Виетнам, Филипини и други држави на далечниот исток - денес кога просечниот Германец, Французин, Холанѓанец и останати европски дами и господа не се заинтересирани за копање на темели или канали, или за орање во поле, евтината работна сила им е добредојдена без разлика со какво минато и образование, се` додека ги задоволуваат нивните профитерски потреби.

Проблемот со увозот на имигранти е во тоа што не може да бидат увезувани до бескрај, а кога се случува економска криза вообичаено имигрантите се меѓу првите кои остануваат без работа, по што нивното домашно воспитување, образование и нивната домашна култура настапуваат на сцена, а во такви околности се` е можно во едно општество.

Така да, на кантарче западот добива неприродна тежина поради додадените увезени тегови, додека во пракса вистинската тежина е далеку помала.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Да си жив и здрав ако е вистина ова што си го напишал.
Ние сите можиме да имаме различен поглед на светот, ние можиме народски кажано да си ги `копаме` очите Исток vs Запад, но факт е дека сите треба да си ја сакаме татковината. За секој грешен потег и за секоја трагедија што ни се случува како народ и како држава јас вината ја гледам прво во самите себе. Големите сили, 5 пари не даваат дали ќе постоиме или не. Тие гледаат да имаат интерес од нас. И се дури не се свестиме да играме мудро на таа страна, се дотогаш ќе се изживуваат врз балканското заморче...Не за џабе е речено: „Ако не се сакаш сам, не очекувај никој друг да те сака“...

Просечна плата во Сибир за 2021 година е 320 евра месечно, а во Москва 2250 евра. Во Сибир просечната е помала од Македонија. А еве севкупна споредба на плати:
USA.png
rus.png GER.png Screenshot 2021-06-29 154354.png
 
На балкански народ не му требаат ниту исток ниту запад за да си ги ископаат очите.

Во поранешна Југославија луѓето си ги вадеа очите за на комшијата да му умре козата, а денес си ги вадат очите за да умре комшијата, па да му ја соберат козата.

Прашање е на карактер, а не на влијание од исток или од запад.

Просечна плата во Сибир за 2021 година е 320 евра месечно, а во Москва 2250 евра. Во Сибир просечната е помала од Македонија. А еве севкупна споредба на плати:
Прегледај го приврзокот 300015
Прегледај го приврзокот 300012Прегледај го приврзокот 300013Прегледај го приврзокот 300014
Јас слушнав бајаги повисока цифра од пријателите во Русија, но како што ти кажав, ако ме лажат тие мене, тогаш и јас те лажам тебе.

Инаку не, не живеат и работат ниту во Москва, ниту во Санкт Петербург, ниту во Волгоград, туку малку повнатре во внатрешноста на западна Русија. Бидејќи знам од какви семејства доаѓаат и со каква финансиска состојба ги сонуваа Австрија и Швајцарија каде што имаат роднини и пријатели, а на крајот завршија во Русија и еве, повеќе од 15 години живеат таму и велат дека им е убаво, тешко ми е да верувам дека би лажеле.
 
Член од
1 март 2021
Мислења
338
Поени од реакции
758
Готов е батка, космичката велевукојебина северен ФИРОМ и официјално му акна санкции, Бог нека му е напомош.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Ние сите можиме да имаме различен поглед на светот, ние можиме народски кажано да си ги `копаме` очите Исток vs Запад, но факт е дека сите треба да си ја сакаме татковината. За секој грешен потег и за секоја трагедија што ни се случува како народ и како држава јас вината ја гледам прво во самите себе. Големите сили, 5 пари не даваат дали ќе постоиме или не. Тие гледаат да имаат интерес од нас. И се дури не се свестиме да играме мудро на таа страна, се дотогаш ќе се изживуваат врз балканското заморче...Не за џабе е речено: „Ако не се сакаш сам, не очекувај никој друг да те сака“...

Просечна плата во Сибир за 2021 година е 320 евра месечно, а во Москва 2250 евра. Во Сибир просечната е помала од Македонија. А еве севкупна споредба на плати:
Прегледај го приврзокот 300015
Прегледај го приврзокот 300012Прегледај го приврзокот 300013Прегледај го приврзокот 300014
Ne e vazhna prosechmata zarabotuvachka. Vazhno e shto mozhe da se kupi so taa zarabutuvachka vo soodvetnata zemja, oblast, grad...
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673

Kajgana Shop

На врв Bottom