Викаш кириите се оган ( не огин, да ве мочам на јазикот) а си пишал 600 евра, па мене ова ми делува и евтино,не знам од каде оган.
друго, ова што си го ишкрапал е во некое добро сценарио, да не правиме колку домашни есапи не излегуваат на пазар.
Оваа математика не секогаш излегува, во многу случаеви не можат двата партнери да работат целосно работно време освен ако некако не се снајдат со некој да им ги чува децата или со градинка ( а тие трошоци не си спомнал).
Спомнуваш 390 евра детски додаток, не го познавам системот во германија ама на прв поглед ми е дискутабилно, ако двата партнера работат целосно работно време не сум сигурен дека би земале целосен приход за деца како и на невработени.
И да ја прифатам твојата математика, крајна сметка 1500 евра за трошоци или 350 евра неделно ( не вклучувајќи ги непланираните трошкови) па да ти кажам и не е некоја пара, една вечера да напрајте вие како пар и две деца (како што спомнуваш) отидоа 100евра, сите да отидете на срижење и фризура за жената отидоа другите 150 евра. А секоја недела излегува нешто, едно ебано излегување со децата во некоја посрана игротека 1 сат, нема да поминете без 50-60 евра за влез, кафе мафе, сокче сендвич..., да не ставам тука трошоци за сервис на кола, мислам да не редам еден куп работи што никогаш не ги рачунаме, на крај да те стегне еден заб ( а тој не чека ке треба на кредит ке треба да го правиш)
Да не се разбериме погрешно, и јас сум во странство, не ми е целта да го фалам животот во МКД, ама ова твоево на кое ти нашлакале еден куп лајкој мене повеќе ми делува на рибарска прикаска или на лупање онака од ракав.
И јас си правам вакви математики нон стоп, јас сум фамилија како што спомна пар и две деца, јас работам цело работно време, жена ми скратено работно време, околу 6000 долари влегуваат месчно во куќа, и нон стоп си правам ваква математика ко тебе и си бројам колку ќе ми останат и на крај повеќето пати ништо не ми останува, а живеам скромно, без луксузирање.
Пријателе твоја куќа , твој есап.
Животот воглавно се сведува на работа и дома, работничко одело и пижами и јас не бегам од тоа.
Напоменав дека остануват пари доволно за нормален и безгрижен живот, а ти ако секој месец имаш непланирани трошоци по автомобилот би те советувал да го смениш во скоро време да си видеш раат... хаха тоа беше шега.
За берберите и фризурите, ако одиш кај германец можно е и 30 евра да платиш, ако одиш кај турци на пример си плаќаш 9 евра стрижење.
Ако одиш во германски ресторан ќе платиш 100 евра и повеќе, ако посетуваш балкански ( македонски, српски , грчки ) ресторан имаш порција по 10 евра од човек на пример.
Шок беше кога детето во мк ќе се врати од училиште и играјќи ги скинал новите патики па требаше јас да се мислам од каде сега да најдам 50 евра за нови патики бидејќи планиравме овој месец еден пари патики , а непредвидно сега се 2 пара.
Е тоа чувство пријателе, сега го нема.
Јас знам само едно, а тоа е следно: Во јули јас треба да имам на располагање најмалку 3 илјади евра за да си дојдам во МК.( карти авионски , 1 недела одмор на море, да си видам фамилија пријатели и така натаму ), а за преку годината месечно дали 100 евра остануваат или 1000 ич не ми е гајле.
И за крај: јас мојот пост не го напишав за лајкови, туку само пишав бидејќи има некои кои убедуваат дека животот во Македонија не е така лош и дека заработката во странство е всушност иста како и Македонија бидејќи предноста било што имаме сите сопствен дом.
Иако редовно го следам форумов не бев член и кога се зачленив си ветив дека нема да влегувам во дискусии и да се правдам, бидејќи ако земам по форуми да се докажувам и да се правдам нешто не е во ред со мене ( овој пат направив исклучок ).
Воедно тоа е мојот последен пост.
На сите кои се во Македонија им посакувам пред се добро здравје и многу среќа.
На сите кои планираат да заминат од Македонија, ги советувам да бидат храбри и одлучни во својата одлука.
На сите Македонци кои живеат надвор од Македонија, им посакувам се најдобро и да не ја прават истата грешка како мене по форуми да се правдаат и докажуваат на некои дека белото е бело , црното црно