^Exotic^
Wanderstruck
- Член од
- 25 ноември 2007
- Мислења
- 5.969
- Поени од реакции
- 1.059
*Човекот е експерт.*Во Сиднеј Астралија некој изнајмува шатори во претсобје од стан за 130 долари неделно . Јас се заебавам ама работава е сериозна и човекот на видеото е експерт за тие работи.
Од каде ова? Го изваде од останатата архива од непроверени тврдења што ги сееш низ темава? Контекстот во кој што ги користиш мислењава твои се од типот, видете еве едно единачно мислење и ќе го користам како факт за целокупната ситуација за тоа што дискутираме. Сиднеј е скап, меѓутоа затоа платите се многу повисоки во споредба со останатите цени што се спомнуваат во темава за низ западна Европа. Недвнижнините се скапи (посебно за купување), меѓутоа кирија, посебно со 2 примања се покрива без проблем.
Од друга страна, неверојатно е колку многу субјективна дискусија има на темава. Доколку животот во Македонија е толку подобар од странство, ќе имаше доселеници во Македонија што знаеме дека го нема. Единствена причина зошто некој би сметал дека е подобро во Македонија е поради емотивната поврзаност кон државата што потекнува од фактот дека сме израснати тука. Не е возможно да се тврди дека е подобро во Македонија кога според никоја мерка на квалитет/стандард на живот. Балканот не е ни блиску до било која земја што е тука спомната како евентуална дестинација за иселување. Заборавете стандард на живот, правна држава, корупција, економија, вработување, здравство и други разни тракатанци. Дискусијата за тоа дали треба барем да се проба животот надвор од Македонија треба да почне со (не)квалитетот на воздухот во Македонија. Државата и Елдораро да беше, што полза кога нема што да се диши? Евра ќе дишите?