Бегство од Македонија

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
го пресметав само најнеопходното, секојдневни обврски од дома до работа и сл.
Секако дека доколку патуваме некаде на викенд си точам бензин :)
Пресметките ти се за двајца, за еден трошоците ќе бидат речиси исти а приходите дупло помали и нема да остане многу за трошење откога ќе пребиеш приходи расходи.

Девојка ми зимаше 1200 евра нето во јавна администрација така да 1800 евра не е воопшто просечна плата :).

Но супер за вас чим сте се снашле, убаво да чуеш и успешна приказна :).
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Можи и да се немаат снајдено, оти луѓево лажат понекогаш :icon_lol:.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.517
Пресметките ти се за двајца, за еден трошоците ќе бидат речиси исти а приходите дупло помали и нема да остане многу за трошење откога ќе пребиеш приходи расходи.

Девојка ми зимаше 1200 евра нето во јавна администрација така да 1800 евра не е воопшто просечна плата :).

Но супер за вас чим сте се снашле, убаво да чуеш и успешна приказна :).
1200 eвра нето плата во јавна администрација?
Да не работела само по 4 саати зошто не ми е верно ова што го слушам.Премалку е ова.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
1200 eвра нето плата во јавна администрација?
Да не работела само по 4 саати зошто не ми е верно ова што го слушам.Премалку е ова.
Верно е во Австрија за 8 часовно работно време (имаат двоен начин на пресметка, ова е едниот, другиот беше нешто повисока плата но фиксирана), можно е Германија да се нешто повисоки ама не премногу. Луѓево кај нас имаат нереални очекувања од плата од неколку илјади евра што воопшто не е точно.

Ги гледав и британските плати за повеќето струки помеѓу 20 и 30 илјади фунти што кога ќе одбиеш данок воопшто не е многу.

Од кај нас во бедава се е подобро ама освен ако си со јака струка или си студирал таму па продолжуваш да градиш кариера платата ќе биде бајаги умерена.

А кириите се боли глава :).
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Верно е во Австрија за 8 часовно работно време (имаат двоен начин на пресмета ова е едниот, другиот беше нешто повисока плата но фиксирана), можно е Германија да се нешто повисоки ама не премногу. Луѓево кај нас имаат нереални очекувања од плата од неколку илјади евра што воопшто не е точно.

Ги гледав и британските плати за повеќето струки помеѓу 20 и 30 илјади фунти што кога ќе одбиеш данок воопшто не е многу.

Од кај нас во бедава се е подобро ама освен ако си со јака струка или си студирал таму па продолжуваш да градиш кариера платата ќе биде бајаги умерена.

А кириите се боли глава :).
Тие се платите, ако 1800 евра е просечната имаш испод имаш и над тоа. Секој со своја среќа и струка. Ако си зимал тука просечна плата логички е таква да бараш и таму, а не да се спушташ во пониска социјална класа.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Тие се платите, ако 1800 евра е просечната имаш испод имаш и над тоа. Секој со своја среќа и струка. Ако си зимал тука просечна плата логички е таква да бараш и таму, а не да се спушташ во пониска социјална класа.
Секако но есапот тука и таму не е ист. Работник во пекара (фурна) земаше 800 евра што е мала плата. Ова чисто како пример го кажувам.

Струката е најбитна да е барана и по можност да имаш нострифицирана диплома инаку секако нема да стартуваш од иста позиција како тука.

Официјалните статистики се едно но реалноста на терен сосема друга. И таму секоја година се „дотеруваа“ статистиките за вработени и невработени исто како и за висината на просечната плата (и тогаш се чудевме како просечната плата во реалноста е секогаш пониска) :D.
 
И во Македонија се чудат како е проесечната плата 20 000, кога огромен број на луѓе земаат испод тоа. Како мислиш не е ист есапот? Не е ист ако имаш куќа тука и твоите те помагаат инаку човек со испод просечна плата не знам каков стан ќе најде за криија тука.
Инаку да немаш забуни, повеќето збореа за Германија тука и платата што ја кажа е мала бајаги. Ја не сум ни бил, али платите во Мекдоналдс се поголеми од тоа ти што го кажа. Иам колеги што се инженери и што работат таму, не зимаат огромни суми дефинитивно, почнуваат нешто ситно над просекот што е исто ко кај нас.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Во првата реченица спомнав дека е Австрија.
Друже жити све кажи подетално 800€ плата на фурнаџија и 1200€ администрација у Аустрија.Пред малку слетав од Словачка,ретко кој зема испод 900€ таму.Нешто ги имаш измешано брзините или да не збориш за на црно можеби?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Друже жити све кажи подетално 800€ плата на фурнаџија и 1200€ администрација у Аустрија.Пред малку слетав од Словачка,ретко кој зема испод 900€ таму.Нешто ги имаш измешано брзините или да не збориш за на црно можеби?
Во малите градови е така во Виена се повисоки платите. Јас исто бев многу изненаден од плативе затоа што имав замисла дека се доста повисоки.

Не знам како е во Германија, затоа и е темата секој да го каже сопственото искуство.

Најтешка мануелна работа без искуство беше 6,5 евра дневница што е многу малку и главно ја земаат црнци и азијати (Пакистан/Авганистан).

Ова важеше пред неколку години, дали е сега поразлично не знам но можам да прашам.

Секако не правиме муабет за на црно.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.833
Кириите се огин ФАКТ
Трошоци исти како во Македонија : струја, вода , интернет , карти за превоз , бензин, осигурување , данок на возило , данок.
Скриени трошоци нема да имаш ако си го прочитал секој документ од буква до буква каде што си ставил потпис.
Имаш два вида на луѓе кои живеат во странство:
1. Стара генерација гастербајтери кои се навикнати сите пари да ги трупат за кога ќе си дојдат во Македонија да се расфрлаат а во исто време се жалат дека не им е добро таму каде што живеат 11 месеци во годината.
2. Модерна генерација гастербајтери на возраст од 25-40 години кои не им е битно што ќе речат другите па си се "пофалуваат" со тоа што самите си го заработиле т.е ако можам да си пружам повеќе од тоа што сум можел во мк не значи дека се фалам. Тоа што сум си го заработил ќе си се пофалам.
Дали е автомобил од 300 евра дали е автомобил од 50.000 евра мој си е ќе си се пофалам.
Еве ти пресметка
4 члено семејство со две деца.
Татко: 1800 евра
Мајка: 1400 евра
Детски додаток: 2 x 195 = 390 евра
---
Трошок на месешно ниво
Ќирија 600 евра
Струја 100 евра
Вода 80 евра
Интернет 30 евра
150 евра неделно за храна пијалоци.
Осигурување на кола 65 евра
Бензин на кола 80 евра
Кредит за отплата на мебел: 200 евра
Телефон: 100 евра фамилијарен пакет
Карти за превоз 170 евра ( 70 евра за жената , 2 x 50 за децата ).
Кога ќе ги платам сите тие работи имам 1500 евра за остатокот од месецот.
Ако некому 1500 евра пари за трошење му се малку тогаш немам што да надополнам.
Викаш кириите се оган ( не огин, да ве мочам на јазикот) а си пишал 600 евра, па мене ова ми делува и евтино,не знам од каде оган.

друго, ова што си го ишкрапал е во некое добро сценарио, да не правиме колку домашни есапи не излегуваат на пазар.

Оваа математика не секогаш излегува, во многу случаеви не можат двата партнери да работат целосно работно време освен ако некако не се снајдат со некој да им ги чува децата или со градинка ( а тие трошоци не си спомнал).

Спомнуваш 390 евра детски додаток, не го познавам системот во германија ама на прв поглед ми е дискутабилно, ако двата партнера работат целосно работно време не сум сигурен дека би земале целосен приход за деца како и на невработени.

И да ја прифатам твојата математика, крајна сметка 1500 евра за трошоци или 350 евра неделно ( не вклучувајќи ги непланираните трошкови) па да ти кажам и не е некоја пара, една вечера да напрајте вие како пар и две деца (како што спомнуваш) отидоа 100евра, сите да отидете на срижење и фризура за жената отидоа другите 150 евра. А секоја недела излегува нешто, едно ебано излегување со децата во некоја посрана игротека 1 сат, нема да поминете без 50-60 евра за влез, кафе мафе, сокче сендвич..., да не ставам тука трошоци за сервис на кола, мислам да не редам еден куп работи што никогаш не ги рачунаме, на крај да те стегне еден заб ( а тој не чека ке треба на кредит ке треба да го правиш)

Да не се разбериме погрешно, и јас сум во странство, не ми е целта да го фалам животот во МКД, ама ова твоево на кое ти нашлакале еден куп лајкој мене повеќе ми делува на рибарска прикаска или на лупање онака од ракав.

И јас си правам вакви математики нон стоп, јас сум фамилија како што спомна пар и две деца, јас работам цело работно време, жена ми скратено работно време, околу 6000 долари влегуваат месчно во куќа, и нон стоп си правам ваква математика ко тебе и си бројам колку ќе ми останат и на крај повеќето пати ништо не ми останува, а живеам скромно, без луксузирање.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Цел свет се сведува, т.е. оди на ефтина работна рака. Затоа и Германија и сличните, бараат работници од Сирија, Таџикистан, Непал и Балканот.
После да не ве чуди што платата ви е 1.200 евра во Германија, Англија, Австрија.
Кај нив 1.200 е кај нас 140 евра.

Вие мислите со 1.200 плата ќе поминете сушер во Германија.
А каде е храна и пијалоци, па ќе сакаш да не напиеш кафе/пиво, да се олабавиш да шетнеш негде во парк, природа, до другиот град.

Нема таква слобода во Германија и работа, две во едно нема. Таму или "арбајтен" или шетање и уживање.
Двете заедно нема.

Да не е ваква работата каква што е во Македонија, овде е најубаво и за работа и за живеење. Дури може и двете да се комбинираат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom