Бегство од Македонија

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од STEALTH, 13 септември 2015.

?

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  1. Германија

    45 гласови
    26,8%
  2. Шведска

    35 гласови
    20,8%
  3. Италија

    4 гласови
    2,4%
  4. Франција

    3 гласови
    1,8%
  5. Малта

    5 гласови
    3,0%
  6. Обединетото Кралство

    15 гласови
    8,9%
  7. Ирска

    8 гласови
    4,8%
  8. Белгија

    4 гласови
    2,4%
  9. Холандија

    14 гласови
    8,3%
  10. Данска

    10 гласови
    6,0%
  11. Австрија

    13 гласови
    7,7%
  12. Словенија

    8 гласови
    4,8%
  13. Полска

    4 гласови
    2,4%
  1. Наќо Скопски

    Наќо Скопски Поручуе

    Член од:
    3 април 2017
    Мислења:
    3.578
    Допаѓања:
    5.687
    Пак се фативте за тие пари проклети...Абе вие разбирате дека тука у автобус да се возиш е неподносливо?Било каде да мрднеш по ЕУ кога ке се вратиш гушење осеќаш.Ред,дисциплина и сигурност тука нема никогаш да почуствуваш.2000€ плата да зимаш во Македонија,пак неможеш квалитетот на животот да го подобриш.Секое утро кога излегуваш од дома започнува некаков кошмар.Најмалку еднаш дневно доживуваш некаков стрес
     
    На Krstev, ВардарскиМКД, Sasa Ilic и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    14.704
    Допаѓања:
    7.527
    тоа е втора исто битна работа иако најголем дел квалитетот го прават парите. Ова беше повеќе во контекст на муабетот овде се шетало, таму не и друго тресење глупости
    За институции и нефункционирање на државата во целина веќе е зборено, на моменти се пишманам што ја нарекувам и држава. Али од друга страна, зошто е тоа така...веројатно децении децении сиромаштија и со тоа и корупција, криминал, масовен уплав и параноја...али тоа е друга тема.
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Наќо Скопски

    Наќо Скопски Поручуе

    Член од:
    3 април 2017
    Мислења:
    3.578
    Допаѓања:
    5.687
    Абе еве за пример земи го Бафра кој стравот од улични кучиња му наложил да оди по градот наоружан со отровни виршли у џеб и нож на појас.Знаеш ли кое растеретување ке му биде да се отсели и да се шета слободно?Да диши чист воздух,да ја почуствува слободата.Ниедни пари на свет неможат некои работи да ти надоместат.Слетуваш од авион прв хорор паднал системот на МВР четири колони по 50 души викаат по џандарите,вриштат деца,рандом 70 годишен љок ти диши у врат залепен позади тебе,се вртиш да му кажеш да не се турка у тој момент булата у лице ми се накашла хорор,да платиш билет за паркинг автоматот не прима пари дефект,доаѓа после 15 минути еден таман го оправа еден на рампа незнае тикетот у автоматот да го убаци излагаш од кола да му помогнеш.Стигам дома,снема струја компјутерот не се уклучува,сабајле на паркинг пред зграда брзаш а некој те заглавил на паркинг да неможеш да излезеш.Значи ништо неможеш да планираш,се ти зависи од околината,од баграта што те опкружува
     
    На Krstev, Македонија 1932, Spiegel и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    75.947
    Допаѓања:
    155.811
    Бонус: Некој ноќта си работел на Илинденска и оставил кратер колку една дневна соба, ни обележано ни затрупано и си седи кратерот со месеци. Исто така кога една зграда ќе се крене или патека ќе се избетонира или намести со бекатон, си останува така а не се буши и копа по 3-4 пати само за да се вртат парите. Се будиш сабајле хрррр дрррррр со бормашини и како и да се вика она бетон што копа. Најтрагично е што како народ не сме свесни такви звуци и шокови каков стрес му предизвикуваат на организмот и после сме вжештени глави, епа како да не сме.
     
    Krstev, Sasa Ilic, ЈуријАркадиевич и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Наќо Скопски

    Наќо Скопски Поручуе

    Член од:
    3 април 2017
    Мислења:
    3.578
    Допаѓања:
    5.687
    Другарка на жена ми,остана без работа 3 недели борба води со здраствен фонд,под нејзин број завеле некојси Бесим неможе преглед да закаже а има здраствени проблеми накрај се откажа 200€ приватно плати а 20 години претходно плаќала а ниеднаш на лекар не била.Толку е гнило све да неможе да се поправи
    --- Споено дупло мислење, 15 март 2019 во 00:10 ---
    Татко ми после 40 години работен стаж го оставија без сини картони,почна да го гуши мислевме срцето,за коренеографија ни земаа 3000€ капар за у случај стентови ако требало да му ставаат.И он претходно за тие 40 години дали 2 пати бил на лекар
     
    На Krstev, k0k014, Natural-girl и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    14.704
    Допаѓања:
    7.527
    абе добар дел од тоа сите го гледаме и осеќаме на своја кожа. Ред споредби и критики сум правел низ темиве токму за институциите така да за нефункционирање... Ова е, како уште неколку низ балканов, хибридна творба, експеримент.
    Таа реалност е бонусот во кој живееме, дупло заебани, од штркот.
     
    snatch, Sasa Ilic, Ilumious и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dardan-ia

    Dardan-ia

    Член од:
    30 ноември 2007
    Мислења:
    5.941
    Допаѓања:
    3.063
    Му текнало на соседот да отвори авто перална, на друг да направи работилница па бучи цела населба, третиот на полноќ повикува другар свирејќи со кола, четвртиот гори улје, пластика и свашта, петиот се паркирал на самиот агол на крстосницата па треба да кружиш заради него, шестиот изградил куќа од 4 спрата а нема планирано ниедно паркинг место итд.
     
    На PituGuli55 и Krstev им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    7.493
    Допаѓања:
    2.071
    Да, во право си. Ние Македонците сме граѓани од трет ред. Први сте вие, втори се Ромите.
     
    На snatch, k0k014 и fatigoova им се допаѓа ова.
  9. bucio

    bucio Урбан индијанец.

    Член од:
    8 јули 2008
    Мислења:
    15.597
    Допаѓања:
    7.100
    [​IMG]
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  10. k0k014

    k0k014

    Член од:
    10 септември 2016
    Мислења:
    2.714
    Допаѓања:
    3.480

    Хахааххахахаххахахахахахах
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    75.947
    Допаѓања:
    155.811
    Многу е тоа, стриктно под мост.
     
    На BilboBaggins му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Che59

    Che59

    Член од:
    28 февруари 2017
    Мислења:
    2.175
    Допаѓања:
    2.092
    Јакиот момент е што патриотов ист штос користи на сите теми поврзани со останување или одење од Северџастан!
    Крлежите у хаос, паника се крева, уште 5-6 години или ќе изумреме или ќе одиме во пензија ние кои немаме реална шанса за емигрирање! Наградно питање: кој ќе ги храни шарениве и лепачите на плакати после?
     
    Krstev, Sasa Ilic, Ilumious и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    75.947
    Допаѓања:
    155.811
    Лисицата и грозјето муабет царе :)

    зошто другите да си ја остварат целта кога Х лик не успеал, нека ја делат мизеријата. Има негативности живеењето во странство, нормално ама не е апокалиптично како што е претставено и кога ќе ги ставиш работите на вага, минусот се губи. Точно дека кириите во некои градови се изгор ама нема ништо срамно да живееш со цимер или со нели здравје кога ќе дојде времето, со животен партнер.
     
    На Krstev, Xibalba и Sasa Ilic им се допаѓа ова.
  14. Che59

    Che59

    Член од:
    28 февруари 2017
    Мислења:
    2.175
    Допаѓања:
    2.092
    Незнам за какви негативности зборувате? Кирии, превоз или нема мама, нема тато? Све што може да се плати со пари не е проблем, него трошок! Западњакот секогаш ќе се грижи барем за нормален живот да ти плати, така да нема проблем. Е сега ако сакаш повеќе од обично преживување, бујрум, учи, испоти се, научи јазик , локални обичаи и оала еве те за две-три степеници погоре во системот. Па барем ние од Мк немаме проблем со иницијално прифаќање од западњаците, белци, со нормален изглед и животни навики, додека да сфати дека си странец, веќе добил првичен позитивен впечаток за тебе.
    Јас искрено кога одев да работам настрана, само што ќе излезам од Македонија, порано и од Југа, одма послободно се чувствував! Ниво на стрес за три пати помало одма после пасошка контрола.
     
    На Igorcemk, Krstev, Xibalba и уште 8 други им се допаѓа ова.
  15. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    75.947
    Допаѓања:
    155.811
    Епа ова што си го пишал ти не може да им се објасни на 2-3ца тука и се мелат неповрзани глупости.
     
    На Zhan, Krstev и Che59 им се допаѓа ова.

Сподели преку: