Бегство од Македонија

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
И

Име И Презиме

Гостин
Па не сум келнер, но мислам дека не сум ни далеку од амал.Работам во германска компанија.Што се однесува до факултетот искрено не ми е многу жал што не го завршив, бидејќи се запишав само за програмирање ама имаше еден тон други работи кои не ми се допаѓаа.Добра работа е што имам една добра основа од факултетот, односно ги "навлажнив" нозeте па имам една основа во 2 програмерски јазици па можам во таа област некако да се надоградам.
Несакав да те навредам нити иницирав да кажеш што работиш.
Ѕирни огласи германски прати маил и цб види каков фидбек ке има.Направи чекор нема што да загубиш.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
Несакав да те навредам нити иницирав да кажеш што работиш.
Ѕирни огласи германски прати маил и цб види каков фидбек ке има.Направи чекор нема што да загубиш.
Не се навредив, те сватив што сакаш да кажиш.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.726
Малце офф но сакам да прокоментирам.Оние што се вработуваат од партија за 300 еу со средно метлачко се дно за себе и за државата.Разбирам образован кадар да се пика, има и што да понуди.Би се срамел од себе да бидам вечен дилжник за вработување такво.Има во Конго назачки да отидам сам и да се изборам за многу повеќе во животот.
Би рекол кај и да се оди чувството на странец ке постои секогаш.
Знаеш, кога иде во прашање јазикот, луѓето околу тебе и начинот на живот кога си во странска земја, секогаш ќе се осеќаш ко странец, ако не се одлучиш да се навикнеш на тоа.

Ако си најдеш пријатели и се асимилираш убаво во новата средина, многу помалце се чувствуваш како странец. Ова барем јас вака го сфаќам, бидејќи гледам како јас, а и тие што ги знам кои живеат на страна како се чувствуваат кога зборуваме.

Моите сакаа(т) да се вратат во Македонија кога ќе се во пензија, ама кога одат на одмор во мкд по 2-3 недели по 2-3 пати во годината, едвај чекаат да се вратат од таму бидејќи само за политика им зборат. А и пријателите кои биле големо друштво, секој со секој е скоро скаран или се немат баш ради таа политика. А само 1 од 10 души дали видел било каков аир од политика, од тие што ги знам.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
Во мое опкружување има луѓе кои место да одат да шетаат на море ваму таму, се расправаат со секојдневието во FYROM, ела сега разбери ги овие луѓе.Ај ќе речиш не се снајдоа таму па не се од поимотните "странци", ама пак имаат.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Животот во Канада, Куќа- дом-соба-кревет

Живот

Настани

Фото/Текст извор: ©скопје инфо
Пред нешто помалку од една деценија побегнавме од Балкан, како и многу други во потрага по подобар живот. Иако сопругот ме убедуваше дека таму не е баш место за мене, цврсто бев убедена дека сакам да одам таму. Кога кажувам дека од Канада сакам да се вратам во Македонија, луѓето ме гледаат чудно и не ми веруваат.
На своето прво летање преку океанот воопшто и не се сеќавам, бидејќи испив секаква можна таблета за спиење, за летот да помине што побрзо. Се сеќавам само на турбулентното слетување и слики од канадски прерии, од кои се ми се превртуваше во желудникот, дури и од птичја перспектива.
Сфатив дека веќе се наоѓам многу километри далеку од сите. Од својот живот, кој го градев 27 години.

Прво што приметив на улиците е дека се константно празни. Нема луѓе, но има автомобили…
Опсесијата со храна е болест. Тоа најубаво се гледа во Канада. Од мали нозе децата ги учат да бидат индивидуалци, па кога ќе дојдат до одредени години, не им останува ништо друго, туку само да јадат. Најевтина забава… Дружењето е многу површно. Ретко до сега сме забележале деца како си играат некаде. Ќе видиш мајки со деца во парк, но секое на своја страна. Никој со никого не зборува, не се држи…
Постепено сфаќав дека канаѓаните немаат вистински пријатели. Тие се интерни ѕверови, живеат од денеска за утре, чекајќи еден ден да умрат.

Куќа- дом-соба-кревет, додека се мали, а куќа-работа-телевизор-кревет, во повозрасни години.
Патувањата се прескапи, и малку од нив можат тоа да си го дозволат. Но, затоа гардеробата “made in China” им е секогаш достапна.


Улиците во Монтреал, убави за очи но празни за срце, што всушност и го опишува младата Скопјанка во Канада
Но, никогаш од нив нема да слушнеш како први ќе се пожалат од својата држава. Но, кога јас ќе почнам да зборувам за висината на порезот и трошоците за живот, тие сите се незадоволни. Се копаат во долгови и не можат да мрднат никаде од својата хипотека и празните кредитни картички.

Да, и тука има мајки кои немаат доволно пари за да платат забар за своите деца. А јасно е и зошто. За чистење на кариес на четири заби, на четиригодишно дете, дадовме 3.200 долари… Станард е само голема куќа и автомобил и тоа на кредит. За се друго, се, со празни џебови.

За да отидеш на лекар, мораш да чекаш со месеци… За ставање пломба на заб на возрасен човек чини околу 700 долари, за имплант помеѓу 5 и 15.000 долари.
Просечна годишна плата во Канада е околу 50.000 долари. Порез за куќа е околу 4.000 долари годишно.
Кока кола снима реклама за среќни семејства за Божиќ, а тогаш званично се случуваат најмногу самоубиста во Канада.


Секојдневие во Канада и другите европски градови. Музичари кои никој не ги забележува
Мултикултурноста им е голем проблем. Не се поднесува никој со никого. Сите сме ние таму, а суштински живееме во својата матична земја.
Има многу несреќни луѓе.

Надвор минус 40 степени. А снег колку сакаш. И копање и чистење секое утро, една иста приказна.
Рестораните без луѓе, а и улиците пусти. Во главниот град на Канада, каде и живеам, летна програма на некој измислен плоштад, веќе седма година по ред ја потполнува еден ист акробат…

Слобода како во Македонија? Ни на сон… Да можеш гласно да се изнасмееш и на среде улица?

Не ни помислувај. Да седнеш барем еднаш во неделата во ресторан на ручек? Па после ќе бидеш просјак до наредната плата… Ај моја Македонијо. Едвај побегнав од тебе. Сакав нешто ново, поубаво… Сакав опуштен живот…

Во Македонија да, немав пари, ама имав мирен живот. Имав слобода. Децата се други. Луѓето се сиромашни, ама насмеани.


https://www.magazin.mk/животот-во-канада-куќа-дом-соба-кревет/
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.436
Во главниот град на Канада, каде и живеам, летна програма на некој измислен плоштад, веќе седма година по ред ја потполнува еден ист акробат…
Ташно :(
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Канада ти е најдобро место за живеење, со плата, со слобода, со џоинт и со све.

"Од мали нозе децата ги учат да бидат индивидуалци, па кога ќе дојдат до одредени години, не им останува ништо друго, туку само да јадат."

Врв!
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
и пулицерова награда за 2018 година оди кај ...
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Животот во Канада, Куќа- дом-соба-кревет

Живот

Настани

Фото/Текст извор: скопје инфо
Пред нешто помалку од една деценија побегнавме од Балкан, како и многу други во потрага по подобар живот. Иако сопругот ме убедуваше дека таму не е баш место за мене, цврсто бев убедена дека сакам да одам таму. Кога кажувам дека од Канада сакам да се вратам во Македонија, луѓето ме гледаат чудно и не ми веруваат.
На своето прво летање преку океанот воопшто и не се сеќавам, бидејќи испив секаква можна таблета за спиење, за летот да помине што побрзо. Се сеќавам само на турбулентното слетување и слики од канадски прерии, од кои се ми се превртуваше во желудникот, дури и од птичја перспектива.
Сфатив дека веќе се наоѓам многу километри далеку од сите. Од својот живот, кој го градев 27 години.

Прво што приметив на улиците е дека се константно празни. Нема луѓе, но има автомобили…
Опсесијата со храна е болест. Тоа најубаво се гледа во Канада. Од мали нозе децата ги учат да бидат индивидуалци, па кога ќе дојдат до одредени години, не им останува ништо друго, туку само да јадат. Најевтина забава… Дружењето е многу површно. Ретко до сега сме забележале деца како си играат некаде. Ќе видиш мајки со деца во парк, но секое на своја страна. Никој со никого не зборува, не се држи…
Постепено сфаќав дека канаѓаните немаат вистински пријатели. Тие се интерни ѕверови, живеат од денеска за утре, чекајќи еден ден да умрат.

Куќа- дом-соба-кревет, додека се мали, а куќа-работа-телевизор-кревет, во повозрасни години.
Патувањата се прескапи, и малку од нив можат тоа да си го дозволат. Но, затоа гардеробата “made in China” им е секогаш достапна.


Улиците во Монтреал, убави за очи но празни за срце, што всушност и го опишува младата Скопјанка во Канада
Но, никогаш од нив нема да слушнеш како први ќе се пожалат од својата држава. Но, кога јас ќе почнам да зборувам за висината на порезот и трошоците за живот, тие сите се незадоволни. Се копаат во долгови и не можат да мрднат никаде од својата хипотека и празните кредитни картички.

Да, и тука има мајки кои немаат доволно пари за да платат забар за своите деца. А јасно е и зошто. За чистење на кариес на четири заби, на четиригодишно дете, дадовме 3.200 долари… Станард е само голема куќа и автомобил и тоа на кредит. За се друго, се, со празни џебови.

За да отидеш на лекар, мораш да чекаш со месеци… За ставање пломба на заб на возрасен човек чини околу 700 долари, за имплант помеѓу 5 и 15.000 долари.
Просечна годишна плата во Канада е околу 50.000 долари. Порез за куќа е околу 4.000 долари годишно.
Кока кола снима реклама за среќни семејства за Божиќ, а тогаш званично се случуваат најмногу самоубиста во Канада.


Секојдневие во Канада и другите европски градови. Музичари кои никој не ги забележува
Мултикултурноста им е голем проблем. Не се поднесува никој со никого. Сите сме ние таму, а суштински живееме во својата матична земја.
Има многу несреќни луѓе.

Надвор минус 40 степени. А снег колку сакаш. И копање и чистење секое утро, една иста приказна.
Рестораните без луѓе, а и улиците пусти. Во главниот град на Канада, каде и живеам, летна програма на некој измислен плоштад, веќе седма година по ред ја потполнува еден ист акробат…

Слобода како во Македонија? Ни на сон… Да можеш гласно да се изнасмееш и на среде улица?

Не ни помислувај. Да седнеш барем еднаш во неделата во ресторан на ручек? Па после ќе бидеш просјак до наредната плата… Ај моја Македонијо. Едвај побегнав од тебе. Сакав нешто ново, поубаво… Сакав опуштен живот…

Во Македонија да, немав пари, ама имав мирен живот. Имав слобода. Децата се други. Луѓето се сиромашни, ама насмеани.


https://www.magazin.mk/животот-во-канада-куќа-дом-соба-кревет/
Штo прoчитaв лoл. Викaм јa зa сељaци дестинaцијa некa си oстaне Скoпје (иoнaкa гo препoлнaa), немa штo дa бaрaaт нaдвoр, ќе ги кoпкa oнa бaлкaнскoтo вo нив.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.344
Поени од реакции
22.648
Нема потреба за чудење или исмејување ако на некој не му се допаѓа одредена земја или град.

Треба да се обрни доста внимание на деталите кога веќе размислува некој за селидба. Животот не е ист во Берлин, Хамбург, Минхен или Лајпциг а не пак други држави/континентни.

Мој совет е секој што е можно побрзо да раскрсти дали трајно се иселува или иде на печалба. Ако подоцна имаш услови секако може да смениш и мислење ама во старт најдобро е да заминеш со зацртани цели.

Климатските услови (колку ова и да звучи смешно) играат голема улога во тоа дали следната дестинација ќе ви се допадне, ќе ве мотивира а со тоа ќе имате повеќе шанси за успех и прилагодување во новата средина.

Владеењете на локалниот јазик е исто така битно. Колку и да си спремен од МКД рачунај ќе ти треба време да се уходаш на сленгот, на стручниот говор.

После тоа може да гледате пари и услови. Гледајте каде повеќе ви се цени професијата а не просечни плата или стандарад на државата. Не секаде повеќе пари значи и подобар живот. Под услови разгледајте/размислете што ќе ви треба наредните години и како/каде може полесно да го добиете. Ако планирате фамилија Чешка на пример има одлични услови каде буквално 3 години следува помош за мајката (70% од платата или така нешто беше) плус и го чуваат работното место. Колку за споредба во Америка имаш 6 недели неплатен одмор, во Австралија едно време имаше некаков бонус од неколку илјади долари еднократно сега тоа е укинато, мислам дека до кај 1000 долари (што не е ништо за АУС) социјално сега им даваат и до година дена само се чува работното место. Кредитирање и услови ви се исто битни, во Швајцарија на пример нема шанса да купиш стан пошто бараа огромен депозит 20% + кој неможе да се собере, пошто цените растат побрзо од што вие ќе заштедите од друга страна во АУС ако исполнуваш одредени услови ти треба 5%.

Се на се денес бар е лесно, имате интеренет малку истражете пред да одлучите каде а и размислите што сакате и дали е странство за вас. Тие што тргаат со замисла само подалеку од МКД, бегство од Македонија ко што е насловот на темата обично прават многу грешки, некој помали а некој богами и и од кој нема враќање.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.865
јас сум во Аус и се чуствувам како во блиски исток или Азија , ако поседам уште малку може ќе почнам да се чуствувам и како во Африка, веќе сериозно почна да ме копка она балкаското што спомна некој погоре, со господ напред во догледно време се гледам во МК, јас доволно бегав, ми се смачи од бегање.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.959
Како падна одлуката да почнам да го изучувам Германскиот и зошто баш тој? Значи единствен начин кој го знам сега за да заминам со нашиов пасош е, да научам германски не знам до кое ниво таму се бара, па да аплицирам за работа преку агенцијата Контекст.Ова е единствениот начин кој го знам во моментов а доколку би нашол посредник верувај ми не жалам пари за оваа работа, меѓутоа ете не се погодила прилика.Другото се шо го напиша е на место, знаеш јас долги години бев во "комфорна зона" па не се грижев за иднината, а сега некоја година од кога работам, кога се смешав со луѓе да речам, кога видов колеги како се жалат на тоа дека "рмбаат" некои од 18 години почнале пример, а притоа немаат скршен денар на страна, јас тогаш почнав да се будам.
Преку Контекст и слични агенции/посредници со работа во Мекдоналдс или Бургер Кинг тешко да заработиш повеќе од 2000 долари чисти во тие 3 месеци, имаме искуство и со Кемалоски и со Контекст и испаѓа дека или нема да ти даваат доволно саати, или пак губиш денови за да ти извадат санитарни книшки и што уште не.
Друга финта, не бирај голем град, колку помал град толку пониска киријаа и трошоци за превоз, а цената за работен саат е секаде скоро 9 евра бруто. Ако успееш да си го вратиш данокот и да ја избегнеш УЈП, можеби и ќе догураш до кај 2300 евра чисти и тоа да работиш цели 3 месеци и да имаш кирија околу 300 евра и по можност ефтин градски превоз.[DOUBLEPOST=1535445213][/DOUBLEPOST]
Животот во Канада, Куќа- дом-соба-кревет

Живот

Настани

Фото/Текст извор: ©скопје инфо
Пред нешто помалку од една деценија побегнавме од Балкан, како и многу други во потрага по подобар живот. Иако сопругот ме убедуваше дека таму не е баш место за мене, цврсто бев убедена дека сакам да одам таму. Кога кажувам дека од Канада сакам да се вратам во Македонија, луѓето ме гледаат чудно и не ми веруваат.
На своето прво летање преку океанот воопшто и не се сеќавам, бидејќи испив секаква можна таблета за спиење, за летот да помине што побрзо. Се сеќавам само на турбулентното слетување и слики од канадски прерии, од кои се ми се превртуваше во желудникот, дури и од птичја перспектива.
Сфатив дека веќе се наоѓам многу километри далеку од сите. Од својот живот, кој го градев 27 години.

Прво што приметив на улиците е дека се константно празни. Нема луѓе, но има автомобили…
Опсесијата со храна е болест. Тоа најубаво се гледа во Канада. Од мали нозе децата ги учат да бидат индивидуалци, па кога ќе дојдат до одредени години, не им останува ништо друго, туку само да јадат. Најевтина забава… Дружењето е многу површно. Ретко до сега сме забележале деца како си играат некаде. Ќе видиш мајки со деца во парк, но секое на своја страна. Никој со никого не зборува, не се држи…
Постепено сфаќав дека канаѓаните немаат вистински пријатели. Тие се интерни ѕверови, живеат од денеска за утре, чекајќи еден ден да умрат.

Куќа- дом-соба-кревет, додека се мали, а куќа-работа-телевизор-кревет, во повозрасни години.
Патувањата се прескапи, и малку од нив можат тоа да си го дозволат. Но, затоа гардеробата “made in China” им е секогаш достапна.



Улиците во Монтреал, убави за очи но празни за срце, што всушност и го опишува младата Скопјанка во Канада
Но, никогаш од нив нема да слушнеш како први ќе се пожалат од својата држава. Но, кога јас ќе почнам да зборувам за висината на порезот и трошоците за живот, тие сите се незадоволни. Се копаат во долгови и не можат да мрднат никаде од својата хипотека и празните кредитни картички.

Да, и тука има мајки кои немаат доволно пари за да платат забар за своите деца. А јасно е и зошто. За чистење на кариес на четири заби, на четиригодишно дете, дадовме 3.200 долари… Станард е само голема куќа и автомобил и тоа на кредит. За се друго, се, со празни џебови.

За да отидеш на лекар, мораш да чекаш со месеци… За ставање пломба на заб на возрасен човек чини околу 700 долари, за имплант помеѓу 5 и 15.000 долари.
Просечна годишна плата во Канада е околу 50.000 долари. Порез за куќа е околу 4.000 долари годишно.
Кока кола снима реклама за среќни семејства за Божиќ, а тогаш званично се случуваат најмногу самоубиста во Канада.


Секојдневие во Канада и другите европски градови. Музичари кои никој не ги забележува
Мултикултурноста им е голем проблем. Не се поднесува никој со никого. Сите сме ние таму, а суштински живееме во својата матична земја.
Има многу несреќни луѓе.

Надвор минус 40 степени. А снег колку сакаш. И копање и чистење секое утро, една иста приказна.
Рестораните без луѓе, а и улиците пусти. Во главниот град на Канада, каде и живеам, летна програма на некој измислен плоштад, веќе седма година по ред ја потполнува еден ист акробат…

Слобода како во Македонија? Ни на сон… Да можеш гласно да се изнасмееш и на среде улица?

Не ни помислувај. Да седнеш барем еднаш во неделата во ресторан на ручек? Па после ќе бидеш просјак до наредната плата… Ај моја Македонијо. Едвај побегнав од тебе. Сакав нешто ново, поубаво… Сакав опуштен живот…

Во Македонија да, немав пари, ама имав мирен живот. Имав слобода. Децата се други. Луѓето се сиромашни, ама насмеани.


https://www.magazin.mk/животот-во-канада-куќа-дом-соба-кревет/
Мене овие ваквите текстови ми изгледаат повеќе како спонзорирани од влада и слично, не дека нема луѓе што се имаат заебано со отселувањето, напротив како што пиша кано погоре има многу кои не знаејќи која им е целта во животот се внесуваат во поголеми проблеми.
Прво Монтреал е еден од потешките градови за да се отселите во Канада, општо целата територија на Quebec преку Express Entry бара познавање дури и на Француски, а друга работа е што баш напротив, имаат солиден стандард на државно ниво.
Е сега секој како ќе успее да се прилагоди и снајде, имате луѓе што бегаат од мкд, а немаат никаква навика за работа, додека се тука или работеле нешто лаганица или не почнале да работат до свои 30 години и со отселувањето сфаќаат дека помошта од мама и тате им е завршена, па ајде депресии од старт, па навиките за излегување, имам пријатели што во мкд не се дома прибрани, пак мама и тате даваат пари, тие се шетаат од клуб во клуб, од кафана во кафана и животот е топ, па следен проблем климата и тн.
Има многу варијабли кои треба секој да си ги разгледа пред да тргне да се отселува некаде, имате страни каде што ги имате цените на продуктите и кириите за секоја држава, седнете и направете си ја математиката во ексел колку ќе заработувате, колку даноци и кирии треба да платите, колку ќе ве чини храната, здравството, па после решете каде ќе се селите.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
седнете и направете си ја математиката во ексел колку ќе заработувате, колку даноци и кирии треба да платите, колку ќе ве чини храната, здравството, па после решете каде ќе се селите.
Најчесто, оваа математика не можеш да ја знаеш, се' додека не отидеш таму. Можеш да напраиш нешто како груб концепт и да гледаш оптимистички, а да проаѓа време и да срљаш у празно.....и да не се лажеме - дури и да си „земен“ од овде не значи дека ќе заработуваш како тој што има исто години и работен стаж, а е локалец - тој филм никаде го нема. Посебно што добар процент и од државите од Европа не чуле за нас, па гледаат со скепса, а за надвор од Европа да не ни зборам.

Е сега секој како ќе успее да се прилагоди и снајде, имате луѓе што бегаат од мкд, а немаат никаква навика за работа, додека се тука или работеле нешто лаганица или не почнале да работат до свои 30 години и со отселувањето сфаќаат дека помошта од мама и тате им е завршена, па ајде депресии од старт, па навиките за излегување, имам пријатели што во мкд не се дома прибрани, пак мама и тате даваат пари, тие се шетаат од клуб во клуб, од кафана во кафана и животот е топ, па следен проблем климата
Не може да се генерализира вака. Многу зависи и дали си отиден со веќе формирано семејство или сам и проблемите таму се од друга природа. Со семејство ти требаат брдо пари за да го едуцираш, здравствено осигураш, нахраниш, а сам - те јаде самотија. Има луѓе што и овде чесно работеле и се судираат со тие проблеми, затоа што после 30-та година и не е баш лесно да се социјализираш. Дури и во самиот град каде живееш ти се стеснети круговите на движење.
Дури и кога ќе ми кажат „абе бави се со спорт“ - ок, ќе кажам дека спортовиве што се практикуваат кај нас реално „за без пари“, по светов се бизнис и секој те гледа како новчаник што дополнително некако ти ги упропастува мотивите. Стерилноста на одредени градови е работа што е многу реална, посебно за гратчиња-селца од северна Европа, кадешто самоубиство и не ти личи дека е многу нерационална опција. Викаш „одбирај мали места“ - за трошоците тоа е точно, ама за „понудата за живот“ е катастрофално. Мене ми е очајна оваа „моловска, конзумеристичка“ (не е ни) култура - на некој начин престојуваш у некоја машина за молзење и гниеш цела недела на работа за да можеш уопште и да отидеш до таму за да се изнатрошиш по глупости.
На крајот, искуството е лична работа. Не сме сите исти по образование, по пол, по ставови, по изминато искуство, карактер...Мене ми било истовремено жално и смешно кога ќе видам наши луѓе како работат некои работи во странство од типот „абе во молов сум додека најдам по струка“, а работи 6 дена во неделата, од кои викенд не е слободен ден пошо молот за викенд е преполн. Работата е по 12 саати, патувањето до работа по саат време во правец и додека светнало, го изела монотонија и напраил 10 години стаж така и веќе во секторот во кој има некаква диплома е „стар без искуство“.....епа ако сакам да работам по 8 саати со прописни викенди, празници и прописен одмор - испаѓа јас сум мрзливиот?
Мислам дека сите во темава многу генерализираат. Јас сум еден од тие што најмногу го хејтаат хаосот во државава, безидејноста, нефункционалноста....меѓутоа, тоа што сум го видел од наши луѓе (мислам и воопшто балканци), како функционираат по тие средини - многу, многу би размислил дали вреди во одредени ситуации и повеќе ми личи дека е нелогично. Нормално, у Скопје чоек може да настрада и у улична трка или да не му дојде брза помош пошо и снемало бензин или воопшто од загадување на воздух и никој да не одговара ни за ништо...
НЗС на темава е тешко да се најде. Ставовите про и контра се многу силни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom