- Член од
- 21 ноември 2005
- Мислења
- 5.226
- Поени од реакции
- 954
Во основно не бегав, немаше шанси, училиштето беше мало, ние како ученици исто така малку, сите наставници не` знаеја и веднаш ќе забележеа доколку некој фалеше.
И средното ми беше строго во поглед на отсуства, но секако помалце отколку основното.
Тука беше глупаво што за се` и сешто мораше да се доведе родител да те оправда.
Па така, во III-та година избегав два пати од хемија и татко ми беше приморан да дојде да ме оправда лажно дека ми се слошило и затоа сум отишол дома, па поради тоа веќе не практикував да му кажувам да ме оправдува и си продолжив со бегање (единствено и само од тој предмет, бидејќи не го сакав) уште 3-4 пати, само што тоа беше ептен на крај на година и класната ни ги оправда тие изостаноци.
Е веќе во IV-та, особено во второ полугодие, колективно цел клас бегаше, освен оние кои што имаа претерана цифра на неоправдани и мораа да остануваат на часови. Се сеќавам дека уште неотиден на школо, си планирав од кој час да си одам Едноставно не се седеше, сите ми беа петки, немаше потенцијален ризик да ги расипам баш пред крај, и на професорите веќе не им се предаваше (нечест на исклучоци).