Баро не нарече Северна Македонија

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
И чаре ??сега димитар?

Како беше она меркалиевото.. тоа што најмногу го бараш ..пред тебе е а не го гледаш ...
 
Член од
17 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
16
чаре да се истрае ако не
Клети ќе бидеме, ќе бидеме генерацијата која што се откажа од единственото нешто кое што го поседуваме, генерација која нема да има оправдување, ќе биде запишано дека ние сме биле гнидите кои што не се бореле, ќе бидеме генерација без приказна.
Најголемите македонски крвници од 20-тиот век ќе бидат светци во споредба со нас, името нема да ни го споменуваат, пролив ќе ги фаќа луѓето кога ќе помислат на нас, никој нема да се обиде да најде оправдување за нас [ а ако бог постои сме го јаделе стапот ].
Гробовите ќе ни ги ископачат, на земјата во која гнијат нашите коски ќе се помочаат и врз нив ќе изградат трговски центар.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Се согласувам со некој погоре што напиша дека ова е мало поклонче до јужниве соседи и давање на предност во нивниот став пред наредното интензивирање на преговорите.
Се надевам само дека Премиерот и неговите соработници ќе соберат доволно сила да ја издржат и оваа битка, за почеток може да се организира некој мирен протес за името или најмалку да се направи една објективна анкета во која народот ќе може да се изјасни дали е за влез во Еу, НО дали истото го посакува по цена на името или не.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мојот став околу името и т.н. преговори околу него е оддамна кажан, и образлаган тука на Политика и вести.
И ова, го сметам како дел од специјалната војна, и, да ги наречеме, подготовките на народот за промена на името.

Би поставил едно прашање, сите кои ќе го прочитат, да размислат, и со сопствена глава да размислат, и да одговорат, ако не јавно, на форум, барем во себе, ама искрено...

Вака:

Можеби, во овој момент, перспективата на Македонија е во НАТО и ЕУ. Не би ја спомнувал тука контрадикцијата која се бара од нас, во смисла себеоткажување, за влез во некои организации и навидум светла иднина на државата со влезот во таквите организации...
Ако ги гледаме работите во историска перспектива, се е минливо, па и НАТО и ЕУ...сега ги има, за 10-20-30, хммм...не е ни битно колку години, ги нема.
Држави се распаѓале, за организации и институции, реални и персонални унии како држави и да не правиме муабет, ама, заради такви, т.е. влез и членување во нив, ниедна нација, ниеден народ не се себеукинал. Ние би биле прв преседан...и единствен најверојатно...
Сте размислиле ли некогаш дека генерациите Македонци пред нас опстоиле во неспоредливо потешки услови од денешните?
Дали некои идни генерации Македонци нема да не осудуваат нас заради промената на името? Да се разбереме...ако отиде името, во пакет оди и јазик и идентитет, и култура...наводните гаранции се само мачкање очи...
И, прашањето за крај:
Дали вреди да се менува името?
Јас велам НЕ!
Јасно и категорично!
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Hahahahhaha..kolku e smesno videoto Baro dtka nesto :pos:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
дтка, дтка... ама доста добро се слуша маседуан де суд, така нешто, не знам француски. Не е и толку смешно, мене барем не ми е.
Macedoine du Nord..
Лошо си слушнал...
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
247
Поени од реакции
3
dali vo makedonija postoi politicar so muda sto ke rece stop za pregovorite i od denes sme makedonija so site atributi.a ako se zakanuvaat so vojna so albancite neka povelat ako sakat da si pominat ubavo zasto togas ke nema izgovor za nivna podrska.isto taka ako se albancite pametni da ne navleguvaat vo taa necista igra na ovie nedokvakani eu birokrati.pod itno prekin i posle ke prekine i pritisokot zasto po spored megunarodnoto pravo imame pravo da se narekuvame kako sakame.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Можеби, во овој момент, перспективата на Македонија е во НАТО и ЕУ.
Можеби, но со влегување/зачленување во тие организации/унии за Македонија нема ништо да промени во секојдневниот, политичкиот или економскиот живот. И досега сме без нив и пак опстојуваме и живееме.
Само ќе си наштетиме со ваков чекор.
Го сфатив постот, но сакав само реченицата да ја цитирам :smir:

Огледало рече -се е поголем инаетот...и не е само кај него поголем тој инает, т.е. не е единствен што така се чувствува.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Да, норд... моја грешка :smir:

Едит: и јас дткав ама ви го сменив името, а? И тоа на фајрвол му е смешно...
koj e be toj Baro so edna izjava vaka da me iznervira..obicen i birokratski pedofil nezapoznaen so sostojbite na balkanot
smesen mi e i tocka
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
ништо неочекувано од некој идиот како него, а и од медиум како А1 прв да објавува вакви вести
тие свршуваат на вакви изјави
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
ништо неочекувано од некој идиот како него, а и од медиум како А1 прв да објавува вакви вести
тие свршуваат на вакви изјави
dosta be ja napagate A1 !!

Брисел без директна осуда за инцидентите што се случија во вторникот на промоцијата на грчко-македонскиот речник. Од кабинетот за правда на ЕК бараат уште детали за инцидентот пред да излезат со конечен коментар.


А1 испрати писма до кабинетите на Рен, Солана и Жак Баро да побара коментар околу инцидентите, иако оваа работа би требало да ја вршат институциите на државата.


namesto Vladata da reagira ekspresno so protestni noti i drugi diplomatski cekori ,novinari na A1 se zamaraat so toa
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
dosta be ja napagate A1 !!

Брисел без директна осуда за инцидентите што се случија во вторникот на промоцијата на грчко-македонскиот речник. Од кабинетот за правда на ЕК бараат уште детали за инцидентот пред да излезат со конечен коментар.


А1 испрати писма до кабинетите на Рен, Солана и Жак Баро да побара коментар околу инцидентите, иако оваа работа би требало да ја вршат институциите на државата.


namesto Vladata da reagira ekspresno so protestni noti i drugi diplomatski cekori ,novinari na A1 se zamaraat so toa
не им верувам бе дека испратиле писма, а и сите ја гледаме нивната антимакедонска пропаганда
може испратиле писма ама со честитки
 

Kajgana Shop

На врв Bottom