- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и се извини на Македонија поради бришењето на македонскиот јазик од официјалната документацја на оваа светска организација.
Министерството за надворешни работи, во врска со неовластеното интервенирање во формуларот на Обединетите нации кој се однесува на личната карта на Република Македонија како земја-членка, информира дека се превземени сите дипломатски активности.
Воедно од страна на МНР е испратена силна ургенција до Кабинетот на генералниот секретар Бан Ки-мун, како и до Секретаријатот на Обединетите нации.
Македонската мисија при ОН во Њујорк доби уверување дека ООН останува на своите принципи и почитување на воспоставената пракса во однос на употребата и именувањето на македонскиот јазик при што беше нагласено дека корекцијата на ваквото неовластено техничко интервенирање ќе следува во најскоро можно време, се вели во соопштението од МНР.
МНР, како што се наведува, уште еднаш ја потенцира решителноста на Република Македонија да се бори за одбрана и промоција на македонскиот национален идентитет како рамноправен дел од европските и светските култури и овој субверзивен чин во ОН да служи како дополнителен повод за што погласно промовирање на македонските национални и културни обележја на меѓународен план.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/7877-Ban-Ki-Mun-i-se-izvini-na-Makedonija