Зошто да нема смисла ова ? Ако е верен навивачот не му е воопшто тешко да го бодри својот клуб каде и да игра.Искрено и ми се допаѓа и не ми се допаѓа овој предлог.
Ми се допаѓа поради тоа што:
- ќе може да се гледаат одлични натпревари помеѓу: Ѕвезда, Партизан, Левски, Динамо, Хајдук, Олимпијакос...ќе има одлични натпревари.
- ќе се направи една одлична лига која ќе биде на рамниште со другите "посилни" европски лиги.
- сигурен сум дека и многу други звучни фудбалери ќе играат во оваа лига.
Не ми се допаѓа поради тоа што:
- како прво знаеме дека има огромна омраза меѓу некои балкански земји, а камоли омраза меѓу клубовите. Којзнае што ќе прават навивачите доколку играат: Хајдук - Партизан, македонски клуб - грчки клуб...едноставно ќе се испоубијат навивачите.
- друга работа што не ми се допаѓа е тоа што македонски клуб никогаш нема да ја освои ова лига. Реално нема тим од Македонија кој може да им се спротистави на појаките балкански клубови.
- сигурно ќе има многу поткупени работи: местени натпревари, поткупени судии, управи и што уште не.
- а и за навивачите ќе биде тешко. На пр. навивачи од Хрватска да одат во Грција?Нема смисла.
Затоа мислам дека сме многу години поназад за да можеме да дозволиме ваква лига на Балканот.
Инаку за другото, дека ќе има местенки се слагам потполно со тебе и затоа сум против оваа идеја.