Балканска лига

  • Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Ваков настап сакам како твојов, со доказ.Се наежив брате Македонец .:smir:Мора да се направат коренити промени и во ФК Победа Прилеп и во НК Мајмуни ако сакаме ова барем некогаш да се повтори!!!Јас сум оптимист.Ова јас би го нарекол навивачка лекција.
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.661
Поени од реакции
1.293
Регионална лига во фудбал ?

Во последниве години се почесто се спомнува формирање на регионална лига во фудбал во која би се натпреварувале екипи од Екс-Ју државите и би била слична со НЛБ лигата во кошарка.

Ме интересира вашето мислење околу оваа идеја.

Дали ако би било добро да се формира ?
Дали фудбалот ќе се подигне на повисоко ниво ?
Дали нашите клубови би имале корист од ова ?

Па, изволте.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Има ваква тема иначе ...

Ја сум за строго НЕ, се иам објаснувано на темата.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
790
Поени од реакции
38
И што ке се направи една лиго со екипи од цела Jугославиja?Не ми се верува.УЕФА нема да го дозволи.:toe:
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Eпа ако има нека се брише оваа...:smir:
Ќе се спојат ; )

И што ке се направи една лиго со екипи од цела Jугославиja?Не ми се верува.УЕФА нема да го дозволи.:toe:
УЕФА и Платини баш напротив ЗА ваква лига ...

Јебеш Југославија, било тоа некад, нема враќање назад.
 
П

Паспарту

Гостин
Ја отворив темава пред 2ипол години, и од тогаш многу работи се изменија. Едноставно, немаме ние ниту еден квалитетен тим кој би можел да им парира на Олимпијакос, ПАО, Левски, Стеауа, Динамо, Партизан, Звезда, Хајдук итн. Ако мислите дека има таков тим, гадно се лажете... Во оваа лига пресудни ќе бидат парите (како и обично), и бидете сигурни дека доколку некогаш дојде до формирање на оваа Балканска Лига, никогаш нема да играат најдобрите екипи, туку оние кои ќе донесат најмногу профит и гледачи на истата. Со ова најдобрите мислев на тоа дека доколку се случи пример ОФК Београд да е шампион на Србија, а Ботев на Бугарија, бидете сигурни дека многу се мали шансите на нив да им се даде шанса, а притоа да се жртвуваат екипи како Партизан, Звезда, Левски и ЦСКА Софија само поради тоа што не освоиле првенство. Сепак, ова се мои теории и сфаќања кои не мора да бидат точни, нели? :)

Друг голем проблем е тоа што поради политички причини ќе биде многу тешко да се оддржи во живот таа лига... Едноставно, натпреварите од типот Звезда-Хајдук/Динамо, Партизан-Хајдук/Динамо, Сараево-Хајдук/Динамо/Партизан/Звезда, Партизан-Олимпијакос и многу други ќе бидат и повеќе од ризични за гледање.

Кој клуб од Македонија би учествувал во таа лига!? Еве да земеме еден пример:

Ренова - први на табела и во случај да станат шампиони мислите дека би парирале на некои од екипите што ги спомнав на почетокот на постот!? Можеби на младинските екипи на овие тимови... Ренова се први и делуваат супериорно, од проста причина што сите клубови во Прва Лига моментално се УТЕПАНИ, како финансиски така и играчки, а со самото тоа и 200-300 000 евра годишен буџет се доволни за да се направи "дрим-тим" кој ќе ги гази сегашните екипи на Вардар, Победа, Пелистер, Силекс итн. Мислите некој слушнал за Ренова низ Балканов!? Нормално дека не, а учеството на таков тим во една Балканска Лига нема на организаторот да му донесе никаков профит. За да не ме сфатите погрешно, не ми е целта Ренова да ги омаловажувам, бидејќи целиот наш фудбал моментално е за во 3та сомалиска лига-запад, а они се едни од ретките клубови чии газди имаат вишок неколку илјади евра. Потоа се поставува прашањето, која македонска екипа пристојно би наполнила цел стадион, како на домашен, така и на гостински терен!? Од самото ова произлегува прашањето, која македонска екипа има стадион кој барем малку ги задоволува стандардите!?

За учеството на македонска екипа во оваа лига има уште многу да се зборува, се надевам дека набрзо ќе се средат работите и во нашиот фудбал, па како прво ќе почнеме да им парираме на екипи од Исланд, Луксембург, Естонија и Ирска, а потоа ќе почнеме да размислуваме за Олимпијакос, Партизан, Динамо, Стеауа и други тимови со сличен квалитет, а моментално сме неколку милиони светлосни години далеку од нив :smir:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392

Од Македонија екипи што се во можност да наполнат стадион или барем пристојно да го попунат се Вардар и Пелистер и можеби Победа,но затоа играчки тие екипи моментално се за никаде,а од нив Вардар има најдобар стадион(Градски).
Плус секој пат во другите земји кога се актуелизира темава никогаш никаде не ја спомнуваат Македонија така да ури и ако се создаде таква лига тешко дека ќе имаме претставник таму.
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Одсекогаш сум бил за формирање на една ваква Балканска Лига...Како прво ќе се зголеми гледаноста на фудбалот во просторите на бивша Југославија..Зборам за гледаноста на фудбалот во нивните земји..За една ваква фудбалска лига,би рекол јас дека парите се важни,квалитетот на тимовите..Но голем проблем може да бидат финансиските средства поготово за некој наш представник..А башка и знаеме дека немаме некој тим кој што би можел да му парира не еден Олимпјакос на пример,кој секоја година игра осмина финале во ЛШ и е меѓу најдобрите 16 во европа..Башка на Партизан,Ѕвезда,Хајдук,Стеауа итн,итн..Знаеме што значи тоа...А како шо рече и еден од членовите погоре,Македонија никаде и не се спомнува во другите земји...Јас искрено би сакал да се формира една ваква лига,па макар и Вардар постојано да биде на дното...Ако се формира и Балканска Лига,ќе мора тие тимови да не играат во своите национални првенства,туку само во таа балканска лига...Платини со години го збори ова,но никако да превземе конкретен чекор...Да се надеваме дека оваа лига ќе се формира...:smir:
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.661
Поени од реакции
1.293
Ја сум за едно големо НЕ на формирање на Балканска лига.

Како прво нема клуб од Македонија кој би бил достоен да се бори против ЦЗВ, Партизан, Динамо, Хајдук.

Натпреварите меѓу српските, хрватските и босанските екипи ќе се одигруваат под голема тензија, со голем број инциденти итн.

Домашните првенства тотално би биле сведени на квалитет под нулата (ма да нашето е веќе на ова ниво) како што е случајот со кошаркарските првенства по формирањето на НЛБ лигата. :toe:
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.564
Поени од реакции
1.555
И што ке се направи една лиго со екипи од цела Jугославиja?Не ми се верува.УЕФА нема да го дозволи.:toe:
а како им дозволи на Балтичките земји и на Скандинавија да си имаат свои лиги? ;)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Искрено и ми се допаѓа и не ми се допаѓа овој предлог.

Ми се допаѓа поради тоа што:

- ќе може да се гледаат одлични натпревари помеѓу: Ѕвезда, Партизан, Левски, Динамо, Хајдук, Олимпијакос...ќе има одлични натпревари.
- ќе се направи една одлична лига која ќе биде на рамниште со другите "посилни" европски лиги.
- сигурен сум дека и многу други звучни фудбалери ќе играат во оваа лига.

Не ми се допаѓа поради тоа што:

- како прво знаеме дека има огромна омраза меѓу некои балкански земји, а камоли омраза меѓу клубовите. Којзнае што ќе прават навивачите доколку играат: Хајдук - Партизан, македонски клуб - грчки клуб...едноставно ќе се испоубијат навивачите.
- друга работа што не ми се допаѓа е тоа што македонски клуб никогаш нема да ја освои ова лига. Реално нема тим од Македонија кој може да им се спротистави на појаките балкански клубови.
- сигурно ќе има многу поткупени работи: местени натпревари, поткупени судии, управи и што уште не.
- а и за навивачите ќе биде тешко. На пр. навивачи од Хрватска да одат во Грција? :toe: Нема смисла.

Затоа мислам дека сме многу години поназад за да можеме да дозволиме ваква лига на Балканот.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.565
Поени од реакции
11.579
Ко прво и прво нашиве екипи од првенство скоро сите живеат ден за ден,па Балканска лига да се формира ???
Нема сврха ова...:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom