Е сега вака, читам некои празни коментари како Баба Ванѓа глупачка, лажела, таква или онаква...
Како прво потеклото на Баба Ванѓа е од Струмичкото село Ново Село, таа како мала била пратена по вода на еден сега пресушен бунар кај излезот од Ново Село накај Бугарија во месноста Селиште, во тој момент дувнал силен ветер кој дури и ја крева и од песокот и се повредиле очите кои и истекле. Моќта за предвидувањата таа не ја демонстрира веднаш, туку еднаш, нејзиниот брат кој работел како касап бил викнат да помогне во селската црква да заколат курбан, (секоја година црквата дава курбан и секој може да помогне со што сака). На тој ден таа го убедувала брата си најде друга работа, бидејќи бил млад и можел да работи се. Кога тој отишол во црквата пред да замавне со чеканот (кој има околу 15-20 килограми) се лизнал и паднал а тогаш бикот се исплашил и тргнал кон него, но успеал да се спаси со помали повреди.
Подоцна со повлекувањето на Бугарската војска од Македонија, Бугарски генерал ја зема неа за жена и ја носи во Петрич, Бугарија, подоцна на Рупите каде сега има изградено бања со топла вода (изворска), која лично таа го има средено местото 90% со свои средства и од храмот Св. Петка кој го има во непосредна близина на бањата.
Баба Внѓа иако била без очи таа можела да „гледа“ се што се случува околу неа. Таа при претскажувањата никогаш не користела имиња, велела: „Ако јас кажам се што знам, во светот ќе нема мир, ќе отворам војна“. Има многу интересни случки кои вредат да се спомнат ама сега ме мрзи, многу пишување.
Е сега, од каде ми се овие информации и од каде сум толку сигурен?
Сигурен сум во тоа 100% бидејќи информациите се од моите баба и дедо кои неретко оделе кај неа во храмот да и помагаат, бидејќи таа барала да има со неа некој близок затоа што таа беше под постојан надзор од Бугарската полиција, и живееше во еден вид затвор бидејќи била „државно богатство“.
Сигурно се прашувате зошто близок, е сега вака, Баба Ванѓа, онаа за која што зборуваме е тетка на мојата баба, значи сестра на мојата прабаба. Ако на некој му е веродостојно тоа што го велам може во некој нареден пост да ви приложам и родословно стебло за семејството на Баба Ванѓа, каде секако ќе ме има и мене
.
Целта на ова поопширно објаснување ми беше да ви кажем дека грешите со празните коментри во стил на Бугарката Ванѓа, или глупачката Ванѓа... како прво таа не е Бугарка туку Македонка и како второ никој не е виновен што на нејзино име се лепат предвидувања кои секако не се случиле за некој да си го направи поинтересен денот и да добие повќе одговори на својата дискусија.
Поздрав до сите...