ГАФ ИЛИ УРИВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА?
БУГАРИТЕ СЕ БОРЕЛЕ ЗА БУГАРИЈА ПОД СЛОГАН “БОЖЕ ЧУВАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА”
Aгенцијата Фокус или направи гаф или уште еден обид за минирање на македонската историја?
Оваа најпосетена новинска агенција секоја недела во соработка со бугарското Министерство за одбрана и Музејот за воена историја на Бугарија на читателите им претставува бугарски воени знамиња од историското минато.
Во ова издание како што велат тие го преставуваа военото знаме под кое се бореле Бугарите од т.н. Скопска дружина во Македонско-одринскиот одред во 1912 година.
Во текстот стои: чест ни е да го претставиме ова знаме под кое се бореле илјадници Бугари, за слобода и обединување на Бугарија.
Она што е контрадикторно и збунувачки е текстот што е испишан на знамето.
На него со златни букви стои “Боже чувај ја Македонија“.
Нелогичноста е што ако под ова знаме, како што тврди Фокус, се бореле илјадници Бугари, зошто слоганот не е Боже чувај ја Бугарија?
Нашиот источен сосед кој во континуитет го негира македонскиот народ, со објавувањето на ова знаме всушност го докажува спротивното.
Или војниците биле всушност насилно мобилизирани Македонци или бугарското Министертсво за одбрана, кое е извор на оваа информација, создава свесни тензии за да се покаже Македонија како тензична држава чиј влез во ЕУ зависи од добрата волја на Бугарија.
http://sitel.com.mk/?ItemID=F999A84C4EB1944F951BFABC929797A5