- Член од
- 12 август 2010
- Мислења
- 2.890
- Поени од реакции
- 906
Деновиве во еден од Бугарските новини осамна насловот „Македонец е првенецот на новите лекари“. Токму така, нашиот сограѓанин Благој Богданов, или популарниот наш Боби деновиве беше прогласен за студент на генерацијата на Медицинскиот Универзитет „Проф. Д-р Параскев Стојанов“ од Варна. Боби дипломираше со просечна оцена 6,00 највисоката оцена во Бугарија, За време на своето студирање на Медицинските науки, Боби немаше добиено помала оцена од 6,00, што беше доволно да ги добие сите признанија.
Не случајно авторот на текстот во еден дел од неговото обраќање кон читателската публика напишал: „Македонски лекар ги разби Бугарите“.
Кога на доделувањето на дипломите беше прочитано името на Благој Богданов сите во преполнетата сала станаа на нозе да го поздрават со петминутен аплауз студентот на генерацијата. Боби никако не можеше да им се обрати на присутните, бидејќи секогаш кога ќе се доближеше до микрофонот аплаузите беа се посилни.
Сепак по неговото обраќање кон сите присутни во салата и изречената благодарност од она што го постигнал на Универзитетот Боби ги доби и првите признанија. Најпрвин му беше врачена паричната награда од Општината Варна, а потоа од Претседателот на Бугарските лекари, Цветан Раичков го доби орденот од Прв степен на медицинската организација.
Благој Богданов има голема желба да продолжи на специјализација, сака да специјализира Кардиологија, па ако не се изнајде начин да ја продолжи специјализацијата во Бугарија, желба му е како што не информираше да се обиде во Германија.
За вакви бисери секаде во цивилизираниот свет вратите се отворени.
извор:http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=5725