Овие VIP не се нормални. Дури и во Кондово има солидна покриеност со 3G мрежа (мерев прееска, 5Mbps download со 2Mbps upload), нешто што T-Mobile ги молам со години да го направат и не го прават. Сега останува уште да ги намалат (за многу) цените на интернет пакетите (на што личи 1GB за 400 денари месечно) и дефинитивно и засекогаш го раскинувам договорот со T-Mobile, макар и ако треба пенали ќе им платам.
Покриеноста значи сега мислам дека им е многу подобра, се префрлив на роденденската понуда (1000 минути и 1000 смс пораки према сите мрежи, 1000MB интернет... топ), значи уште да не штедат на тоа гигите и ќе им станам верен дечко.
EDIT: да појаснам 3 работи за да знаете сите:
1. договорот под дифолт се склучува на 2 години (24 месеци). Тоа го пишува и на нивниот сајт (Понудата важи до 30.9.2012 за нови и за обновени Vip Постпејд договори склучени на 24 месеци во периодот од 01.09.2012 до 30.09.2012.)
2. Иако на рекламите пишува 1000MB, според договорот, всушност добивате 1024MB интернет трансфер = 1 полн гигабајт.
3. Секој нареден мегабајт после надминатите 1024MB кои се вклучени во претплатата, се наплаќа по 9.9 денари. VIP, се шегувате со мене? 10 денари мегабајт?
Како и да е, некој спомна дека после надминатиот интернет трансфер вклучен во претплатата, не се доплаќа туку се намалува брзината. Не е така изгледа, внимавајте.