Operator Telemach Hrvatska, koji posluje u okviru United Grupe, povećao je brzine svim korisnicima te je sada minimalna brzina koju nude 1000/500 Mbps.
telesrbija.com
Во Република Македонија, цените на гигабитните пакети се:
Телекабел 3500 денари месечно
Телеком 3999 денари месечно (3699 во комбинација со ТВ)
Net cable 3500 денари месечно (локален оператор)
А1 Македонија нуди брзини до 500/500(достапни за деловни корисници) т.е. до 200/200Mbps за физички лица по цена од 1099 денари месечно/ 899 денари во комбо пакет.
Неотел нуди брзини до 300/300 Mbps со цена од 1790 денари месечно.
КДС Кабелнет (локален провајдер) нуди брзини до 200/200Mbps со цена од 1600 денари самостојно интернет или 1850 денари мислам дека беше со телевизија. Исто така, Кабелнет нуди интернет на места каде нема сопствена инфраструктура, туку изнајмена, со што за тие цени во Прилеп што се имате помали брзини. На пример, 40/40Mbps брзина со 2тв андроид уреди за 1450 денари. Отворете на страната, видете за вашата општина веќе има понуда Кабелнет за низ цела Македонија, има и партнери плус. Салоните му се означени со Green mobile.
- Македонски Телеком не го исполни се уште своето ветување дека до крајот на 2023 година ќе биде покриено цело Скопје со оптичка инфраструктура, а за тоа се знае дека не може во рок од една календарска година веднаш да се покрие и да се поврзат сите домаќинства со оптичка мрежа. Додека пак во населените места, ширењето на оптика е лесно, поради бандерите со така наречен ADSS кабел кој е отпорен на надворешни влијанија и исто така разводната кутија е отпорна на надворешни влијанија.
- Неотел се шири претежно низ градовите и ретко во некои села каде има бројно население, ама пак затоа продава интернет на голем број оператори како што е Телекабел.
- За А1 нема што многу да се коментира, неколку градови се со нивна инфраструктура и села, а останатото е преку Телеком оптика и преку која максималната брзина е 100/100Mbps (200/200 Mbps нивна).
-Телекабел става на бандери кај ќе стигне (барем така е во Прилеп) и може да испорача брзина ако не натрупува многу корисници на една разводна кутија.
Од државата очекувам да земи од Европска унија средства за проширување на супер брз интернет во цела Македонија и после да правиме муабет за цени.
ПС: Има градови и села каде нема VDSL, туку само ADSL и тие се оставени на милост да имаат интернет, оти бакарот почнува да откажува нема леб на него и затоа барајте алтернатива.