HGD напиша:
Абе стварно ме интересира....вие излагате пример КУБА дека ви е убаво таму или дека ке ти каже другар/ка ти ајде КУБА а тебе ти се оди пример Лапидариус....
Како што ќе ни дојде, така си шетаме. Мутави, што да се прави. Еден час ваму, еден час таму, па пак еден час ваму... Така си играме иди ми - доџи ми. Свашта муабетов, не сме мали деца да не одиме кај што сакаме.
Демек тие што одат Куба одат затоа што другар/ка така сака? Како што ти и твоите другари одите Фејм`с, така други одат Куба.
Се сложувам со муабетот на Леандра, вистина се чувствува позитивна атмосфера, музичето е добро...
HGD напиша:
Стварно не ми е јасно....
Ако одам да се релаксирам со Добра музика и Амбиент...одам "FAMOUS" и "NEMO" не дека ете пак го бранам горе наведеното... (неколку поста погоре) туку : Пуштаат ТОП музика...
„Добра музика и амбиент” за секого има различно значење. Како тебе што не ти се допаѓа во Куба, така на некој друг не му се допаѓа во Немо или Фејм`с или Лапидариус и да не набројувам други места.
Така да, кај што ти е убаво, таму да си одиш. А и останатите.
Никој не оди таму каде што не му е пријатно.
Делот за диџеите нема многу да го коментирам, бидејќи се сложувам дека Златко и Јуки се одлични. Само ќе речам... ги бива за музика и журки. Точка.
Ама тоа не значи дека нема и други диџеи.
HGD напиша:
Има една пословица:
"NOT EVERYONE UNDERSTANDS HOUSE MUSIC"
Позната ми е фразава од некаде.
Уона би Златко?:helou:
Туку... Редно е Фејм`с да го реновираат, да го прошират. Загушливо, вентилација ужасна. Нека направат нешто со местото, а музиката си е супер.
HGD, смири се ало! Ако не знаеш да дискутираш и ако си слаб на нерви, оддалечи се. Без навреди.
И не знам од каде толкава слобода да коментираш кој е сељак и селска фаца, а кој не.
А за мајот? Цел град беше добра журка. Да не беше така, немаше сите дискотеки, ноќни клубови и кафулиња да бидат преполни:wink: