Пијам чајче дома повремено, дури и ретко.
Најубав, покрај овошните, ми е чајот од липа. Го пијам со малку лимон, без мед и шеќер.
Кога сум настината чаеви не ми делуваат баш многу, шознам. Ама ги пијам ради сугестија... и ради мајка ми, нормално.
Имав порано една пријателка торбешка, абе какво индиско чајче ми правеше, за мераци. Не сум пробала подобар чај. Они фамилијарно многу го пиеја. Арза, ми фали твојот чај.
Иначе не знам зашто, ама чај од некои причини ептен си го поврзувам во глава со „Пјаца“ кафичот.
Секогаш кога одам таму, пијам чај. Некако убав ми е таму чајот, шо знам.
Порано почесто одев, па минатава година немав отидено се до пред некоја недела, и пак нарачав чај.