Ај на чај!

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
^ :pos: ипак MILFord, сигурно е добар чајот...

Него, што ви е со коментариве „најдобра компанија за чај е природата“ и сличните.... Има природен чај од ванила и јагода !? Се знае кои се природни, камилица, нане, планински, зелен, мајчина душица... сте пробале домашен чај од суви кајсии на пример !? Катастрофа вкус, сеа сигурно таквите се поздрави ама сигурно немаат подобар вкус од фабричките. :)

Мене oмилен бренд ми се Франк и Цедевита.
 
Da super e prviot go imam probano no vtoriot od jagoda i vanila ako mozam da znam kolku pari e?

Од јаболко и цимет мене ми е поубав него од јагода и ванила. Вториов ми е некако „тежок“ и силен. :)
 
За најздрав чај штознам... и јас имам слушано дека зелениот чај бил доста здрав. Иначе не пијам многу чаеви а кога ќе се наканам да пијам, брусница може да се каже дека ми е еден од најубавите чаеви!
 
ми ја затворија темата што пробав да ја отворам( најздравиот/највскусниот чај ? ) :// па сега ќе треба тука да дискутираме, бидејќи според модераторот, темата не е доволно сложена за да постои одделно. па ајде да ги чујам вашите мислења за тоа кој е најздрав, а кој највкусен чај...
 
ми ја затворија темата што пробав да ја отворам( најздравиот/највскусниот чај ? ) :// па сега ќе треба тука да дискутираме, бидејќи според модераторот, темата не е доволно сложена за да постои одделно. па ајде да ги чујам вашите мислења за тоа кој е најздрав, а кој највкусен чај...
Сите чаеви се корисни за нешто. Ете брусницата и увиниот чај се користат за прочистување на уринарните патишта, помагаат за уништување на некои бактерии или помагаат тие воопшто да не се појавуваат. Нането го смирува стомакот, мајчината душица и белиот слез за чистење на дишните патишта итн. Зелениот чај според некои испитувања штити од рак, штити од кариес, ги чисти сите токсини од крвта, но исто така тој во прекумерна употреба може да предизвика анемија па не би требало да се пие повеќе од неколку шолји во ден. Значи не постои совршен чај кој можеме да го прогласиме за најздрав. Секој го бива за нешто нели? Дури и во чаевите не треба да се претерува, посебно да се внимава со чаеви за прочистување и за слабеење кои често се користат бидејќи може да имаат негативни последици доколку не се внимава и не се зема поголема доза на течности кога се пијат овие чаеви.
Што се однесува на највкусен чај,мислам дека тоа е индивидуално. Мене ми е највкусен планински( берен од Галичица, со многу лимон и мед).
 
Највкусен ми е од јаболко и цимет.
 
До сега највкусен ми беше зелениот чај, ама одкако го пробав белиот чај мислам дека ми се смени мислењето.
 
Дали знае некој како се подготвува англиски чај? Еднаш се заинтересирав па побарав малку на интернет... ама не најдов :pipi: .
Иначе пијам чај претешно од камилица и нане... али повеќе сум по кафето. :)
 
Јаболко со цимет и јагода со ванила :back:
 
Мојот список на билки од кои правам или чај од само една билка или комбинација од 2 или повеќе билки. Нормално како засладувач користам чист органски мед (светол или темен зависно од билките во чајот), а некогаш и воопшто не ставам мед. Со медот доста често одат и 6-7 капки лимон. :)

1. Планински
2. Шипинка + Куркума
3. Мајчина душица
4. Глуварче + Слатко дрвце + Гавез
5. Брусница
6. Кантарион + Жалфија
7. Цимет + Каранфилче + Смрека + Ѓумбир
8. Дамјана
9. Коприва + Нане
10. Бозел + Хибискус
11. Tabebuia
12. Medicago sativa
13. Echinacea
14. Angelica
15. Коњски опаш
16. Бел слез

итн итн

П.С. Овошните чаеви не ми прават мерак, па затоа и мнооогу ретко ги пијам. ;)
 
Зелен чај секој ден веќе 3 години по ред и со тоа си ја одржувам тежината и руски и бел чај
 
Зелен чај 4-5 пати на ден секој ден :)

Црн чај чат пат .. од другите ретко
 
Турски ;) Ми донесе еден другар од Цариград :D
Неам коментар, како 10 шолји кафе да сум испил. Создаден само за пред испитна сесија (y)
А и рускиот е добар :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom