Ајде бе, кажи нешто!

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Значи,излегувате на кафе со добар/а пријател/ка...
Денот и не ви е баш по таман и како што сте си го планирале,сте немале желба да излезете,но ете од учтивост и да не го/ја извисите пријателот/пријателката излеговте.
Водите,онака,вообичаен муабет,вашиот/а пријател/ка по изразот на вашето лице и зборувањето забележува дека нешто не е во ред(кој не би?) и дека ви треба малце да се средите и малце мир и тишина,но упорно ви зборува дури и за некои небитни работи...
Настанува тишина...
Така занесени и задлабочени во тоа како да се справите со проблемот кој што ви излегол,слушате:"Ајде бе,кажи нешто!"

Како би реагирале во тој момент?Што би кажале?
Искрено,кога веќе сум излегла и покрај тоа што денот ми бил катастрофа,ако тој/таа ми е добар/а пријател/ка,би очекувала малце разбирање и да ме остави малце да си ги средам мислите пред да продолжам со дискусијата,бидејќи и вака и така не сум во состојба да го/ја пратам,а и проблемот кој што треба да го решам и не е нешто што би сакала да го поделам со некого,преферирам сама да го решам...
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Вчера ми се случи тоа. Повеќе пати. :) Ме нервира така кога настане непријатна тишина и некој ќе те праша шо ќе се пофалиш? Добро бе луѓе, толку ли не ви сече разумот да ви текне ако не зборувам, ИМА ПРИЧИНА ЗА ТОА. Плус, вие не знаете да отворите нормална дискусија, иако јас се обидувам да ви понудам 1000 теми за разговор, сите го побивате со да, не и две кратки реченици. И кога веќе нема зашо да се збори, кажете само што ќе се пофалиш? Аман веќе фрустрации се наполнив. :)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Баш затоа што ми е добра другарка и кажувам што е како е. Во принцип на нив им кажувам се и тие на мене. Ако не можат практично да ми помогнат тогаш доволно ми е да го слушнат она што ме мачи. Потоа некако се ми е подобро па можам да продолжам да муабетам и на други теми.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Баш затоа што ми е добра другарка и кажувам што е како е. Во принцип на нив им кажувам се и тие на мене. Ако не можат практично да ми помогнат тогаш доволно ми е да го слушнат она што ме мачи. Потоа некако се ми е подобро па можам да продолжам да муабетам и на други теми.
Не си со најдобра на која што и кажуваш СЕ,туку само добра другарка,има разлика:smir:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Во таква ситуација - искреност. Ќе кажеш дека не си во најдобра форма и ако навистина другарот или другарката ти е близок/блиска, ќе му кажеш што те мачи. И тоа е тема на разговор :wink:
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Најлошо е кога тоа ќе ти се деси на состанок. И двајцата не знаете шо да зборите, сал стискате копчиња на мобилниот, онака, рандом, као, демек, порука пишувате. :P

Пеза.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе ако веќе сум решил да излезам, ќе ги исклучам мозокот од сите проблеми од денот и ќе се обидам да ме забавува другарот со неговите зануимливости, бидејќи после тоа освежување можно е полесно и помирно да ги прифатам случувањата од денот и да си најдам подобри решенија на создадените проблеми, во спортивно само и ќе му го трошам и нему и мене времето без потреба.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Не си со најдобра на која што и кажуваш СЕ,туку само добра другарка,има разлика:smir:
Ау види по сабајле какви грешки правам:pos:

Да се вратам на темата. Кога веќе сум решила да излезам со таа другарка на кафе ќе излезам. Не се издавам себе си што чувствувам одвнатре, колку и да е тоа лошо или добро. Ако ептен нешто згусне па ми го постави тоа прашање сигурно ќе се извадам и ќе речам дека нешто сум се замислила, па ќе продолжам повторно по старо со некој муабет.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Водите,онака,вообичаен муабет,вашиот/а пријател/ка по изразот на вашето лице и зборувањето забележува дека нешто не е во ред(кој не би?) и дека ви треба малце да се средите и малце мир и тишина,но упорно ви зборува дури и за некои небитни работи...
Настанува тишина...
Така занесени и задлабочени во тоа како да се справите со проблемот кој што ви излегол,слушате:"Ајде бе,кажи нешто!"

Како би реагирале во тој момент?Што би кажале?
...можеби со тоа-ајде,кажи нешто!сака да ја избегне тишината која настанала!а доколку тој/таа ви е вистински пријател тогаш вие ќе му кажете што ве мачи!а вашиот пријател ќе го цени тоа што вие сепак сте излегле со него да се видите!
што би направил јас во таков момент?би продолжил со разговорот,затоа што тоа-ајде,речи нешто!од мојот добар пријател нема да го прифатам толку страшно!затоа што и не е ништо страшно!
а не сум некој ситничар,па да се лутам за збор!таквите луѓе страшно многу ме иритираат!
а ако толку мораш баш во тој момент додека си излезен со пријателот да си ги средуваш мислите поубаво воопшто не излегувај!а ако више си излегол не ја пренесувај негативната енергија на други и однесувај се како човек!
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Sum imala bas takvi momenti koga ednostavno ne znam sto mi e i voopsto ne mi se zbruva.A uste pomalku mi se slusa koga nekoj zboruva.
Vo takov moment najverovatno bi nemala nisto sto da kazam i bi sleduvalo odenje doma.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Нешто ново:)

Иначе за ситуацијата, па што знам ако веќе не ми е денот би му објаснил на пријателот дека не ми е денот, и да оставиме за друг ден, сепак ако ми е пријател ќе разбере дека не ми е денот и ќе прифати.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Сум се наоѓала почесто во вакви ситуации и нели секогаш има некоја причина зошто не ни се зборува, ама ,, Ајде бе кажи нешто!,, е најиритирачкото нешто што некој може да ти го рече, поготово кога тоа ќе ти го рече подналутено како да очекува некаков реципроцитет кој во моментот мора да го добие. Тоа уште повеќе ме нервира. Малку е ли што прифаќаш да излезеш и покрај твоето нерасположение? Јас избегнувам да му инсистирам на другиот да рече нешто, ќе се обидам самата од неа на извлечам ,,информации,, па можеби и ќе поразговараме за нејзиниот проблем.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Како шо кажа Мацедалиен, само искреност! Да си кажиш шо ти е проблемот, зошто баш во тој момент немаш што да кажиш ... И така, после сам си оди муабето ...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па ми се има случувано,така да бидам нерасположена и да сум поќутлива и онака да се случи да нема за што да се прави муабет,но брзо се освестувам,си го прочистувам мозокот и почнувам да правам ако треба и безвезе муабет,само да ми се тргнат мислите.
Едноставно не дозволувам некоја моментална грижа да ме спречи да си поминам убаво.
А другата опција е да кажам како се чувствувам,да кажам што ме мачи.Барем ќе ми олесни кога ќе ја споделам мојата мака со друг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom