Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Дај некој нека каже на шо дроги се луѓево

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА РАСТЕ ПОБРЗО ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ
Минималната плата е историски успех и иако не е висока, сепак, таа се зголемува побрзо отколку што растат трошоците за живот, вели претседателот на ССМ, Живко Митровски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

- Историски успех е самиот факт што се донесе законот. Тоа е основата од која тргнуваме. Историски успех е што во старт платата беше зголемена за речиси 100 отсто. Значи, пред донесувањето на Законот за минималната плата најмалите плати беа од 4.500 до 5.500 денари. Сегашната плата на почетокот беше утврдена на 8.050, сега ќе биде некаде околу 8.800 денари, в година ќе биде 9.560, таа по неа ќе биде 10.080 денари. Околу 65 илјади работници во Република Македонија пред донесувањето на овој закон примаа плата до 4.500 денари. Ние не велиме дека е премногу висока, но ако направиме споредба во однос на претходно кога воопшто немаше ништо во делот на оваа регулатива, во секој случај има огромен напредок – вели Митревски.

Тој вели дека платите во Македонија се ниски, но не можеме да ја поврзуваме минималната плата со основа за реализација на еден нормален живот на четиричлено семејство. Потенцира дека се афирмира идејата оти зголемувањето на платите треба да оди во чекор со зголемувањето на трошоците за живот.

Првиот синдикалец посочува дека 80 отсто од вработените во земјава примаат плата меѓу 12 и 20 илјади денари, а само 3,2 отсто имаат плата над 30 илјади денари. Додека 65 илјади работници примаат плата во висина приближно до минималната. Според податоците на синдикатот, досега меѓу 40 и 45 отсто од работодавците исплатиле K15 (регрес за годишен одмор) на работниците.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Пишанициве ме потсеќаат на една сторија од пред неколку години. Дошле странци во некое од селава. И селаниве ги шетале странциве низ селото и почнале да им се жалат, училиштето ни е за никаде, старо е, патот е лош државата е крива. Кога стигнале до крај на селото му кликнало на еден од странциве и им рекол добро училишната зграда е вистина во лоша состојва, но од друга страна вие во вили живеете. Кој разбра, разбра.

Е така и со пишанициве овде, имате за интернет, за компјутер, имате и време да пишувате, да се релаксирате, затоа е срамота за немање леб да пишувате особено на ваков начин.
Ти да знаеш за какви работи се жалат на запад, ќе си речеш дојде да видите у Македонија како е[DOUBLEPOST=1414605873][/DOUBLEPOST]
Потенцира дека се афирмира идејата оти зголемувањето на платите треба да оди во чекор со зголемувањето на трошоците за живот.
Ова е најдобриот дел ќе знаеш за колку се качени трошоците споредено со претходно. Ако минималецот е качен за X денари, за толку се зголемени трошоците т.е status que ситуација
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Пишанициве ме потсеќаат на една сторија од пред неколку години. Дошле странци во некое од селава. И селаниве ги шетале странциве низ селото и почнале да им се жалат, училиштето ни е за никаде, старо е, патот е лош државата е крива. Кога стигнале до крај на селото му кликнало на еден од странциве и им рекол добро училишната зграда е вистина во лоша состојва, но од друга страна вие во вили живеете. Кој разбра, разбра.

Е така и со пишанициве овде, имате за интернет, за компјутер, имате и време да пишувате, да се релаксирате, затоа е срамота за немање леб да пишувате особено на ваков начин.
Извини што моите пари отидоа во кракот од сонцето на штитот на еден од војниците во фонтаната на Аце Велики место во нов студентски дом на местото на Гоце Делчев.

ИЗВИНИ, стварно.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.059
Поени од реакции
80.935
Е така и со пишанициве овде, имате за интернет, за компјутер, имате и време да пишувате, да се релаксирате, затоа е срамота за немање леб да пишувате особено на ваков начин.
Ако овде топ се живее нормален живот, како што пишуваш, тогаш за кој кур сите од партија се бутате у администрација? Што не живеете и вие "нормален" живот?
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150

Вицот ти е добар но местото не му е тука...
Забораваш дека децава со студентски ваучери дарувани од владата и премиерот стигнаа до компјутери......
Дали имаш нешто да кажеш во врска со темата, или ке лупате муабети диктирани од штаб?
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Извини што моите пари отидоа во кракот од сонцето на штитот на еден од војниците во фонтаната на Аце Велики место во нов студентски дом на местото на Гоце Делчев.

ИЗВИНИ, стварно.
Извинето ти е, ајде баци рака.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
236
Поени од реакции
422
Ако овде топ се живее нормален живот, како што пишуваш, тогаш за кој кур сите од партија се бутате у администрација? Што не живеете и вие "нормален" живот?
Јапонија беше вукојебина и распадната држава после втората светска војна, но Јапонците колективно ја изградија исто како Германците. Ние цел живот сме научиле да бегаме што е одлика на овој народ, т.е. пичкарски менталитет да не превземеме одговорност и да средуваме некои работи, туку сме научиле да бегаме, да чистиме клозети по странство, затоа што сме народ кој не научил да владее сам со себе, туку други да му кажуваат што треба, а што не треба да работи. Просечно интелегентен народ сме, па затоа и имаме просечно средена држава, т.е. корумпирана, мрзелива, лакома, цинична нација сме. Политичарите се само слика на овој народ кој живее тука. Не барајте вина во нив, туку во самите себеси. Тоа е исто да ја обвиниш државата зошто некој просел на улица работоспособен.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ти да знаеш за какви работи се жалат на запад, ќе си речеш дојде да видите у Македонија како е
Богами стварно ова. Денеска баш имавме состанок за да се дискутира околу предлози за подобрување на работата, жалби итн.
Даваат колегиве замерки како: немаме теретана и тушеви на работа, некои канцеларии се со по 8 луѓе во нив и тоа било многу, регулација на можноста за home office и да работиш дури си во движење (воз, авион...), па кафе машините пред некое време ги сменија од поедноставни, во некои што се со тачскрин и коктели дури што може да мешаат... Е такви некои работи што за наши услови се незамисливи, се со цел вработените да се што позадоволни од работата.
Да не спомнувам дека организираат секоја година тим-билдинг, на кои повеќе ивенти се на располагање да одбериме кој го сакаме и се’ е покриено од фирмата: коли, хотели, трошоци за настанот. Годинава имаше работи како трки со четирицикли, качување по карпи, laser-tag... И дури од фирмата обезбедија неколку Ауди А8 W12 и неколку S8 само за нашиот тим за да одиме на ивентот. И после некој ќе речи: да заработувам 1000-1500 евра во МК исто ко на запад ќе живеам... My ass исто :cool:
Кај нас се жалаат оти греење не им пуштаат за да заштеди газдата за нова кола или викендица, па мораат со две јакни облечени да работат (се разбира дека за минималец).
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Јапонија беше вукојебина и распадната држава после втората светска војна, но Јапонците колективно ја изградија исто како Германците. Ние цел живот сме научиле да бегаме што е одлика на овој народ, т.е. пичкарски менталитет да не превземеме одговорност и да средуваме некои работи, туку сме научиле да бегаме, да чистиме клозети по странство, затоа што сме народ кој не научил да владее сам со себе, туку други да му кажуваат што треба, а што не треба да работи. Просечно интелегентен народ сме, па затоа и имаме просечно средена држава, т.е. корумпирана, мрзелива, лакома, цинична нација сме. Политичарите се само слика на овој народ кој живее тука. Не барајте вина во нив, туку во самите себеси. Тоа е исто да ја обвиниш државата зошто некој просел на улица работоспособен.
Ајде вака...кога Македонците би биле Јапонци или Шваби државава би цветала...така ?
А што мислиш ти, дека на Јапанци или Шваби не име преку тасета од некој работи во сопствената држава??
Да те прашам тебе... каде спагаш ТИ во горе споменатите категории што ги наведе??
Кога Македонските политичари би билое Јапанци би требало да извршат колективно сепуку. А и зошто да не бараме вина во политичарите, кога политичарите се локомотивата која треба народот даго води кон прогрес,ноо за жал нивна главна преокупација е како даго зголемат сопственото конто........
И не заборавај Македонците се жилав и вреден народ но несакаат да работат за џабе...за тебе незнам.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Богами стварно ова. Денеска баш имавме состанок за да се дискутира околу предлози за подобрување на работата, жалби итн.
Даваат колегиве замерки како: немаме теретана и тушеви на работа, некои канцеларии се со по 8 луѓе во нив и тоа било многу, регулација на можноста за home office и да работиш дури си во движење (воз, авион...), па кафе машините пред некое време ги сменија од поедноставни, во некои што се со тачскрин и коктели дури што може да мешаат... Е такви некои работи што за наши услови се незамисливи, се со цел вработените да се што позадоволни од работата.
Да не спомнувам дека организираат секоја година тим-билдинг, на кои повеќе ивенти се на располагање да одбериме кој го сакаме и се’ е покриено од фирмата: коли, хотели, трошоци за настанот. Годинава имаше работи како трки со четирицикли, качување по карпи, laser-tag... И дури од фирмата обезбедија неколку Ауди А8 W12 и неколку S8 само за нашиот тим за да одиме на ивентот. И после некој ќе речи: да заработувам 1000-1500 евра во МК исто ко на запад ќе живеам... My ass исто :cool:
Кај нас се жалаат оти греење не им пуштаат за да заштеди газдата за нова кола или викендица, па мораат со две јакни облечени да работат (се разбира дека за минималец).
Тоа ми е муабетот, они се жалат оти возот каснел 10 минути на работа, а јас им викам кај нас застануваш на место што го мислиш дека е автобуска и чекаш ЈСП автобус кога ќе дојде и прашање е дали за еден човек ќе застане на станица[DOUBLEPOST=1414623505][/DOUBLEPOST]
Јапонија беше вукојебина и распадната држава после втората светска војна, но Јапонците колективно ја изградија исто како Германците. Ние цел живот сме научиле да бегаме што е одлика на овој народ, т.е. пичкарски менталитет да не превземеме одговорност и да средуваме некои работи, туку сме научиле да бегаме, да чистиме клозети по странство, затоа што сме народ кој не научил да владее сам со себе, туку други да му кажуваат што треба, а што не треба да работи. Просечно интелегентен народ сме, па затоа и имаме просечно средена држава, т.е. корумпирана, мрзелива, лакома, цинична нација сме. Политичарите се само слика на овој народ кој живее тука. Не барајте вина во нив, туку во самите себеси. Тоа е исто да ја обвиниш државата зошто некој просел на улица работоспособен.
Епа кога сите политичари ни се стварно сељаци и по потекло и по карактер, што треба ние паметни да правиме ?
Да вадиме калаши и да пукаме, па читај го само Мкд владе и ќе ти биде јасно зошто сме тука каде што сме. Политичарите не се слика на цел овој народ, ти се слика на дел од народот што се вика шљам и успеале затоа што на балканот само шљамот успева, не дека политичарите на другите држави, како запад се поразлични, туку затоа што таму контролните механизми (како медиуми и институции) не се корумпираат така лесно т.е не се продаваат така лесно. Во Сад, претседатели се менуваат, надворешните политики не се менуваат, војните продолжуваат како по старо, кај нас еден директор на некоја градинка се менува и пола универзум се менува
 
Последно уредено:
П

Пепси_

Гостин
извозот битно фрче шо странски пари шо луѓе нека трепка процентот оти расте :icon_lol::icon_lol:
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.843
Поени од реакции
5.121
Една од работите што многу ми се свиѓа на Запад е што ако закаснеш на работа никој не те гледа попреку или не ти кине плата, денови.
А друго, кога си болен не ти земаат денови од одмор, туку ти праќаат мејлови со get well soon и такви работи.
Во Мкд ми беше страв да не настинам, ми кинеа денови од одмор.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Една од работите што многу ми се свиѓа на Запад е што ако закаснеш на работа никој не те гледа попреку или не ти кине плата, денови.
А друго, кога си болен не ти земаат денови од одмор, туку ти праќаат мејлови со get well soon и такви работи.
Во Мкд ми беше страв да не настинам, ми кинеа денови од одмор.
Кај нас содржината на мејлот, дали ќе си спремен за утре и од кое време.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.442
Поени од реакции
58.528
Јапонија беше вукојебина и распадната држава после втората светска војна, но Јапонците колективно ја изградија исто како Германците.
Кога ќе преживеат месец Германецот или Јапонецот со 3 евра дневно тогаш да ми кажеш дека се поспособни од нас :нинџ:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom