Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
После нова година ќе поскапе 15%-20% сигурно. Очекувај некаде од 10 до 25 јануари да има поскапување.

Ова прерасна во традиција, секоја година (освен лани, мислам) во истиот период се случува поскапување.
ти пиле мое, изгледа не си информиран дека 3-та година по ред струјата се корегира само ЕДНАШ годишно и тоа од регулаторна комисија? и тоа исклучиво на 01.07 секоја година.. со либерализацијата на пазарот, ке се сменеше тоа, но бидејки истата не се деси и нема да се деси уште 3-4 години, значи, праксата за КОРЕКЦИЈА на цената останува како последниот утврден начин.. само на први јули секоја година, еднаш годишно.. тогаш и никој друг ден...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.144
Поени од реакции
21.783
Багра бре, све тоа сиромаштијата треба да се убие! Треба да се пресреќни што воопшто живеат и што Пресветлиот Лидер ги удостоил со неговата милост!
Не бе како така да се убие. Ами кој ке работи после? Арни си се, нека живуркаат, само нека не претеруваат со желбите.
 
I

izotop

Гостин
Како од инает пишувате. Кажете што конкретно ви фали вам,што е тоа што мислите дека не можете да го реализирате и на кој начин селењето ви го решава тој проблем. Конкретни работи, затоа што постојат конкретни работи за кои вреди да се разговара и размисли, а не муабети од типот на вмро-сдсм смешно е.

Друга работа е што ако некој се жали дека е сиромав и дека парите не му стигнувале бидете сигурни дека во повеќе од 90% од случаите е сам виновен, ниту вемеро му се криви, ниту сдс. Ако поставите неколку прашања ќе видите дека ниту имаат салам факултети ниту тие, ниту родителите нивни, а и генерациски ќе видите колку има коцкари, пијаници, мрзла, трошеле премногу на чалами, на пропаднати инвестиции и така натака.
Таквите со тие навики, и со барање изговор за сопствената неспособност ни во 10 Германии нема да станат луѓе.

Да државата како форма има бирократски апарат кој е упм бавен, но тоа сигурно не е причината за сиромаштија. Дури ни фамозната приватизација не е. Па крај краева крадците се одвај 1% од населението, значи останатите 99% свесно им дозволиле.

Башка никој не ви брани да живеете подобро. Одете Германија, Австралија или било каде работете во рудник, на нива аргати, шофери или било што друго поинтелектуално за 10 години ќе имате убава заштеда, ама ќе треба да го испотите газот. И кога тоа ќе му го спомнеш некому дека треба да се испоти одма ќе уцвика. Затоа ни трунка жал не треба да ви е за тие што кукаат, се е заслужено.[DOUBLEPOST=1414557528][/DOUBLEPOST]Без разлика на кажаното тоа ауф видерзен не мора да значи баш ауф видерзен. Од Виена до Скопје со добро беемве си во 8 часа вожња што не е многу далеку. Можеш да се организираш ако имаш услови 3 недели цели да ги работиш, а една цела да си во Македонија да трошиш Австријска плата што е баш топ ситуација.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
море баталете тоа кошницата дај кажете како да се ЕВАКУИРАМ ОД ОВАА УБАЊА :tapp:
Ако си студент, Work & Travel, ако не си запиши се[DOUBLEPOST=1414567438][/DOUBLEPOST]
Како од инает пишувате. Кажете што конкретно ви фали вам,што е тоа што мислите дека не можете да го реализирате и на кој начин селењето ви го решава тој проблем. Конкретни работи, затоа што постојат конкретни работи за кои вреди да се разговара и размисли, а не муабети од типот на вмро-сдсм смешно е.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.441
Поени од реакции
58.521
Ако добро разбрав од постот погоре, во администрација се буташ ако сакаш да не го потиш газот, да лежиш и да земаш плата. Во спротивно имаш приватно па оди работи ако си маж. Бутањето на работа во лежечка положба пред поквалификувани лица е способност, а сите оние што мрчат околу тоа се завидливи.

Ок... :coffee:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.883
Оди во приватна фирма да работиш и никој нити ке ти побара книшка нити му е гајле што си и кој си.
Ова е лага, за жал. Партиски вработувања ИМА во приватни фирми (Ти Мобајл и др.)

Зоља пиевте денес?
 
Последно уредено:

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Еве го и вториот се јави да не убеди дека сите сме грешка.

А Владе се занесува дека оти земал 20 и кусур иљади у администрација и он е некаква елита со таа плата :ROFLMAO:
ЕЛИТА бе!!! :pos::pos::pos:

Штом ги учат дека оние со 10000 се социјалци (на владе зборовите), а 20000 се елита, ќе стигнеме далеку, ахам... :tapp:

Па уште и вика:

"Ти да јадиш варени јајца и леб. Тоа е јадење за такви како тебе, социјала."

А, Рокко е посебна приказна.

Темава е сите vs. Valvoline, Rokko & мкд владе.

Valvoline на црно прави профит (носи автомобили од странство, притоа не плаќа голем дел давачки) и вика дека сите во Македонија се легачи за да во следната реченица каже дека сака да работи во државна администрација и к*р да не го боли.

мкд владе веќе е во администрација и к*р не го боли.

Rokko отиде во Ирак кај Американците, заработи некој денар и сега си го прчи во (најверојатно, поправи ме ако грешам) Куманово со свој бизнис (то ест е новопечен газда) каде што не верувам да некој од вработените го плаќа повеќе од 200 евра месечно. И затоа убаво му е, си ја гледа иднината тука, во Македонија. Сигурен сум дека ако му згусне пак ќе летне до Ирак или кај и да отворат фронт Американците.

И така.
[DOUBLEPOST=1414588958][/DOUBLEPOST]
Ем мрзлив,ем завидлив, и згора на се ептен горделив. Комбинација пичку матер.
Рече административецот што цело време е мрзлив, завидлив и ептен горделив.
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Како ли се родив тука, во најлошото маало, во градов спукан,
зошто во оваа земја, каде се ѕвездите антиталенти, каде талентите се деликвенти
, тука глумците водители, а владата се режисери.
Главен актер е Влатче , а командант е Коки, а највеќе пари прави 13ка Боки.
Тука нема леб, затоа Пикси и Смилен кај се? Нема на кого да му кажат горе раце.
Па затоа се надвор од границата, солуција за да се вратат и да видат хип-поп револуција. :свиркам:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Раст на трошоците за живот во септември – за да се преживее овој месец биле потребни скоро 32 000 денари. Според новите податоци за синдикалната потрошувачка кошница, во деветтиот месец од годинава е регистрирано зголемување на издашноста на семејниот буџет за храна, домување, хигиена и облека, додека трошоците за превоз останале исти.

Така, за исхрана и пијалоци биле потребни 13 391 денар, за домување 10 245 денари, за хигиена 2 189 денари, за превоз 2 339 денари, за облека 2060 денари, за култура 1 070 денари а за здравје 669 денари.

И натаму најголемо учество во структурата на потрошувачката кошница има исхраната за која се одвојува скоро 42% од сумата потребна за живот, со 32% следува домувањето, односно сметките за струја, вода и други комуналии заедно со опрема за одржување на куќата, скоро по 7% зафаќаат трошоците за хигиена и за облека додека за култура би се двоеле по 2,1% од семејниот буџет.

Наспроти мерењата на Сојузот на синдикати на Македонија, статистичките анализи покажуваат дека само 1,4% од граѓаните земаат плата повисока од 40 илајди денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Анализата на податоците од Студијата за пазарот на труд, покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра.

Според магазинот “Форбс“, плaтите во земјава се за 50% пониски од оние во источно европските земји.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ама само шо кажаа на МТВ дека сме ТОП реформатор, па зарем лажат, а и си ја продаваме државата за 1 евро, па каде го има овој рај на земјата?!
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Наспроти мерењата на Сојузот на синдикати на Македонија, статистичките анализи покажуваат дека само 1,4% од граѓаните земаат плата повисока од 40 илајди денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Анализата на податоците од Студијата за пазарот на труд, покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра.

Според магазинот “Форбс“, плaтите во земјава се за 50% пониски од оние во источно европските земји.
Значи, според Евангелието на мкд владе, ситуацијата е следна:

- 1.4% супербогаташи
- 18% буржоазија
- 80.6% плебс

АКО НЕМАТЕ ЛЕБ, ЈАДЕТЕ КОЛАЧИ!!!

-

A, Forbes изгледа нема досега примено додатоци во вид на реклама од Владава, затоа така пишуваат.

:facepalm:
 
Овие од Форбс гарант од сдсм се пуштени затоа вакви дезинформации шират :pos:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Раст на трошоците за живот во септември – за да се преживее овој месец биле потребни скоро 32 000 денари. Според новите податоци за синдикалната потрошувачка кошница, во деветтиот месец од годинава е регистрирано зголемување на издашноста на семејниот буџет за храна, домување, хигиена и облека, додека трошоците за превоз останале исти.

Така, за исхрана и пијалоци биле потребни 13 391 денар, за домување 10 245 денари, за хигиена 2 189 денари, за превоз 2 339 денари, за облека 2060 денари, за култура 1 070 денари а за здравје 669 денари.

И натаму најголемо учество во структурата на потрошувачката кошница има исхраната за која се одвојува скоро 42% од сумата потребна за живот, со 32% следува домувањето, односно сметките за струја, вода и други комуналии заедно со опрема за одржување на куќата, скоро по 7% зафаќаат трошоците за хигиена и за облека додека за култура би се двоеле по 2,1% од семејниот буџет.

Наспроти мерењата на Сојузот на синдикати на Македонија, статистичките анализи покажуваат дека само 1,4% од граѓаните земаат плата повисока од 40 илајди денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Анализата на податоците од Студијата за пазарот на труд, покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра.

Според магазинот “Форбс“, плaтите во земјава се за 50% пониски од оние во источно европските земји.
Само овие проценти не ги гледајте од 2.000.000 туку од 600.000, колку се официјално вработени
 
I

izotop

Гостин
Значи, според Евангелието на мкд владе, ситуацијата е следна:

- 1.4% супербогаташи
- 18% буржоазија
- 80.6% плебс
АКО НЕМАТЕ ЛЕБ, ЈАДЕТЕ КОЛАЧИ!!!

-

A, Forbes изгледа нема досега примено додатоци во вид на реклама од Владава, затоа така пишуваат.

:facepalm:
Пишанициве ме потсеќаат на една сторија од пред неколку години. Дошле странци во некое од селава. И селаниве ги шетале странциве низ селото и почнале да им се жалат, училиштето ни е за никаде, старо е, патот е лош државата е крива. Кога стигнале до крај на селото му кликнало на еден од странциве и им рекол добро училишната зграда е вистина во лоша состојва, но од друга страна вие во вили живеете. Кој разбра, разбра.

Е така и со пишанициве овде, имате за интернет, за компјутер, имате и време да пишувате, да се релаксирате, затоа е срамота за немање леб да пишувате особено на ваков начин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom