Раст на трошоците за живот во септември – за да се преживее овој месец биле потребни скоро 32 000 денари. Според новите податоци за синдикалната потрошувачка кошница, во деветтиот месец од годинава е регистрирано зголемување на издашноста на семејниот буџет за храна, домување, хигиена и облека, додека трошоците за превоз останале исти.
Така, за исхрана и пијалоци биле потребни 13 391 денар, за домување 10 245 денари, за хигиена 2 189 денари, за превоз 2 339 денари, за облека 2060 денари, за култура 1 070 денари а за здравје 669 денари.
И натаму најголемо учество во структурата на потрошувачката кошница има исхраната за која се одвојува скоро 42% од сумата потребна за живот, со 32% следува домувањето, односно сметките за струја, вода и други комуналии заедно со опрема за одржување на куќата, скоро по 7% зафаќаат трошоците за хигиена и за облека додека за култура би се двоеле по 2,1% од семејниот буџет.
Наспроти мерењата на Сојузот на синдикати на Македонија, статистичките анализи покажуваат дека само 1,4% од граѓаните земаат плата повисока од 40 илајди денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Анализата на податоците од Студијата за пазарот на труд, покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра.
Според магазинот “Форбс“, плaтите во земјава се за 50% пониски од оние во источно европските земји.