За ова зборував во мојот претходен пост
Значи според тебе:
Верник (посебно е ако е Христијанин како тебе) = Најголеми морални вредности
Атеист= аморален (можеби и ненормален), крадец, убиец, наркоман
Тука братче си се зезнал малку (не малку, малку повеќе)
Напишав и претходно и ќе повторам, повеќе од сите тие горе спомнати се верници, џабе ви се правилата кога малкумина ги применуваат. А дали твојата вера од тебе направила подобар човек?? ќе приметат членовиве на форумов. Се надевам поради твојов речник модераторот ќе превземе мерки.
Нема потреба да ми наметнуваш етикети, ама ако ти е мерак, слободно. Инаку, денешниот верник според твојата дефиниција која ќе ја прифатам за доброто на муабетот, не е различен од неверникот, ако зборуваме за моралните вредности. Се уште, она кое ми пречи во поделбата верници-атеисти, малку конзервативно од моја страна е што никој повеќе не ги почитува моралните вредности дадени од религијата, со таа разлика што кога доаѓаме до крајниот миг, атеистот ќе рече “посилниот преживува“ а верникот ќе рече “морам да се покајам“. Вториот, се уште дава шанса на опстојување на древните закони и добрата страна на верата.
Ништо јас неизвртувам, таа приказна или мит има многу чудна логика! Ликот во приказната кој им го ускратува сознанието за спознавање добро и зло се воспева и претставува како добар, а ликот кој им ја одкрива лагата е оцрнет и претставен како зло!
Што има овде извртено?
И? Има ли овде нешто извртено? Значи јасно е како ден дека биле казнети иако незнаеле што е добро а што зло! Е сега се поставуваат две битни прашања!
Прво! Зошто праведен и добар бог би му ја ускратил некому способноста да распознава добро и зло? Ако јас сум добар, зошто би го криел тоа?
Второ! Како може да се товари за одговорност некој на кој намерно му е ускратена способноста да прави разлика помеѓу добро и зло?
Значи единствено што е извртено тука е заклучокот на оваа приказна и начинот на кој со векови се прикажува!
Има друже извртено. Она кое ти го кажуваш е исто ко мојата споредба дека ти си комунист, само затоа што твојот симбол на твојата “религија“ има петокрака, безразлика што е наопаку.
Христијанството јасно кажува дека еден е Бог, дека не смее да се има друг Бог, законите на христијанството се единствени, не смее да се доведува воопшто во прашање нејзината исправност. Затоа, ако Господ рекол дека ќе умреш ако го земеш тоа јаболко, мораш да му веруваш. Ако не му веруваш, ако веруваш на некој друг, ќе бидеш казнет.
Она кое тебе, претпоставувам и на другите противници на христијанството, им пречи е фактот што се чувствуваат потчинети и ограничени. Апсолутно ве разбирам, но тоа само покажува колку вие не можете да се пронајдете себе си, зашто религијата во никој случај нема да ве спречи да ја изразите својата креативност ниту ќе ја убие вашата желба за учење, просветлување, истражување... бидејќи средновековната црква одамна не постои, а и онаа која постои е само сенка на она кое вистински треба да биде.
Секој атеист, исто како и верник, треба да научи да ја игнорира темната страна на црквата и нападите на притивниците на црквата доколку сака себе си да се види како подобар човек кој од ден на ден својот карактер и личност го надргадува. Дури, ако сакаме да го видиме тоа низ призмата на христијанството, Господ би бил задоволен кога би видел дека го правите тоа. Религијата и христијанството се тотално небитни, битно е почитувањето на законот, а тој по некоја случајност е библијата. Во неа ги има сите етички норми. Не ви се свиѓа христијанството, во ред е, го имате исламот и куранот. Почитувајте го него, немам проблем, ама немојте тероризмот на Осама=шпанската инквизија=грчките попови во втора светска војна да го поистоветувате со овие книги и вербата во Бог. Дури и сатанизмот ќе го прифатам како добра религија ако нејзините начела не се деструктивни и опасни за други живи суштества. Битно е да се има Бог и да се почитува.
Затоа, барањето правдина од Бог ти е неисправна, бидејќи тој е имагинарен, нереален, тој е раката на правдата која не се гледа... поистоветувањето на Адам и Ева со вистински личности кои некогаш живееле ти е непотребна, па дури и смешна ако веруваш во тоа... и барањето на објаснување за реченицата “Бог вели не јади од јаболкото“ ти е тинејџерско и неуко, зашто секој еден во животот сфаќа дека мора да почитува виша сила која има моќ над него, порано или подоцна.