Атеизам - дефиниција

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Атеист не човек што се бунтува против Бог, туку едноставно човек што верува дека Бог не постои.
Грчкиот збор "Ateist" е негација од зборот "teist" кој доаѓа пак од зборот "teos" што на грчки значи "Бог".
Префиксот "а" во грчкиот јазик означува негација. (Пример:tom = делив, atom = неделив.) Па оттаму теист е човек што верува дека Бог постои, а атеист е човек што верува дека Бог не постои.
А неможе ли тоа да се толкува како верување или верување во постоењето на бог отколку како верување во постоење односон непостоење на бог, бидјеќи атеизмот не е религија и верба.

Мене ми е сосема јасно дека атеизмот е негирање на божијата егзистенција ..но сепак во отсуство на Бог во твојот живот мора да те води нешто друго ..затоа јас го зедов рационалниот атеизам како почетна станица..оти аако не те води Бог мора да те води нешто друго..
абе види не секогаш се за секого е лесно сфатливо, осбено за некој кој уште од мали нозе му е прикажано дека постои и друга варијанта (не ме разбирај погрешно, ама тоа не го сметам за нешто многу лошо).
Така да разбирливо е еден кој е научен уште од мали нозе дека има господ односно вербата дека постои господ кој го води во животот, малку му биде тешко разбирливо дека немора да има нешто во што ќе веруваш за да те води во животот. Еве себе си ќе се земам за пример. Првичното нешто што е цел на мојов живот, а која цел јас не ја бирам туку едноставно ај да речеме пишано ни е скоро на сите во гените е да израснам како здрава полнолетна единка, да создадам потомство, да му обезбедам услови истото да го направи и моето потомство и да допринесам колку можам за прешивувањето на популацијата од мојот вид. Покрај тоа со моето осознавање на светот си имам поставено и некои мои лични желби кои ќе се трудам да ги постигнам кои се во основа само начин на кој би сакал да ги остварам првично наведените цели. И мене не ми треба верба во тоа што го правам за да ме води, јас едноставно го правам во обид да ја постигнам целта, односно животните цели, а тоа дали ќе ги постигнам или не ќе видиме.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А неможе ли тоа да се толкува како верување или неверување во постоењето на бог отколку како верување во постоење односон непостоење на бог, бидјеќи атеизмот не е религија и верба.
Зборот "атеизам" не можеш да го толкуваш исто како што не можеш да го толкуваш ни зборот "dog" во англискиот јазик. Тие си имаат определено значење, а не толкување.
Исто така, Атеизмот е многу поголема верба од Теизмот, затоа што атеистите веруваат во Бог со далеку помалку аргументи од вербата на теистите. Доказ за тоа ти е резултатот од 35:0 на темата "Дали Господ го создал човекот или обратното" :)
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Зборот "атеизам" не можеш да го толкуваш исто како што не можеш да го толкуваш ни зборот "dog" во англискиот јазик. Тие си имаат определено значење, а не толкување.
Исто така, Атеизмот е многу поголема верба од Теизмот, затоа што атеистите веруваат во Бог со далеку помалку аргументи од вербата на теистите. Доказ за тоа ти е резултатот од 35:0 на темата "Дали Господ го создал човекот или обратното" :)
Абе ајде !!

Атеистите веруваат во Бог ??

Доказите се 35:0 ...??

Сериозен си бе ти ??
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Префиксот "а" во грчкиот јазик означува негација. (Пример:tom = делив, atom = неделив.) Па оттаму теист е човек што верува дека Бог постои, а атеист е човек што верува дека Бог не постои.
Не ми е јасно како е развиена дискусија на оваа тема. Атеист е човек кој го отрфла постоењето на Бог како теорија воопшто. Па граматички расправајте се сега ако сакате.
Така велат сите речници, енциклопедии (кои нудат етмологија на зборот) и логиката, а ако некој има од некаде да понуди друго решение и варијанта... бујрум. :toe: Ама вака од ракав и на зафрканција, не бива.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Taка де сеа, ќе се најде некој паметњакович на форумов што ќе ја побие дефиницијата од сите можни енциклопедии...yeah right.

Не гледам каде води дискусијава околу нешто што е веќе дефинирано.:toe:
 
U

UnholY

Гостин
Атеизам...па атеизмот не се смета како целосен ситем на верување, бидејќи нема некоја основна филозофија, односно не бара некој посебен начин на живеење и размислување од своите приврзаници....
Едноставно, како шо религијата е дефинирана како облик на свест, истото мислам дека важи и за атеизмот, односно дека е еден вид на свест или мислење, кое покажува отсуство на вера во Божества или поточно кажано го оспорува тоа...
Е сега, како шо знам ја, атеизмот се дели на умерен и силен...умерениот атеист не верува, затоа што во себе едноставно нема чуство за верба, додека пак силните атеисти изведуваат заклучоци и факти со кои го бранат својот став....
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Многу би било подобро да се отвори тема околу аргументите на атеистите за непостоење на Бог,отколку за дефиниција на атеизмот.Атеизмот е дефиниран,и не знам каква дискусија би можела да се развие околу таа стрикна дефиниција која ја поседува.Колку да се расправате,атеизмот останува тоа што е-неверување во натприродна сила,Бог.Сите други дефиниции се само варијации на оваа,со некои мали граматички и синтаксички измени,додека поентата останува иста.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Е сега, како шо знам ја, атеизмот се дели на умерен и силен...умерениот атеист не верува, затоа што во себе едноставно нема чуство за верба, додека пак силните атеисти изведуваат заклучоци и факти со кои го бранат својот став....
А ти си многу интересен за анализирање. Претпоставувам атеист, а пишано во потпис God... confront me! :)

“Театарче лево ќоше“ :)
 
U

UnholY

Гостин
А ти си многу интересен за анализирање. Претпоставувам атеист, а пишано во потпис God... confront me! :)

“Театарче лево ќоше“ :)
Виктор, тоа е само стих од еден дет метал бенд, кој ми се допаѓа:)
 
Член од
20 јули 2006
Мислења
260
Поени од реакции
10
Licno mislam deka ne postojat lugje koi ne veruvaat vo neshto.Nekogash toa e na baza na sovremena mitologija i sl,znaci veruvanja koi nemaat religiozna osnova ni forma.Pr,ekologistite se eden vid na verba vo nekakvi vrednosti, vo nekoj sovremenn mit za planetata, pa ima lugje shto veruvaat vo psihoanaliza,vo edipov kopmleks, vo gledanje na kafe i tarot...Sekoj so svojot sistem na veruvanja koj cesto ne e personaliziran vo Bog,znaci Ateisticen.
Shto se odnesuva za mene kje go citiram Venko Andonovski "Za da kazesh deka Bog ne postoi treba da znaesh se' shto postoi i shto postoelo milioni godini nanazad, do najmala bilka,a za toa treba da si i samiot Bog"
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Атеизам...па атеизмот не се смета како целосен ситем на верување, бидејќи нема некоја основна филозофија, односно не бара некој посебен начин на живеење и размислување од своите приврзаници...
Напротив. Постои еден целосен атеистички систем систем на верување. Тоа е филозофијата на дијалектичкиот материјализам. До скоро тој систем беше нешто како државна религија во поголемиот дел од Источна Европа. Според дискусиите на повеќето теми од форумот религија, може да се извлече заклучок дека марксистичката мисла, иако официјално напуштена, сеуште има многу силно влијание.

Егзистенцијалните прашања за смисолот на човековото постоење, за суштината на светот, просторот, времето вечноста итн. се прашања за кои одговор обично се бара во религијата. Во тој смисол, исправно е да се рече дека и атеизмот, специјално кога е структуриран во организиран систем каков што беше материјалистичкиот поглед на светот, е еден вид религија.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Shto se odnesuva za mene kje go citiram Venko Andonovski "Za da kazesh deka Bog ne postoi treba da znaesh se' shto postoi i shto postoelo milioni godini nanazad, do najmala bilka,a za toa treba da si i samiot Bog"
Со сета почит кон Венко но... зарем не треба да бидеш исто така Бог за да можеш да тврдиш дека нешто постои во момент кога никој тоа не го гледа? :nesum:

Павел Липранди напиша:
Во тој смисол, исправно е да се рече дека и атеизмот, специјално кога е структуриран во организиран систем каков што беше материјалистичкиот поглед на светот, е еден вид религија.
Колку ми е мене познато, атеизмот и сериозно се зема како учење, односно како религија. Всушност по некое мое “разумно“ мислење, секое спротиставување на религиите каде се прокламира бог, е исто така религија. Едните наметнуваат една идеја, другите друга. Нема никаква разлика. Затоа еднаш реков, повеќе ми се допаѓаат источните филозофии, кои велат на пример “Да, страдањето постои“ за разлика од овие популарниве религии кои секогаш форсираат “мојата релгија нема маана“. Нереални се. Ај да не одам офтопик... :zid:
 
Член од
20 јули 2006
Мислења
260
Поени од реакции
10
Со сета почит кон Венко но... зарем не треба да бидеш исто така Бог за да можеш да тврдиш дека нешто постои во момент кога никој тоа не го гледа? :nesum:

Колку ми е мене познато, атеизмот и сериозно се зема како учење, односно како религија. Всушност по некое мое “разумно“ мислење, секое спротиставување на религиите каде се прокламира бог, е исто така религија. Едните наметнуваат една идеја, другите друга. Нема никаква разлика. Затоа еднаш реков, повеќе ми се допаѓаат источните филозофии, кои велат на пример “Да, страдањето постои“ за разлика од овие популарниве религии кои секогаш форсираат “мојата релгија нема маана“. Нереални се. Ај да не одам офтопик... :zid:
Mozesh da ostanesh neutralen.Ne morash da tvrdish deka go ima ama ni deka go nema.Znam deka nishto neznam :smir: Bash toa e specificno za religijata,ne barash dokaz,veruvash ili ne;
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
32
Поени од реакции
8
За сериозните ќе повторам:
Теист е човек што верува дека Бог постои.
Атеист е човек што верува дека Бог не постои.
Теист е човек што верува во бог.
Атеист е човек што не верува во бог.

За некој што се повикува на граматика би требало да правиш разлика меѓу "верувам дека нема бог" и "не верувам во бог". Првото е верување, второто не верување и постои голема разлика меѓу двете, која за верник е тешко да ја направи, затоа што му е речиси невозможно да прифати состојба на отсуство на верба. Впрочем во атеизмот вербата е заменета со мислата.

И до кога преку мутантски теории ќе доаѓате до изјави како "епа затоа и атеизмот е еден вид на религија". Не е. Знаете што воопшто претставува религија? Знаете што се треба за една колективна мисла да стане религија? Дефинитивно многу повеќе од игра со зборот верба. Ако веќе барате соодветен термин тогаш тоа е организација.
 
Јас не знам, ако знаеш ти, те молам објасни ми... :nesum:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom