Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
А неможе ли тоа да се толкува како верување или верување во постоењето на бог отколку како верување во постоење односон непостоење на бог, бидјеќи атеизмот не е религија и верба.Атеист не човек што се бунтува против Бог, туку едноставно човек што верува дека Бог не постои.
Грчкиот збор "Ateist" е негација од зборот "teist" кој доаѓа пак од зборот "teos" што на грчки значи "Бог".
Префиксот "а" во грчкиот јазик означува негација. (Пример:tom = делив, atom = неделив.) Па оттаму теист е човек што верува дека Бог постои, а атеист е човек што верува дека Бог не постои.
абе види не секогаш се за секого е лесно сфатливо, осбено за некој кој уште од мали нозе му е прикажано дека постои и друга варијанта (не ме разбирај погрешно, ама тоа не го сметам за нешто многу лошо).Мене ми е сосема јасно дека атеизмот е негирање на божијата егзистенција ..но сепак во отсуство на Бог во твојот живот мора да те води нешто друго ..затоа јас го зедов рационалниот атеизам како почетна станица..оти аако не те води Бог мора да те води нешто друго..
Така да разбирливо е еден кој е научен уште од мали нозе дека има господ односно вербата дека постои господ кој го води во животот, малку му биде тешко разбирливо дека немора да има нешто во што ќе веруваш за да те води во животот. Еве себе си ќе се земам за пример. Првичното нешто што е цел на мојов живот, а која цел јас не ја бирам туку едноставно ај да речеме пишано ни е скоро на сите во гените е да израснам како здрава полнолетна единка, да создадам потомство, да му обезбедам услови истото да го направи и моето потомство и да допринесам колку можам за прешивувањето на популацијата од мојот вид. Покрај тоа со моето осознавање на светот си имам поставено и некои мои лични желби кои ќе се трудам да ги постигнам кои се во основа само начин на кој би сакал да ги остварам првично наведените цели. И мене не ми треба верба во тоа што го правам за да ме води, јас едноставно го правам во обид да ја постигнам целта, односно животните цели, а тоа дали ќе ги постигнам или не ќе видиме.