Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Мапа на универзумот

Wikisky e нешто налик Google Maps, но за објекти во вселената. Можете да зумирате, да лоцирате ѕвезди и да најдете детални информации за скоро сите вселенски тела и соѕвездија. Одличен извор за сите ентузијасти во астрономијата. [Wikisky]
 
Член од
21 мај 2007
Мислења
23
Поени од реакции
2
Pa bi sakal da kazam nesto podetalno za maras epa vaka:

Марс е четвртата planeta од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 km (1,52 AU). Дијаметарот ѝ е 6794 km (речиси двојно помал од тој на Земјата), и е седма планета според големината. Марс (грчки: Арес) е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета.
Првото вселенско летало кое го посетило е Mariner 4 во 1965, по што следела уште серија други меѓу кои и Mars 2, првото сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997.
Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30°C во апхел и перихел. Ова има големо влијание на климата. Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото. Иако Марс е многу помал од Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).
Освен Земјата, Марс е има најразнолик и најинтересен релјеф од сите планети од земјин тип. Поинтересните области се:
  • Olimpus Mons: највисоката планина во Сончевиот Систем, 21 km над околната рамнина. Основата му е над 500 km во дијаметар, обиколена со гребен висок 6 km.
  • Tharsis: висорамнина долга 4000 km и 10 km висока.
  • Valles Marineris: систем од кањони 4000 km долг и од 2 до 7 km длабок.
  • Hellas Planitia: кратер од удар на метеор во јужната хемисфера преку 6 km длабок и 2000 km во дијаметар.
Јужната хемисфера е воглавно составена стари планини изрешетани со кратери од метерои, налик на релјефот на Месечината. Но северната хемисфера е сосема различна, содржи рамнини кои се создадени во блиското минато, пониски се и имаат многу посложена историја. Причината за ваквата разлика во релјефот на северната и јужната хемисфера не е позната.
Најверојатно Марс има густо јадро 1700 km во радиус, течна карпеста обвивка, обвивка која е нешто погуста од земјината и тенка кора. Податоците од Mars Global Surveyor укажуваат на тоа дека марсовата кора е околу 80 km дебела на јужната хемисфера и 35 km северната. Релативно малата густина во споредба со другите планети од земјин тип укажува дека кората веројатно содржи релативно големо количество сулфур во соединение со железо (железо и железо сулфид).
Има многу јасени докази за ерозија на многу места на Марс вклучувајќи огромни канали создадени од поплави како и речни корита. Во еден момент од историјата со сигурност имало некаков течен флуид на површината. Водата е најверојатната течност, но постојат и други можности. Веројатно постоеле големи езера или можеби и океани. Доказ за тоа се и некои многу добри фотографии направени од Mars Global Surveyor. Но изгледа дека тоа траело многу кратко и многу одамна; староста на ерозионите канали е проценета на околу 4 милијарди години. (Valles Marineris не е кањон создаден од река. Формиран е со истегнување и испукнување на кората, процес поврзан со создавањето на Tharsis.)
Во својата рана историја, Марс бил многу сличен со Земјата. Како и Земјата, скоро целиот јаглерод диоксид од атмосферата бил претворен во јаглеродни (карбонатни) карпи. Но немајќи ги тектонските движења на плочите, Марс не е во состојба да го обнови првобитното количество јаглерод диоксид со што неможе да создаде значителен ефект на стаклена градина. Затоа површината на Марс е многу поладна од на Земјата дури и кога би биле на иста оддалеченост од Сонцето.
Марс има многу тенка атмосфера составена воглавно од јаглерод диоксид (95,3%), азот (2,7%), аргон (1,6%) и траги од кислород (0,15%) и вода (0,03%). Просечниот атмосферски притисок е само околу 7 милибари (помалку од 1% од земјниниот), но значително се менува со висината, од 9 милибари во најдлабоките басени до 1 милибар на врвот од Olimpus Mons. Но сепак доволно е густа може да се создадат многу јаки ветрови и огромни песочни бури што понекогаш и ја прекриваат целата планета со месеци. Марсовата атмосфера е толку густа што може да создаде ефект на стаклена градина, но толку јака што ја зголемува површинската температура за само 5 степени, многу помалку од влијанието на стаклената градина кај Земјата или Венера.
Марс на обата пола има перманенетни ледени капи составени најмногу од јаглерод диоксид во тврда агрегатна состојба ("сув мраз"). Поларните капи се сотавени од слоеви мраз со ралично концентрација прав. За време на летото на северната фемисфера јаглерод диоксидот од тамошната поларана капа сосема испарува и останува само водениот мраз. Не е познато дали постои сличен слој од воден мраз под јужната поларна капа, бидејќи тамошниот јаглерод диоксид никогаш не исчезнува сосема. Начинот на кој се создаваат слоевите не е познат, но можеби е заради климатските промени поврзани со долготранјата промена на наклонетоста на сопствената оска на ротација во однос на рамнината на која орбитира околу Сонцето. Исто така, извесно количесто обичен (воден) мраз се наоѓа и под површината во близина на екваторот. Периодичните промени на големината на поларните капи (испарувањето на јаглеродниот диоксид) предизвикуваат глобални промени и на атмосферскиот притисок за околу 25% (мерено од летелата Viking на местата каде се спуштиле). Скорешните набљудувања од извршени од телескопот Хабл (Hubble Space Telescope) откриле дека условите за време на мисиите Viking не биле типични. Атмосферата на Марс сега изгледа поладна и посува отколку што било измерено со сондите Viking.
Леталата Viking извршиле експерименти со цел да утврдат дали постои живот на Марс. Резултатите биле донекаде двосмислени, но повеќето научници сметаат дека тие не докажуваат постоење на живот на Марс (сепак постои контроверност). Оптимистите укажуваат дека само два мали примероци се истражени кои не потекнуваат од регионите со најпогонди услови за живот. Мал број на метеорити кои паднале на Земјата потекнуваат од Марс. Во август 1996 беше објавена првата потврда за пронајдени остатоци од органски материи на метеорит кој потекнува од Марс. Луѓето кои ги открија органските материи на метеоритот велат дека тие се создадени од прастари марсовски микроорганизми.
Колку и да е интересно ова откритие, важно е да се истакне дека тоа не го докажува постоењето на вонземски живот. Исто така имаше неколку контроверзни студии објавени по тоа откритие кои го отфрлаат како доказ за постоење вонземски живот.
Неговата привидна магнитуда значително се менува во зависност од релативната позиција во однос на Земјата.
Марс има два мали сателити кои орбитираат многу близу до површината. Сателит Растојание (000 km) Радиус (km) Маса (kg) Откриен од, Година Фобос 9 11 1.08e16 Хал 1877 Демос 23 6 1.80e15 Хал 1877 ("Растојанието" е мерено од центарот на Марс).
Фобос е поголемиот и внатрешниот сателит на Марс. Тој е поблизу до својата планета од било кој друг сателит во Сончевиот Систем, помалку од 6000 km над површината. Исто така е и еден од најмалите во Сончевиот Систем со просечен дијаметра од 22,2 km (има неправилна форма 27 x 21,6 x 18,8 km).
Според грчката митологина Фобос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Фобос" на грчки значи "страв". Фобос, кога би се наоѓале на површината на Марс, би изгревал на запад, многу брзо би се движел по небото и заоѓа на исток, вообичаено двапати дневно. Толку е блиску до површината што неможе да види од било кој точка на површината на Марс.
Иднината на Фобос е "проколната" бидејќи орбитира под синхроната висина. Привлечните сили постојано му ја намалуваат орбитата (моментално 1,8 m во 100 години). За околу 50 милиони години тој или ќе падне на површината или (многу поверојанто) ќе се распрсне во прстен. (Ова е спротивен ефект од тоа што и се случува на Месечината, орбитата и се зголемува).
Советското вселенско летало Фобос 2 детектирало слабо но константно испуштање гас од Фобос. За жал, Фобос 2 престал да функционира пред да може да ја одреди природата на гасот, иако се смета дека тоа најверојатно е вода.
Демос е помалиот и подалечниот сателит на Марс. Еден е од најмалите природни сателити во Сончевиот Систем. Орбитира на оддалеченост од 23.459 km од Марс, а димензиите му се 15 x 12,2 x 11 km (просечен дијаметар 12,6 km).
Во грчката митологија Демос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Демос" на грчки значи "паника".
Фобос и Демос најверојатно се составени од карпи богати со јаглерод како и астероидите од Ц-тип. Но нивните густини се толку мали што не е возможно да се чисти карпи. Веројатно се составени од мешавина на карпи и мраз. На површината од двата може да се забележат многу кратери. Сликите од Mars Global Surveyor укажуваат дека Фобос е прекриен со слој од многу ситна прашина околу еден метар дебела, слична како реголитот на Месечината.
Се верува дека Фобос и Демос се всушност заробени астероиди. Постојат шпекулации дека тие потекнуваат од периферните делови на Сончевиот Систем, а не од астрероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.
Во иднина Фобос и Демос би можеле да се користат како "вселенски станици" од кои би се проучувал Марс или попатни станици од и кон површината на Марс, особено ако се потврди постоењето на мраз.
Марс е "р'ѓосана" планета .



eve nekoja slika od nea:








 
Член од
21 мај 2007
Мислења
23
Поени од реакции
2
Jas mislam deka ima mnogu poveke galaksii koj mnogu se oddaleceni a nie seuste ne sme tolku razvieni za da mozeme da stigneme do tamu bidejki jas veruvam deka ima zivot kako na primer sto imalo slucki od nlo tie po dolg pat uspeale da stignat do ovde so mnogu razviena tehnika se nadevam i nie ke uspeem za nekolku veka :):):)
 
S

Sagan

Гостин
Како гори оган во нулта гравитација?


Си до првите летови во Вселената, човекот имаше директен контакт со оган само на Земјата, и не се знаеше како тој ќе се однесува во вселенските летала, т.е. во услови на нулта гравитација.
Ова особено ги интересираше научниците од Соединетите Американски Држави, затоа што во почетокот на вселенските истражувања, пред 40-тина години, тие планираа вселенските летала со човечки екипаж да ги полнат со чист кислород, а сите знаеме дека кислород го потпомогнува горењето. Во 1967 година, само една искра во леталото Аполо 1 за момент се претвори во силен оган, кој ги усмрти тројцата астронаути во леталото. Но, несреќата на Аполо 1 се случи на Земјата, пред полетувањето. Па, како огнот се однесува во Вселената?
Во бестежинска состојба огнот не може да гори, затоа што практично се гаси сам од себе. Зошто е тоа така?
Тука, на Земјата, во услови на гравитациско влијание, кога ќе запалите оган тој создава светлина, топлина, јаглерод диоксид и водена пареа. Произведената топлина предизвикува другите продукти на согорувањето да се шират, со што се намалува нивната густина и тие се издигнуват во височина, т.е. воздухот станува потопол и се издигнува нагоре. На тој начин, околниот свеж воздух, богат со кислород, доаѓа до пламенот и согорувањето продолжува, си додека има гориво, но и кислород во воздухот, кој го поттикнува понатамошно согорување.
Меѓутоа, во бестежинска состојба продуктите од согорувањето не одат никаде, затоа што при нулта гравитација нема нешто што би го нарекле горе или долу. Затоа, продуктите од согорувањето се акумулират околу пламенот и го попречуват околниот воздух, т.е. кислородот, да дојде во допир со пламенот, па согорувањето престанува заради недостаток на кислород.
Заклучокот е дека за постоење на оган потребна е гравитација, или некој начин со кој ќе се обезбеди непречен допир на кислородот од воздухот со пламенот. Можно решение е со некаков вентилатор да се распрснуваат продуктите од согорувањето и да се носат свежи количества воздух. Нешто слично имаме и на Земјата. Од искуство знаеме дека огнот гори посилно кога дуваме во неговиот правец.
Движењето на воздухот со помош на вентилатори во вселенските летала не е потребно само заради пламенот (кој, патем, таму и не е баш нешто посакуван), туку е потребен и заради нормално дишење. Имено, продуктите од процесот на дишење, кои ги испуштаме при издишувањето, исто така би биле локализирани само околу дишните органи и брзо би се задушиле доколку на некој начин околниот воздух не се натера на движење. На Земјата, тие продукти под влијание на гравитацијата, исто така, се отстрануваат од околината на нашите дишни органи и се носи ново количество на свеж воздух.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Заеднички проект на најголемите вселенски агенции

Кон крајот на месец мај, најголемите вселенски агенции ја претставија својата заедничка визија за глобално координирање на идните вселенски истражувања на Месечината, Марс и пошироко. Глобалната стратегија за истражување (Global Exploration Strategy) ја нагласува општествената подлога за истражување на Вселената и ги определува моменталните фокуси во развојот на идните истражувања. Меѓу останатите работи, пред си, тоа се враќање на Месечината и истражување на Марс.
Во овие преговори беа вклучени НАСА, ЕСА, Британскиот национален вселенски центар (British National Space Centre), како и вселенските агенции од Австралија, Кина, Франција, Канада, Германија, Индија, Италија, Украина, Кореја и Јапонија.
Решението да се превземе еден ваков чекор, Агенциите го објаснуваат со следниве аргументи:
„Половина век по Спутник време е да се обединат сите нации со искуство во вселенските истражувања. Со обединување на повеќе нации, многу од младите научници ќе можат да соработуват на повеќе проекти од фундаментално значење. Многу работи кои денес ги користиме се продукт на развивање на вселенската програма: глобални метеоролошки сателити, сателити за тревога во случај на прородни катастрофи, како и сателити за глобална комуникација. Овие системи повеќе не можат да бидат од интерес само за една нација.“

„Во текот на изминатите 50 години постигнати се големи успеси во истражување на Вселената, но колку далеку ќе одиме во иднина, зависи од тоа колку заедно ќе работиме на нови идеи за мисии и летала кои ќе одат што подлабоко во Сончевиот систем. Како пример за една ваква соработка е и мисијата кон Месечината, која ќе ја лансира Индиската вселенска агенција во соработка со Британскиот национален вселенски центар, кој ќе ги развива уредите за геолошко истражувње на почвата на Месечината.“
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Официјално е одложено лансирањето на вселенската мисија Dawn (Зора). Причините за ваквата одлука се многубројни. Една од нив е неповолното време на лансирната рампа и доцнењето на бродот со инструментите за следење на сондата, кој не можел да пристигне на време на закажаната локација.
Исто така, дадена е и предност на лансирањето на леталото Феникс (Phoenix Mars Lander), кое мора да се лансира на почетокот на август, заради позицијата на Марс во однос на Земјата. Подготовките за ова лансирање веќе се во тек.
Следното планирано ланирање на Dawn ќе биде во септември, кога ќе се отвори таканаречен „прозорец за лансирање“, кога астероидите и Земјата ќе бидат во поволни местоположби.

Мисијата Dawn треба да ги посети двата најголеми астероиди од главниот астероиден појас - Веста и Церера (Церес). Според планот, леталото треба да пристигне во орбитата околу Веста во октомври 2011 година и таму би било си до мај 2012, кога би се упатило кон астероидот Церера. Во орбитата околу Церара, Dawn треба да пристигне во февруари 2015 година.
Со оваа мисија треба да се проучат деталите околу најраните моменти од настанокот на нашиот Сончев систем. Леталото Dawn има димензии од 1,64 x 1,27 метри, и опремено е со камера со висока резолуција и два спектометри. Ќе се придвижува главно со јонските мотори, додека класичните мотори ќе служат само за влегување и излегување во одредена орбита.

Инаку, мисијата Dawn веќе одамна има проблеми со лансирањето, т.е. со неговото одложување. Во 2006 година, дури се потегна и прашањето за нејзино комплетно откажување, но по многу дебати НАСА, сепак, се согласи да одвои дополнителни средства за оваа мисија. Да се надеваме дека ова е последното одложувања, и дека во текот на септември Dawn ќе се упати кон својата двојна цел, со што ќе стане прво летало кое влегло во орбита околу две вселенски тела.



Извор
По некоја случајност, да не земат да ме тужат:)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.596
Поени од реакции
13.281
а да прашам дали по скоро се планира некаков спејс шатл за марс ? мн ме занима таа планета да ми понудат би одлетал таму ...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
а да прашам дали по скоро се планира некаков спејс шатл за марс ? мн ме занима таа планета да ми понудат би одлетал таму ...

Малце е оф ама ајде... Некаде околу 2030 година се планира спуштање на Марс. Истражувачка мисија, но сепак мислам ќе биди ОГРОМЕН чекор напред во истражувањето на Сончевиот Систем и општо постоењето на човечката цивилизација. Ти би одлетал таму? :pos:


Него, да се вратам јас на темата. Значи еве интересна сторија:

Индија ќе гради голем телескоп на Хималаите



Компјутерски приказ на телескопот кој ќе се гради на Хималаите
Со помош на Русија и Белгија, Индија ќе изгради голем 3,6 метарски телескоп рефлектор на Хималаите. Планот е тој да биде завршен до 2012 година. Овој иден најголем телескоп во Азија делумно ќе се прави во Русија (оптиката, механиката и моторите), а делумно во Белгија (електрониката и компјутерските делови). Кога ќе биде изграден, индиските научници и нивните соработници ќе имаат барем пет пати подобар поглед во Вселената, со можност за изработка на одлични фотографии.
Целиот проек за изградба на овој телескоп би требало да чини околу 27 милиони долари, при што белгиската влада ќе учествува со 10%, а руската со 5%. Соодветно на вложеното, ќе се расподели и времето на работа со телескопот. Според досегашните истражувања, одбраната локација на Хималаите е многу квалитетна, а се претпоставува и дека е можеби најдобра на светот. Доколку ова се потврди по изградбата на телескопот, оваа локација може да биде идно место каде ќе се прават и други големи телескопи, т.е. да биде голем телескопскиот центар, нешто слично како што сега се Андите во Чиле или Хаваите.
 

mALEFACTOr

..:[iluzionist]:..
Член од
30 април 2007
Мислења
512
Поени од реакции
24
Светла точка на површината на Титан

Вселенското летало Касини на 26 мај оваа година идентификувала необична светла точка на површината на Титан, која веќе го привлекла вниманието на научниците. Ова подрачие се наоѓа југоисточно од големата светла регија кое се вика Ксанаду, широко е околу 480 км и би можело да биде “топла точка”, површина која вероватно е загреана од неодамнешниот судир со астероидот, или мешавина од мраз и амонијак од топлата внатрешност на месецот која полека истекува од ледениот вулкан и го прекрива уште поладното околно поле.

Друга причина за постоење на ваквото светло поле на површината вклучува посебна конфигурација на теренот која успева да ги задржи облаците на едно место или ретките и необични материјали на поивршината. Оваа светла точка можела да настане како резултат на судар, лизгање на земјата, вулкански активнисти или атмосверски процеси.
Касини во тек на прелетувањето на Титан на 31 март оваа година, користејќи спектрометар во склоп на леталото ВИМС (Visual and Infrared Mapping Spektrometar), вршела набљудување на оваа област во инфрацрвен обсег, која е најсветла до сега откриена област на површината на овој Сатурнов месец.
Во таа прилика инструментите за набљудување во делот на спектар видлив со голо око, исто така регистрирале 550 километри широк светол полукруг, кој се наоѓа на исто место каде се наоѓал и во тек на набљудувањето во Декември 2004 и Февруари 2005година.

Јасно е дека и двата вида инструменти регистрирале иста појава на површината.Впечатливата боја и светлост наведуваат на тоа дека оваа појава настанала во поново време.
Неколку светли места се откриенин до сега на површината,но сите, за разлика од споменатото, биле од минлив карактер, се движеле и се губеле за неколку часа и имале различити спектрални каректеристики.Оваа површина меќутоа секогаш е на иста локација и со иста боја.
Дали е можно ВИМС уредот да видел облак кој е контролиран со топографија на теренот и да откриената полукружна површина придонесува за појава на оваков облак?Доколку таа светла површина всушност е облак, тогаш неговата стабилност и должина на постоење укажуваат на фактот дека е контролиран од површината на планетата. Таков облак може да настане како резултат на стален проток на воздух преку ниските планини или испуштање на гасови предизвикани од геолошка активност.

Светлата површина може да биде рефлексија на светлост од дел на теренот кој се состои од некаков егзотичен материјал на површината. Површината на Титан се состои воглавном од нечист мраз па светлата површина едноставно може да е регија со друг состав или тенок површински слој кој не содржи мраз.
Научниците ја разгледувале опцијата дека оваа светла површина, всушност е планински масив. Тоа тогаш би биле планини многу повисоки од стотина метри високите брегови кои досега се откриени со радарски висиномер на леталото Касини, и се верува дека тенката кора на површина на Титан не може да ги подржи поголемите планински масиви.
ВИМС инструментот повторно имаше можност да го испита ова подрачие во текот на следното прелетување, што по распоред беше на 2. 07. 2006 год од кое сеуште нема резултати. Доколку и од ова прелетување , кое е направвено ноќе е видена светлина, ќе се знае дека површината е топла.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Последната планета од нашиот сончев систем, Плутон, е толку многу мала што веќе многу години се расправаат научниците дали да ја исклучат од сончевиот систем.
Плутон е официјално исклучена од планетите на нашиот Сончев систем. Не е поради големината како што мислиш, туку поради што се утврдило дека нема правилна ротација околу својата оска, ниту околу Сонцето.

Планетата Сетна е внесена во нашиот Сончев систем, се претпоставува дека е со големина и карактеристики слични на Земјата, но е доста далеку за да може детално да се проучува.
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
89
Поени од реакции
1
Со сета должна почит, но сметам дека Астрономијта воопшто не спаѓа во подфорумот Мистерии, туку спаѓа во подфорумот Наука... Ова е огромна грешка, никаде астрономијата не се сваќа како мистерија, дури има и факултети за астрономија на запад, и секоја година се одделуваат милијарди долари и евра за оваа наука... Астрономите се нарекуваат научници а не мистеричари... Би самолил да се исправи оваа грешка...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Спирит направи важно откритие на Марс

Спирит направи важно откритие на Марс!

НАСА неделава објави дека нивниот истражувачки ровер Спирит пронашол мало парче почва на Марс, каде со голема веројатност се претпоставува дека во минатото постоеле услови за одржување на микробен живот.
Додека роверот во мај истражувал научно важен предел, открил област од речиси чист силикат, за која научниците веруваат дека потекнува од жешки кисели гасови, кои во минатото избивале од под површината преку пукнатините во кората, уништувајќи ги минералните компоненти и зад себе оставајќи само силикати.









Иако роверите не се дизајнирани директно да бараат траги од живот, секое откритие како ова претставува откривање на дел од сложувалката и мистеријата на Марс. Истражувачите се надеваат дека ќе имаат можност да ја проучат оваа специфична локација по лансирањата на нови мисии кон Црвената планета. Научната истражувачка лабораторија на Марс (MSL), која треба да биде лансирана во септември 2009, ќе биде првата можност за подетално проучување на оваа локација.
Инаку, Спирит сега има само две недели да се позиционира до место кое најдобро е изложено на сончевите зраци, пред силните песочни бури да го парализираат во текот на зимата на Марс, кога роверот ќе биде ставен во хибернација, за да може да заштеди што повеќе енергија и да започне со постепено полнење на батериите.
Спирит и Опортјунити се двата ровери близнаци на Марс, кои претставуваат речиси комплетни научни лаборатории, опремени со голем број инструменти, и ја истражуваат површината на планетата вршејќи најразлични анализи, мерења, геолошки испитувања, анализи на почвата, мерења на атмосферата, климата, како и најразлични фотографирања. Тие на Марс пристигнаа во јануари 2004 година. Иако нивната издржливост и мисија беа проценети на околу 90 дена, тие сè уште се оперативни и во добра форма, и ги надминаа сите очекувања на научниците и светската јавност. Научниците постојано им доделуваат нови задачи и цели, сè додека можат да функционираат и да се користи нивниот потенцијал, иако планираните мисии тие одамна ги извршија и надминаа.
Опортјунити, кој се наоѓа на спротивната страна на планетата, во септември почна да се спушта во големиот кратер Викторија, каде научниците веруваат дека ќе пронајдат уште позначајни одговори за минатото на Марс. Веројатно тоа е и местото каде роверот ќе го заврши своето патешествие, бидејќи мали се шансите Опортјунити да излезе од таму, поради тешкиот терен и многуте истражувања што тој треба да ги направи во кратерот.



извор
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
17
Поени од реакции
0
Со сета должна почит, но сметам дека Астрономијта воопшто не спаѓа во подфорумот Мистерии, туку спаѓа во подфорумот Наука... Ова е огромна грешка, никаде астрономијата не се сваќа како мистерија, дури има и факултети за астрономија на запад, и секоја година се одделуваат милијарди долари и евра за оваа наука... Астрономите се нарекуваат научници а не мистеричари... Би самолил да се исправи оваа грешка...
Точно е дека Астрономијата е наука но оваа се нејзини мистерии и шпекулации па не е лошо да си стои овде кадо што си е. Ништо не и фали баш си е на место :) Поздрав.
 

mALEFACTOr

..:[iluzionist]:..
Член од
30 април 2007
Мислења
512
Поени од реакции
24
2009 - Меѓународна година на астрономија

о четврток, на 20 декември 2007 година, во 09:30 часот, Обединетите Нации на своето 62 Генерално Собрание донесоа резолуција за прогласување на 2009 година за Меѓународна година на астрономија (МГА). Предлог резолуцијата ја поднесе Италија, а Меѓународната астрономска унија (IAU) и UNESCO ќе бидат главни координатори во подготовките за одбележување на 400 години од првите набљудувања со телескоп. Со слоганот „Откриј ја Вселената“ отпочнаа подготовките за МГА 2009 и во Македонија. За Меѓународна година на астрономија 2009 (МГА 2009)
Меѓународната астрономска унија ја прогласи 2009 година за година на астрономија, и таа ќе ги координира сите активности на меѓународно ниво (27 октомври 2006 година, Минхен). Оваа иницијатива е покрената со намера да ги потсети сите жители на нашата планета на огромната и значителна улога што астрономијата ја има во развојот на науката, технологија, образованието и културата, како и да постави вистински основи за навремено и соодветно информирање на јавноста за најновите астрономски откритија.
- Зошто токму 2009 година треба да биде Меѓународна година на астрономија?
Галилео Галилеј во 1609 година за прв пат го вперил телескопот кон ноќното небо и дошол до неверојатни откритија, кои засекогаш го изменија нашето разбирање на светот околу нас. Галилео открил планини и кратери на Месечината, четири месечини на Јупитер (Јо, Европа, Ганимед и Калисто), како и тоа дека „лентата“ на Млечниот Пат е составена од огромен број на ѕвезди (кои не ги гледаме со голо око како поединечни ѕвезди, туку како магличеста светла трага на небото). Во историјата на астрономијата, 1609 година се зема како почеток на модерната ера на астрономијата, т.е. како почеток на телескопската ера.
Астрономските опсерватории во целиот свет денес имаат најсовремени телескопи и набљудувачка опрема која ветува одговори на многу важни прашања, што ги поставуваме сакајќи да го разбереме светот што нè опкружува, како на пример, како настануват ѕвездите и планетите, како се групираат галаксиите, како тие еволуираат и каква е вистинската структура на Вселената.
Астрономијата е најстарата наука во историјата на човештвото и таа играла многу важна улога кај многу, ако не и кај сите цивилизации во светот. Благодарение на современите телескопи и вселенски летала, астрономијата го продолжува својот забрзан напредок, при што речиси секојдневно нè збогатува со нови знаења и нови откритија кои го одземаат здивот.
Астрономијата дава голем придонес во општеството и во културата воопшто, поттикнувајќи ги луѓето, особено помладите, да го продолжат свој интерес за науката воопшто, а не само за доменот на астрономијата. МГА 2009 ќе одбележи монументален скок во напредокот во користењето на телескопите и астномските набљудувања во однос на тоа како тоа го правел Галилео Галилеј. МГА 2009 ја претставува астрономијата како мирољубива научна дициплина, која ги обединува сите научници во едно големо семејство на научници, кои работат заедно на откривање на одговорите на најфундаменталните прашања.

Основни цели на МГА
1. Зголемување на научната свест кај пошироката јавност;
2. Промовирање на нови откритија/знаења во астономијата;
3. Поддршка на нови астрономски институции во државите во развој;
4. Модерно прикажување на научниците и научната кариера;
5. Поддршка на сите видови социјално астрономско поврзување;
6. Представување на научниците;
7. Подобрување на неформалното и формалното образование;
8. Зачувување на светското културно богатство - темното небо;

Проекти предвидени за одбележување на МГА (за 2008 и 2009 година)
1. Четири дена астрономија (100 часа астрономија);
2. Галилеоскопи во целиот свет;
3. Вселенски дневник;
4. Порта на Вселената;
5. Таа е астроном (кариери на интересни жени астрономи);
6. Сочувување на темното небо;
7. IAU/UNESCO астрономско наследство;
8. Програма за обука на наставници и професори;
9. Вселена за хендикепираните;
10. Вселената видена низ очите на Земјата (изложби, ликовни и литературни конкурси, квизови, наградни игри итн.);

Меѓународна астрономска унија (MAУ)
Меѓународната астрономска унија (MAУ) е меѓународна астрономска организација која обединува околу 10 000 истакнати астрономи од сите нации и сите земји во светот. Мисијата на MAУ е да ја промовира астрономија низ сите облици на меѓународна соработка. Генералното собрание на МАУ се одржува на секој 3 години.
Меѓународната астрономска унија основа Секретаријат за координирање на активностите за одбележување на МГА 2009, кој треба да раководи со сите подготовки на меѓународно ниво. Ова ќе се реализира со помош на 100 национални координатори од 100 различи земји во светот и истакнати астрономски институции, како што се најголемите опсерватории, НАСА, Европската вселенска агенција, тимот на вселенскиот телескоп Хабл, астрономските списанија како Sky&Telescope, Astronomy и др. Секој од координаторите претставува т.н. SPoC (Single Point of Contact), т.е. лице кое е врска помеѓу МАУ и локалната астрономска заедница во матичната земја.

Основни задачи на секој национален коoрдинатор (SpoC) се:
1. Преведување и дистрибуција на официјалниот постер на Меѓународната астрономска унија за одбележување на МГА;
2. Поставување на национална интернет страница, посветена на обележувањето на МГА;
3. Поставување на стратегија и организациска структура за одбележување на МГА на национално ниво;
4. Обезбедување на фондови и спонзорства за обележување на МГА;
5. Формирање, организирање и мотивирање на тимови од аматерски и професионални астрономи и вљубеници во астрономијата, кои би работеле на популиразација на астономијата пред пошироката јавност;
6. Организирање, стимулирање и иницирање на соработка помеѓу професионални астрономски институции и астрономски друштва и организации;
7. Организирање на постојана соработка со средствата за јавно информирање и учествување во сите облици на медиумски дејности;
8. Поттикнување на сите активности на национално и меѓународното ниво, со цел да се организираат помасовни акции во текот на МГА 2009;
9. Редовно уредување на национални интернет презентации кај главната презентација на Меѓународната астрономска унија (IYA 2009 web page: http://www.communicatingastronomy.org/iya_eso) со детални планови и активности за целата земја (на пример, за Македонија).
Најголем дел од активностите во текот на 2009 година ќе биде од локален и регионален карактер. Во многу од земјите формирани се т.н. национални комитети за астрономија, кои ги планираат активностите на национално ниво.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
46
Поени од реакции
0
Постои кај нас друштво на Астрономи или нешто слично? По форумиве има еден куп луѓе кои пишуваат за вакви работи. Дај здружете се и да видиме што ќе направите.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom