Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Ако ова е вистина, тешко на новите генерации
Те цитирав само на кратко бидејки јас повеке не можам да им верувам толку на научниците бидејки имало случаеви во кои предвидувале дека ке удре на земјата во * година па не се случувало тоа.Сигурна сум дека и самата ке го смени правецот на движење.


* било која година пред 2011.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.780
Поени од реакции
12.247
Дајбоже, претпоставките се наводно 1 према 250.000. Не знам колку таа веројатност е голема или мала сметано во астрономијата. Но и да се приближи, читам дека ќе ја пукаат со нешто па...сигурно до тогаш ќе се најде и некоја друга техника за одбрана од овие вселенски бомби.

Апо, ако смета прилогот што го ставив, тргни го...и така испаднаа дупли :)
 
T

Tetro

Гостин
Дајбоже, претпоставките се наводно 1 према 250.000. Не знам колку таа веројатност е голема или мала сметано во астрономијата. Но и да се приближи, читам дека ќе ја пукаат со нешто па...сигурно до тогаш ќе се најде и некоја друга техника за одбрана од овие вселенски бомби.
Ќе го пукат, тоа е најверојатно најсигурно. Самошто, за тие 25 години колку што треба да патува, најверојатно е да погоди некое гравитационо поле во вселената и да го смени правецот. Ако и понатаму продолжи да се движи накај нас, ќе му направиме едно пукање. Па и не е толку големо. :) само 270 метри е.
Армагедон
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Се наѕира крајот на потрагата по темна материја во LHC
09.02.2011

Превземено од соопштението од Imperial College London:

Физичари кои работат на проектот, според нивните изјави, се моментално најблиску од било кога до откривањето на изворот на мистериозната темна материја воВселената во истражувањето долго една година која ги надминала сите очекувања за успершност. Истражувањето се врши при детекторот на честички на Компактниот мионски соленоид (CMS), дел од Големиот хадронски судрувач (LHC) при ЦЕРН во Женева.

„Детекторот на Компактниот мионски соленоид (CMS) при Големиот хадронски судирач (LHC)“
До сега е комплетиран првиот круг од експерименти кои вклучуваат судири на протони при брзини речиси колку онаа на светлината. Кога овие суб-атоски честички се судруваат во внатрешноста на детекторот на CMS, резултантните енергии и густини се слични на оние кои постоеле во првите моменти на постоењето на Вселената, непосредно по Големиот прасок кој се случил пред околу 13.7 милијарди години. Уникатните услови кои се создаваат со ваквите судири можат да доведат до продуцирање на нови честички кои исто така постоеле во раните момени на создавањето, но оттогаш имаат исчезнато.

Истражувачите сметаат дека се на добар пат или да ја потврдат или да ја отфрлат една од водечките теории која би можела да значи решение на многу од постоечките прашања во делот на физиката на елементарни честички, познат како суперсиметрија (SUSY). Многумина веруваат во нејзиниот потенцијал да биде меродавна екстензија на Стандардниот модел во физиката на елементарни честички, кој ги опишува интеракциите на веќе познатите субатомски честички со неверојатна прецизност, но е неуспешен во инкорпорирањето на генералната теорија на релативитетот, темната материја и темната енергија.

CMS_Higgs-event
Во физиката на елементарни честички суперсиметријата е симетрија која ја доведува во врска одредената елементарна честичка од еден спин со други честички кои се разликуваат од неа за пола единица спин и кои се познати под името асуперпартнери. Постоењето на суперсиметрија би значело дека за секој вид на бозон постои соодветен фермион со иста маса и внатрешни квантни броеви, и обратно.

Темната материја претставува невидлива субстанца која не можеме да ја детектираме директно, но чие присуство се насетува од ротациајта на галаксиите. Физичарите веруваат дека околу четвртина од масата на Вселената е составена од темна материја додека обичната и видливата материја учествуваат само со околу 5% во нејзината маса. Составот на масата на вселената е мистерија која во себе носи интересни можности во сеуште неоткриената физика.

“Иако до сега направивме значаен чекор напред во потрагата по темна материја, сепак сеуште немаме конкретно откритие. Резултатите кои ги добивме дојдоа побрзо од очекуваното сооглед на тоа што LHC и CMS лани работеа подобро отколку што се осмеливме да се надеваме и сега сме многу оптимистични во поглед на конкретното дефинирањена суперсиметријата во следните неколку години”, вели професорот Џеф Хал (Geoff Hall) од одделот за физика при Imperial College London, кој работи на експериментите при CMS.
Енергијата која се ослободува при протон-протон судирите во CMS се манифестира во вид на честички кои се разлетуваат во сите насоки. Повеќето судари продуцираат веќе познати честички, но во ретки ситуации, нови можат да бидат произведени, вклучувајќи ги и оние предвидените од стана на SUSY, познати како суперсиметрични честички или счестички. Најлесната счестичка која ќе биде произведена е и природен кандидат да биде класифицирана како темна материја, а CMS овие објекти единствено може да ги „види“ прку недостатокот на нивниот сигнал во детекторот што би довело до нерамнотежа помеѓу енергијата и импулсот.
Во потрагата по счестички, CMS бара судири кои продуцираат два или повеќе високоенергетски „млазови“ (гупации на честички кои патуваат во приближно иста насока) и значаен недостаток на енергија.

„Потребно ни е добро разбирање за обичните судири на честичките за да можеме да ги препознаеме необичните кога тие ќе се случат. Таквите судири се ретки, но можат да бидат произведени во познатата физика. Имаме прегледано 3 трилиони протон-протон судири и од нив имаме детектирано 13 SUSY судири, што и е приближно на бројката која ја очекувавме. Иако сеуште немаме докази за постоењето на счестичките, овој вид на мерење значително ја смалува областа за потрага по темна материја“, вели др. Оливер Бухмилер (Oliver Buchmueller) кој е исто така дел од одделот за физика при Imperial College London, но е стациониран во ЦЕРН.

Физичарите се полни со надеж дека работата на LHC и CMS во 2011 ќе произведе податоци кои ќе можат да ја потврдат суперсиметријата како објаснување за темната материја.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2250
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
На одмор под ѕвезди
11.02.2011

Свеста за зачувување на ноќниот пејзаж е сé повеќе изразена и кај нас, но и во странство. Но, освен потребата за зачувување на ѕвезденото небо, некои се сетиле и како ѕвезденото небо да го претворат во туристичка атракција и извор на заработка.

Панорама на Sark, преку ден
Малиот остров, помеѓу Англија и Франција, наречен “Island of Sark”, добил од Меѓународната организација за зачувување на темното небо (IDA), службен статутс на прв остров, со темно небо на светот. Островот има околу 5 км²., на кој живеат 500 жители. Јавно осветлување не постои, како ни автомобили. Природните убавини на тој начин сé зачувани, а ноќното небо е полно со ѕвезди. Млечниот пат е видлив, речиси до линијата на хоризонтот. Може да се забележат траги од оддалечени населби на околу 100 км., но сепак, небото е многу темно.
По иницијативата за прогласување на островот за подрачје на темно небо, меѓу жителите е поведена јавна дебата и едукација, а приватните светла сé прилагодени на барањата, да не светат над линијата на хоризонтот.

Ѕвездено небо, кое повеќе не се забележува во целосна убавина од над 90% на Европскиот простор
Жителите на Sark, со овој потег, ја гледаат својата перспектива, бидејќи посетителите кај нив, како нигде поинаку во светот, имаат шанса да видат, вистинско ноќно ѕвездено небо. Тие сметаат на туристички аранжмани, најповеќе од луѓето кои живеат во преосветлените урбани подрачја, но и на т.н. астрономски туризам. Поголемиот број од децата во Европа, всушност, никогаш не виделе како изгледа ѕвезденото небо. Зачувувањето на добиениот статут за прв остров со темно небо на светот, тие го сметаат како важна насока за опстанок и зачувување на тој островски рај.
За разлика од кај нас, во Хрватска е во процедура носење на Закон за светлинско загадување. За десеттина години, со активна едукација и позитивни придвижувања во подрачјето за заштита на ноќното небо, може и да се очекуваат првите резултати.


http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2254
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Путин порачува: Доаѓаме!



Русите во 2011 год. за вселенските прашања ќе дадат 115 милијарди рубљи, но дали тоа ќе биде доволно да се намали разликата во однос на водечките земји во таа област. Како што Американците повеќе не се во состојба да го престигнат “Apollo”, можат ли Русите да го престигнат Гагарин?



Оваа година во целиот научен свет ќе биде одбележан како јубилеј, бидејќи ќе се прославува 50 години од славниот лет на Јуриј Гагарин во Вселената. После тоа априлско утро, 1961 год., светот не бил повеќе ист, бидејќи започнала трка за Вселената, чии одеци директно или индиректно влијаеја на целиот свет, гледајќи глобално.Нормално и логично е дека прославата ќе биде најголема во Русија. Тие целата година ќе ја посветат на Гагарин, а истражувањето на Вселената, ќе добие посебно место во нивното сеопфатно ангажирање.

Пред десет дена, премиерот Путин во подмосковскиот Контролен вселенски центар (ЦУП), присуствувал на заседанието на Организацискиот комитет, по повод славењето 50 – годишнина од летот на Гагарин. Во центарот на вниманието, не бил само планот за обележување на јубилејниот настан, туку и имплементацијата на програмата на вселенското истражување, усвоен за првиот квартал од овој век, кој по мислење на сите, треба да ја обнови позицијата на Русите во Вселената. Во меѓувреме, руската космонаутика, по многу заостанувања, денес и не претставува достојна конкуренција на САД и Европа.

Веќе се закажани лансирањата во орбитата околу Земјата за околу 50 вселенски летала. Исто така, оваа година ќе биде усвоена новата сојузна програма за развој на сателитски навигациски систем - ГЛОНАСС (Глобален Навигациски Сателитски Систем), испланиран до 2020 год. За националниот вселенски програм, според зборовите на Путин, спремни сé во 2011 год. да издвојат 115 милијарди рубљи (околу 4 милијарди американски долари). Во врска со 50 – годишнина од летот на Гагарин, со декрет на претседателот Димитри Медведев, 2011 год. ќе биде прогласена за Година на Вселенета, во Русија.

Првиот значаен настан, во низа празничните прослави, на 16 март, треба да биде лансирањето со човечки екипаж “Сојуз ТМА – 21” од Бајконур, кој ќе ја пренесе целата нова посада кон ISS. Екипажот ќе го сочинуваат двајца Руси и еден Американец, додека на трупот на леталото ќе биде испишано името - “Гагарин”.

Меѓутоа, космодромот “Бајконур” станал тесен за руската космонаутика. Во Француска Гвинеја, на космодромот “Куру”, каде се гради лансирен комплекс за лансирање на ракета – носач, од типот “Сојуз – ЦТ”, кон крајот на првиот квартал, руската страна е должна да го доврши лансирниот комплекс ELS (фр. I’Ensemble de Lancement Soyouz), заедно со подвижна сервисна кула. Првото лансирање на руската ракета од Гијане, ќе биде помеѓу 15 август и 15 септември 2011 год.
Лансирајќи од космодромот “Бајконур”, руските ракети можат во геостационарната трансферна орбита (GTO), да подигнат 1.7 тони товар, додека од Гијана, тој товар потенцијално ќе порасне на 2.8 тона.

Покрај тоа, Русија не се откажува од надежта дека еден ден ќе добие сопствен космодром. Во второто полугодие, во Амурската област на далечниот исток на Русија, ќе започне изградба на космодромот “Восточнаја”. Во следните три години, за изградбата на инфраструктурата (град, патишта, струја), од државниот буџет ќе бидат обезбедени 24.7 милијарди рубљи (над 800 милиони американски долари). Очекувањата сé дека работите ќе бидат завршени до 2018 год. и дека до тогаш, трошоците ќе пораснат преку 400 милијарди рубљи (13 милијарди американски долари). Изградбата на новиот космодром со 7 лансирни летала, ќе овозможи на Русија, од своите територии да лансира летала со различни намени, вклучувајќи и интерпланетарни експедиции, а исто така и бродови со човечки екипаж, кој денес полетуваат единствено од космодромот “Бајконур”, во Казахстан. Новиот космодром ќе вработува околу 26.000 луѓе.


Русија планира во јубилејната година да продолжи со истражувањата во длабоката Вселена. Во октомври, планираат (конечно) да лансираат интерпланетарна вселенска станица “Фобос – Грунт”, кој има за задача на Земјата да донесе примерок од површината од сателитот на Марс – Phobos. На овој проект, ќе се развиваат основните технологии, неопходни за следните мисии на црвената планета. Покрај ова, во следните месеци, ќе се обнови групата од сателити, поврзани за системот ГЛОНАСС. Важен настан ќе биде јануарското лансирање на новиот сателит од третата генерација “ГЛОНАСС – К1” (некаде нарекуван и “Ураган – К”), кој за прв пат ќе биде лансиран од космодромот “Pleseck, a не од Бајкунур. При тоа, наместо “Протона”, за прв пат ќе биде користена евтина ракета – носач Сојуз-2.1б (Сојуз – 2.1б). Новиот сателит ќе има работен век од 10 – 12 години и тежина од само 750 кг.



Меѓутоа, не е во руската вселенска индустрија баш сé “мед и млеко”. Еден од црните датуми е 5.12.2010 год. На тој датум, три сателити од типот “ГЛОНАСС – М”, паднале во Тихиот океан. Штетата изнесувала над 500 милиони американски долари. Утврдено е дека причина за несреќата е поголем дотур на гориво во дополнителниот степен “ДМ – 3” на ракетата носач “Протон – М”. Преливањето со гориво е поврзано или со неисправниот индикатор или поради човечка грешка, што треба да ја утврди специјалната комисија.

Мал повод за оптимизам дава и состојбата во научните вселенски програми. Во декември 2009 год. по само 10 месеци работа, завршен бил единствениот руски научен сателит, тежок речиси 2 тони – “Коронас – Фотон”, на кој заедно со уште 12 инструменти, се наоѓа орбиталната опсерваторија - ТЕСИС, предвидена за рендгенско надгледување на Сонцето. Летното испитување на новата руска ракета – носач “Ангара”, закажана за почетокот на 2011, сега е одложено за 2012 год. поради недоволното финансирање на капитални инвестирања, а исто така и поради анализирање на неопходност од финансирање на развојните проекти.

Според секретарот за печатен медиум на руската вселенска агенција, се чувствувал дефицит од финансиски ресурси во нивната област. Тоа ќе се почувствува и при обележувањето на јубилејната година, при обновата на музејот и при давањето помош на семејствата на космонаутите. Единствено решение може да се најде во доброволните донации на патриот – бизнисмените.

Независните стручњаци сé уште критички гледаат на состојбата. Според нивното мислење, работите и идеите од областа на високата технологија, кој ‘Рускосмос” го наследил уште од времето на СССР, денес пресушиле, а новите технологии не се освоени. Водството на Русија по бројот на вселенски лансирања е слаба утеха. Европа и САД имале помал број на лансирања кон орбитата, но повеќе добиле од своите програми.

Потребни сé во Русија, значителни долгогодишни финансиски инвестиции, за нивно приближување до останатите развиени земји, кои развиваат напредни вселенски мисии и програми.


http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2256
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2258
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Прво тоа Tyche беше резервирано за црвено џуџе звезда која би требало да кружи околу Оортовиот облак, сег аго дадоа на планетава.

Nemesis теоријата се уште останува иначе :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Прво тоа Tyche беше резервирано за црвено џуџе звезда која би требало да кружи околу Оортовиот облак, сег аго дадоа на планетава.

Nemesis теоријата се уште останува иначе :)
Шо е ова не сум запознат?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Зголемена активност на Сонцето:





Научници водени од истражувач во иниверзитетот Warwick, Велика Британија проучувајки нови слики од облаци од материја експлодирајки од Сонцето забележале формација слична на тие во Земјината атмосвера. Овие резултати можат на големо да им помогнат на научниците во разбирање и предвидување на времето во нашиот Cончев систем. Новите набљудувања на SDO покажуваат слики од големи исфрлања од короната на температура од 11 милиони келвини. На една од овие слики е забележана познатата шема на облаците на Земјата и брановите на морињата.

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2268
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Liberty - новата ракета на САД и ЕУ
18.02.2011

Намалувањето на пресметките на НАСА и укинувањето на програмите за враќање на луѓето на Месечината (Constellation), предизвикалo вчудоневиденост во САД. Милијардите американски долари потрошени на истражувања и развој на техниката, буквално се фрлени во ветер.

Сепак, тукушто претставената заедничка идеја на американската компанија АТК (Alliant Techsystems) и европскиот конзорциум – Astrium, за заеднички проект на новата ракета Liberty, претставува придвижување во сосема поинаков правец.


Споредба на големината, Space shuttle, Liberty и Ariana

Новата ракета, засега под името Liberty, би била всушност, создадена од веќе постојните елементи, но и од оние, кои во добар дел се развивани за ракетата Ares, во програмата Constellation. Liberty, би била значително поевтина од Ares, а би ја сочинувал прв степен, кој е во карактерот на модифициранa ракетна сила –booster (Ares), кој веќе бил во програмата “space shuttle” и втор степен, кој би бил превземен од Европската ракета – Ariana. Деведесет метри висока ракетата, би можела во Вселената да понесе 20 тони товар. Тоа е пет тони помалку од барањата, кои биле поставени пред ракетата Ares, но станува збор за компоненти со докажана сигурност, и така ниедно летало со човечки екипаж не е проектирано за поголема маса од овој.


Лансирањето на Liberty, ќе се изврши од веќе постојните рампи за лансирање

По тестирањата кои би се извршувале во текот на 2013 и 2014 год. оваа ракета ќе биде спремна за оперативна употреба, веќе во текот на 2015 год. Цената на лансирањето на ракетата, сé предвидува да биде околу 180 милиони американски долари, што е помалку од било кој конкурент од истата класа. Ваквиот развој на работите, сигурно ќе го подржат добар дел од конгресмените, кои се незадоволни од фактот што НАСА во следните неколку години се ослонува, единствено на Руските бродови – Sojuz.

Доколку, успее оваа американска- европска иницијатива, тоа ќе биде вистински спас за НАСА. Дополнителна причина за прифаќање на Liberty е неговото лансирање, кое може да сé врши од ракетодромите на Флорида, со минимални трошоци за потребите на постојните рампи за лансирање. Liberty со овие компетенции, буквално би можела да биде осудена на успех!
Со приватните компании, како Space – X, Boeining и др., трката во Вселената, повторно сé засилува.


http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2271

Болдот, она најбитното. :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Дали ќе се израдуваме на спектакуларна фотографија од Меѓународната вселенска станица
19.02.2011

Ова ќе биде навистина презафатен период во Вселената, особено кога зборуваме за Меѓународната вселенаска станица (МВС). Како никогаш досега арсенал од најразлични вселенски бродови се упатуваат кон неа. Сите вселенски партнери кои што имаат најголемо учество во градењето на МВС во овој краток период ќе испрата бар едно од своите летала, со што ќе се маркира ова како еден значаен ден во историјата на станицата. Ќе бидат докирани вкупно 6 летала во еден момент. 3 руски, 2-та Сојуза и 1 Прогрес, 1 јапонско HTV-1, 1 европско АТV Јоханес Кеплер и последното што ќе пристигне, американскиот спејс шатл Дискавери.
Ако се се одвива според планот, спејс шатлот Дискавери треба да биде лансиран на 24 февруари и ќе биде последното летало кое што ќе се спои до МВС. Со крајот на програмата на спејс шатлот и неговото пензионирање ова сигурно ќе биде единствена прилика за да видиме ваква конфигурација на МВС. Па, затоа НАСА ја разгледува можноста да стави 3 астронаути/космонаути во еден од Сојузите и и да ја надлетаат станицата фотографирајќи ја од сите агли во оваа уникатна формација. Со тоа ова веројатно ќе биде моментот каде што станицата ќе има најголем волумен кој ќе го завзема со вкупниот број на елементи кои се наоѓаат на неа. Со инсталирањето на елементите кои ќе ги донесе шатлот во оваа мисија ќе останат само уште неколку елементи кои ќе треба да се вградат во средината на наредната година, но секако нема да го надминат вкупниот волумен што ќе го додадат на станицата овие 6 летала.
Одвојувањето на Атлантис при првата посета на шатлот на Вселенската станица МИР, единствениот пат претходно каде што е направена ваква мисија за фотографирање

Секако ова не е некоја толку едноставна и лесна задача. Прво за ова треба да се сложат сите вселенски партнери, примарно НАСА и Роскосмос, за потоа да се размислува на било каква варијанта за оддокирање на Сојузот и фотографирање. Секој пат кога едно летало се оддокира постои можност за некој проблем, а со тоа што се вклучени луѓе проблемот се мултиплицира значително. Ако поради било која причина екипажот нема да може да се докира, ќе мора да се деорбитираат и да се вратат на Земјата, и екипажот на МВС одеднаш од 6-мина би се намалил на само тројца. Екипажот на шатлот ќе биде таму, но тие нема да останат долго. Доколку се одобри овој маневар, екипажот кој ќе го изведе се: Александер Калери, Олег Скрипочка и командантот на експедицијата 26 Скот Кели (Alexander Kaleri, Oleg Skripochka, Scott Kelly).
Морате да признаете дека овие фотографии ќе бидат спектакуларни, и искрено навивам оваа мисија да се оствари. Ќе имаме една фамилијарна фотографија од станицата заедно со сите летала кои ја поддржуваат. Ова, сепак, нема да биде прв пат да се случи еден ваков маневар. Русија за времето на вселенската станица МИР го направи истото. На 4 јули 1995 година пред спејс шатлот да си замине од МИР за време на првата посета на шатолот на станицата космонаутите Анатоли Соловиев и Николај Бударин (Anatoly Solovyev, Nikolai Budarin) се оддокираа со еден Сојуз и го фотографираа оддокирањето на шатлот на растојание од околу 100 метри.
Но, за да дозанеме за одлуката веројатно ќе почекаме се до 24-ти кога шатлот ќе се лансира, а АТV Јоханес Кеплер треба да се докира со МВС.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2274

--- надополнето ---

Теорија дека нашиот сончев систем е бинарен.
Голем број сончеви системи се бинарни, па и тринарни.
Ништо чудно и нашиот систем да бил бинарен во минатото, па таа другата ѕвезда (сега веќе изгасната) би се наоѓала на огромно растојание од Сонцето.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Во нашата галаксија има најмалку 50 милијарди планети од кои барем 500 милиони може да поддржат живот, покажа планетарниот попис на Млечниот пат, кој сериозно ја загрози веројатноста за нашата уникатност во галаксијата.

Експертите сметаат дека 500-те милиони планети се во не премногу жешка и не премногу студена зона, каде што е можно е да постои живот. Заклучоците се извлечени од проучувањето на резултатите од истражувањето на телескопот Кеплер на НАСА, кој досега открил докази за постоење на 1.235 планети кандидати за населување, каде можеби има живот.

Пресметките се правени според бројот на планети откриени во првата година од истражување на мал дел од небото навечер. Информациите на тимот на Вилијам Боруцки, главен научник задолжен за истражувањата со Кеплер, говорат дека една од две ѕвезди има свои планети и дека една од 200 ѕвезди има планети во зона пригодна за живот.

“Од новите калкулации произлегуваат прашањата дали има живот на друго место и ако има други живи суштества зошто сè уште не нè посетиле? Одговорот е - не знам,“ вели истражувачот Вилијам Боруцки.

Со години научниците сметаа дека во Млечниот пат има 100 милијарди ѕвезди, но минатата година истражувачите од Јеил утврдија дека бројот се движи околу 300 милијарди а сега се чини дека и нивните бројки биле мали. Треба да се има предвид дека постојат и други 100 милијарди галаксии.

Следниот чекор би можел да биде испраќање на нов телескоп за да се направат подетални анализи за атмосферата на планетите. За некои од истражувањата потребни се телескопи какви се уште не постојат.

извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom