Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
На 29 март, 2011 год. леталото на НАСА – Месeнџер, успешно снимил историска фотографија на Меркур. Историска е, бидејќи ова претставува за прв пат некое летало да влезе во орбитата околу Меркур и од таму да испрати фотографија од оваа планета.

NASA/Johns Hopkins University Applied Physics Laboratory/Carnegie Institution of Washington

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2340

Наликува на Месечината а?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Портрет на светот од Вселената
04.04.2011

Нашиот свет се менува, постојано, како во астрономска, така и во цивилизациска смисла. Пред само некоја декада, претставувало вистинска реткост да се види фотографија од Вселената, вселенски летала со потекло од источната страна на ледената граница.

Фотографија на Земјата и Месечината, снимена од Електро – Л
Во меѓувреме, НАСА со своето користење на логото, ги обележа речиси сите илустрации од вселенска тематика. Но, во последно време и тоа сé менува и не е реткост на материјалите западно од некогашната ледена црта да се објавуваат фотографии од источно потекло. Фотографијата, која овие денови го снимило Руското летало – Електро – Л, од геостационарната орбита, го прикажува подрачјето на Црвеното море, со совршено, снимената Месечина, во позадина. Ознаката НПО Лавочкин, во долниот лев агол, би било незамисливо, пред помалку од една година.

Леталото Електро – Л, шематски приказ
Електро – Л е наменето за набљудување и истражување на временските услови на Земјата и вселенското време околу Земјата. Планирано е Електро – Л да биде оперативно, барем десетина години.


http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2343
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Година дена на морничава тишина на Марс
06.04.2011

Поминале година дена од целосната тишина во радио -комуникацијата со роверот Спирит, на НАСА. На 22 март, 2010 год. за последен пат била воспоставена врска со роботизираното возило Спирит на црвената планета. Оттогаш, освен од неколку сателитски снимки на Спирит, кој е заглавен во песочната замка на Марс, кои се направени од летало во орбитата на Марс, нема никакви други вести од него.

Истражување на Марс со роверот Мер_А Спирит
Спирит на Марс слетал пред повеќе од седум години (04.01.2004). Технички, работниот век е проектиран да трае 90 дена, но тој бил за дваесет пати надминат. Летото, во 2009 год. Спирит во текот на возењето паднал во песочна дина на Марс. Сите напори за негово спасување биле залудни.

Значаен напредок во извлекувањето на роверот од песокот е постигнат по неколку дена, пред неговото последно јавување. Но, бидејќи на Марс започнала есен, а потоа и зима, роверот останал во неповолна положба, поради соларните фотонапонски панели, кои останале без минимум електрична енергија, па поради тоа престанал да работи.



Повеќе тука
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Што го прави Јапет толку чуден?
08.04.2011

Само пробајте да ја замислите фрустрацијата на Џан Доменико Касини откако ја открил месечината на Сатурн – Јапет во 1671. Ја видел одлично кога била западно од планетата, но на источната страна не се гледала. Конечно ја решил мистерија во 1705 година. Јапет мора да е многу сјајна на едната хемисфера (страната која е свртена напред во совојата орбита) и многу темна на другата.

Сатурновата месечина Јапет, приближно 1.470 км во дијаметар, има една сјајно бела страна и друга која е многу темна
Беа потребни уште два века да се открие како настанала оваа ‘дволичност’. Се дошло до заклучок дека најгорниот слој на мраз на месечината најверојатно испарил и оставил позади себе дебела покривка од остатоци богати со јаглерод.

Како и да е, со решавање на една мистерија поврзана со Јапет, научниците се соочиле со нова – врв во вид на планина кој се издига во висина од 15км. Тој се протега долж екваторот во должина од 1.300км (третина од периметарот на месечината). Овој врв не може да се објасни со геолошките процеси. Научниците сеуште се збунети уште од неговото откривање.

Постои уште еден комплексен проблем. Јапет ротира во чекор со неговата 79 дневна орбита околу Сатурн. Тоа синхронизација е креирана под влијание на Сатурновата гравитација (исто како што е тоа случај со Месечината и Земјата).


Повеќе тука
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Интернационален ден на човечкиот лет во вселената
11.04.2011

Национално Собрание на Обединетите Нации

Интернационален ден на човечкиот лет во вселената
Генералното Собрание,

Длабоко е убедено во заедничкиот интерес на човештвото за промоција и ширење на истражувањето и употребата на вселената, како провинција на целото човештво, во мирољубиви цели и продолжување на напорите да се прошират бенефициите добиени од тоа кон сите држави.

И приложува голема важност на интернационалната соработка во мирољубивите вселенски активности, за кои Обединетите Нации ќе продолжат да обезбедуваат точки на фокусирање.





Поголема слика тука и тука
 
T

Tetro

Гостин
Големина на објектите во просторот. Анимација.

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Спејс Х ја претстави најсилната ракета на светот
15.04.2011

Американската компанија Спејс Х, го претставил на јавноста, проектот на најсилната ракета на светот – Фалкон Хеви, чие прво лансирање се очекува кон крајот на 2013 или на почетокот на 2014 год.

Фалкон Хеви, ќе биде за неколку пати поевтина, но и двојно посилна ракета, од било која веќе постоечка ракета на светот. Неверојатните технички и финансиски спецификации на ракетата, не оставиле никого рамнодушен, од техничарите до јавноста, а карактеристично е тоа што проектот доаѓа од страна на приватна компанија. Тешко некој да поверувал пред само една година дека приватниот сектор ќе тргне во вселенски освојувања. Но, денес тоа претставува реалност, и се чини дека приватните компании ќе го имаат главниот збор во идните вселенски истражувања, како во беспилотните, така и во пилотираните летала.

Ракетата Фалкон, компјутерска илустрација
Фалкон Хеви, во Вселената, ќе може да подигне преку 50 тони корисен товар.Ракетата е висока 70 м. и сé состои од три главни ракетни “бустери”, кои претставуваат три редизајнирани ракети Фалкон 9, кои веќе извршиле успешни летови во Вселената.


http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2367
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Најстудените ѕвезди пронајдени досега
18.04.2011


Кога ќе кажеме ,,ѕвезда“ обично тоа не асоцира на нешто многу големо и многу жешко. Нашето Сонце на пример, има температура од 6 000 степени на површината и околу 15 милиони (Келвини) во јадрото, а тоа е колку за една просечна ѕвезда.

Споредбено со Сонцето, ѕвезди познати како М – џуџиња се релативно студени, а кафеави џуџиња од типовите L и T се уште постудени. Научниците сега мислат дека пронашле два примероци на уште постудени објекти.



Нивната температура е помеѓу онаа на кафеавите џуџиња ( 440°F; 225°C ) и Јупитер (190°F; -125°C ), а се претпоставува дека температурата на еден од нив може да е 80°F, идеална температура за шетање!

Интересно е да се најде...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Кеплер открива редок троен систем
19.04.2011

Можеби е видлив со голо око но нетрепкачкиот поглед на Кеплер ја открива вистинската тројна природа на овој ѕвезден систем.
Неофицијално „Тројство“ објектот HD 181068 e троен ѕвезден систем: црвен џин над 12 пати поголем од Сонцето и две црвени џуџиња двете малку помали од Сонцето. Црвените џуџиња орбирираат околу заеднички центар на гравитација и заедно околу црвениот џин. Помалите ѕвезди прават круг околу џинот за 45 дена.

Релативна големина на „тројството“ ѕвезди
Овој систем има „тивка природа“. Астрономите знаат дека црвените џинови имаат сеизмички осцилации како и нашето Сонце. Но овие осцилации не се присутни кај овој црвен џин. Научниците шпекулираат дека малите црвени џуџиња креаираат некаков гравитациски офсет, кој ги негира вибрациите на црвениот џин.




http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2376
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Најстудените ѕвезди пронајдени досега
18.04.2011

Нивната температура е помеѓу онаа на кафеавите џуџиња ( 440°F; 225°C ) и Јупитер (190°F; -125°C ), а се претпоставува дека температурата на еден од нив може да е 80°F, идеална температура за шетање!

Интересно е да се најде...
Тоа не би било обична, ладна гасовита планета? Зошто е пишано дека е "ладна ѕвезда"? Температурата е помала и од Јупитер.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Руски космонаут доаѓа во четврток во Скопје
19.04.2011


Како дел од прославата на 50 години од првиот лет со човечки екипаж во Вселената на Јуриј Гагарин, во Скопје на 21 април, четврток ќе дојде украинско-рускиот космонаут Јуриј Гидзенко (Yuri Gidzenko) rus.(јуриј Гидзенко). Тој ќе одржи говор пред присутните во Националната универзитетска библиотека во Скопје во 12 часот, и ќе ја погледне изложбата во чест на Јуриј Гагарин.



Гидзенко е еден од позначајните руски космонаути, моментално работи во центарот за тренинг на космонаути Јуриј Гагарин, а досега има летано 3 пати во Вселената, еднаш на вселенската станица МИР и 2 пати на Меѓународната вселенска станица - МВС.

Повеќе тука.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Тоа не би било обична, ладна гасовита планета? Зошто е пишано дека е "ладна ѕвезда"? Температурата е помала и од Јупитер.
Најверојатно се уште се одвива фузија во јадрото на ѕвездата, но енергијата што излегува на површина е многу слаба...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
НАСА повеќе нема да испраќа луѓе во Вселената
24.04.2011

Откажувањето на големата програма на НАСА – Constellation, која во средината на идната деценија требало американците (повторно) да ги одведе на Месечината, со овогодишното мирување на програмата со спејс шатлите, НАСА планира да не праќа луѓе во Вселената. Тоа претставува тешка и за многу американци неприфатлива одлука, која сепак станала стварност. Со одлуката на претседателот Барак Обама и Конгресот, на НАСА се откажани издатоците на пилотирани вселенски бродови, а финансиите се насочиле кон роботизираните летала и останатите програми за истражување на Вселената, но без човечки екипаж.


Вака некои ја прокоментирале загубата на НАСА со пилотираните летови во Вселената


Повеќе тука
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Американските ракетни авиони (спејс шатли), најскапиот вселенски програм на светот, чии трошоци се проценувале од над 200 милијарди американски долари, во текот на годината, ќе ја одработат последната мисија. Во светот, обележувањето на 50 – годишнината од летот на Гагарин во Вселената, тивко го оттргнало поклопувањето: 30-то облетување од првото лансирање на ракетниот авион “Колумбија”, на 12 април 1981 год. Од тогаш, па сé до денес, биле извршени 133 лансирања, од кои две завршиле трагично, при што загинале 14 астронаути.





Повеќе тука :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.480
Поени од реакции
5.183
Џејмс Веб Спејс Телескоп (повторно) доцни
30.04.2011

Во новиот буџет на НАСА нема доволно финансии за сите планирани проекти, па некои морале да бидат укинати, некои да бидат модифицирани, само за да се им намали цената, а некои сé одложени за подоцна, кога веројатно, според американските политичари подоцна ќе има повеќе финансии.



Изградбата и лансирањето на веќе неславниот и прочуен телескоп ЏВСТ (JWST – James Webb Space Telescope), одложено е за уште 4 години. Новиот датум на лансирање, иако не е прецизиран, нема да биде пред 2018 год! Сé разбира, како и кај изминатите одложувања, проблемот и сега е во финансиите.

Во далечната 1996 год. кога за прв пат е проценета цената на ЈВСТ на 500 милиони американски долари и тоа со пречник од 8 м. никој не се сомневал дека до крајот на 2010 год. телескопот ќе биде во Л2 точката и ќе ги открива тајните на универзумот. Меѓутоа, како што времето поминувало, цената се зголемувала толку многу, што првобитно е прифатено помало примарно огледало од 6.5 м. а потоа, бескрајните одлагања поради разните технички проблеми, дополнително го оптеретил буџетот.

Никој со сигурност не може да предвиди колку финансии ќе бидат потрошено до крајот на проектот, но сигурно е дека нема да биде помалку од 4.7 милијарди американски долари, што претставува речиси десет пати повеќе од предвиденото.
Според администраторот на НАСА, подобро било да се одложи мисијата отколку да се зголемува буџетот на НАСА за 375 милиони американски долари за оваа, и секоја следна година до 2014 год. додека, некои се на мислење дека штедењето на ЏВСТ, ќе има за последица уште поголема вкупна цена на проектот.

Сигурно е само дека со постојната економска криза и кратењето на буџетот, долго време нема да има нешто поголемо и помоќно од “добриот стар Хабл”, во полето на вселенските телескопи.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2397
 

Kajgana Shop

На врв Bottom